1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој ти соопштува дека почнува да се лади?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од AnaMKD, 11 февруари 2013.

  1. izgubena5555

    izgubena5555 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    имам и јас слична ситуација, дечкко ми живее во америка ајде тоа е тешко, ама минатата година ми се јавуваше цело време беше љубоморен кај одам што правам, сега к*р не го боли за мене ми кажа да не се мачиме повеќе секако веќе не му е гајле за мене, инаку се мувавме 2 години во врска сме веќе Tri ама веќе и не сме заедно тешко ееее бевме блиски и не ми се верува како можеше за два месеца да ме заборави и да почне да не му е гајле за мене гарант си има некоја друга ама како може толку време да заборави толку брзо? it makes me sooooo sad :(
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
    изгубена,далечината си го прави своето :!: .било што било,гладај на тоа како едно искуство плус и штом не е овде полесно ќе го заборавиш :!: ,верувај ми имам такво искуство и биди среќна што не си го видела со друга како на мене што ми се случи ;(
     
  3. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Точно, далечината сакале или не, си го прави своето. Не за џабе рекле, далеку од очи, далеку од срце. Колку и да сакаме да опстане, истото е многу многу тешко.
     
  4. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Епа девојки, откако се вративме од семинарите каде што бевме, врската ни пукна...односно тој размислувал долго овие денови и сфатил дека сака некој период да биде сам, односно убаво да размисли што сака од себе и од животот. Не бара од мене да престанеме да комуницираме.
    Плачеше, градите почнаа да го стегаат, и ред други работи. Јас бев на работ на нервен слом и сеуште сум.... Тој ме убедува дека изминатиот месец јас не сум приметувала дека нешто се случува со него, односно тој бил ладен со мене цел тој период, а јас иако сме иделе толку долго не сум можела да востановам дека нешто не е во ред со нас. Можеби и е така, не велам не. Јас мислев дека е само преоден период, а уствари тој тлеел во себе. Јас вината ја наоѓам во него затоа што на време не кажал дека нешто не штима, туку чекал да помине период за на крај да завршиме вака.
    Многу муабети тешки паднаа, на крај заклучок на целиот муабет низ солзи од страна на двајцата беше дека тој несака да фрли во вода 3 ипол години залагање во нашата врска, туку смета дека со тоа што одреден период нема да се гледаме (туку само ќе се слушаме секогаш кога некој од нас ќе има потреба) ќе му помогнеле да сфати што губи.
    Тој ми вели: Дај ми период за да сфатам што губам. Ти вредиш многу, немаш ниту една маана, совршена си за мене, ама многу монотоно ни стана во врскава, без волја сме двајцата, се нешто тераме на кавга.
    Факт е дека ја утнавме работата со тоа што и двајцата дозволивме да станеме како баба и дедо и не воведуваме свежина во врската.
    Несакал да ме изгуби и цврсто стои на фактот дека ваквиот период многу ќе ни помогнел.
    Незнам што да мислам и што да кажам....Не викам дека може и јас како девојка требаше да играм малку по како што секоја девојка треба да знае да игра, туку јас ептен се ослонив на тоа дека добра е врската, нема што да работиме повеќе на тоа да ја подобруваме.
    Осеќам вина од една страна, од друга страна го обвинувам што не ми кажал на време дека нешто не чини.
    Тој признава дека требало на време да ми каже, ама го фаќало инает затоа што јас не сум знаела да приметам....
    Тоа е тоа...како ќе се одвиваат работите незнам, го сакам повеќе од се и иднината си ја гледав со него....А сега што ќе биде незнам, немам памет.
    Ајт на здравје се....без зборови сум.... :x
     
  5. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Немој да чувствуваш вина затоа што ова што се случило е еднострано значи тој почнал да се лади и тој требало и да ти каже а не да чека ти да видиш шо му е,е ова машкиве се значи неверојатни,кај не ги изразуваат чувствата,чуваат во себе и тоа се таложи се таложи и кога ќе пукнат има таква шок терапија да доживеш шо ке треба и те како добар период да помине па да се соземеш,те разбирам сосема низ што минуваш затоа што низ слично поминав и јас,јас би ти дала совет да не го прифаќаш тоа што ти рекол да комуницирате и понатаму,затоа што е себично од негова страна
     
