1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога партнерите имаат различен поглед кон светот?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Дарко1991, 26 април 2017.

  1. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2017
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Здраво од моите помлади тинејџерски години знам за постоењето на овој форум, па решив да барам совет од тука, па вака, во врска сум скоро 3 години со мојата сакана среќни сме и планираме да се земеме... но има еден проблем, хмм незнам како да го кажам ова овде, проблемот е погледот на светот поточно политиката, незнам дали е ова воопшто проблем но кога сакам да сум со некој во животов до крај се плашам дали ова во иднина ќе се зголеми, по некогаш имаме расправии околу политика, пс овие дебати ги имаме од порано пред македонскава криза, но секогаш завршува во расправија, она има цврсти ставови за нејзиниот либерален свет, кој кај мене секогаш нејзините коментари идат на потсмев траечки, некогаш се обидувам да и ја објаснам мојата вистина, но знам дека не треба да ја убедувам... оти тоа е нејзино право, но некогаш мислам дека со факти допирам до нејзе, но нај добро би било ако не би ги разговарале овие теми никогаш, затоа што навистина сум заљубен во неа, највеќе што ме натера да пишам тука е последниот разговор што го имав со неа за нашата иднина, и спомна нешто во цртите за посвојување, јас немам ништо против тоа како прво, но без да ме сфатите погрешно јас имав друга идеја за мојата иднина, би рекол како секој маж особено некој кој е во политички спектар е десен мислител јас сакам да имам мои деца кои ќе ја продолжат мојата фамилија на мојата мајка, татко, баба, дедо.... навистина незнам ова ни со нејзе како да го расчистиме и незнам воопшто како можам (ако можеме) да ги премостиме овие наши разлики, се осеќам како ова нигде да не оди, и се осеќам во безизлезна ситуација.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.053
    Пол:
    Женски
    @Дарко1991

    Можеби вака глупо звучи, но реално навистина е проблем. Ако не гледате во ист правец, ако немате барем идентични гледишта, тешко е љубовта да опстане. Во ред е да бидат различни двајцата што се сакаат, но ако разликите создаваат конфликти, тогаш е непријатно... ако се расправате за такви работи, не е тоа тоа што треба да биде. Да се земете викаш. Тоа е сериозен чекор и добро треба да се размисли со кој ќе се земеш. Ти треба личност која ти е поддршка, со која ти е убаво, со која ќе напредуваш на секој начин, која ти е потпора и прибежиште. Во бракот станувате едно, а како ќе се соединиш со некоја со која не можеш ни да го изнесеш својот став без да бидеш нападнат или нешто да ти биде наметнато?
     
    На krofnicka27, sj *O*, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2017
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    ова се плашам дека е вистина, незнам што да правам, се плашам јас лично за мојата иднина ако денеска ме лаже и ми кажува едно, а кога ќе се земеме да има други идеи, последниве месеци кога ќе се вратам од работа ја затекнувам како гледа политички дебати по интернет, некогаш помислувам дека по тајно ме мрази што сум белец без зафрканција, пред еден месец се слушаше музика од центарот на градот ја прашав ако сака да се прошетаме и да постоиме со протестантите, наидов на многу емотивна и непотребна јака реакција, едноствно узбунување и зборување за седвичи за власта и се што следува, пс не сме членови на партија, јас само ја прашав оти мене ми е до македонија само поради тоа а не за некој политичар, едноставно незнам дали да ја завршам врската со неа или ова е некоја фаза која се надевам дека ќе и помине, се надевам дека моето трпение нема да злоупотребено, некогаш седам и преќутувам работи кои знам дека ќе ја вознемират а се моја вистина, но не сакам оти знам дека е бесполезно и ќе се вртиме во круг, стварно незнам од каде ваква опседнатост со политика има закачено.
     
