1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој ти соопштува дека почнува да се лади?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од AnaMKD, 11 февруари 2013.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Нема шанси мила :) Јас ќе се издигнам од ова. Мора. Никогаш нема да ми го достигни моето ниво. Ќе видиме после кој има самодоверба. Тоа другото ќе биди применето. Толку ќе му е криво,цел живот има да се кае.

    Фала и тебе Ане,и јас тебе ти посакувам да си силна и да издржиш и колку и да боли и да плачиш не се давај,не му попуштај,одмори од се некое време,не прави никакви одлуки засега. А покасно ќе си посилна. И јас се трудам кон тоа.
     
    На eva11 и monibejbi им се допаѓа ова.
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Од една страна е пофер вака барем е искрен и ти кажува вака и вака работава е таква ми треба време почнав да оладувам а педерски е да ти вика аха се е ок злато ,не ти се причинува ајде доста само измислуваш нема такво нешто а уствари он не е ни пола заинтересиран за тебе од тоа што некогаш бил
    И сега проблемот е што у ситуација кога он вика ок е а ти осекаш дека е оладен ??? Што да се преземе тогаш? како ке изиграте тогаш???
     
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Δ Pod itno za se da go proveris. A ako se somnevas vo nesto,da znajs deka ima nesto.
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Прикараш греалката.
     
    На Arthur и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Незнам дали секогаш треба да значи, ама во мојот случај барем, онаа женска интуиција знаеше дека има нешто од самиот старт...Фактот што сама несакав да поверувам во тоа што го гледав пред мои очи, е друга работа. Мој совет, провери си и увери се уште додека е свежо, не чекај сомнежот да те јаде затоа што ќе те уништи тебе лично. Јас 7 месеци имав минимални сомнежи, што растеа од ден на ден, доказ по доказ ми се редеше, ама на се он имаше одговор и начин да ме убеди дека грешам. Сега сфаќам дека ниедно објаснување не му било на место...моја е грешката што порано не сум сфатила. Не сум сакала да поверувам во тоа што би било сервирано, за на крај да се опседнам максимално да дознаам. И откако собрав милион докази, го дочекав моментот да во лице ми каже - ДА ТАКА БЕШЕ, ТОА И ТОА СЕ ДЕСИ МЕЃУ НАС. Е тоа е момент кој несакаш да го дочекаш... Еве веќе нешто повеќе од 3 недели неможам да си ја извадам сликата од глава, односно филмот што си го правам секој ден како изгледало тоа меѓу нив и ми се лоши и плаче во исто време.
    Незнам до кога ќе ми се врти таа слика во глава, ама измачувачки е многу. Самата помисла на тоа ме убиваше, а сега кога веќе се е јасно, постојано или сонувам или си замислувам како ја љубел... Ми се гади искрено, а и многу боли. Ужасно и горчливо боли...
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Здраво Ана,
    Ги прочитав речиси сите страни од постот и сите твои одговори. Поминале неколку месеци од твојот последен одговор, па ме интересира како си? Каква е ситуацијата сега со тебе, и со вас, ако сеуште постои такво нешто? Би сакал да ти одговорам но да не зборувам напразно, не знам сега каква е ситуацијата.
     
