1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога не можеш ни да го погледнеш?!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Bunny2, 10 јули 2011.

  1. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Ви се има ли случено партнерот со кој сте во врска не периоди да ви стане одбивен дури да не можете ни да го погледнете? Јас си имам многу врски зафркнато поради вакви периоди,а и што сум зборела со другарки и на нив им се случува тоа...Чудна работа,не е дека направил нешто погрешно,незнам зошто едноставно ми се случило да неможам ни сликите на FB да му ги гледам :D
     
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Она чувство кога неможеш ни да го погледнеш

    Абе како да не можам да го погледнам :o
    Да има како се ќе си го пулам :rofl: :rofl:
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.470
    Допаѓања:
    146.968
    Она чувство кога неможеш ни да го погледнеш

    Еднаш у заебанција кога се затепавме и закачавме,ме лупна по око несакајќи...се разбира не можев да го погледнам! |(
     
    На x.Daisy.x, PeaceLoveBasketball, unique123 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.588
    Она чувство кога неможеш ни да го погледнеш

    Ахахахахахаха, Лилит луда.

    Нормално дека ми се случило.

    А) Пречесто гледање со партнерот. Милијарда повици и пораки на ден, уште толку средби и веќе ви се кака од неговото присуство и неговата фаца.

    или

    Б) Ништо од горенаведеното под А. Тоа е знакот дека работите веќе не се онакви какви што треба.
    Имав еден што ми задаваше главоболка само со неговото присуство до мене.
    Жими се', ме маваше мигрена. Не сакав да го гледам, ме заморуваше, камоли да ме допре или да правиме нешто заедно.
    И собрав му*а и му кажав дека повеќе не оди, зашто наликува на врска поради сожалување и носталгија по старите добри времиња, кои не се враќаат, колку и да ја трескаме главата од ѕид.

    Па ти одбери си што е кај тебе проблемот.
     
    На macika88 и Bunny2 им се допаѓа ова.
  5. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Она чувство кога неможеш ни да го погледнеш

    Уф, во овие година дена ми се има случено едно 10 пати, секогаш поради причината А :D
    Во такви моменти сакам само да го рчкам и да јадам тоа што не се јаде, за да се испокараме и да ме остави на раат барем еден ден :wasntme:
     
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.550
    И јас не можев да го гледам, па си го зголемив диоптерот на окалките, и сега е топ.

    Шала на страна, тоа ми се случило само еднаш досега, со првата љубов, се одљубив пустата, и неговото присуство ме удираше на нервна база. Ме нервираше како џвака мастика, начинот на кој оди, како зборува...едноставно ми стана непожелна појава. И нормално, му раскинав. :)
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.480
    Допаѓања:
    63.992
    Пол:
    Женски
    Ова се случува најчесто во пмс. Тогаш не можам сама со себе, а не па со него и неговите прашања-Што ти е? Јас ли нешто направив? Што направив? Извини, те молам погледни ме :^)
    Тогаш одам и се затварам во вц едно пет минути да се оладам, па да можам пак да го гледам :rofl:
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Сценарио бр. 1 - Лоши периоди во врската што од предозираност со пренагласено гледање или слушање или мисловна опседнатост што од нејзино преминување на левел 2 кавги со засилена фреквенција и неподносливост ова може и да помине и љубовта да е пак присутна.

    Сценарио бр. 2 - Љубовта отишла во неповрат и би да го отсраниш не само од видно поле туку комплетно и од живот. Се сеќавам како во ваков период сум се фиксирала на една акна на образот на мојот прв посериозен дечко за кој гаев и илузии дека ќе е еврластинг и се убедував како таа акна е најстрашната и најгрозоморна гледка, иако всушност мене ми беше ту мач од фул пекиџот, а акната беше последната капка која ја прели чашата.
     
  9. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.298
    Пол:
    Женски
    Ох.. темава ме потсети на последните 3 месеци од мојата претходна врска.

    Претходна, токму поради истава причина. Во најголемиот дел барем. :wasntme:
    Не можев да го погледнам, се` што ќе кажеше ме нервираше, ме иритираше начинот на кој оди, на кој зборува, му наоѓав маани во речникот, измислував бизарни причини за да не излезам со него затоа што самото негово присуство ми создаваше некои чудни, лоши :!: чувства, па сакав да се поштедам и од нервозите и од нив. Кулминацијата беше дефинитивно постигната кога еден пат дојде да ме баци пред цело друштво и јас се тргнав, ептен се налути тогаш, ама што да правам, посилно беше од мене. Ја форсирав дури и предолго работава, зошто ми беше жал да го оставам, знаев колку ме сака и колку ќе му биде тешко да продолжи без мене. Но, сепак го сторив тоа.

    Откако раскинавме, водам доста помирен живот. Не се нервирам секој ден за глупости, не морам да трпам некој да ми се лигави цело време, не морам да учам некого на најосновните бон-тон правила и слично.. на моменти се чувствував како мајка да сум му, а не девојка. Буквално.

    Фино е што заврши сево ова, сега можам да го гледам. Полесно ми е откако знам дека ми е само другар и дека нема да ме бламира повеќе никогаш. :D
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.344
    За овие три години со дечко ми ниеднаш не ми се случило, дури и кога сум била многу нервозна и бил крив сум сакала да му се истурам :D
    Сведок сум дека ова се случува најчесто во оние врски кога во првите месеци буквално не се двојат-заедно на родендени, излегувања, слави, запознавање по дома, иди ми-дојди ми нонстоп, планови за свадба, деца и нивните имиња, пауза само за до веце, па ни тогаш.
    Кога вакво нешто се случува во нормална врска и често, е знак дека нешто не е во ред.
     