  4. Simeon-Simo

    Simeon-Simo Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Машки
    Ако партнерите имаат различен поглед кон светот не е страшно, но доколку дијаметрално спротивен поглед на светот е лошо. Јас сум поборник на теоријата дека партнерите за да имаат добар и динамичен брак не треба да имаат ист поглед на светот туку да имаат минимум работи кои ги поврзуваатм доколу имаат ист поглед на светот ќе имаат здодевен брак, кој можеби ќе трае но ќе биде монотон.
    Ние лугрто имаме вроден ген да се пашиме од непознато и да бараме особи слични на нас затоа пто се плашиме од непознатото и имаме автоматски отпор кон лугекои мислат спротивно од нас.
    Она што ја уништува врската или бракот не е различноста туку неискреноста и лагата, а многу луге прилагодувајќи се кон навикие на партнерот ја губат својата посебност и прибегнуваат кон легата односно се трудат да бидат она што не се.
     
    На Kitten, AURUA и elimkd им се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Дарко1991 Ако денеска ти ветува едно, а после не го исполнува, постојано те лаже и драматизира за вртење на информациите, па честитки, не политички либерална, ти си во врска со прав политичар :rofl:
    Шта очеш далје? :D
    п.с Политички упатен, не знам се пишува одвоено :D
    :d::drunk:
     
    На kjukli, Tedyyy, Mrs.Styels и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2017
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    јас навистина сакам да успееме оти навистина ја сакам, и добрите моменти се повеќе од лошите, мене изгледа ќе ми остане да заврши оваа македонска криза, пошто мислам дека тоа мене повеќе психички ми делува кога ќе слушнам нејзин коментар, и сигурен сум дека баш ова ја преувелулува состојбата, јас ќе си почекам и се надевам дека луѓето навистина се смируваат во годините, се надевам дека е фаза која ќе ја поминеме, единствен проблем е кога и да ја отворам темата да и ги објаснам овие работи, повторно завршува со некоја политичка расправа, како со зид да зборувам, незнам како на правилен начин да се обратам, навистина ме фрустрира.

    јас разбирам и нејзе ја разбирам да има други гледишта, мене ме нервираа тоа како не гледа она дека ме повредува, како јас ги премислувам работите пред да ги кажам, дали јас треба да бидам молчеливиот, зимово исто така без промислување за моите чуства, се грееме на дрва... секогаш се наоѓа некоја хартија за потпалок, без да провери ми изгоре насловна од македонски весник што си ја чувам од 2003 од 100 годишнината од смрта на гоце делчев, навистина се сомневам дека нарочно ми го направи тоа, знам дека тоа може ќе звичи смешно но тој весник имаше значење за мене оти се сеќавам на тој ден и го купив со мојот дедо,
     
    Последна измена од модератор: 26 април 2017
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Го чуваш кај хартиите за потпалување?8-|
     
    На kjukli, Gosh, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2017
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    не го изгоре со други работи, може да беше грешка оти во главно користиме весници и билтени од кладилница но сеуште се сомневам, ама не е ни битно тоа... битно е потоа што не се осеќа за виновна и демек тоа нема значење.
     
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    @Дарко1991
    Различното размислување и политичките погледи не би требало да те загрижуваат, тој проблем се решава на маса со разговор, ќе си кажете што ве вознемирува, ќе ги избегнувате тие теми на муабет, но она што е позагрижувачко е различниот поглед кон формирање на семејство, тука треба да обрниш повеќе внимание и тоа што побрзо пред да биде доцна, јас колку и да сум заљубена никогаш не би планирала иднина со некој што има различно мислење од моето во однос на проширување на семејството.
     
    На Kitten, Sashko1992, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2017
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    нај интересно е што моите родители се левичари а нејзините десничари, но ме плаши тоа што јас до сега не сум видел брак кој е различен, а реално незнам дали би ми било поубаво кога би можел да ги зборувам моите политички ставови со партнер кој ќе ме разбере и има исто размислување, но реално јас несакам да сум опседнат со политика, нејзината опседнатост ептен ме нервира, пред 3 дена пак отвори она како секогаш тема, што ич не ме интересира... за резултати во франција, си викам во себе ајде пак за политика... сакав на крајот да кажам (ами ти нели си феминистка што не ја подржуваш ле пен жена е) си викам бегај таму не си играј со оган, а реално би сакал да се престане со ова, незнам дали можам да ја убедам да разговараме со професионалец пошто навистина сакам да останам со неа.