  7. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Ситуацијата е таква каква што е, секој на своја страна, секој со нов живот. Он многу порано од очекуваното си започна ново поглавје, има девојка итн.
    Ме бараше и имаше некоја комуникација меѓу нас во поглед на тоа да се видиме и да сме расчистеле се во 4 очи, да сме биле во добри односи, во име на 4-те години кои сме ги поминале заедно, несакал да имам лошо мислење за него, он бил крив за се, не реагирал на време, не презел ништо итн...итн.
    Овие контакти меѓу нас беа пред месец дена некаде, значи 2 ипол, 3 месеци откако раскинавме.
    Во момент на слабост се подзамислив и ми пројде низ глава идејата дека би било во ред да се видам со него, но дефинитивно одлучив да не се гледам и да не расправам ништо со него. Нема што да се збори, што да се објаснува. Ако сакаше да ми објасни некои работи, ќе дојдеше на време кога ми беше ужасно тешко и кога целиот свет ми се распадна. Он тогаш не се интересираше како сум и дали воопшто сум жива, здрава.
    Крајниот муабет што му го направив беше дека несакам да ме бара, несакам да се гледам со него, ниту пак сакам да ми вика здраво на улица. Немам потреба да му кажувам здраво на некој на кој мислев дека живот му значам, а ми уништи дел од младоста.
    Му кажав дека сигурно пријатели нема да бидеме, така да дали ќе си кажуваме здраво или не, ништо нема да промени.
    Нека исчезне од мојот живот и нека си тера со својот.
    Тешко ми беше многу, ни сама не сум свесна како успеав да застанам на нозе. Најлошото од се е тоа што сиот овој стрес ми се одрази по здравјето, па сега сум во процес на заздравување... по прибирање на две докторски мислења, огромни се шансите да тоа што ми се случува здравствено да ми е предизвикано од огромен стрес.
    Поради овие причини, решив да го избришам од животот во секоја смисла на зборот.
    Сеуште има денови кога мислам на нашата врска, ми паѓа многу тешко, сакам да се вратат волшебните времиња, ама се трудам да се соочам со реалноста дека сето тоа било лажно и со погрешна личност.
    Ама тоа е тоа, очигледно беше дека немаше доволно љубов од негова страна штом на првиот предизвик со кој се соочи нашата врска, тој се откажа пред време.
     
    На SunnyGirl2 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Драго ми е Ана,што си подобро..
    Драго ми е што ја прифати реалноста таква каква што е.Тоа е добар почеток.
    Биди силна и храбра,не е само тој.
    Пробај да се концентрираш на други нешта.
    Ти посакувам се најдобро во иднина! :)
     
    На SunnyGirl2 и AnaMKD им се допаѓа ова.
  9. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    За жал понекогаш животот ни носи такви личности... Добро е што си продолжила понатаму, стресот е менлива категорија. Можеби се влошило здравјето но не се секирај дека ќе биде нешто трајно или сл., во тешки моменти човек е склон да размислува малку на лошо, или малку повеќе...

    Барем сега знаеш колку и како можеш да сакаш. Тоа дека не секој заслужува таква девојка и љубов се покажува кога-тогаш. Но ќе се појави и некој кој заслужува. Времето поминува и сакаме да мислиме дека болката останува, затоа што тоа е единственото нешто што сега не' потсеќа на тие убави моменти и таа силна љубов (малку контрадикторно нели). Си мислиме дека никогаш повеќе нема да можеме да сакаме, или дека никогаш нема повторно да можеме слободно, целосно и безрезервно да сакаме како некогаш. Но тоа се зборови од болка. Љубовта менува се'. Добро е што во твојот живот веќе нема личност што не припаѓа таму за да може да се појави некој кој припаѓа. Have faith!

    Никој не сака да му биде скршено срцето но луѓето забораваат или не сакаат да мислат дека и тоа е возможно во љубовта. После тоа може да стане обратно, да заборават дека љубовта е возможна во љубовта. Тоа зависи од тоа како и што ќе одлучиш сега во однос на твојата иднина во љубовта. Но луѓето со големи срца остануваат луѓе со големи срца.

    Суровата реалност е дека срцето повторно може да биде скршено но тоа не треба да не' спречува да сакаме целосно.
     
  10. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Да, успеав некако да продолжам понатаму и да започнам живот без него. Тешко ми одеше многу, признавам, сето од причина што он беше присутен во секој аспект на мојот живот и заедно делевме се.
    Застанав на нозе, успеав, ама сеуште има моменти кога погледот ми е некаде изгубен, ми се враќаат и ме удираат во глава многу моменти заеднички, се потсетувам на плановите кои ги правевме итн.
    Мислам дека сеуште не сум спремна за почнување нешто ново со некој друг, односно не сум се ни обидела да пробам. Можеби и тоа е проблемот, што не се решавам да се обидам, па да видам како би ми одело.
    Но, еве нешто помалку од месец како неаме никаков контакт, како што кажав по моја иницијатива, па се надевам дека набрзо би станала спремна за нешто ново со друга личност.
    Само едно знам, јас и по природа сум човек кој нема многу доверба во луѓето, ама ова сега после оваа врска ме докрајчи во смисла дека со многу поголема резерва ќе гледам на се околу мене и ќе се потрудам да не дозволам да бидам разочарана со тоа што нема да имам преголеми очекувања од никој.

