1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој ти соопштува дека почнува да се лади?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од AnaMKD, 11 февруари 2013.

  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Како бе сите така лесно кажувате со сигурност што тој сака, што прави, зошто прави, што мисли и која му е целта и намерата?? Па тоа ни Ана не може со сигурност да го каже, дури ни со претпоставка не може да се каже што се случува во неговата глава и во неговото срце. На форумов ако некој каже дека има проблем во врската одма следува „Има друга“, „Сака да биде со друга“ итн. НЕ секогаш е тоа причината за вакви работи. Ниеднаш не помислувате дека можби не се работи за друга и дека можеби не сака да ја чува како златна резерва со тоа што и се јавува? Дека можеби и него му е тешко од икс причини??
    Многу ме иритира тоа што се расфрлувате со поими, а факт е дека никој не знае што се случува со него освен тој самиот. И после една единствена криза која реално и не е толку страшна одма се фрлаат скоро 4 години а? Ако тој имаше веќе друга и ако беше веќе затрескан во другата или било каков близок контакт со неа немаше да ја бара Ана, немаше ни да ја погледне. И нема потреба од БИЛО КАКВО казнување и терање да сфати што направил. НЕ! Во секоја врска или брак доаѓа до момент кога треба да се потрудиш да смириш топка и да спасиш што може да се спаси, нема потреба тој потоа да се кае затоа што ја довел врската до овде...Може да се покае само еднаш-во моментот кога ќе се врати кај тебе и крај на сите казни, игнорирања и слични детски глупости.
    Да се труди од петни жили да ја врати довербата што ја имаше во него?? Нема потреба. Ако немаш доверба стави крај и готово. Во врска без доверба не се останува ни еден ден. Нема потрба од враќање и тракатанци.
     
    На XMaN, WildCherry, Edie.S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Епа тоа е тоа...дефинитивно си имам работа со многу лабилна личност која незнае што сака или пак дефинитивно сфатил дека несака да си има работа со мене, постои друга и слично.
    Во право бевте за се, ама life goes on. Побара од мене да сум го тргнела тоа дека сме во врска на ФБ, зашто му било тешко така да гледа, а не функционираме како што треба.
    Јаооо... веќе не ме тера на плачење, туку на врискање и дерење од нервоза и гнев.
    Жалосно, ама почнувам да сфаќам колку е тенка линијата помеѓу љубовта и гневот.
    Како да тоа не беше доволно, го исклучил chatot само за мене, т.е. братучетка ми (која е мала) и незнае што се случува, го видела онлајн и му пишала нешто заебанција и ми вика пиши му да ми врати....не ми реагирааа.. Јас бев пуштена и гледам кај мене е офлајн. Се пушта сестра ми и гледа и кај неа е онлајн.
    Дефинитивно треба да прекинам секаков контакт така?
    Доста ми беше од се, доста беше надежи, доста беше разбирање од моја страна.....
    Гневна сум, бесна и лута. Морам да ја прифатам реалноста порано или покасно.
    Ми иде главата во ѕид да си ја лупнам....
     
  3. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Прочитај го мојот совет. Ма јас не би тргнала дека сме во врска, туку би го избришала. Само за тебе офлајн? Типот е безобразен и тоа ме иритира страшно а не пак тебе. Избриши го игнорирај го, нека биде ОНЛАЈН за кого сака, а не “му се плачело дека гледа дека сте во врска на ФБ“??? Тој безобразно манипулира и игра со твоите чувства. Интересот му е на друго место, да ме плукнете ако не е така.
    Излези и фати дечко, мувач, шетај, ичда не ти е гајле. Лабилен и дволичен.
    Прво сакај се себе. И немој да си барала вина во себе.
    Тој нека си чука глава дека те снемало. Никогаш не сум сакала тука да дадам некој директен совет, ама овој дечко игнорирај го комплетно.
    Поздрав и се најдобро.
     
    На thelittle17, Doozy, mimiiiii и 7 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ах Ана, Ана, знам како ти е. И jaс порано имав едно исто такво
    прости ми, ќе го наречам ѓубре
    . И тој така лизни-мазни, ми праеше бајки од врската и после вакви шокови. Со таа разлика што јас го шутнав при првите симптоми на вакво понашање и после увидов дека сум била во право.