    исто така би нагласил нашите пријатели со кои се дружиме има огромна разлика, од моите до нејзините, и неколку пати чуствувам дека сака да ме одалечи од мојот најдобар другар, можеби сака да ме поправи да размислувам како неа, можеби затоа е таа опсесија да ми најгласува нејзините ставови толку често, само многу пати и имам кажано дека тоа сум јас, не се менувам.
     
    Последна измена од модератор: 26 април 2017
  11. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    И сега ти ќе чекаш да се реши кризата за таа да почне да се пднесува нормално ? Па доколку навистина и значиш и сака да има нешто сериозно со тебе , сметам дека политичката определеност воопшто не треба да смета.
    Таа ако вистински те сака ,ќе те прифати макар татко ти бил некој од спротивна партија , јас така размислувам ..можда грешам.
    Ако вие се расправате за ситници и работи кои не се однесуваат на вас , што ќе правите за поголемите проблеми кои произлегуваат со стапувањрто во брак? Или цело време ќе треба да и ведеш глава или ќе си замине..]:)
     
    На sj *O* и AURUA им се допаѓа ова.
  12. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Аман бре и во љубовта ли политика мешате, затоа почнав да не го сакам нашиов народ и кај што не треба и треба мешат политика, и надвор од политикат има живот луѓе. Моите родители не се секогаш за иста страна па никогаш не се скарале за ваква тема. Не треба да се мешате , секој си има свое мислење и свој став.
     
    На kjukli, lamba, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Дарко единствента криза што ти ја имаш е со оставањето на потомство.
    Можеби подобро е да ја седнеш и да разговараш за тоа, а не за политичката криза.
    Можеби има проблем кој што не сака да го сподели а се однесува на неа и нејзината репродуктивна способност, можеби се плаши од нешто, можеби едноставно не сака некои работи..

    Политиката треба да ти е на последно место.. Ти се си решил, па левичари и десничари ти останаа. Сериозно?!
     
    На LovelyGirl3, kjukli, Kitten и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2017
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    незнам што да кажам, јас ја сакам, и кога се нервира за политика ми е слатка, проблемот е кога ќе го упати на мене, јас не сум вреќа за боксови, а и стварно не сакам да почнам одново, едноставно несакам се што до сега се изградило да се сруши, фала ви за искрените совети
     
    На elimkd и allaround им се допаѓа ова.
  15. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Абе чекај малку.
    Ај во секој можен коментар пиша околу политиката, ама што побогу има врска расата со тоа, зошто на едно место си пишал нешто како мислиш дека таа те мрази зошто си белец??? :drunk:
    You lost me at that buddy.

    За политикиве муабетите веќе ми се пресмешни, мислам дека треба бедоксинчиња и слични лекчиња да почнат бесплатно да се делат како бонбончиња, пошто последно време секој, од 2 до 202г. само за тоа зборува, и тоа во секоја сфера, од социјална до интимна.

    Ама :!: за твоето гледиште околу потомството не сакам ни да навлегувам, бидејќи ти кажа само дека таа е отворена и за посвојување, но не кажа кое и е гледиштето околу имање сопствени деца, па не можам да коментирам за друго освен да ти кажам дека тоа се решава само со искрен разговор меѓу вас двајца, бидејќи посвојувањето таа можеби го гледа како резервна карта, во случај на не дај Боже, да не наѓаме ние тука.

    За она околу расата ќе морам да се навратам, гледам никој досега тоа не го прокоментирал, ама јас сум стварно збунета, и ми боде очи бидејќи ми е доказ дека џабе напиша 101 реферат за политики, левици, десници, предници и задници, кога тука има нешто уште многу подлабоко, па затоа другар, или сите карти на маса ќе си ги ставите и ќе видите кој на каков ум е (на страна од политика, аман!), или животот е пред вас, па секој на своја страна - ни таа тебе ќе ти е прва и последна, ниту ти нејзе, и подобро да најдете некои со кои ќе се согласувате, отколку двајцата меѓусебно психички да се измачувате и ограничувате.
     
    На +++, Gosh, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски

    Па, девојка му, како секоја вистинска левичарка и либерал, има чувство на white guilt и се залага за расно мешање.
    Членов трола, ама кој да сфати.
     