  6. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29
    срцка, како си сега ти после сето ова, знам не е лесно 3 ипол год да ги фрлиш..сега секој момент абе се на него ке те потсека...ама период е, не се наслонувај многу...подбро можи и вака него двајцата да се мачите и нервози и се...Сепак мислам...ако е суден за тебе ке бидите повторно заедно, ако не тогаш Бог чува нешто подобро..
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ана , во секој врска се случува некое време да замре страста па двајцата треба да се трудите не само ти , мене ми е сомнителна оваа негова изјава сам да биде некој период да види што сака од животот :^)
    Божем во врска не може да сфати тоа |(
    И тој период на незадоволство (3 недели) е мал да се рече неподносливо е, дај не не бива премногу брзо дига раце или сака да дигне раце .
    А тоа слушање по потреба , јас би ти препорачала да го игнорираш скроз , не му одговарај на повиците тој така нема а сфати што изгубил туку ќе си мисли дека секогаш те има на дугме и ако не најде подобро пак да ти се врати . Покажи му дека можеш без него 8)
    Колку и да ти е тешко не му се јавувај , ако стварно е збунет верувам дека ќе бара да се смирите и веднаш пак ќе се загрее :D а ако го нема тогаш знаеш и сама дека таков не ти е ни потребен .
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Мразам да изигрувам дежурна кучка овде, ама ете, сценариово, муабетиве ми се препознати од аспект на животно искуство и некако знаев дека ќе ти побара пауза (затоа и го спомнав истото на неколку наврати).
    Затоа и бев толку активна на темава затоа што навистина не сакав уште некој да помине низ истите свињарии.
    Дали заслужуваш после 3 и пол години да му бидеш девојка која ќе ја има на повик (па макар и само за разговор)? Знае тој што губи многу добро, во тоа сум сигурна според муабетот што ти го направил, ама сигурно сака да си шара на страна, особено штом те отече со таа изгубена страст веќе (мајке ми, досаден е више со таа изјава |().

    Веројатно е свесен дека личност како тебе тешко ќе најде, а и добро те познава, па можеби сака како шо викаат „една за мираз, друга за мерак“, само што во твојот случај мираз ќе го замениме со сигурност или фино, прибрано девојче кое е и те како тешко да се најде на денешницава кога не можеш да ги испособереш и прибереш од кај се' не (коа ќе размислам не мираз, туку премија). Сака ем волкот да е сит, ем овците да се на број, тоа е малце невозможно. Ем слободен да е, ем да те врзе, на што личи тоа? Јас велам покажи малце гордост и речи му дека ако толку вредиш имаш право на своја слобода, имаш право и ти да си бараш што ти одговара. Плачел до гушење...Боже, Боже... :@ И ја ај да утепам човек па да плачам кај мајка му, ќе смени нешто? Сакал да се труди да успее, со муабети празни тоа не се прави дечко...(а можно е и фразава да ја користи како оправдување).
     
  9. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Се согласувам и со едното и со другото гледиште на проблемот.

    Прво 3 години врска а тој 25, значи од 22 бил со тебе, ако претходно немал многу девојки еве ти причина зошто оладил и зошто сака сега да биди сам. Видел дека можи да има и други, повеќе и знае дека тие други не вредат толку многу за да те изгуби тебе и не знае што да прави, а ги сака и двете работи.

    Второ сведок сум на неколку врски, каде што од едниот партнер било побарано вакво нешто, да се слушаме, ама да не се гледаме, ми треба време да сфатам што сакам вистински и по определен период сфатиле дека се потребни еден на друг и продолжиле и години после тоа и немало неверства.
    Ние овде се можиме да кажиме, но ти си таа што го познава него, ти си таа што треба да пролита која од овие две работи му се случува, ти си таа што треба да одлучи дали да се пресечи или да се даде тој период на „просветлување“.
     
  10. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Да, точно е дека двете гледишта на приказнава држат вода. Од една страна, ако толку сум му значела на време ќе кажел дека нешто не штима и ако сум му била битна ќе сме се потруделе заедно да го поправиме. Му реков јас дека е многу сурово и дрско од негова страна што вака како гром од ведро небо ми ги кажа сите овие работи, а тој ми вика верувај не бев свесен дека може до ова да дојде.
    Од друга страна, осеќам вина затоа што како што вика он, цел месец не сум го приметила дека нешто се случува со него. Вина наоѓам во себе затоа што сум се опуштила премногу и не знаев дека треба секојдневно да работиш на врската со цел таа да остане каква што е или само да оди во нагорна линија. Кога со мене нешто се случуваше, прво сакав он да примети дека јас сум нешто лута и нешто ме повредува зашто така ми покажуваше дека ме познава и битно му е како се осеќам. А во овој случај, јас ништо ама баш ништо не приметив за да помислам дека он се чувствува вака.
    Оваа недела кога бев ладна и дрска со него и ретко му се јавував затоа што осеќав гнев и инает, тој се лути на сето тоа и ми вика ти уште толку со твоето однесување ме бркаш.
    Мене пустата гордост не ми даваше да бидам мила и фина со него.
    Незнам дали вреди макар да пробам еден период вака за да видам како ќе се одвиваат работите, зашто ако не пробам после ќе ми биде криво што не сум пробала.
    Не сум скрос уверена дека е засекогаш откажан од мене и ми треба уште. Мислам дека овој период ќе даде одговор на едно од овие прашања:
    1. дека само му е пролазно, па верувајте дека ако е така, ќе направам да се кае цел живот што ја довел врската тука и он ќе биде тој што ќе треба да ме врати мене.
    или
    2. Скрос ќе се уверам дека се откажал од мене во секоја смисла на зборот и дека не вреди понатаму да се трудам околу таква личност.

    Незнам што е правилно, може и нема правилно во ваква ситуација. Може времето ќе си покаже, а може и не....
     
  11. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Ова под првата точка ти е промашај. Зошто ако се смирите утре да направиш да се кае? Пекол ке ја правиш врската, ќе го казнуваш? Б ашка тука ти ке страдаш најмногу.
    Ова со паузава. Јас мислам да го прифатиш ама не со слушање и гледање. Без контакти. Многу ми е некако сомнително. Како да сака слобода да проба нешто друго. Јас би му рекла: Сакаш пауза, повели. Те молам никако да не се слушаме, јави ми се САМО кога ќе знаеш што сакаш. До тогаш, еве како што те разбрав тебе, разбери ме и ти мене. Не сакам веќе тешки муабети кои ќе се случуваат повремено. ПОздрав и се најдобро.

    Јас така би постапила, кај сака нека тера, а да ме држи мене на ланец не.
    И не се измачувај, олабави се, шетај. Ама иич да не ти е гајле. Јас цел живот терам еден филм. Секој вреди една недела од мојот живот да страдам. ПОсле една недела насмевка на лице и одиме понатаму.
     
    На Trnche и Moira им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Мене однесувањето на дечково воопшто не ми се допаѓа. Уште повеќе не ми се допаѓа тоа што ради некои негови бубачки во главата, уште згора сака тебе да ти ја струполи вината зашто не си предвидела дека нешто не било во ред со него. Што си ти, баба Ванѓа? За работење на случајот врска потребни се двајца. Според кажаново, тој не работи на врската, туку збори на празно.

    Ајдее, да не сака и аплауз за шокот кој ти го приреди. Ќе бидеш ладна, нормално. Те повредил. На твое место, дали тој би бил фин и добар со тебе?
     
    На Miss.Ricci, drugarka и Hipster им се допаѓа ова.
  13. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски


    Одличен одговор-кога ке разбере што сака нека каже и тоа АКО НЕ Е ДОЦНА ЗА ТОА ;)
    ЕЕЕЕ луѓе во брак по 10-20 год па се разведуваат па продолжуваат со животот со деца,фамилии па не ти!!!
    Тешко ти е разбирам али особа што не знае што сака па сега ке филозофира.....глава горе и да го баталиш,шетај излегувај,дотерај се,смени имиџ и не вреди да му се секираш за ваква негова глупост-се оладил господинот :x :x :x
     