    Кај мене не палеа вакви филозофии, тешко му било... |( Ми рече и тој еднаш „Тешко ми е, ти не разбираш“ (вероватно го имаше оставено фуфлата по која се затрча за некој друг понафатиран) и јас само ладно му реков „Е добро шо ти е тешко, баш ми е драго. Кај друга нека ти олесни, јас со вакви тешки дијагнози не се расправам.“
     
    На mimiiiii и Springy им се допаѓа ова.
  5. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Оф Ви благодарам од се срце за сите совети и времето што воопшто го потрошивте на замарање со мојов проблем за кој очигледно се покажа дека не вреди да се троши ни една минута.
    Немам зборови сеуште, несакам ни да се замарам што е причината и од каде сето ова. Криво ми е само што воопшто постојат вакви луѓе на светов што незнаат да ценат некој што посветил огромно внимание, љубов, почитување и се останато.
    Нека брка работа, нека си размислува што сака од животот и нека тера понатаму со вакво понашање, ептен далеку ќе стигне.
    Очигледно е дека сум си имала работа со недозреана личност, ама криво ми е и неможам да не се обвинувам што на време не сум го приметила сето ова. Залудно потрошив толку време...еххх 3 ипол години.
    Се откажав од многу работи баш поради него, сметајќи дека тоа е правилно.
    Ќе излажам ако кажам дека не ми е тешко, ме боли ужасно, скрос го изгубив апетитот, значи верувајте ни едно залче во уста не ми се става.
    Многу боли, ужасно.... ;( ама морам да бидам цврста и јака. Што сака воопшто незнам од мене, гледам ми звонел прееска, ама не му кренав....
    Се надевам ќе се вратам на нозе во брзо време.
     
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Neytiri не дека се расфрламе со поими , ама овие ситуации се добро познати и многу од нас ги имаат поминато или видено кај други , па затоа сакавме да дадеме совет , што побезболно да помине и да не се храни со лажна надеж колку е само таа болна . Се надевав дека не сум во право дека ова е исклучок :(

    Ана , немој да се нервираш и на најпаметната девојка може да и се случи да не процени убаво човек , или да го процени па со време тој да се промени .
    Знам дека сега ти е многу тешко , биди силна млада си способна ќе преболиш со време . :hug:
    Знам дека и тебе ти е тешко да одолееш да не се слушнеш 4 години скоро се во прашање , ама господинот си бил јасен , најискрено ти кажувам да прекинеш контакт и да си го зачуваш достоинството , сигурно те цени поради тоа што си силна личност и сам ти кажал не се претварај во лабилна ради него
    А јас сум сигурна дека ќе си касне од газот поради овие недозреани постапки и што си дозволил да те изгуби ама ти не дозволувај веќе да те матка . Не заслужуваш после се ова да ти го прави .
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Дефинитивно нема теоретски шанси да му покажам дека ме боли и дека сум премалена. Гордо ќе се однесувам, најнормално како воопшто да не ме тангира се што направил.
    И после ми викате да не ми се појавуваат одмазнички чувства??? Епа посилно е од мене. Знам дека ако постапам така автоматски станувам како него, ама верувајте премногу направив за оваа врска, му се најдов во милион ситуациии, за се буквално за СЕ бев тука за него.
    Ептен се зближивме во секоја смисла на зборот, да не правам муабет колку неговите ме сакаа. Мајка му просто гледаше светица во мене, за мојата магистерска специјално свечен ручек правеше, толку беше среќна. Многу ми е тешко, многу.... :(
    Милион работи се во прашање....офф подобро да не се враќам назад со мислите зашто ќе побудалам.
    Уште еднаш големо фала за искрените одговори што ги добив од сите вас.
    Кога и да ми е тешко во некои моменти и ми доаѓа да му се јавам и да почнам да плачам и да му кажам колку го сакам, се уклучувам на темава и се соочувам со реалноста.... :(
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    В ум ми остана тоа дека бил искрен со тебе и сака заеднички да го решите тоа.
    Сепак, фер од негова страна.

    Секој човек некогаш поминува низ различни периоди во животот, искушенија, маки, депресии, пренатрупани обврски и нормално е некогаш да му дојди се преку глава и да се однесува така.

    Можеби се работи за минлив период. Затоа не го осудувај, биди му подршка, и заедно со разговор видете што можете да направите за да ви биде поубаво во врската и општо во животот. :)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Се во животот е искуство плус. Така и оваа врска и ова што ти се случува ќе ти биде на тебе. Никој тука точно не може да каже што му поминува низ главата. Ама едно што може да се заклучи дека човекот е лабилен и не можеш да се ослониш на него. Што ако се смирите и понатаму он заклучи дека повторно нешто не му е како што треба? И пак ли ќе те става на стенд бај додека си ги разреши работите во главата? Колку ќе го трпиш тоа? А и дури да се смирите твојата доверба веќе е разнишана...

    Ова ти е искуство плус за во иднина да знаеш дека треба секогаш да се работи на врската. Не е дека ти во сево ова си тотално без вина. Самата кажа дека дека си престанала да работиш на врската, а и не знам како си можела да не забележиш дека нешто не е во ред со него.
    Сепак, по начинот на кој те третира сега не личи на пауза туку на раскинување. Размисли убаво за понатаму.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Официјално му соопштив дека повеќе несакам никаков контакт со него, да не ме бара и да не очекува дека јас ќе го барам. Изминативе два дена ми се јавува 3-4 пати во денот, ми прави муабет како ништо да не било, ми кажува што правел, каде бил, се интересира јас кај сум, што сум и слично.
    Се видовме вечерва на моја иницијатива за во лице да му соопштам дека јас не можам веќе вака, да се однесувам како ништо да не било, а да дочекувам од него да бара да тргам статус на ФБ и да се прави офлајн само за мене. Дополнително што приметив е дека еден албум голем што го имаше со наши слики го ставил да биде видлив само за мене, а сите останати да не го гледаат, односно го скрил. Ни моите другарки ни сите останати што ни се заеднички пријатели не го гледаат албумот, туку само јас.
    Кога му го плеснав ова, проба прво да ми се вади, а после ми призна. Незнаеше што да ми одговори.
    Само му реков премногу ме потцени, сам беше свесен дека ако сакам нешто да дознаам ќе дознаам.
    Не сум била јас фер што сум барала да не се слушаме воопшто....жити се, јас не сум фер му викам.
    Извини среќо, ама кога има проблем потребно е двајцата да седнат на маса и да го решат, а не да бегаме од проблемите. Ти очигледно сакаш да бегаш од проблемот. Епа јас не сум таква особа.
    Ми вика....ама дозволи ми барем еднаш во денот да ти се јавам да те слушнам. Му реков дека несакам и нема потреба.
    Ти треба време и простор, еве ти повели колку сакаш простор! А богами ми треба и мене, после се ова, најмалку што заслужив е вакво нешто.
    Му реков дека му се извинувам од се срце и барам да ми прости што тие 3 недели како што вика он сум се однесувала ладно со него и дека во ниеден случај тоа не било намерно, туку било само мое невнимание и никако не било со некоја цел.
    Почна да се туфка, да плаче, јас останав цврста до крај. Му реков да си тера понатаму, а кога ќе размисли што како сака во животот и кога ќе размислам јас, ќе седнеме да разговараме дали сме на иста бранова должина и дали сакаме да работиме за се смириме.
    Искрено мислам дека постапив многу исправно, а и човечки пред се.
     