  11. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Јас во моментов ниту можам да го гледам, ниту да го поднесам. Се ме нервира. Ми значи, а како намерно да се карам за секоја ситница се факам, му одмилев, а и тој мене. Рековме малку да олабавиме зашто никако не можеме да се разделиме. Па сепак, мислам дека ова олабавување ке носи кој крај, иако тој вика дека тоа ке ни помогне.
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.728
    Ова најчесто се случува во долгите врски како што спомна една феминка пред мене. Можеби и не е ништо сериозно, поминувате премногу време заедно, па потребно ви е повеќе време да си посветите сами на себе, или на некои други работи...
    Во најдобриот случај тоа е само период кој ќе помине. А ако продолжи подолго време така, тоа е знак дека нешто не е во ред со вашата врска.
     
  13. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Јас мислам дека ова обично се случува од пречесто гледање, секој ден по 6-7 пати на телефон слушање, пораки од типот многу те сакам, ти си ми се, на секои 5 минути.Сето тоа на почеток може е убаво ама после веќе може да доведе и до одбивност. Во тие случаи мислам дека најдобро е да се скратат малце предходнонаведениве работи и повторно да се врати она, малку да ти недостасува, да незнаеш каде е секој саат, да мислиш на него така сигурно ќе те копка да го видиш и гушнеш :) Барем јас така мислам, немора да значи дека сум во право..
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.480
    Допаѓања:
    63.992
    Пол:
    Женски
    А кога ќе се почне со заедничко живеење или брак? И тогаш пречесто ќе биде гледањето?
    Стварно не можам ова да го разберам. Значи ти се здосадува од него и не можеш да го гледаш. А во иднина? Или еј, не можам да те гледам веќе, пречесто се гледаме, ќе одам кај мајка ми да поседам, па да видиме дали ќе си недостасуваме :wasntme:
     
  15. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Сум имала таков период еве скоро беше но некако помина и за тоа беше виновен ВИП и неговите 500 бесплатни минути кон цееееела вип мрежа хахаха :D но ете помина и на него му кажав ми се гади неможам да те гледам не ме чепкај се навредуваше секако и тој мене тоа да ми го каже нема да ме види ;) ;) ке поминее, каде и да е :D
     
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Незнам што би се случило тогаш, пак ќе кажам, мое мислење е, не викам дека мора да сум во право.
    Инаку јас што знам неколку пара што раскинале, раскинаа поради таа причина, беа во исти класови и секој ден заедно, буквално цел ден заедно, се заситија едни од други и раскинаа..
    Во брак веројатно тоа не се случува, позрело размислуваме, потоа доаѓаат и децата и они се со нас..
    Можеби некој на кого веќе му се случило ова може да даде најдобар одговор ;)
     
  17. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Може малце погрешно се изразив :D Не е баш така дека неможеш да го гледаш.Едноставно на моменти ти смета неговото приство или работите кои ги прави ( како што кажавте некои од вас ).Како и да е,јас во принцип многу избрзувам,може било само период поради тоа што ме напнувал да се гледаме постојано или ми вртел често,ама јас мислејќи дека не е тоа тоа веќе,си ја зафркнав врската...
    А и мене баш ме интересира што ако такво нешто ти се случи кога си во брак? :D
    Доколку си во врска,доволно е тој или ти да отидеш до негде на викенд и одма прави разлика :D
     
  18. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    24.285
    Сосема нормално е у подолгте врски одвреме-навреме да се јавуваат вакви кризи... посебно ако често се гледате со партнерот (или живеете заедно), можено е на моменти да ви сстане досаден па дури и одбивен... но тоа никако не е причина за раскинување, тоа доаѓа и поминува и потоа тој пак си е вашето срценце со кое би сакале да си го минувате целото време. Кога ќе дојдат ваквите периоди доволно е само да почнете малку повеќе време да си посветувате себеси, да правите активности кои не го вклучуваат него (прошетки, излегувања со другарките, шопинг...) и се ќе си дојде на свое место...
     
  19. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    значи апсолутно те разбирам !

    Едноставно таков тип на човек сум што пред да направам нешто со некого ќе се замарам, ќе неможам да заспијам навечер пошто мислам на него, и ќе му висам на профил цел ден. А кога веќе ќе се муваме после 2 дена ми станува досаден, почнува да ме замара со тие патетични фрази ко на пример "те сакам најмногу никоја до сега не сум ја сакал вака" или па "жими се, ти си најдоброто и најубавото нешто што до сега сум го запознал." Ми се гади од вакви лигави фрази, и спуштање на ѕвезди. Хмм, после тоа следи она исклучување на телефон пошто ти праќа пораки или се јавува на секој пола саат да праша што правиш и да ти каже дека те сакам. Знам дека е чудно, ама таква сум. Мразам романтики и секаков вид на ТЕ САКАМ фрази. Едноставно се што лесно се добива не е интересно и брзо здосадува.
    Јас "Бркам" еден типац веќе 2 години и ништо од него да му се невиди, а покажува знаци на свиѓање и ми се јавува понекогаш и се гледаме ама никако да се муваме.

    забегав јас, иначе да.Кога неможеш да го погледнеш слободно кажи му го тоа отворено ! И ти си била сигурно повредена - нека биде и он. Ништо страшно, мала депресија и чао пријатно. Никој не умрел од тоа :D
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.815
    Еве, ми се случува...
    Значи сме се бакнале неколку пати на пијано
    знам дека пијанство е најглупиот изговор што може да постои, ама така е
    и сега ми има пратено мал милион пораки и ми ѕвони на секој половина час... А јас не кревам.
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.