    Поздрав
     
  11. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Драго ми е што продолжуваш понатаму.
    Довербата е климава работа особено после ситуации кога била изневерена. Но не треба да дозволиме минатото да ни пречи во сегашноста односно слепо да НЕ веруваме. Знам дека не е лесно и природно е да си малку резервирана но ќе се среди све. Поздрав
     
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    ...значи си дојде...се договоривме за излеземе (3 и пол години одиме) и тој ладен,само што треба да излезам вели не ми се излегува не излевам,а јас откажав и на другарките поради него...и онака немаше каде да одиме и му велам студи каде ќе шетаме не е ладно..и седам дома и ми пишува јас излегувам со еден другар :@ чао... и толку... му ги мати мислите некоја или оние цимерите негови каде што е под стан :( (парфемот што му го дадов ми го врати-пишав и за тоа во неколку теми..)
    и зошто цела недела вели едвај чекам да си дојдам,да те видам...бла бла
     
  13. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Се мачиш само, изиграва фраер. Батали не му се јавувај остави да видиш колку ќе те бара. Единствениот проблем може да биде дали ќе можеш да се воздржиш, бидејќи те копка по него. Кога ќе те бара, после тоа не го барај пак. Остави види. Ако се чуди зошто си таква, објасни му, и дека очекуваш тоа да се СМЕНИ. Не да ти кажува приказни, туку да се ПРОМЕНИ ТОА НЕГОВО ОДНЕСУВАЊЕ. Ако не видиш промена, батали го скроз или остани си ладна...
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Решение:
    Олади се и ти фиктивно, нормално.
    Доколку не се труди да ја подгрее буквално работата.... нема назад
     
  15. cooper

    cooper Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Neznam dali sum na vistinsko mesto, no nemam nikoj drug komu bi mu se iskazala. Potreben mi e sovet, feminki ve molam za iskrenost. Vo vrska sum 5ipol god. Od koi poveketo bea vrska na dalecina. Se gledavme 3-4pati godisno po 2-3nedeli.od pred 1mesec,toj se vrati doma, prvite nekolku nedelibese super. No veke pocna da stanuva ladno, neznam kako da se izjasnam. Ostana bez rabota, aktivno bara, i sega se e nervozen. Ima i drug problem, ziveam vo psihicki rastroeno semejstvo, sekoj den me maltertiraat so rabota na pole, idoma vo kujnata i pak ne e dovolno. So eden zbor kako rob sum. Decko mi ja znae celata situacija... Prvo mi velese ke najdam rabota i ke te izvlecam i tebe. Poslednite nekolku dena oslabev epten... Sinokja mi bese mnogu tesko. Mi prizna deka me saka, no ne e zaljuben vo mene, i deka go privlekivaat drugi devojki so golemi zadnici... Mnogu gadno se osetiv, kako jas da sum kriva sto imam mnogu rabota i nemozam da imam golem zadnik.... Lugje ve molam za sovet, dali da prodolzam da se zrtvuvam za nasata vrska, ili da prekinam. Mnogu go sakam, mnogu ocekuvav od nego.... Mi rece i deka podobro ke mu bilo da bil ssam. Sakal sloboda.. Nesakal da se opravduva celo vreme za toa kade bil i so kogo.. Jas ne mu branam nisto, samo sakam da znam kade e. A veli deka me saka, veli deka sakanjeto e dovolno za da eden den stvori familija so mene. Inaku e veke dovolno zrel, nad 30 godini e. Ve molam za bilo kakov sovet, dobredojdeno ke bide secie mislenje. Se izvinuvam na dolgiot post.
     