    На IvanovskaM, thelittle17, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  11. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Девојчиња мили,
    Еве после скоро една недела игнорирање од моја страна, само тој ми се јавуваше, јас бев прилично ладна по телефон, еднаш само случајно на една конференција се видовме на кратко и мило ме гледаше, ме баци така на пола уста и ми рече дека мора да разговараме.
    Кога и да се јавеше, почнуваше да ми раскажува што како правел, како му понудиле унапредување и сакал да сподели со мене и слични работи. Јас само му честитав и пак бев прилично ладна, но културна во секој случај.
    Денес некако почнавме муабет на фб, почна да прави зафрканции, да внесе свежина во муабетот, па ми раскажува за триста други работи и сл.
    На крај некако излезе да се договориме да се видиме. Дојде кај мене пред куќа со кола и 2 саати не престанавме да разговараме. Не за ова што се случува меѓу нас, туку општо што ни се случувало овој период и неможевме да се надзбориме еден со друг. Колку што тој страсно ми раскажуваше што како му се случувало, толку и јас бев таква. Искрено ми фалеа разговорите со него што секогаш оделе до бескрај.
    Цело време се смешкавме, се погледнувавме мило и буквално како да сме на почеток на врска се чувствував.
    Некако овие две недели криза многу убави работи ни се случиле и на двајцата. Тој добил унапредување, можност за дополнителна заработка од друго место, мене ми е понудено вработување на еден проект доста добро платен, по дома исто убави работи се случиле. Двајцата некако бевме среќни...
    Незнам дали згрешив што не ја отворив темата за нас и зашто воопшто се случи ова што се случи изминатиов период, ама не ми доаѓаше од душава да отворам теми со кои би се нарушила хармонијата што ја чувствував. Се смеевме, разговаравме за се и свашта.
    На крај пред да станам да си одам, ме бакна, јас му возвратив......и толку требаше... :P Се изгубивме и двајцата, почнавме страсно да се љубиме, да се гушкаме, галиме и што уште не. Бевме тотално изгубени и двајцата и тој наеднаш застана и ми вика искрено да ти кажам-многу ми е убаво. Продолживме и повторно застана и ми вика знаеш дека те сакам нели? Го погледнав и само му реков не ми го кажувај ова ако не го мислиш искрено. Тој само ме замолче и ми рече искрено го мислам.
    Сето ова траеше повеќе од еден час, немам зборови со кои можам да опишам....
    Ме праша дали сакам викендов да отидеме во Охрид каде што има стан и да си поминеме два дена само јас и он. Само се насмеав и му реков зашто не би сакала.
    Немаше потреба од повеќе зборови, ништо друго не си кажавме. Така изморени, испушивме по една цигара и со бакнеж се разделивме.
    Се надевам дека се ќе се среди и ќе се врати во нормала...Незнам како ќе се одвиваат работите деновиве и незнам дали воопшто да ја отварам темата и да поставувам прашања зашто воопшто побара простор од мене.
    ахх сеуште сум под импресии...
     
    На Amore, Doozy, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Мило ми е. Мислам дека вашата љубов сега е посилна и поздрава. Уживај во викендот. Види како се ќе се одвива. Биди претпазлива, но не и опсесивна.
    Многу сакам вака кога ќе испаднат работите. Ти посакувам убавини и секогаш да се вложуваш на љубовта.
     
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Реално доста сте избрзале и двајцата, по ова се гледа дека уствари ви дошол некој период каде што ви требало малку ладна глава и тоа е тоа, ама очигледно тој незнаел како да објасни/да се искаже .
    Тоа е тоа уживкајте сега во моментите :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Мислам дека му станало јасно дека не висиш на закачалка и многу лесно може да те изгуби. :)
    И мене ми е мило што вака се средиле работите, се надевам понатаму полесно ќе ги пребродувате проблемите и кризите. :)
     
  15. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Оффф, се надевам и јас дека се ќе се врати во нормала или полека ќе се враќа.
    Мислам дека нема да може наеднаш да се врати се како што било, ќе треба време. Само да соберам сила да не му вршам притисок и да терам се на смеа и шала, увидувам дека потребна е малку свежина.
    Незнам само дали да барам од него да праиме сериозен муабет или да оставам времето само да си каже што како се случило...уште не ми се скрос средени мислите па и неможам трезвено да разсмислувам.
     
  16. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    72
    И мене ми се случи еден таков кризен период и сега ми е поубаво од предходно. Секоја врска има подеми и падови. Се гледа дека се сакате и додека читав како сте си поминувале додека сте правеле муабет дури и солзи ми потекоа. Се ќе се среди. Биди позитивна и такви и работи ќе се случуваат :)
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Е драги мои...не мислев дека никогаш повеќе нема да ја отворам темава и нема да пишам било што во врска со мојата сега скоро 4 годишна врска... Јас ја отворив оваа тема, некаде февруари кога дечко ми, ми побара мал простор, т.н. пауза или што и да беше, и јас кога главата во оган ја ставав дека не е причина друга девојка, односно така и он ми кажуваше нели, туку причина било тоа што сакал да си ја олади главата и дека ова ради нас го правел.
    Епа драги мои, НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА НИЕДЕН ШТО ЌЕ ВИ КАЖЕ ТАКВО НЕШТО. После 7 месеци од тој т.н. период на пауза, дознав дека ДРУГА била во прашање. Како дознав е моја работа, страшното е што он си призна, два пати легнал со неа, дали биле толку или многу повеќе, незнам. Животот ми се сруши, се ми се сруши. Откако се смиривме, па до пред една недела, значи 6-7 месеци функциониравме перфектно, одмор прекрасен, заеднички моменти волшебни. Се додека јас не дознав дека имало друга тој период. Уште се осмелува да ми каже не бевме заедно, јас ти побарав простор?!?!?!? А секој ден што ми кажуваше дека ме сакаш и љубиш и дека просторот го бараш само за доброто на нашата врска???? Дека ме љубиш бескрајно, се колнеше дека не постои друга....Е да, според него тоа не било варање. Зашто викам не ми кажа??? Зашто кога те молев, немој да слушнам од друг, сакам од тебе да слушнам??? Ќе те повредев ми вика и никогаш немаше да ми простиш!!!! Ете тоа ми вика...ради нас не ти кажав, ти се вратив како попче, згрешив ужасно згрешив, ама назад неможам да вратам.
    Ужасно се осеќам, како последно гомно на светот...ама тоа е тоа...немам сила сега веќе да пишувам, и реченициве ми се којзнае колку нејасни, ама во бунило сум по цели денови....
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Жал ми е...
    Не можам ни да претпоставам како ти е..најверојатно лошо..
    Искрено не знам ни што да ти кажам.Обично,според мене кога партнерот траже пауза во врската,праксата ми покажала дека значи крај.
    Избриши ги солзите,веќе е направено тоа што е направено,не вреди да плачеш.
    Гордоста ти е повредена знам,но обиди се да размислиш со ладна глава.
    Инаку јас на твое место не би му простила(не разбрав баш каков ви е односот сега)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал.
    Неможам ни да замислам вакво нешто да ми се случи, незнам што би направила.
    Незнам што да ти кажам, Ти ги прочитав и претходните мислења, доста си се нервирала заради него, доста си плачела.
    За него немам зборови...премногу беден човек. Уништил долга врска и тоа зошто? За ништо!
    Имам долга врска и јас самата незнам како би постапила, но се надевам дека ќе донесеш одлука која тебе ќе ти донесе мир и среќни денови.
     
  20. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20

    Неможам ни да замислам колку ти е тешко,ама еј гледај на светлата страна си дознала.Можеби си викаш кај дознав подобро да не дознаев,ама барем му го знаеш вистинското лице.Можеби после 7 месеци од случајот дозна,ама битно дозна.Многу ми е жал премногу,ама тој гомнар само услуга ти направил.Едноставно избриши го од животот,ама скорз.Земи се што ти е од него СЕ запали,искини,се што те потсека на него сигурно се милион работи ама колку можеш ослободи се од нив,излези изнакупи си работи нови се што душа ке ти посака се не да се стискаш скапо е не е скапо ми треба не ми треба едноставноКУПУВАј пушти го мозокот на пасење,излегувај со другарки братучедки,претпоставувам сите си ги запоставила ради господинов ама верувај луѓето што те сакаат ке бидат тука за тебе.Најди нешто ново да се врзеш,нешто што ке ти ги отргне мислите.Неможам ни да замислам колку ти е тешко и какви се мисли ти поминуваат низ глава.Ама ке помине се ке видиш,биди среќна СИ СЕ ОСЛОБОДИЛА И НА ВРЕМЕ СИ ДОЗНАЛА КАКОВ Е!да на време викам,иако е после 4 години ама замисли да сте биле во брак?Да сте имале деца?можело и многу многу полошо да биде МНОГУ.!(лесно е да зборам,да ти кажувам батали го не се слушај и слично,секогаш е лесно да дадеш совет на друга личност а кога треба самиот да направиш нешто слично немаш сила)Што ида ти треба пиши слободно Лп ,помала сум од тебе ама да те ислушам ич нема да ми биде тешко,многу е полесно откако ке си го напишеш проблеммот и што ти се случило,како терет да ти паѓа (јас барем така сум се чувствувала).А како го фати?Ти кажа некој или најде некаков доказ?
    Ти поскаувам многу многу среќа и што побрзо да помине овој болен и гаден период