1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој ти соопштува дека почнува да се лади?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од AnaMKD, 11 февруари 2013.

  1. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Искрено го ценам и почитувам твоево мислење и покрај тоа што боли вака кога ќе го прочитам. Ама некогаш треба да се соочиме со реалноста, колку и да е болна. Се надевам и сакам да не си во право :) Ќе видам како ќе се одвиваат работиве деновиве и ќе пробам да ги согледам работите реално од двете страни. Фала ти на искреноста

    Девојки, Ви благодарам на сите за мислењата и советите кои ми ги дадовте, дефинитивно ми се од корист. Е сега, пауза директно не ми побарал, затоа што јас многу јасно и гласно му ги имам кажано моите ставови по однос на такви работи во врска. Знае дека не смее ни да помисли да ми спомне такво нешто затоа што е свесен што го чека.
    Семинари има доста поврзани со неговата работа и тек допрва ќе има. Да, љубоморна сум и секаде ми оди паметот, ама сфаќам дека не смеам така. Никаде нема да ме одведе тоа што си правам филмови во глава.
    Реално, јас на никој во животов на му верувам 100%, а ни на него.
    Така да се е ствар на избор. Јас се водам на она правило, прави што сакаш, се дури не те фатам.
    Не ми делува дека ме изневерил или нешто ама можеби загледал некоја не викам не. Од друга страна па, во скоро секое време од денот знам каде е и не ми делува сомнителен воопшто. Ама тоа неможам да бидам сигурна. Несакам да изигравам детектив и психички да се замарам и да го анализирам секој негов потег.
    Ако тој мисли дека сум вредна за него, и дека било која некоја вреди толку многу за да ме изгуби мене, нека повели, негов избор но и негови последици.
    Се обратив до форумот поради фактот што не дека не го познавам доволно, туку затоа што ми беше потребно и сеуште ми е, мислење од страна, од некој што не е директно засегнат од ситуацијава, со цел правилно и реално да согледа, а не субјективно да осудува.
    Се мислам само како да постапувам сега овие денови. Дали да бидам фина, мила, заводлива и слично и да пробувам да го придобивам повторно, чисто за да сфати што би изгубил, односно да го заведувам пак (а знам точно како треба и што го прави задоволен) или пак да бидам ладна и дрска и да се правам дека сум многу многу навредена од тоа што ми го кажал????
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    АнаМКД, свесна сум дека бев малку подиректна и ако те повредив и натажив, се извинувам, но тоа што јас мислам дека се случува во вашата врска, не може на поблаг начин да се објасни. Не бев груба заради тебе, туку заради неговата постапка. Дури и да не те изневерил/размислува за друга, начинот на кој постапил со тебе е крајно безобразен, самиот тој е премногу несигурен во себе, а од друга страна си игра со твојата самодоверба, велејќи ти „се оладив кон тебе“. За постоењето на друга (во неговите мисли барем) ми падна на памет заради неговото однесување. И не, не може да биде работата, мислам сите ние знаеме што е работа во денешно време па не ставаме тригодишни врски под знак прашалник поради тоа.

    Што се однесува до твојата недоумица како да се однесуваш сега, ти најубаво си знаеш каква ви е ситуацијата и дали/зошто сакаш да си со него. Искрено, после онаа фраза, јас не би му се понижувала обидувајќи се да го заведам, ако за 3 и пол години не увидел што губи доколку ме изгуби мене, не ни вреди да се замарам со него. Зошто? Да го наградиш за неискреноста и лошото однесување?

    Сепак, ти си знаеш зошто сте заедно и како ти сакаш да постапиш, стави си на кантар зошто сакаш и зошто не сакаш да останеш со него, па ако натежне првото, понижувај му се, заведувај го, како да не ги кажал тие навредливи зборови.

    НЕ, туку oва е ФОРУМ и еј...постојат РАЗЛИЧНИ мислења колку што има и луѓе тука за кои најмалку треба некој да се правда.

    Мене токму фактот дека ова им е прва криза во 3.5годишна врска ме чуди малку. Не е можно за толкав период да немале ситни кризички, но очигледно преминувале преку нив со негирање и продолжувале понатаму.

