1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога партнерите имаат различен поглед кон светот?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Дарко1991, 26 април 2017.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Абе луѓе, политичари на различни партии се плукаат и се пцујат на ТВ, и после заедно седат на маса во кафана... и вие се расправате и дозволувате да си уништите врска, па и потенцијален брак заради нив? Озбилно?

    И стварно многу работи во постов не ми се јасни, делот дека те мрази зошто си белец?? Плус, упорно викаш како она била опседната со политика, а ти зборот политика од уста не го извади во секој пост што го напиша. Зошто побогу би се карала со партнерот, па и со било кој за одредени партии и политичари, на кои ама ич не им е гајле за нас, вечер они ќе се гоштеваат од наши (народски) пари и убаво ќе си спијат, додека ние ги добиваме само трошките, а јас ќе расправам кој е подобар и ќе си уништувам интимен однос кој сум го градела пример со години.

    После, ако дојде до раскинување, да видиме дали ќе ви дојдат левичари и десничари да ви ја спасуваат врската.
     
    На teaiva, Annora, Angie24 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.606
    Кај си бе пријател вмровец. Кај најде комуњарка жити се.

    Прво. Политика у врска не се меша. Шо ќар ако тоа ви е тема? Одбегнувај тема. Оди на твоите протести она некс оди на маникир. Она кога ќе фарба со шарените ти оди у кафана.

    Политика у секс само ако сакате хејт секс и потшлапнување. Иначе и таму не и е местото.

    За посвојувањето. Прво скокни па речи оп. Ако не дај Боже немате деца додека дојдете до фаза дали да посвоите многу ќе се смени се. Да не речеш ти ај да посвоиме по 10 години а она да рече сакам мое? Не знам пар пред брак да седнал и сите дилеми да ги решил. И да решите се и да сте на иста страна прва недела по брак ќе дојде свекорот и ќе се исере у веце и нема да зачисти. Ти ќе чистиш или она? Не можете се да предвидите сега и да се договорите.

    И има да... има многу парови членови на различни партии. Венчани. Мои пријатели. Некои не се замараат. Некои си префрлаат. Некои ни вести не гледаат. И функционираат.

    Ако ти е за утеха повеќето почнаа да имаат десничарски ставови. :) Ама и ако станеш левичар другар, не е страшно.

    Глеј си љубов. Поддршка. Партијата ако ви дава повеќе отколку вие еден на друг разделете се. Ако не ви дава ништо а вие имате различни ставови.... хејт секс му е мајката. И секој да прави што сака во слобидно време. Не да ја влечеш по протести. Ко што не сакаш и ти со Љуми и Васиљ да застанеш на иста патека така не сака ни она.

    Љубов по дома политика надвор. Ама размисли си дали другите работи настрана од политиката ти сметаат кај неа.

    Не е страшно 3 год врска. Јас 10 год раскинав па жива здрава сум. Сакана мајка :)
     
    На teaiva, sj *O*, eloves и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    За политикава не знам што да кажам, не ме ни интересира. Но, ко што сфатив таа сакала да посвои дете, а ти си сакал твое. Обично долгата врска не се темели само на љубов, тие двајца пред сè треба да имаат и некои други заеднички работи. Според мене, за вакви работи ако немате исти сфаќања и размислувања, понатаму во врската/бракот, или некој ќе мора цело време да попушта, или нема да потрае.
     
    На Gosh, AURUA и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.992
    Пол:
    Женски
    Избегнувајте било какви политички теми кои ќе ви донесат само расправии. Секој има право на свои размислувања и ставови, нормално дека таа ги брани своите а и ти исто така. Едноставно по тоа прашање нема да се согласите. Знам луѓе кое се испокараа и кои прекинаа секаков контакт заради политика.
    Но, сепак расправииве како што гледам не ви се само на тема политика. Не знам во кој случај она сака да посвојува, доколку на пример неможе да роди или како? Што во случај да неможе да има деца, ќе се разведеш и ќе си најдеш некоја друга што ќе ти роди? Ова прашање е сериозно и би требало да си се договорите како би постапиле. Ако може да има деца а сака да посвои додека ти сакаш ваши биолошки тогаш не сте еден за друг, нема да се погодите околу ова.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Фала богу што мојот има поразличен поглед кон светот, па на некој начин ме просветли :D

    Се шалам, убаво е да се види и разгледа другото размислување. Чисто да знаеш до каде си ти. Сфатив дека е подобро кога гледаш надвор од кутијата и бекрајно сум му благодарна.

    Не зборам за политика, туку општо за животот и навиките кои ги имаме стекнато кроз животот.
     
    На AURUA и crimson им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @Дарко1991, не се секирај, се' ќе се среди кога ќе се формира влада. :D
     
    На galapce, biGirl, kjukli и 21 други им се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Ако раскинете за политика ќе ве има по сите портали за глупост на векот.

    Не спомнувајте политика кога сте заедно... Зар вреди за политика навистина да раскинете?
    Толку сте на јаки позиции па да мора очи да си вадите?
    Ако се сакате има 1000 начини да опстане врската.

    Тебе друго ти е проблемот, пример за потомство што си спомнал, на тоа може да ставиш акцент пошто не е мала работа... Ама за политика (facepalm) до кое дереџе дојдовме во државава.... Бракови и врски се уништуваат за Грујо и Заев :x
     
    На biGirl, kjukli, Purelove92 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Десничар, а живее во вонбрачна заедница... Е од вакви десничари јас си сум со пролево ориентиран. :)
    Патем и Слободан Милошевиќ и Мира Марковиќ си беа лидери на различни партии па фино си функционираа. Деверите на Роза Топузовска Кареска се едниот од ВМРО-ДПМНЕ, другиот од СДСМ, па фамилијарно супер си функционираат. Кога едниот е на власт, убаво им е и на другите двајца.
     