    На Gosh, AURUA, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Добро дојде на форумов:handshake:
    Замисли се за 10тина години вие двајца има да се тепате секој ден,политика во брак или врска што знам :shake:и најголемиве политичари сигурно дома не разговараат за политика:fubar:
    Ако немаш заеднички јазик со партнерот тоа е губење време.
    А партииве нешто ви дале што толку ги браните?
    Речи и сега излези надвор ноќ е,можеби она ќе рече не бе ден е :tmi::rofl::rofl:
    Или може и до тебе е работата не до нејзе ах да те прочита од негде готов си:punch::rofl:(highfive)
     
    На AURUA и Tinushka им се допаѓа ова.
  18. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    Izvini no msm so ova sto go kazuvas nema da uspeete,politika i ljubov e kako izdrzuvate a da ne se stepate ( mala sala ),brakot i politikata ne odat zaedno ti toa si go osetil uste sega vo vrska,msm deka i samiot si svesen,ne gubi vreme na nesto sto mislis deka nema idnina,srekno
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Мислам дека проблемот може многу лесно да се реши - со разговор, да си кажете дека нема веќе да мешате политика во вашата врска. Ова не е различен поглед кон светот туку се само ставови кон одредена работа кои денеска ги имаш и стоиш тврдокорно зад нив но, за некое време може и ќе се случи нешто што и тебе ќе ти смени мислење иако сега толку го браниш тоа нешто. Знам што зборувам од причина што јас и дечко ми, со кој планираме иднина имаме различни ставови во однос на политиката и понекогаш се случувало да имаме дебати ама се се решило со "не ме интересира кој е во право кој не е или чија политичка партија е подобра, дај јас и ти да се сакаме и почитуваме". Едноставно тргнете такви разговори од врската. Ако ти се протестира - протестирај си, кој ќе ти забрани, се е океј додека некој во врската не пробува да му наметне став или било што на другиот. Дојди си од протест дома и не коментирај ништо. И мојот дечко нонстоп гледа политички дебати и објавува статии на фејсбук ама никогаш не сум рекла, аман пак ли дебати туку го оставам да си прај што сака. А ако дојде ред до брак и сеуште имаме различни ставови тоа ќе ми биде последната грижа. И знам многу парови каде што мажот си е активен во една партија, жената во друга. Едноставно не пробувај да и смениш мислење и дај и до знаење дека ти претставува голем проблем кога таа пробува да ти наметне нешто. А, не разбирам што е проблемот со посвојувањето - дали таа не сака да раѓа или во случај да имате проблем со потомство да посвоите? Колку ја размислувате значи уште сега, а не сте уште ни во брак. Ако дојде до некоја таква ситуација тогаш ќе ја мислите. Оти сега може едно да кажува, а утре да направи нешто сосем трето. Оти има врски каде што велат дека се сакаат повеќе од се, а кога на едниот ќе му се случи некоја несреќа, другиот одма бега.
    Друга работа, може си има јака причина да е изреволтирана од власта па затоа толку тоа се одразува во вашата врска.
    И дали озбилно мешаш и политички гледишта на родители? Татко ми бил прв вмровец во градот и ако сака пак ќе си биде, тоа дечко ми нема што да го интересира бидејќи е во врска со мене, а не со родителите. Има еден куп теми за муабет освен политика што може да си ги прават кога ќе седнат заедно на пиво за празници. Ама стварно тоа, колку се сите задлабочени во политика е страшна работа. Оти да се упропасти една врска заради некои таму небитни?
    Да резимирам, мислам дека ова не треба толку да те загрижува, туку пробајте да се сконцентрирате на поубави работи.
     
    Последна измена: 27 април 2017
    На Sashko1992, crimson и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    @Дарко1991 мм не знае за кого гласам.;)
    Во животот никогаш не се труди принудно да смениш став некому во врска со политика, религија, брачна состојба и деца, па дури и кај блиски особи - во овој случај твојата девојка.

    Штом дозволувате политиката да ви биде причина за кавги, тогаш нешто не е во ред со јачината на љубовта во вашата врска.
     
    На kjukli, eloves, AURUA и 4 други им се допаѓа ова.