  14. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Ана јас те разбирам дека моментално си гневна и нервозна, но многу глупаво би било од твоја страна да го малтретираш, да направиш да се кае и слично. Како што кажа Артемис од таа врска на крај ќе испадни еден пекол во кој ти ќе страдаш најмногу и сето тоа ќе прави фрустрации...
    Луѓе сме можиме да се згарееме, да се оладиме, да се презаситиме, нема потреба да бидиме казнети за тоа. Знам дека те боли, но ако увидиш дека не оди, раскини и продолжи, иако знам колку ти е тешко, сите сме поминале низ раскинување. Ако почуствуваш дека те сака и дека тоа му било само моментално, испад кој никогаш не требало да се случи, но се случил, тогаш остани со него, потрудете се и двата околу врската, прости му и заборави на се што се случило, а не казни и малтретирања, со тоа ништо нема да постигниш.
    И луѓе ова што го рекол тој во никој случај не е во ред, но не заборавајте дека сите ние некогаш сме го почуствувале тоа, да бидиме презаситени од другарка, од партнер, од родител...Не дека го оправдувам, но на сите нас нешто ни се здосадува во некој момент, но тоа не значи дека љубовта завршила или треба да заврши.
    И уште нешто...За танго се потребни двајца.
     
    На WildCherry и karenin им се допаѓа ова.
  15. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Ана не сакам да генерализирам,али најчесто барањето пауза е првиот чекор кон крај на врската.Јас бев во таква ситуација,кога не бев сигурна дали уште го сакам дечкото со истиот интензитет како на почетокот и побарав пауза.Јас бев спремна и да раскинам ,па макар по цена и да си ја лупам главата од ѕид после тоа,но бев свесна за тоа колку дечкото ме сакаше и едноставно жал ми беше ко гром од ведро небо да му раскинам и решението беше пауза.За разлика од дечко ти,јас не спиев на тоа увце да одржуваме контакт,да се слушаме и сл. туку барав прекин на секаков контакт.Понашањето на дечко ти ме наведува на тоа дека он сака да се изнаужива малку како сингл дечко,а после тоа тебе да ти се врати,бидејќи и самиот кажува дека си била совршена за него.Мој совет ти е да не си го замараш мозокот со тоа да му се одмаздуваш,враќаш и сл. зошто на крај пак ти ќе бидеш таа која ќе биде повредена.Можам да замислам колку ти е тешко,зошто 3 години не се мал период да бидеш со некого,но ако тој смета дека треба сето тоа што сте го имале да го фрли во вода за да се изнаужива во животот,верувај дека таков не ти треба.Се надевам на добар исход,па пиши ни како ќе се одвива ситуацијата :)
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Мене дечкото ми личи на недозреано детиште вака искрено :^) Сега кога си дошол до своја паричка и влегол во друг свет , одеднаш не му е доволно тоа што си го има со девојка му , па сосема веројатно е дека сака да проба нешто од страна , па и да биде сингл .
    Ана јас не би чуствувала вина , не можеш да гаташ , гледаш дека имал притисок од работа , ама тоа е нормално што треба ? Да го држиш за рака после секој стрес од работа па колку ќе ги има ехее

    Само јас сум видела како машко (моја блиска личност ) фрла долга врска во вода и очекувајки дека ќе се слушаат и ќе биде тука таа да се смират , а девојкава не го рецкаше ама ич нити му се јавуваше а кога ќе се сретнеа само здраво ни муабет му правеше ни ништо , па овој се потресе и виде дека стварно ја загубил па после трчање молење по неа и на крај му даде шанса откако таа се увери дека си ја научил лекцијата :D сега се пред брак :)