    Втора шанса за што? За да се загрее за неа? Не сфаќам...

    Е зашто сеа таа да размисли? Тој згрешил или таа? Точно е тоа дека откачувањето е лесно а останувањето во врска е потешко, но не во случаи кога останувањето во врската понашајќи се како ништо да не било претставува прибежиште од очигледните проблеми во врската кои не престануваат да постојат ако ние се преправаме дека не постојат.

    Но, како што реков, причини за останување во врска има многу, доколку таа реши да остане, сигурно си има своја причина за тоа и нема тука што да се дискутира. Може само да се даде мислење за ситуацијата и евентуално што ние би направиле во истата, а јас си го кажав своето мислење како некој кој поголем дел од животот поминал во машко друштво (мои другари, другари на брат/братучед ми и тн).
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    ...доцна беше за редактирање.

    И АнаМКД, мислам дека си малце неправедна кон мене затоа што и јас како и другите посветив време за твојот проблем и да ти дадам најискрен и најдобронамерен совет за истиот, а ти велиш дека субјективно те осудувам заради тоа што не си го добила одговорот кој сакаш да го чуеш. Која си ми ти во животот за да те осудувам? Коментирам за ситуациите, не за луѓето. Кој гледа на работава правилно и објективно, ќе покаже времето, само се надевам дека јас НЕМА да сум во право.

    Правилен совет според тебе кој би бил? Доколку го знаеш правилниот совет, зошто се заморуваш на темава и зошто не го примениш истиот туку се жалиш ако прочиташ нешто кое не се совпаѓа со она кое ти најмногу сакаш да го направиш?

    На крајот, одбери го тоа што најмногу ти одговара.

    И не, простувањето нема да биде најпогрешна одлука во ситуацијава, туку простување oд погрешни причини.
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Теси ама и ти генерализираш сите машки не си исти,не значи дека има друга,или има таков план,можеби дечкото навистина му треба малку одмор,може му е здосадено,јас пак ке и кажам дај малку време и простор и ке видиш како ке реагира,ова последнава реченица е за девојката.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Добро витомир, аман више, може и не ја вара, ама што може друго да значи реченицата „се оладив кон тебе“ освен дека типот се оладил? Не треба трофеј да му се даде за тоа. Да му се даде простор? Ха, ха, ха.
    Треба некој да има гордост 0 за да има разбирање за таква (според мене) навреда.

    Да ми каже мене мм се оладив кон тебе, после две недели дерење и ужасно понашање, од мене ќе добие само arrivederci. Триста луѓе-триста ставови. Тоа и е форум - нешто што очигледно не е за наше поднебје пошто повеќето се совпаѓаат од шемата за вицот за американски, израелски и македонски форум (или така нешто беше).

    Ај не ме замарај и ти жити се' и онака сум стаена на оптуженичка клупа на темава пошо си дадов мислење. Ако си машко, не значи дека повеќе знаеш за тоа од мене.

    И да, најде кој да ми збори за генерализирање.
     
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Теси секој си гледа од свој аспект,и неможеш да очекуваш сите како тебе да размислуваат,јас си го кажав моето мислење ,не викам дека моето мислење е најправилно,ете и самата кажа дека ти замерила за твојот суров совет,од стилот откачи го,не вреди,ниска самодоверба,тоа мислам дека е веќе и навреда за нејзиниот дечко.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ај не иди офтопик молим те. Секој си иде од свој аспект и треба да се почитува тоа. Аха, на ражен ме стаивте за темава само затоа што различно размислувам. :D