  16. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Не тие баш лесно тоа е очигледно. Но неможам да ве разберам ни тебе ни него. Ти како потајно да сакаш повеќе да избегаш од ситуацијата во која си па бараш излез некаков. Него не го разбирам за тоа како е да те сака а да не е заљубен во тебе??? Сакањето е повеќе од заљубеност. Да кажеше дека е обратно ќе разберев. Да не случајно се презаситил од тебе па бара некаков изговор? Веќе и ти рекол дека сака да е сам и слободен. Нормално е да се интересираш каде е и што прави а и тој исто така ама сега ако веќе тоа го гуши него и му предизвикува проблем значи веќе мириса на нешто друго. Пробај да разговараш уште еднаш со него и да му објасниш како се чувствуваш. А како тоа семејството тие психички растроено? Принудена си да работиш со сила? Те тепаат ако не работиш? Мислам да не си малку во заблуда поради ситуацијата затоа те прашав вака. Нормално е дома да им помагаш и да се грижиш околу домот но се додека тоа го сфаќаш така како малтретирање ќе ти претставува проблем. Е сега ако освен не е поинаку бидејќи психички растроен е широк поим така да зад тоа мора да стои објаснување некое. Можеби не ти помогнав многу и нема да ти се допадне ова но сепак сакав да си го кажам мислењето и се надевам ќе ти се среди ситуацијата.
     
  17. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Испрати го ти на време у свирипичино па нека си се олади како што треба човекот, а ти најди си друг.
    Бре, овие маживе! Многу бараат малку даваат.
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  18. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    и јас кога го запознав дечко ми пред година дена,и тој беше мн нервозен оти и покрај инжињерски фах тој беше без работа долго време,малку е тешко кога некој е во таков период ама јас на дечко ми му помогнав мн,се бев крај него,заедно баравме решение а истовремено и јас бев во мн мн тешка ситуација (а не живееме во мк) ама ние заедно го поминавме тој тежок период,фала му на господ. Инаку ти треба сериозно да разговараш со него,5 ипол години не е малку а глдам не сте поминале мн време заедно за овие години,разговарај отворено со него иако ова неговото не ми се допаѓа баш,те сака ама сака девојки со големи задници..ма дај .. тој можи има само навика од тебе,во смисла навикнат е ти да го бараш да се слушате па затоа мисли дека те сака ама тоа е само навика а не љубов.
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Изговори, изговори, изговори..... Кога тој веќе почнал да наоѓа причини, решен е да стави крај само не знае како или нема доволно храброст. Олесни му и него и на себе така што ќе се спасиш од таков кретен. На 30 години му требало на господинот слобода, да не го прашувал никој каде е. Ма неизживеано ѓубре, батали го. Луѓе на 30 години фамилија имаат и разно разни одговорности, него тешко му било. Нека си живее како вук самотњак, некои луѓе и онака само за така се создадени. И да ти кажам воопшто не му е на место коментарот за големите задници, ѓон треба да си да ѝ кажеш такво нешто на саканата. Друго е само уз муабет да напоменеш дека сакаш големи задници, во ред, но ова е друго.

    А ти не се секирај, знам дека си се приврзала кон него и мислиш дека ти е тој единствениот пат до среќата. Но верувај дека не е така, го имаш целиот живот за да ја најдеш среќата, во љубовта, работата и на секое поле, ќе дојдат и подобри денови без разлика на твојата моментална ситуација, во животот секогаш мора да има и лоши и добри моменти. Додека пак ако се затвориш во оваа врска по секоја цена (на сила да кажеме или од навика), нема никогаш да излезеш од калта. Не дозволувај тој да те остави, остави го ти него. ;) Барем толку можеш во моментов да направи за себе. :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cooper

    cooper Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Fala vi na site za 9dgovorite.mnogu mi znacat. Nikogas, nikomu ne sum se iskazala. Sme imale i porano takvi denovi, se nadevam deka i ova ke pomine, pa ke se sredi se vo brzo vreme. Ako ne, sekoj po svoj pat. Fala vi feminki, nemozete da pretpostavite kolku mi znacat vasite mislenja, iako ne se poznavame licno...