1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој ти соопштува дека почнува да се лади?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од AnaMKD, 11 февруари 2013.

  1. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856

    Јас те разбирам, и тоа многу добро, верувај :) Ако ти треба помош, поддршка, слободно пиши лп. Значи какви сме ние жените, секогаш го имаме она шесто сетило. Некаде длабоко, всушност, ја знаеме вистинската причина. Не ме интересира начинот на кој си дознала, туку само дали имаш доказ или тоа се само гласини. И зошто секогаш, ама секогаш се враќаат со подвиен опаш? Си мислат долга врска, не имаат целосно, па кога ќе ја дознаеме вистината ни се враќаат. Ние сме им сигурна опција. Дефинитивно човечкиот род треба да се прочисти :x
     
  2. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Драги девојчиња, Ви благодарам на поддршката. Да, имам доказ, не се гласини, а и сам си призна...така да јасно е се како ден. Се чувствувам како последно гомно на светот, животот си го планирав со него, иднина реално сакав да градам, а според неговите кажувања, а и однесувања, истото го сакаше и он. Што и како го натерало тогаш да отиде со друга, не е воопшто тема на муабет. Повеќе ме боли фактот што тоа не ми го кажа на време. Можеше скрос да прекине тогаш со мене, а не да ме остава на stand by, да ми кажува дека ме љуби и дека ова му е само период за кој сака да размисли. Ако се беше поинаку, и ако после дојдеше и ми речеше, види вака и вака, периодов не бевме заедно, бев со друга, чисто да се испукам, да се испробам, ма што и да кажеше - САМО ДА КАЖЕШЕ, при здрава и чиста свест, може во моментот ќе бев лута, ама после ќе простев. Ќе простев од причина што не сме биле официјално заедно, од причина што бил искрен и од причина што се вратил кај мене.
    А не сега да ми праи филмови ама јас и ти не бевме заедно, јас тебе пак те сакав и сеуште те сакам повеќе од се, згрешив се каам, упропастив се, ама времето неможам да го вратам. И за сето ова, да неможе да најде време во лице да ми го каже, туку само по телефон и ФБ??? Затоа што јас сум му кажала не сакам да го видам??? Епа ако добро ме познаваше, ќе знаеше дека токму тоа ми треба, да дојде, да ми се извини искрено, да каже што и како се случило, зашто се случило, зашто не кажал, искрено во лице да ме погледне и да објасни се....Не, РАБОТА ИМАЛ. Со рокови бил врзан. Ми вика, ти ми рече несакаш да ме видиш. Гневот што го видел во моите очи го уплашил. Ми вика - никогаш не сум те видела толку полна со гнев и омраза спрема мене. Епа што очекуваше бе дечко??? Да се смеам, да речам ако бе шо, си пробал нешто ново.... Немам зборови повеќе, нема ни што да се каже...Криво ми е многу, многу, многу, се значи се останато ни беше совршено, значи врска на која било кој може да подзавиди. Успешни, паметни, амбициозни, секс фантастичен, разбирање, поддршка...итн итн.
    А сето тоа, он го прокоцка. 7 месеци во лице ме гледаше и ме лажеше. 7 месеци јас се сомневав, ама немав доказ, остануваше се на сомнеж. Се, до пред една недела. Зашто не ми кажа на време му викам, зашто???? Немав храброст, ќе те изгубев, се ќе изгубевме, тоа му е одговорот. Девојчиња мили, повеќе неможам....како ќе продолжам понатаму сеуште се прашувам. Вака од страна цврсто изгледам, ама душава ми гори. Болка ненормална. Кој што прави само ги замислувам нив двајца во кревет, како и го прави истото што мене ми го правел...како ја гали и милува како и мене....жалосно, многу жалосно.... ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ах Ана, се е можно да доживееме во овој живот.

    Кога некој посакува пауза најчесто има некоја причина. Било каква: исцрпеност од некои животни проблеми, мисли дека не заслужува да го уништи и животот на партнерот бидејќи постојано самата личност е во некоја депресија, па и неверство.

    Имаше еден период во мојата врска кога и јас сакав да му побарам пауза на мојот дечко. Едноставно поради тоа што почувствував потреба да сменам нешто и можеби да бидам со некој друг. Да пробам со некој друг. Немав некој конкретен но се прашував, ме копкаше сето тоа непознатото баш поради тоашто дечко ми ми е единствен досега.
    Јас тогаш ништо не направив со никој друг. Всушност му кажав на мојот дечко се што ми се моткаше низ глава, се искрено. Тој сигурно дека страдаше кога ме ислушуваше, но знаеш, самиот направи да го пребродиме тој период и да престанам да се глупирам. Затоа сметам дека здравата конверзација помеѓу двајцата партнери е најважна во долга врска во која се планира и заедничка иднина.
    Во иднина кога ќе му се свртат такви мисли и на дечко ми сакам исто да постапи какошто постапив и јас. Сакам искреност. А верувај, најголем страв ми е тоа, да не ја погази нашата љубов. Страв бидејќи разликата помеѓу женскиот начин на размислување и решавање на проблемите е различен со оној на машките.

    Знам дека ти е макотрпно. И дека не е едноставно да фрлиш се во вода. Затоа размисли убаво. Дали дечко ти веќе се познавал со таа другата пред да побара пауза? Дали направил со неа нешто додека вие сте биле сеуште во врска? Дали за неговото неверство знаат и останатите луѓе? Дали ти би можела сето тоа реално да му го простиш и да продолжите?

    Доколку тој бил со другата кога вие сте биле привремено раскинати мислам дека и треба да размислиш дека можеби треба да продолжите заедно. Знам дека сепак е неверство и сепак тој постапувал дволично и дека криел од тебе се. Но кога не сте биле заедно едноставно не сте заедно и секој има право да си прави што сака. Но лошото е тоашто тој го криел сето тоа неверство од тебе. Тоа и самата го спомна во твојот пост. Да се обидел да ти каже што се случило се би било полесно.
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Срценце бе ме наежи, ќе продолжиш понатаму, мораш!
    Како што рече сте имале добра врска полна со разбирање и се тоа.
    Да речам грешка е, прости му...не е за простување, знаел што праел.
    Да речам не му простувај ...сте имале добра врска, се покајал ти се вратил.
    Знам дека е тешко тоа, мој совет ти е да не се гледаш и слушаш со него, барем некое време кое ќе го искористиш да си ја разбистриш главата, да одлучиш што понатаму, мислам дека така ќе донесеш најдобра одлука.
     
  5. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Да, така е, секој има право што сака да прави откако ќе расчисти со другиот. Ама ќе расчисти, а не да ми каже, ми треба простор и време да си ја разбистрам главата, те љубам повеќе од се, ради нас го правам ова, за да не се распаднеме ако продолжиме вака. Те сакам јас пак тебе, ама морам да оладам главата, почнав да се ладам спрема тебе и тоа ме плаши, несакам да го изгубиме ова што го имаме. Јас на ова му одговорив - нема проблем, take your time што може и не требаше, ама го замолив да не ме бара. Он инсистираше да ми се јавува секој ден, да ми кажува како си го поминал денот, да ме прашува како сум и ако не секој, ама секој трет муабет да го завршува со ТЕ ЉУБАМ СРЕЌО. Епа нека ми извини, ама раскинување ли е тоа? Пак ќе повторам, да не бевме официјално заедно, немаше да се замарам. Ќе ми беше тешко зашто не ми кажал и не бил искрен, ама немаше да имам право да го прашувам што и како се случило, ќе продолжевме каде што сме биле. Можеби јас со разнишана доверба малку, ама сепак го љубам појше од се и само ради нас, ќе продолжев... Ете тоа е работата, а не друго...ќе си пукнам кај и да е....
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ах бе Ана, памтам периодот кога го кажа проблемот, ми доаѓаше двајца да ги потегнам за увце :lol: што ми секираат две мили форумџики: твојот и тогашниот дечко (сега маж) на Ангел.

    Ама однесувањево на твојот уште тогаш баеги повеќе ме изнервира, мислам не се мереше впечатокот.
    Да тргнеме и љубов и мубов и све на страна, вака објективно од страна гледано: овој човек не е личност со која можеш да делиш живот. И колку повеќе му простуваш во име на таа љубов, oдолговлекуваш во име на долгата врска, толку повеќе ќе го упропастуваш неговиот однос кон тебе. И уште тогаш мислам дека бев сигурна дека има некоја.

    Попуштање... како што родителите им прават противуслуга на своите деца кога им попуштаат, така и девојките му прават противуслуга на односот на дечкото кон нив со попуштање. Не се задоволувајте со една насмевка на 100 солзи. Заслужувате подобро бре жени. Ова од некогашна ептен попустлива и сервилна сопруга која од маж ангел, на момент направи ѓубре и со тоа попуштање за малку ќе си го отераше бракот у пачка митерина.