    Ако ми замерила на мене (шо реално не сум и' никаков битен фактор у животов) шо сум рекла така за дечко и' (што е мислење според нешто кое таа напишала) а нему не му замерила шо така се понашал со неа, не знам што да кажам, освен „извини“ (ваљда). И не, не очекувам сите да размислуваат како мене, туку малце да се почитува и туѓ став, да се има малце усул и да се помирите дека секогаш ќе има некој кој различно ќе размислува, а мислењата се јавни и секој може да си даде став за нив.
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Ана,ние жените сме многу похрабри и поиздржливи од мажите-иако се нарекуваат посилен пол :!:
    (зборувам во глобала) а тоа дека се е со рокови, стрес, нервози вработените -гледам по мајка ми и по другите вработени лица во мојот круг :worried:
    можеби му треба време да се навикне и да не те обесхрабрувам ама реално семинарите се шанса за добар провод и за двата пола-нека не те чуди и реално да зборуваме постои шанса некоја да му запнала за око, а и не мора да значи-ако е привлечен за тебе, е и за другите ама ако те сака како што велиш тогаш ке си седи мирен да не заврши модар
    а после подолга врска знае да дојде до презаситување за жал :worried: и тој да почнува да се губи, или ко да е заробен па да сака да проба нешто ново-во случајов забранетото овошје и да се согласувам со Теси голема грешка од твоја страна било тоа што не си комуницирала додека тој бил на семинар :!:
    пробај да разговараш со него, види што ке ти каже па прецени сама
    ако мислиш дека можеш да го освоиш повторно, викенд надвор од градот би било нешто идеално или спа третмани само вие двајца-ти посакувам многу срека :)
     
  9. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Сосоема погрешно си ме сфатила, јас многу многу ги ценам сите Ваши мислења и двоење време да го анализирате мојот проблем. Никогаш не се налутив зашто ти ми кажуваш субјективно, туку баш напротив ТИ БЛАГОДАРАМ ОД СЕ СРЦЕ зашто ме тераш да гледам и на таа страна која ти реално ми ја прикажуваш.
    Се насмеав кога реков, леле дај боже да не си во право за сето ова што го збориш, односно да не е друга во прашање и сл.
    Воопшто не се навредив од твоите мислења мене,а и за дечково. Токму одговори како што добив тука на форумот и очекував. Реални, сурови , објективни, што на почетокот ужасно болат и срцево мое едвај ги чита и несака да ги прифати, ама малку со ладна глава кога ќе се размисли токму тие реални одговори ќе ме одведат во права насока.
    Се обратив токму поради таа причина на форумот, да добијам и одговори кои главава моја незнае сама да ги даде. Одговори кои првиот момент кога ке ги читам ќе болат, ама можеби на крај нај правилно ќе ме насочат што и како да преземам во идниов период.
    Уште еднаш големо ИЗВИНИ ако си ме сфатила погрешно дека се лутам и слично. Баш напротив, кога ги читав сите мислења, во твоите најмногу се пронаоѓав, ама пак имај во предвид дека градев многу со овој дечко и многу би ми било криво да пропадне се во вода, премногу време е изгубено..
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ма те разбирам, знам како ти е. И јас не сум во врска, ама во брак сум на кој претходела таква врска и сме имале кризички нормално и знам како сум се кочела и самата кога ќе помислам што се' сме изградиле заедно. Некогаш тоа е добро чувство, не' спречува од носење погрешни одлуки (срцето многу често најточно кажува што треба да се прави), но некогаш ете, баш тоа чувство те тера да останеш во ситуација во која не се чувствуваш убаво. Малце сум можеби старомодна и феминистички настроена, но ете си стојам на тоа дека жената е нежно, деликатно суштество кое во една врска така треба и да биде третирано. Сум против трпење и страдање, но тоа сум само јас.

    Тоа што ти го кажал не е мала работа, јас лично многу би се навредила и би ме повредил и би сакала да биде свесен дека не може толку грубо да постапува со мене. Треба да биде свесен дека доколку навистина сака да се обидете да бидете како порано, треба да сфати дека тоа што ти го рекол и начинот на кој се однесувал со тебе е погрешен и треба од петни жили да се труди да ти докаже дека се кае.

    Сепак тоа е мое мислење. А за ова, мило ми е што те насмеав, тоа ми е како узречица кога за некоја ситуација повеќе сакам да не сум во право ради мојот поскептичен и сурово-реалистичен став за работите. :D

    Биди силна и стави се на прво место (ако мене ме прашуваш). Заедно сте се граделе 3.5 години, ама ти самата си се градела како личност цели 24 и тој не смее да го заборави тоа.

    Дали ќе простиш или ќе окончаш не е важно, важно е тоа да го направиш заради вистинските (не погрешни) причини.

    Поздрав и среќно. :*
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Да, точно е, сите машки не се исти и неможеме да генерализираме. Но, МОЖЕ МУ Е ЗДОСАДЕНО, МОЖЕ МУ ТРЕБА ОДМОР??? Од што да му треба одмор? Од мене, од нашава врска, од тоа што во сите тешки а и убави моменти сум била тука за него, сум го насочувала во права насока за се што ќе имало потреба?
    Неговите зборови се, те сакам повеќе од се, ти си живот мој, ама среќо моја се оладив спрема тебе малку, не ја чувствувам истата страст, може сум се презаситил....
    Те молам од машки аспект изанализирај ми ги...два дена веќе неможам да разберам и да соберам два и два, збунета сум и не сфаќам што значи тоа.
    Инаку цело време се слушаме и гледаме и тој бара од мене да се однесувам како ништо да не кажал, да сме се труделе заеднички да го пребродиме ова, да сме направеле пак да биде како порано.
    Ова не е моја проблем, не оладив јас, не изгубив страст јас. Немало причина да оладам. Како може да очекува јас да му помогнам, што треба да направам стриптизи да играм, да му ги исполнувам сите желбички и да бидам лизни мазни, мила фина со него?
    Па не сум од камен. Колку и да го сакам, едвај го погледнувам во очи зашто во глава ми одзвонуваат неговите зборови. А тој пак, тешко ми е и мене верувај, несакам да ја фрлиме во вода врскава.
    Многу нелогичности, многу многу....
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ок,знам дека ти е тешко ,но прабај сега ти да ја играш неговата игра,значи остави го и биди ладна према него,и издржи што повеќе за да видиш дали стварно е оладен од тебе или му станало монотоно,па треба некоја промена да направите во врската,така јас мислам,има тука и други машки кој можеби подобар совет би ти дале,секој ти кажува од свое искуство.поздрав
     
    На srcekrsacka и Emma89 им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Oва и ми беше поентата цело време. Никој не ти го става цел свет под нозе па да биде достоен така да се однесуваш со него. Уствари, мислам дека дури ни тогаш не би бил.

    Ја да му речам на некое машко пример „се оладив кон тебе“, сигурна сум дека тој ќе ми одговори „епа ќе си најдам некоја која е загреана“ и нема да се замара со работење на случајот врска, враќање на стариот оган, за коешто, треба И ДВАЈЦАТА да учествуваат. Тој мисли само неговиот оган треба повторно да се разгори. А што ако за време на тој процес, нејзиниот згасне? Е ова е и можеби проблемот. Можеби тој е сигурен дека нејзината љубов и страст кон него се сигурна карта па не се ни замара со тоа дали всушност ТОЈ треба да се потруди да и' надокнади за однесувањето. Затоа велам и дека треба малку погордо да се постави да спречи утре пак да се обиде да и' направи така. Не сакам да генерализирам, ама во мојот живот конкретно, поубаво сум си поминувала во врски во кои сум успевала да постигнам машкото да се плаши дека може да ме изгуби, притоа не правејќи ништо со кое самата би се деградирала, туку едноставно со самопочитта и суптилно барање (изнудување не е баш најсоодветен збор) на почитта кон мене од негова страна.
    Дали и тој би се трудел толку? Врската ја чинат двајца, а ако се јави сушен период и ДВАЈЦАТА треба да работат на случајот, а не само жената, па жената, па жената...како што е добро познато веќе. И самите сме си криви за ова.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Да, семинарите се одлична можност за убав флерт и не дај боже нешто повеќе. Тоа си е негова работа, како му работи совеста, така нека прави, неможам јас да бидам 24 часа со него и да знам што и како право во секој момент. Презаситувањето ме чуди, може и јас му бев премногу достапна изгледа, му ги исполнував сите желби во секаква смисла на зборот, ама па во ниеден момент не осетив дека тој тоа го злоупотребува, баш напротив се повеќе и повеќе имаше потреба од мене, а и јас од него.
    Некако се осеќам гневна и навредена и се чудам како ќе соберам сила да го освојувам пак, па на крај краева никогаш не сум се трудела да го освојувам, ниту тој мене. Двајцата сме биле природни и само што ќе сме се погледнеле во очи, сме се освојувале. Не сме имале поголеми проблеми воопшто. Ситни кавги и недоразбирања не ги сфаќам како криза во врска, туку како различни размислувања за одредена тема. Секогаш сме завршувале со компромис.
    После разговор со него, тој бара од мене помош...помогни ми, ми вика, пак да биде се како порано, несакам да те изгубам....не ми е јасно воопшто што сака од мене.....
     