  9. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Женски
    Поопседнати луѓе со политика од народов наш забеган не верувам дека постојат некаде |( не можам ниту сакам да ве разберам. Па уште се прегледувате кој за која партија бил, баба и, тетка и стрина му за која била, дали врските или браковите ќе биле компатибилни врз основа на партиски определби :headbang: Ај соземете се малку, време е |(
     
    На biGirl, sj *O*, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  10. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    26.359
    Пол:
    Женски
    Леле бре што се не ке прочиташ :worried: Фала богу што се дечко ми ги немам овие проблеми.
    Ни тој се замара со политика па ни јас. Знаеме да прокоментираме некогаш што како ама да влеземе во конфликт поради тоа НЕ!
    Па и да бевме определени политички и на спротивни страни никогаш не би дозволила тоа да ми влијае на врската и поради тоа да раскинувам па не дај боже да се разведувам.
     
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    47.653
    Пол:
    Женски
    Од политика и религија стојам подалеку. Ако некој го мери мојот интегритет според моето политичко неубедување не ми треба. Дечко да ме влече по протести без разлика за што се исто не ми теба. Дечко што ме убедува во што да верувам исто така не ми треба. Имав таков, раскинав за 2 месеци. Политиката (читај партија) нит ме рани нит покрив над глава ми дава па да ја величам, религијата исто. Се што стекнувам го стекнувам сама со свој труд и пот. Ќе разговарам за актуелни политички состојби се додека не осетам дека некој ми го намтнува својот став и пробува да го смени и омаловажи моето мислење. Од партиски фанатици бегам ко ѓавол од крст. Едноставно не сакам такви луѓе во моја близина и крај.

    Ти дечко нареден пат наместо да го влечеш девојчето на протести однеси го на сладолед негде или на пијачка. Ако не сака да иде на таков настан не ја терај со сила и на ја убедувај дека ради тебе треба да иде и дека е глупа затоа што не го дели твоето мислење. Научи да го почитуваш различното мислење од твоето.

    На тема посвојување си разговарал ли со незе зошто сака да посвои дете? Што ја натерало на таков чекор? Утре ако не можете да имате дете од икс причини ќе чмаете ли сами вие двајца цел живот. Не дајбоже ако имате некоја здраствена неможност за потомство како ќе го решите тоа? Планираш да и префрлаш до крај а живот дека не ти ја продолжила лозата? Или во некое црно сценарио ти да имаш здраствена попреченост за потомство како ќе ја погледенш во очи после вакви ставови ?

    На крајот од денот заедно треба да се спогодите и развиете идеја за тоа како сакате да ви изгледа заедничкиот живот во иднина. Ако не се најдете на пола пат ништо од вашата врска и брак. Компромис е потребен во секој аспект од животот.
     
    На sj *O*, crimson, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2017
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    само не вреќајте ве молам, имав разговор со неа, иако мислевме да се земеме мислам дека беше искрена и ми кажа што навистина мисли, имав убав разговор и со нејзините родители но овие разлики неможат да се преминат, после се тоа ми откажаа рацете и нозете од анкциозност првпат у живот па примив инфузија, сега сум добар, само ми е жал за овие 3 години потрошени иако сум млад, но барем кога ќе си замине ќе можам да си најдам адекватно девојце, и едвај чекам да си вратам знамето од кутлеш на прозор без да сум малтретиран дека ни се смејат комшиите, од денес си мислам за мене, нека фаќа патот.
     
  13. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Женски
    Или си трол или не ти е лесно и тебе :nod:
     
    На biGirl, kjukli, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Пази го ти него, адекватно девојце ќе си нашол.
     
    На kjukli, crimson, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Дарко1991

    Дарко1991 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2017
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    не сте во моја позиција не знаете со што се соочувам, не мислам никој да навредам, јас сеуште имам чуства кон неа но нашите разлики се премногу големи, неможе да се живее заедно, имајте разбирање, јас не сакав да дојде до ова, но сега јас сум на лекови разберете ја мојата фрустрација со константни расправии, си викав двајца успешни паметни луѓе сме ќе направиме ова да функционира, очигледно само психички ме растрои, толку од мене тука.
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Со нејзините родители си разговарал?! Сериозно? Што ви беше темата на муабет? Политика или потомство?
    Ааах леле, да ми дојде можен иден зет со ваков муабет, не знам од дома дали ќе излезе:sweat:
     
    На kjukli, crimson, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  17. жули

    жули Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Бев во долгогодишна врска со политичар, која заврши поради други причини, иако не сум политички определена, секако имав мислење околу политиката и многу пати било спротивно од неговото, ама тоа никогаш не било пречка во нашата врска, баш напротив тој уживаше во разговорот, зошто нели сме интелектуалци и нормално е да развиваме дискусија со аргументи против/за.
    Така да мислам во случајов твој Дарко или си несозреан и не те интригира ваков конструктивен разговор со девојката или едноставно немаш доволно љубов кон неа. Што и да е, мислам девојката се спасила од тебе, а ти ќе си најдеш некоја колку тебе созреана и ќе го веете знамето заедно.
     
    На sj *O* и friendy им се допаѓа ова.
  18. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Ради ова у собрание те остави бе? :D
    И јас би да сум на нејзино место. (poolparty)
     
    На galapce, kjukli, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Дарко1991 баш си е креативен! Секоја чест! :devil: :rofl:
    Едвај чекам да фатам дечко од друга партија па душата да му ја вадам :P
     
    На Sashko1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Женски
    Штом за политики сте се разделиле не ќе да сте паметни баш, со извинение :lol: