1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога сте втора, па уште и само за секс?!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од CarrieBradshaw93, 17 јануари 2013.

  1. CarrieBradshaw93

    CarrieBradshaw93 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6
    Имам 19,5 години. После дооолга врска решив дека можеби е време да бидам "лабава", па почнав да се мувам со 26годишен дечко. Совршен. На врв на мојата листа, поубав од сите други. На самиот почеток не ми беше којзнае што, ама со тек на време почна да ми значи. Едвај чекав да се видиме, а се гледаме често. Знаев од самиот почеток дека има женска, веќе 2,5 години, но знаев и дека не му значи ништо, само бара причина да ја остави. И се беше супер додека немавме секс, после 4 месеци се случи и тоа, а од тогаш се гледаме за секс( веќе 3 месеци ). Убаво е, не можам во никој случај да се пожалам, времето со него ми поминува најсовршено на цел свет, но го сакам само за себе. Веќе му кажав дека не сакам секое гледање да ни биде за секс, на што он ми кажа дека и на двајцата ни е убаво, нема причина да прекинеме и да ризикуваме за џабе. Ми рече дека сеедно му е да дозна она, но ќе испаднел идиот пред нејзините, неговите и околината. Не сака да за знае дека ја остава за друга, а јас не можам повеќе да чекам друга причина, а премногу ми значи и не сакам да сум без него.

    Дали можеби сте имале некое вакво искуство, или можеби моментално поминувате низ слична ситуација?! Имате ли некои совети, само не од типот, зборувај или батали го , бидејќи и двете беа неуспешни?!
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    сум немала вакво искуство,и не сакам ни да имам :!: .
    зошто да ти речам остави го,заборави го ,кога ти е супер да бидеш нечија љубовница-секс играчка.додека неговата девојка сеуште не знае ништо-ти си таа што страда,што се понижува .ти си втората,тој тебе те става на последен план,не си му ни битна,дечково сака да испадне добар пред нејзините,пред околината-а пред девојка му не ,а :^) ?
    зошто тогаш не и признае се?тоа што ти си се заљубила,не ја менува ситуацијата.ти рекол ли некогаш дека те сака,има ли основа твојата надеж да останеш со него?!
    и самата рече ,се гледате само за секс,без емоции од негова страна и тоа е се,ако си среќна така,продолжи со него и живејте си така-во секс афера :clap:
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Типов ако беше толку добар и добронамерен како што се претстававува демек неможе да ја остави немаше да оди со други во случајов со тебе и безгрижно да ја изневерува. Значи дечково игра на картата една ќе си ја чувам на сигурно и ќе си имам сериозна врска а со други ќе разбивам монотонија.
    Факт е дека тој те сака само за секс а тоа што ти го правиш со него нема да те осудувам. Не викам дека е во ред да одиш со зафатени дечковци но тој ако не го прави ова со тебе ќе го прави со некоја друга а можеби и има(л) и некоја трета која му е исто само за секс.
    Проблем е тоа што кај тебе сега почнуваат да се појавуваат и чувства. Ќе речам само тргни се од него. Тој нема да се скара со девојката поради тебе.
     
  4. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Неможев да сфатам убаво дали го сакаш ? Ако не го сакаш тука нема причина да не го оставиш, едноставно да го оставиш и да се разделите, но доколу го сакаш веќе тука ќе си имаш големи маки. Од друга страна, незнам како не те понижува тоа што тој во тебе гледа само секс, само тело, женска убавина и ништо повеќе. А и кога си знаела дека има друга која му е вистинска девојка, незнам како си влетала во нешто вакво. Многу незгодна ситуација. Мислам дека треба да решиш со себе дали сакаш така буквално да те искористува, или да стиснеш заби и таквата љубов кон него со тек на време на помине. А размисли и за ова. Доколу тој е таков вид на маж и доколу сега тоа и го прави тоа на некоја друга девојка со тебе, секако доколу успееш да го добиеш само за тебе, зошто и тебе да не ти го направи тоа еден ден. Мислам дека веќе знаеш што е мојот совет, а тоа е да заминеш од него, зошто тука јас не гледам некоја иднина. Сепак ти најдобро ја знаеш ситуацијата и најдобро ќе можеш да процениш.

    Поздрав и секое добро :)
     
  5. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107
    Јас мислам да сакал ќе раскинел до сега и немало да дава бесмислени оправдувања од типот вака ни е поубаво зошто да ризикуваме, не сакам идиот да испаднам пред нејзините...Така само те залажува тебе да му бидеш на лагер. А и не е фер кон другата девојка, иако е негова вина, на крај ќе излезеш ти виновна и ќе те гризе совест...
     
  6. vale.96

    vale.96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    10
    а да те прашам нешто? што мислиш и да ја остави неа и се фати со тебе, од каде знаеш дека нема и тебе истото да ти го прави? да најди замена за секс? :^) :^)
    just saying...
     
    На larindit му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Изговори изговори изговори и само изговори од него.
    Јас би одела на еден тест.
    Речи крај, убаво ти е ама несакаш да го делиш. Ако те сака тебе, нека те има само тебе.
    А ако сака да е со неа, нека биде со неа и нека се гуши во таа врска за да биде добар спрема семејството, а да го убие досадата, нека продолжи со дволичноста.
    Од неговиот одговор ќе знаеш дали таа личност те цени. Ако ти рече Чао тогаш ти си едно пиунче во неговата партија, ни прва ни последна.
    А ако реши да е само со тебе тогаш му значиш. Но мене тука ми има и друг проблем. Довербата. Како ти стоиш во врска со таа работа. Ако еден ден ти е дечко, само за тебе нели, дали ти би имала мирна свест кога ќе искача? Сигурна си дека ти ќе си прва и само прва, а дека ќе нема втора, па мож и трета како што правел порано со тебе?

    Иако искрено девојче ако те сакал тој немало да се плаши од реакциите на семејството и околината. Сите тие сакаат тој да е среќен, а не да биде во лажни љубовни врски. Не изгледај наивно во неговите очи, не верувај на неговите зборови. Таа личност е дволична. Ја лаже девојка му. Го лаже семејството. Ги лаже пријателите.
    Зашто кон тебе би бил искрен?
     
    На eloves, MarchelineAmaru, teddygirl и 7 други им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Типот те лаже, те мафта како сакаш....му требаш само за секс кој ете бил супер добар...Но, не те сака, ако те сакал ќе ја оставел девојката за тебе без да смислува оправдувања. Не си му доволно добра за да ја остави девојката, се` што ќе ти рече е само ублажена верзија за да останеш со него за секс и ништо повеќе.
    Совет-откачи го.
     
  9. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Па трет излез од ова гледам да направиш шпанска серија, да се служиш со сплетки таа да дознае, па да раскинат, па тука ти после да бидеш покрај него.... бла, бла, бла...

    Е сега, реалниот живот не е како на шпанска серија (додуша таму сплеткарџиките остануваат со празни раце - karma is a bitch)....а не е ни бајка па да си живеете среќно до крајот на животот...

    Нема потреба да си го комплицираш животот, очигледно е дека не планира ништо сериозно со тебе, па изборот се сведува на: или продолжи да се обидуваш, да збориш до бескрај напразно и да се самосожалуваш....или стегни заби, излези од оваа ситуација. За некое време ќе биде само уште едно искуство, од кое се надевам ќе извлечеш поука.
     
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Насловот на темава која сама си ја именувала, доволно ја илустрира мизернава ситуација во која ти се наоѓаш СВЕСНО.

    Свесно си се впуштила во ситуација да имаш фак френд на кој.си му втора виолина, тебе тоа не ти пречи, него уште помалку оти веројатно на такви фраери ова му е Дрим кам тру и одеднаш ти му кршиш филм со твоето излагање.
    Доволна си се понижила за твоите страсти, сега ти е време да се тргнеш од овој себичњак и да размислиш дали си тооолку либерте како што мислиш или сепак чувствата доаѓаат и се поважни.


    Нормално на него дека му годи сета оваа фарса, време е да се свестиш!
     
    На NikiShareniPatiki, hermosa и zoya им се допаѓа ова.
  11. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Сега ќе ти раскажам една приказна:
    Точно на твоја возраст имав речиси слична ситуација како твојава.
    Јас неискусна,наивна и уште заљубена до уши...Тој со сериозна врска.
    Да биде трагедијата поголема- и невиност изгубив од него.Се гледавме само за секс , нормално.
    Во почетокот ми беше феноменално, летав во облаци.Го сакав до бескрај...А, тој ме потпалуваше дополнително со приказните дека не ја сака неа, туку мене.
    Агонијата траеше цели три години!Цел град не разбра...Во меѓувреме, раскина со девојка му, па најде друга, па трета....А, јас цело време присутна ВТОРА ВИОЛИНА!
    Свесна бев за се,ама не можев да си помогнам и да пресечам!
    Последната година веќе престанав да разговарам со него, само ќутев и одговарав со да и не.Потоа, сексот почна да ми станува одвратен и на крајот веќе не успевав да доживеам оргазам.Тогаш, (со тој памет) мислев дека имам некој сериозен проблем,а денес знам дека мојот проблем во сексот бил всушност психолошки.Бев длабоко несреќна,неисполнета,се чувствував мизерно...И тогаш, ни самата не знам како, се освестив и ставив крај на мојата улога на ВТОРА ВИОЛИНА.
    Тој и ден денес живее ист живот, со по неколку девојки одеднаш...Не еволуирал воопшто,за жал.
    Го среќавам од време на време...И не чувствувам ни горчина,ни каење - само рамнодушност и жал за изгубеното време....
     
    На NikiShareniPatiki, flowerred и vlubena им се допаѓа ова.
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Епа драго феминче, поради ова болдираново, целиот твој пост ми личи на едно фалење.
    Чим ти одговара ондак продужи си да си бидеш второ виолинче.
    А типов некако ми е дундиче у душа искрено, такво лицемерно суштество треба да се отпише од книга на родени ...
    А да, ти слободно продолжи со таков.
    Ипак, спротивности НЕ се привлекуваат, напротви сличностите :)

    А др совет, па продужи си :) Треба да се ужива у моментите нели :)
     
  13. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Никој нема право да те осудува и да ти кажува што да правиш...
    Ако те прави среќна продолжи со него,но зошто кога вели дека му е супер со тебе не раскине со неговата девојка и не е само твој?
    Или пак доколку го направи тоа,никој не може да ти гарантира дека утре нема и тебе истото да ти го направи...Ти да му бидеш девојка/жена а повторно да оди со други само за секс.
    Убаво размисли и одличи си како ќе продолжиш понатаму.
    Се надевам се ќе се среди за брзо ;)
     
  14. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Ако не ти е испод ниво и понижување ондак продужи си.

    Се додека има овци за стрижење, ќе има и такви како него.
     
    На Sanjichka007 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  15. CarrieBradshaw93

    CarrieBradshaw93 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6
    Девојки, ви благодарам многу. Иако и оние кои секојдневно се околу мене го велеа истото, а јас упорно не ги слушав, некако успеавте да ми ги отворите очите, се надевам за подолг период. Го избришав бројот (верувајте не го знам и на памет), го избришав и од фб и мислам дека навистина е време да се тргнам :) Уште едно фала до вас :*
     
    На NikiShareniPatiki, Cecko85, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ballerinaaa

    Ballerinaaa Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Нему не му треба поголема причина за да ја остави и демек не сакал да знаат ни нејзините ни таа дека е оставена поради друга... дали таа ако знае дека е со тебе ќе остане со него??? Дали тој навистина поради неа не сака да продолжите во нешто повеќе и ако навистина ја сака зошто се гледа со тебе? Велиш до пред сексот кај вас речиси се било ок ти не си се приврзала толку а тој не почнал да кометира до каде сте и на што би требало да останете а до пред тоа не пројавил никаков интерес за разговор со тебе да одите подалеку доста му бил само сексот. Таков сакаш покрај себе... Машките кои сакаат знаат да ценат девојка и да не бараат секс уште на прв состанок освен доколку таа сама не се понуди...но и оние кои имаат каде на друго место да се утешат знаат да чекаат додека не го добијат тоа и потоа онака добро им е со девојката во кревет и не размислуваат за повеќе. Не би ти кажала го оставиш се додека гледаш онака како што тој гледа на тебе но сепак мислам дека си отишла предалеку со твоите размислувања за него и веќе сте почнале да не се согласувате. Жал ми е но тешко дека ќе бидете нешто повеќе ако ти продолжиш со него да се гледаш и да бидете пријатели за во кревет.
     
    На CarrieBradshaw93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Лелее, колку патетични мажи има...да дојде до п**ка со извинение, бетер стануе и од режисерине на “шпанскине“ серии. Господе Боже! Не си ваљда толку наивна да веруваш во неговите глупости!? Или пак сакаш да веруваш затоа што си се навикнала кај него и сексот е добар? Не ти треба таков. Заљуби се, забавувај се, млада си, ти личи да се забавуваш, но НИКОГАШ не дозволувај да биде по цена на тоа да се изгубиш себеси! Затоа што кога тоа ќе се случи и тој што најмногу те сакал ќе те гледа со други очи. Затоа што и ти веќе нема да бидеш таа истата.
     
    На CarrieBradshaw93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Се додека знае дека може да ве има и двете ќе продолжи истото. Нему му е супер, ни јас не би менувала ништо на негово место :) Сега откако си го избришала од секаде и го игнорираш, ќе видиш колку му значиш, но очекувај дека е голема веројатноста воопшто да не се ни потруди да се смирите и да си најде или некоја трета или да остане само со девојката.
     
    На CarrieBradshaw93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    Малку ке бидам и повеќе од вулгарна но:
    за 300 грама смрдливо месо (вака викаше баба ми покојната)
    маживе свашта ќе изнакажат.
    Не сум многу постара од тебе,и затоа ќе ти кажам убави ти се годините за да бидеш грубо кажано објект за туѓа забава и задоволство.
    Можеш да си најдеш некој со кој задоволството ќе ви биде взаемно (можеби и сега е не викам не),но со кој ќе го имаш тоа задоволство не само за секс туку и за многу работи без нечии родители да сфатат погрешно. ;)
     
    На CarrieBradshaw93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Никогаш да не си ни прва ни втора, туку единствена...барем во љубовта. Треба да се цениш себеси и да знаеш дека заслужуваш цела една љубов, а не половична, четвртинка, третинка или колку и да е. Се останато што вклучува повеќе особи, не вреди.
     
    На CarrieBradshaw93 и Springy им се допаѓа ова.