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Неговите зборови се, те сакам повеќе од се, ти си живот мој, ама среќо моја се оладив спрема тебе малку, не ја чувствувам истата страст, може сум се презаситил....

    Според мене ова се навистина тешки зборови, посебно кога ќе ти ги каже личноста која ти е се! Ама за момент помисли дека можеби дечко ти бил премногу изнервиран и разочаран од некои работи кои не се одвиваат како што тој самиот си ги замислил. Можеби се чувствува како да за овие 3 ипол години само тој да те опсипувал со љубов, нели самата кажа дека тој секогаш повеќе се трудел за врската и мислиш дека повеќе те љубел тој тебе, отколку ти него. Можеби смета дека само ти си личноста кај која може да оди за да заборави на обврските и проблемите од работа, личноста која тој сака секогаш да биде на негова страна, да му биде потпора и сила за да ги препроди тие проблеми. И само затоа можеби кога ти не си му се јавила додека тој бил на семинар се почувствувал разочарано и повредено.
    Врската е составена од две индивидуи кои би требало да функционираат како едно. Ова не е кажано во смисла тие постојано да се шетаат залепени заедно, туку во смисла тие индивидуи заедно да се заштитуваат, да си даваат поддршка и сила.
    Сега доколку тој било кога те навредувал со недолични зборови мислам дека тоа не е оправдано. Ни јас тоа не би го трпела бидејќи навистина ние жените сме нежни суштества кои треба да се чуваат како зениците во очите.
    И одењето по семинари е многу голема филозофија :). Точно е дека таму се може да се случи. Ама нели најдобро ти можеш да заклучиш дали има простор за такви размислувања. Еве и јас си правам филмови кога дечко ми оди некаде ама тоа е животот. Не можеме да контролираме се. Ние жените сме паничарки па дури и да го имаме најверниот маж до нас секогаш ќе си замислуваме некои филмчиња. Бидејќи http://www.youtube.com/watch?v=AWpsOqh8q0M.

    Јас би го почитувала тоа што тој бил искраен и ти го кажал овој проблем и ти дал до знаење дека треба заедно да го решите. Незнам зашто мислиш дека тој очекува само ти да работиш на подобрување на таа ситуација? Може со самото тоа што ти го кажал, сака да каже всушност - ајде заедно да се обидеме да го поправиме ова, бидејќи сакам да бидеме заедно.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тоа што таа не е таков тип да ги покажува чувствата на начин на кој тој тоа го прави ниту значи дека не го сака, ниту значи дека таа е виновна за неговото однесување. 3.5 години се во врска, мислам дека тој веќе и' го има прифатено таквиот табиет. Од овој аспект ја разбирам, пошо и ја сум таква кога станува збор за искажување на чувства.

    Мислам дека со тоа сакаше да каже дека преку делата, нежноста, почитта, постојаната посветеност и поддршка таа му ја покажува љубовта. Тие двајца на различни начини си ја покажувале љубовта еден кон друг, тоа е се'. И во тие 3.5 години, баш сега му присметало. Машкото според мене и треба повеќе да се труди, дури и самите мажи го сакаат тој предизвик. Има и исклучоци, не генерализирам, али воглавном отсекогаш кај мажите постои оној инстинкт за освојување. Тоа можеби и е причината заради која што тој почнал да се лади. Можеби почувствувал дека конечно „ја освоил тврдината“ и едноставно му треба нов предизвик.

    Ова е мое мислење.
     
  17. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Токму така, многу тешки зборови паднаа и тој се освести за тоа дека ме повредува...Ама разликата меѓу мене и него е тоа што јас кога имам проблеми на работа, доаѓам кај него , ги споделувам проблемите викам се дерам колку ме изнервирал шефот, но не му викам него... и тоа трае 10-тина минути. Останатото време сакам да се релаксирам со него и да заборавам на проблемите и да поминам квалитетно време со него.
    А тој се враќа нервозен, напнат и врз мене знае да се истури и повторува како проблемите негови од работа ќе му ја уништеле врската.
    И вчера и денес ме убедува дека ќе работел да ја спаси врската и да продолжиме во нагорна насока. Вика дека се кае што така наеднаш како гром од ведро небо се ми изнакажал без претходно да ме спреми за вакво нешто.
    Јас ќутам и незз што да му одговорам. Иста со него неможам да бидам. Срцето ми се корне, ама и лута сум што си дозволи вака да ме повреди за глупост. Му кажав дека довербата кон него ми е скрос намалена и дека ќе треба многу да работи за повторно да можам да му верувам.
    Му кажав дека до пред 2-3 дена знаев дека имам некој кој безрезервно ме сака, а сега наеднаш таков некој покрај мене немам.
    Сега, тој оди на семинар од среда до недела. Јас исто преку работа нема да бидам тука овој викенд и ќе имам доста обврски. Што значи дека цели 5 дена нема да се видиме. Мислам дека ова ќе бидат клучните денови за нашата врска.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Тие пет дена дистанца после бурава мислам дека ќе донесат конечна одлука во која насока ќе оди врската. Искрено се надевам дека ќе биде во нагорна. Инаку секоја чест за храброста и снагата, според мене, дечково е малку несигурен во себе, но ти ја имаш сигурноста за двајцата, можеби затоа што вака си се надополнувате врската ви врвела добро во претходниот период. Јас пак не можам. Колку и да сум јас самата силна, ете секогаш сум си преферирала мојата друга половина да биде посилната, посигурната, поистрајната...Не ме сфаќај погрешно, ни моево ни твоево не е погрешно, туку ете ми беше интересно да ја посочам разликава. :)
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Ужасно тешки и неподносливиденови се овие.
    По телефон разговараме некако ладно, му реков да престане да ми вика Те сакам на крајот на секој телефонски разговор, затоа што не му верувам на зборовите. Кога ме праша зашто, јас му одговорив дека неможам да се помирам со фактот дека изминатите три недели кога јас сум мислела дека имам некој до мене што безрезервно ме сака, тој некој се ладел спрема мене. Штом јас не сум успеала да го приметам дека се лади или дека губи страст спрема мене, заклучокот е дека јас воопшто не го познавам него после 3 ипол години.
    Неможам да се помирам со тој факт!!! Само тоа ми одѕвонува во глава...Како ќе му верувам пак стварно незнам. Мислев дека со самото тоа што го погледнувам во очи, гледам љубов, страст и поддршка.
    А всушност изминативе 2-3 недели тоа не било така.
    Тој ми вика: " ...ама јас тебе никогаш нема да престанам да те сакам, нема да дозволам да ни пропадне врскава што толку убаво ја градевме. Само дозволи ми да се потрудам да те засакам пак со истиот жар и страст како и претходно...."
    Јас сум доста ладна по телефон, некако и така ми иде, секој негов збор го анализирам и се оптеретувам со свашта.
    Утре тргнувам и јас на семинар, па се надевам дека барем таму ќе бидам зафатена и нема да имам доволно слободно време вака да се измачувам.
     
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Женска гледај го фактот што он сака да се потруди. Дај му ја шансата. 3год не се малку. Дај му време.
    не ставај до толку на срце, опушти се, види каков ке биде у нареден период. Дај му шанса, чим ти ја бара. По ова ми изгледа дека сфатил дека згрешил, сака да исправи. Значи те сака. Дозволи му да ти докаже.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.