    Mу требало време... за што? Да ја изгустира швалерката, па после безбеден како бепче да легне до неговата сигурна партија? (извини, свесна сум сурово звучеше, најмалку сакам да те повредам, но така е)

    Ќе му попуштам ако ме изварал или не во зависност од околности? Околностите го менуваат ли тој грозен чин? И јас сум за борба за љубов и све, ама кога си сам во рингот и немаш бекап од партнерот, на околината и` изгледа повеќе како глупирање одошто ли борба.
     
  7. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Знаев и те очекував дека ќе искоментираш на темава и на моиве идиотски работи што се случуваат. Немам коментар, незнам што да мислам, што да правам со себе. Душава ми се стега, срцево ме боли, како ќе застанам на нозе незнам....Ќе се разболам жими се, кај и да е, ќе ми се деси нешто....ненормална болка е ова....Уште па немал време да ми се објасни што и како се случило???
    Јасно е како ден дека и на него му олесни што јас го дознав ова. Како да едвај чекаше да дознаам, за да не биде он тој што прекинува....Така изгледаат работите сега. Очекував многу, премногу, премногу, цела врска си го викав тоа, ама ајде викам јас си имам проблем со недоверба во луѓето, не е можно некој што навидум изгледало дека живот давал за тебе, вака да излезе на крај. Значи милион моменти и ситуации заеднички, се правел за мене, се!!! Не се поднесува ова....боли, боли....
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ах драга моја, тоа е животот. Ќе паднеш и ќе станеш, но најважно е никогаш да не си дозволиш сите надежи да ги положиш во една личност или пак ситуација. Малку сум поостра, но не е за тоа што сакам да те повредам (a зошто би?), туку од што ме револтира ваквото однесување на некои мажи кои покрај себе имаат толку добри и посветени девојки.

    И јас бев таа, попушти, направи, биди и маж и жена во куќата и нормално, маж како и дете, при таков однос се распекмезува. Секогаш треба да му бидеш провокација на маж, дел од тебе да биде мистерија, да има повод да те заведува повторно и повторно. Штом маж сфати дека во 100% од случаите ќе бидеш покрај него, што и да направи, тоа ти е исто како да си му дала наполнет пиштол и истиот самата си му го вперила накај тебе.

    Уште еднаш извини на острите зборови, но сакам да си свесна дека заслужуваш повеќе, подобро и постабилен човек покрај тебе. :hug:
     
    На julie77 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  9. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Ана потсети се на твојот став во врска со неверството........... не дозволувај да попуштиш.

    Тешко ќе ти биде извесен период но тоа не значи дека нема да ти помине. Прибери си ги самодовербата и гордоста, среди се, дотерај се, исправи ја главата гордо и продолжи да чекориш низ животот уште посилна, храбро справувајќи се со пречките на судбината.

    Ќе се тргне и овој облак, ќе го видиш твоето виножито еден ден....


    За тебе мила :*

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly и tessie им се допаѓа ова.
  10. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Офффффффффффффффффф никогаш во животов не помислив дека ваква болка ќе почувствувам! Неможам да се препознаам самата себеси. Неможам, едвај работа, едвај се правам. Фала ви многу на поддршката, неможете ни да претпоставите колку ми значи кога ќе ја отворам темава и ќе ги прочитам вашите мислења. Сурово, дрско звучат, ама реалноста и вистината е таа, морам да се освестам и да прифатам знам, само не сум свесна колку време ќе ми треба. Ми е страв само да не ми се случи нешто, многу ми е страв :( :( :(
    Леле Господе, зашто луѓе како него постојат??? Уво не го боли него сеа, барем така делува, со тоа што ништо не прави за да ме врати, тоа кажува се само по себе. На работ на нервен слом сум, ама морам да издржам....незнам како, ама морам....
     
  11. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706

    Излези... не седи сама, биди во друштво, прави нешто - било што, само да ти го одвлече малку вниманието да не мислиш постојано на тоа. Дружи се Ана, почесто дружи се сега... МОРАШ така. Ако останеш сама, само полошо може да биде затоа што ќе се нервираш и ќе плачеш постојано.

    Секое лошо за добро е... па сега замисли само колку убави нешта те чекаат ви животот штом успеа ваква лоша работа да преживееш ;) .

    Ти си храбра девојка Ана, го можеш ова !!!

    :hug: :hug: :hug:
     
    На srcekrsacka и AnaMKD им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ќе преболиш. Ќе видиш. Нема да биде кратко и лесно како претходниве две реченици, но ако вистински сакаш и се трудиш, ќе извојуваш победа.

    1. Брзање со оваа работа нема. Емоции, повеќегодишна посветеност, и тн. Нема да ти помине преку ноќ. Ако тој бил суров со тебе, ти биди попустлива со себе и дади си го целото време на светот (нормално не мислам да чекаш и ништо да не преземаш, туку да не се брзаш).