    Ако ти си продолжш по старо само ќе излезеш повредена од врската , ќе се слушате и на крај може и со друга ќе го видиш а ти ќе го држиш за раче на патот кон другата .
    Игнорирај го остави на времето , нека се прашува тој што е проблемот? Зошто не го фермаш ? Нека мисли тој да не имаш некој друг , дали и ти си оладила сега после неговата постапка не само ти да си ја тупиш главата ..
    Остави на времето и не биди девојка на повик . Може ќе увиди колку згрешил ,може не , ама поштеди се разговори после раскин , терај уживај ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Па според мене најдобро е да почекате да помине малку време. И јас имав сличен проблем. Пред некое време мислев дека повеќе не го сакам дечко ми, ми се допаѓаше еден друг .. но тој што ми се допаѓаше сакал некоја друга ... и се тоа беше 2/3 недели, и најпосле си ги средив чуствата. Затоа можеби на дечко ти му се измешани чуствата но почекај нека помине некое време па ке одлучите што како. И немој да му расќинуваш, тоа никако оти после можеш да се каеш. Само дај му малку време да се среди себеси и своите чуства :) .
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Eloves извини вака ама ти не си ги средила чуствата , да те сакал другиот ќе си била со него . Ама жива среќа златна резерва си имала . Не верувам дека некоја жена сака да и се врати нејзиниот дечко откако друга го одбила а ти си му посветувала и време и младост и внимание .

    Јас на Ана и зборував за друг момент , дека можно е да полетан да види што е out there може не му се верува дека на млади години го нашол тоа што му треба . Ама во секој случај тоа не е постапка на зрела личност и заслужува кофа ладна вода и игнорирање . Ама да не се исклучува и можноста да му се шара па така ем е и превентивна мерка да се заштити од тоа да биде понижена и да не му дава сигурност додека тој се обидува кај друга .(ако е така )
    А ако си поробува кај друга , јас да сум слободно оди ама вратата ти е затворена кај мене во случај да не те прими дотичната г-ца :devil: .
     
  19. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Ве читам и верувајте разбирам дека сте во право за се...Не ми беше зборот јас баш да го казнам зашто направил вака, туку поставив хипотетичка ситуација дека доколку ова е пролазен период сигурна сум дека тој ќе биде тој што ќе сфати и ќе се кае што направил врската некој период да не ни чини и да треба повторно да работиме за да се вратиме назад. Нема да бидам јас таа што ќе треба да се труди, туку тој затоа што ќе треба од петни жили да се труди да ми ја врати довербата што ја имав во него. Тоа не е казнување од моја страна, туку тој ќе треба да си се сноси со последиците.
    Незнам како ќе биде, што ќе биде. Тешкиве муабети се случуваа вчера попладне, а синоќа после полноќ ми се јави само да ме слушнел и да видел како сум, дали сум се смирила и да ми кажел лека ноќ. И на крај ми вика те љубам највеќе...
    Сабајле исто зборевме и еве сеа попладнево пак ми се јави и разговараме како што секогаш си праиме муабет што како сме правеле во текот на денот.
    Како да го разберам ова негово јавување, дека има потреба да ме чуе или само по навика ми се јавува?
    Јас денес бев најнормална со него кога разговарав, додека минатата недела бев дрска и ладна и неговиот одговор вчера беше дека токму таквото мое однесување и напнатоста го оддалечува од мене.
    Ме убедува дека нема друга во прашање и се колне во најмило дека никогаш не би направил такво нешто - сеа тоа што јас и на ова гледам со недоверба се само мои trust issues.
    Уште пред некое време, он ми спомна дека сестра му ме препорачала во една голема компанија за работа, па вчера само ми рече сестра ми ми се јави денес, очекувај мејл за да одиш на интервју.
    И еве денес стварно стигна мејлот... Незнам како да гледам на сето ова, дали стварно заслужува да го оставам малку и некој период да играм по неговите правила.
    Несакам и неможам одма да се откажам, душава не ми дава колку и да сум свесна дека можеби е погрешно.
    Може и не размислувам трезвено, ама.... :(
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ана мојот совет ти беше ако е пролазен период да го казниш така што ќе го игнорираш , и да го натераш да има 1000 прашалници во глава . Јас мислам дека ова слушањево не е добро , ти му олеснуваш кога тој те повредил а сега сака да си тука додека се привикне дека е сам.
    Остави го да се потруди , а ако се смирите казнување после , мислам чиста глупост не сте деца ако продолжувате во врска треба да биде стабилна а не да си враќате еден со друг ако е така ич не продолжувајте ..
    Не ти велам да се откажеш туку give him a taste of his own medicine ]:) . За да го опаметиш сега треба да бидеш силна и горда . Да не се повторувам со истите совети на крај ти си знаеш што е најдобро за тебе .
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.