Со него се видов само 5,6 пати.. повеке несака да се гледа со мене, јас упорно го молам и го барам а сега тој мене ми се прави недостижен. најтрагичното во сето ова е тоа што јас се заљубив во него... премноооогу ве молам кажете како да продолжам понатаму.. многу сум тажна неможам никој друг да замислам, постојано ми е во мислите.. тој ме откачи, не очекувам да ме моли, и јас згрешив што му кажав дека го сакам.. разлика сме 10 години. како да продолжам понатаму??? постојано го мислам и ми иди само да го барам на телефон
Мислењево го препишувам на тинејџерка. Ако не си дорасната не требало да се плеткаш со толку постар маж, што дефинитивно знае како да си игра со тебе. Батали го, му поминал меракот за тебе и сега те гледа како некое здодевно девојче...(без навреди и остри реплики, само мое мислење )
Тој со своите 30 години сигурно знае што сака во животот...најверојатно ти не си девојка која ја посакува во својот живот и затоа те игнорира! Не велам дека ситуацијата е безнадена (бидејќи не ги знам деталите) но мислам дека со молење да се видите пак го предизвикуваш ефектото на одбивност! Не знам на кој начин би го придобила типот (ако воопшто постои начин),но знам дека молењето не ти е витинскиот метод со кој би го натерала да не те одбегнува! Затоа соземи се, не си тинејџерка од 15 години која е лесно емотивно да ја скршат 5 средби со повозрасен маж! Не си му интересна и крај, не е само тој на овој свет...ќе запознаеш друг со кој се надевам ќе ти биде убаво!!!
јас не барам ништо од него.. не барам врска со него, јас само сакам да се гледам така понекогаш. не барам многу, нели? што да напраам за да го привлечам неговото внимание? јас имам 20 год а он 30
Него не му е дојдено за само така да се гледа со тебе. Или сака секс, или сака женидба. Годините му се. А тебе не ти се.
Од 5-6 пати искрено не може човек да се заљуби ,ти чувствуваш одредена привлечност,а и плус тоа што тој е некако интригантен ,постар поискусен епа баш таков тип може да ти го уништи животот ,немој да мислич дека ќе бидеш поинтересна ти или пак дека тој е поинтересен заради неговата возраст,тој е стар за тебе а очигледно размислувањето на 20 годишна девојка и 30 годишен маж се некако многу спротивставени.Тебе ти е време да се журкаш,да излегуваш со твои врсници, да стекнеш искуства ,да искусиш и да пробаш се што ти пружа животот.Тој за разлика од тебе е постар,него во глава му се врти женење,основање на фамилија и се разбира со зрела особа тој тебе не те гледа како таква и заради тоа сте се разишле со него,тој не е на возраст за да титка по телефони да раскажува како си го поминал денот,да му зборуваш за школо итн.Ти си млада оди излези си со врсници ,можеби ти звучи многу нападно моето мислење ,но сепак штом си прашала еве и одговор на тоа...А за тоа што мислиш на него не е поради тоа што си лудо заљубена во него туку заради тоа што сега ти е повредено Егото дека те одбил а ти некако длабоко во себе си сакаш самата на себе да си докажиш дека можеш да излегуваш со 30 годишен и дека си способна за тоа ,но не е така што подалеку од таков дечко толку подобро за тебе лично пробај заборави и завршен случај....
Па сама викаш дека не бараш нешто повеќе. Зошто сама си се измачуваш, кога и сама знаеш дека нема Дда има ништо повеќе. И, друга работа...потешко ќе ти биде ако продолжиш да го гледаш. Совет, среди си се ти, размисли, што саксш што чувствуваш, дали си спремна да играш така како што сака он(гледање одвреме навреме). И после тоа види каква одлука ќе донесеш. Само во ниеден случај не го барај ти.
Организирај протести кај него у маало,со пароли ЈАВИ МИ СЕ,ДОДЕКА НЕ СУМ ПОСТАВИЛА ШАТОР КАЈ ТЕБЕ У ДВОР!!!...ќе му привлечеш внимание сигурно. Оф леле,имаш 20 год. не 12,соземи се малку аман па не дошол нож до коска.Очигледно ти се затрескуваш,арно ама он си има друг филм во глава,во кој главна улога не си ти. Викаш дека си очајна по него,а при тоа не очекуваш ништо од него????Спремна си на на било кои услови само да се гледате одвреме навреме...Мазохист си ти? Дружи се и уживај и не се замарај со сечење вени на 20 год,кога има толку попаметни работи што можеш да ги правиш и да ти носат среќа,а не плачки!
Седни си и размисли си убаво, дали навистина би сакала на 20 години да се врзеш со некој кој е 10 години постар од тебе, а плус и неизживеан Ако него на 30 години го интересира гледање со 20 годишна девојка, па играње топло-ладно......извини ама мене ова ми остава впечаток на незрелост ! Млада си, има и други риби во морето.....верувам дека ќе си најдеш момче со кое ќе имате взаемни чувства и интереси
Одамна е постот ама да си кажам.. Пред година се запознав со еден турчин на фб.. дојде да се видеме седеше тука.10 дена...годинава пак дојде и јас молам ама не знам што се случува... ме игнорира како да сме странци дали дека далечина или не знам што ..
Девојче, не знам зошто би се ставила во положба да молиш нешто од некого. Ако дечкото не сака да контактира со тебе, прифати го тоа и продолжи со животот. Сигурно ќе најдеш некој кој вреди. Во основа, не треба да молиш за ништо во животот, а особено не дечко. Ја знаеш онаа стара: „По автобус и по дечко не се трча, сами доаѓаат.“
И јас се согласувам со предходниот совет,немој да се понижуваш и да молиш некој за ништо,обично машките не сакаат кога ги молат,остави малце он да трча по тебе,ако не ти пишува тогаш ќе мораш да се помириш со тоа,не може ништо со сила.