    2. Страв пак ич не смееш да имаш. Ни си прва ни последна на која вакво нешто и` се случило. Добрите и вредни работи се ретки, така што биди спремна и уште еднаш да се разочараш, и двапати, и трипати после оваа врска... но што е твое ќе си дојде... дали сега, дали за 5 години или 15... важно е дека не смееш да губиш надеж и да престанеш да сакаш да растеш и да бидеш повеќе.

    Ќе издржиш!
     
    На srcekrsacka, irena.1, Sweetheart87 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ана прв пат ти пишувам, случајно сега го прочитав твојот проблем. Ме потсети на едно мое дамнешно минато. Бев во врска неколку години со човек со кој мислев цел живот ќе сме заедно, страшна љубов (тогаш така мислев). И почело је, ова твоето, дај ми пауза, ми треба простор, па ај му текнало со другарите треба повеќе време бла бла. Само знам дека нон стоп беше по забави, ноќен живот лудување. А ја плачи ко будала дома. Врска долга, си викаш како сега да ја прекинам, го сакам. И така во круг. За во еден ден да ми пукне филмот за крај да прекинам секакви контакти. Од како раскинавме дознав со која се се мувтарал. Мислев дека е крај на светот, незнаев како сега понатаму. Младост и неискуство тоа ти е. Да ми е овој памет сега ќе знам како треба со такво ѓубре. После неколку години сама, го запознав сегашниот партенр, со кој сум повеќе од 10 години.
    Сакам да ти кажам, биди храбра за чекор да направиш рез, без разлика колку години сте заедно, не дозволувај уште толку да ти пропаднат со него. Иако сега ти изгледа како да е крај на светот, не е, ќе надминеш. Ќе ти се отворат нови предизвици и шанси во животот.
    Само уште ова, во периодот кога преболував ми помагаше да си откривам нови работи, нови места, нови луѓе. Да си читам книги, планинарам, вежбам. Немав дечко неколку години, ниту за мување, прво него скроз го извадив од системот, па се направи место за нов. Си дадов време сама на себе.
     
    На AnaMKD и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  14. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Знам дека сте во право за се, ме боли кога читам, ама несакам да ја прифатам реалноста дека се се сруши. Ме боли фактот што не остана човек до крај да дојде да ми објасни што и како се случило... Да дојде да ми каже вака и вака, ова се деси, тоа се деси, па макар и да му олеснило што сум дознала, па затоа го нема никаде сеа. Барем да беше човек и да дојдеше да објаснеше. Не му била трезвена главата, ќе кажел работи што не ги мисли, јас ќе сум кажела работи што не ги мислам, мислам молим те. Сакав ако ништо друго, барем да го паметам по тоа дека останал човек, признал, кажал, сме се распаднале и тоа е тоа, а не вака. Значи ни на сон не помислував дека може да ми направи вакво нешто. Што и како му го смати паметот, неможам да разберам. Ми се вади на тоа дека јас сум била дрска и гневна, се уплашил од гневот мој. Јас не се сеќавам на таа вечер кога му кажав дека знам се, во делириум бев...Нема веќе што да се каже, морам напред да гледам, само како сеуште незнам. Знам дека безброј пати дневно ќе се навраќам на коментариве ваши, на зборовите на моите блиски, само тоа да ме држи во реалноста и вистината.
     
    На Divinebutterfly, irena.1 и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Нека се лади бре не е само тој,да е за некоја банална причина ќе попуштиш,ќе згазнеш гордост и се,ама да те омаловажува,да ти бара паузи ,простори незнам ти што,од врската ништо не бидува повеќе,место да ти раскине ко човек тој ќе се мафта со другари,ти ќе дремиш дома ,ке се надеваш на крај господинот се изладив скроз извини до тука беше нашето,е не може така,ако сватам вакво нешто јас прва ќе го ослободам,болје спречити него лечити,него на крајот ќе му е сеедно ти ќе бидеш таа која е повредена,затоа пресичи дирекно во корен колку и да боли
     
  16. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Кога тој ви соопштува дека се лади,оладете и вие!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски

    Ане,нешто слично ми се случува...толку многу се пронаоѓам во твоите зборови...А и те поддржувам. Многу добри работи пишале,ќе ги послшам и јас. Тотално истото понашање...Имав 6 годишна врска. Но крај. Не вреди. И онај ставот за изневерувањето,истото го мислам и истото го чувствувам. И така ќе биди. Истото боли,да кажеше ко човек,барем да не го памтев по лошо,а сега се она што сме имале го фрли одеднаш и го укака... Ме боли,но сум и бесна. Обично кога разбирам такво нешто прекинувам за навек. Ова баш беше така,нешто што планираш долгорочно,но...после вакво нешто не вреди. Која гаранција ќе ја даде дека нема пак да го направи тоа? Кога немал жал ни совест сега да го направи... Кога не сака ни да признае,ни да се извини,туку се вади... Мојот сеуште не знае дека знам,но добро тоа ќе му го сервирам,а себе ќе си дадам време и ќе бидам добро. А и ќе гледам повеќе за себе.Доволно гледавме за другите и душата ја дававме. Те гушкам. :hug:
     
  18. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Ааааа на ваквите тури им к*р!
    И јас да сум, би дознала за некој кој таа го бендисувала или и бил дечко и би го заведила. Врајчај, жено,ако е сето ова глупаво..барем подобро ке се чувствуваш. Секое добро!
     
  19. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Ане,нешто слично ми се случува...толку многу се пронаоѓам во твоите зборови...А и те поддржувам. Многу добри работи пишале,ќе ги послшам и јас. Тотално истото понашање...Имав 6 годишна врска. Но крај. Не вреди. И онај ставот за изневерувањето,истото го мислам и истото го чувствувам. И така ќе биди. Истото боли,да кажеше ко човек,барем да не го памтев по лошо,а сега се она што сме имале го фрли одеднаш и го укака... Ме боли,но сум и бесна. Обично кога разбирам такво нешто прекинувам за навек. Ова баш беше така,нешто што планираш долгорочно,но...после вакво нешто не вреди. Која гаранција ќе ја даде дека нема пак да го направи тоа? Кога немал жал ни совест сега да го направи... Кога не сака ни да признае,ни да се извини,туку се вади... Мојот сеуште не знае дека знам,но добро тоа ќе му го сервирам,а себе ќе си дадам време и ќе бидам добро. А и ќе гледам повеќе за себе.Доволно гледавме за другите и душата ја дававме. Те гушкам. :hug:[/quote]


    Нема што повеќе да се каже, само едно не ми е јасно...како може луѓето туку така да фрлаат се во вода, сите моменти, сите ветувања, сите прекрасни ситуации...Ужасно боли да знаеш, уште повеќе боли самотијата, моментот дека не ти е исполнет денот како што претходно ти бил, моментот дека повеќе го нема него, некој што ти бил поддршка за се. Јас еве веќе 3 недели како живуркам, како гурам ни сама не сум свесна, од ден за ден само смислувам што да правам за помалку да мислам на него. Кога плачам, плачам за изминатите прекрасни 4 години, кога се дерам и врискам од гнев, тоа е за тоа што дозволив да му верувам премногу, што дозволив да се надевам и да очекувам нешто што очигледно од никој не треба да се очекува. Боли ужасно, биди јака и цврста, не му давај слабост, ништо нема да постигнеш така, само он ќе се полни со самодоверба дека тебе ти е тешко. Тешко е да се примени секој совет што го добив, како од моите најблиски, така и од прекрасниве девојчиња тука...Маваат во глава моментите од минатото и боли ужасно ;( ;( ;( На работа седам и солзи ми течат, боли премногу, ама не вреди очигледно... Ти посакувам многу многу самодоверба и истрајност, помалку солзи, а повеќе насмевки. Life goes on сакале или не, мора да се соочиме со суровата реалност....
     
    На tessie, Sweetheart87, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Нема што повеќе да се каже, само едно не ми е јасно...како може луѓето туку така да фрлаат се во вода, сите моменти, сите ветувања, сите прекрасни ситуации.


    долга врска ,послушна девојка, самодоверба до плафон е тоа е тоа што мажите го имаат и посегнуваат по друга девојка
    Мојата е сигурна никој не ја чепка ме сака многу неможе да живее без мене ,неможе да фунционира без мене и да разбере ке покрека малку и ке се смире е вака размислуваат машките и затоа толку лесно фрлаат во вода толку години и убави моменти
    Ако се затворите дома паднете во депресија така само ке му потврдите дека не сте способни за живот без него и ке му ја наполните самодовербата ке дигне глава до небо
    Не покажете му дека сте срекна иако не сте бидете нон стоп насмеани и откачете го што е најбитно тоа ке му биде најголема казна да види дека вие сте успешни и без него дека он не е оската на земјата и дека светот не се врти околу него така ке му биде повеке криво и ке стане свесен за својата грешка
    позд девојки и дигајте глава колку и да ви е тешко
     
    На Adi888, Sweetheart87, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.