1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој ќе се откаже од мене?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Girl999, 10 август 2012.

  1. Girl999

    Girl999 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    зДРАВО дечки, имам сериозен проблем.
    Сакам едно дете, премногу но неможам да си признам на самаата себе, а не пак на него (тоа е мој проблем). Тој е душа од човек, прави за мене премногу работи што НИКОЈ не ги направил. Тој направи првпат во живот да се почуствувам волшебно. Но веќе 3 месеци се тормоз околу мене, страв ми е даму кажам што осеќам... Мислам дека се откажува.
    ПомоШ!
     
  2. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    што кога тој ќе се откаже од мене?

    Најубаво да му признаеш што чувствуваш и работите ќе се сменат. А тоа што почнува да се откажува, мислам дека е сосема нормално, и мене да не ме ферма некој и јас ќе се откажам. :wasntme: Нема причина да се срамиш, ако сакаш да успеете секогаш треба да бидеш искрена .
     
  3. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Машки
    што кога тој ќе се откаже од мене?

    Немој да ги криеш чувствата, не одолговлекувај туку кажи му... ако и самата приметуваш дека почнува да се откажува тогаш така може да го вратиш назад. со среќа :)
     
  4. Alone-Girl

    Alone-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    27
    Спречи го навреме.. прво признај си што чувствуваш за его на самата себе.. а потоа признај му и на него. На некој начин ке се чувствуваш од една страна по самоуверено и нема да се двоумиш и така ке бидеш и ти на сигурно и тој :D реагирај на време после да не биде предоцна или пак да немаш друг излез.
     
  5. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    еее срце ако помине среќата покрај тебе, и не ја зграбиш после многу ќе се каеш..
    со време мисли што како ќе правиш, зошто назад времето не можеш да го вратиш.
    велиш го сакаш, но неможеш сама на себе да си признаееш, е како ни призна на нас дека го сакаш? :!:
    ајде пали патиките и види се со него.седнете на сладолед и се да му кажеш..како,кога си почнала да чувствуваш нешто за него, дека ти се допаѓа, дека сакаш да бидеш со него..
    убаво е човек кога е окружен со љубов и внимание..не го пропуштај ова!
    поздрав :D
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Не знаеш дали повторно ќе имаш ваква шанса, затоа не ја испуштај. Пред тебе стои тој што го сакаш и имаш среќа што таа љубов е возвратена, а стоиш со скрстени раце. Превземи нешто додека не е касно затоа што не верувам и тој да те чека тебе цел живот. Ако си сигурна во својата љубов спрема него, што чекаш? Да го земе некоја друга па после да се каеш затоа што не направи ништо?
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Девојко, трчај да го фатиш последниот воз. Претпоставувам каква и твојата ситуација, тој ти изјавува љубов, прави се за да те заслужи а ти и понатаму си тврда како камен. Во полош случај, глумиш недопирлива, иако самата си признаваш дека го сакаш.
    Или дали можеби се срамиш или што е работата? Кажи зошто не можеш да му ги признаеш чувствата?
    Проблемот воопшто не е сериозен, седнете на маса, отвори ги картите и среќно! :)
     
  8. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    најпрво кога го прочитав твојот коментар мислев дека имаш `14 15 години а не 28..
    како може вака да размислува некој бе?
     
  9. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Уште незнаеш што еден дечко може да прави за тебе, а ако те сака , нема да се откаже од тебе . а и на 14 да мислиш на врска наместо на симпатии ?!?!?
     
  10. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Па нели има 28? :?:

    Колкава и да си признај му и он да се почувствува сакан затоа што од твоја перспектива он е душа човек. А од негова сега ти си само ладна девојка.
     
  11. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски

    Се извинувам :tmi: , не погледнав дека има 28, извини Micheleljubov , навистина извини се застрамив, ццц :tmi:
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  12. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Од искуство ти кажувам од тоа мене што ми се има случено во минатото, ако навистина чувствуваш нешто кон него кажи му. Па гледаш дека и он прави се за тебе, тогаш кој е проблемот? А дека може да се откаже, може и тоа како, и тек тогаш ќе ти биде тешко и ти ќе трчаш, затоа што побрзо признај ги твоите чувства, никој не умрел од тоа, можеш само да добиеш ;)
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Кога некој ќе се откаже од тебе, нема веќе тука место за ништо што може да се направи.
    Што и да направиш, тој веќе донел одлука. За жал.
    Јас не би можела да бидам со некој кој еднаш се има откажано од мене.
    Никогаш во таква врска нема да се чувствувам сигурно и среќно.

    Имаше еден пред да се појави мм во мојот живот ... се откажа од мене заради глупости. А можеби и тие глупости беа само изговори, измислени поради неговата себичност, едноставно не сакаше да има слабости.
    Потоа ме молеше за прошка, за нов почеток. Не можев да му верувам повеќе. Го избрав маж ми.
    Горев од љубов, неговата молба за прошка ми беше како мелем на рана,
    нешто што копнеев да го слушнам од него со години. Но, се потрудив без солзи да му кажам дека е готово.

    Сакав да верувам, сакав да му верувам, да му се фрлам во прегратки и да ја пополнам таа празнина.
    Но, веќе почнав да чувствувам симпатии кон сегашниот сопруг, а и тој ми ги призна своите чувства. Решив да не умрам повторно. Заврши мојата приказна со него. Почна една друга, нова поубава. Продолжи со брак и еве ме по неколку години.

    А тој кој се откажа од мене, се`уште е сам (се нема скрасено, за авантури не гарантирам), мислите му се посветени на други животни аспекти. Без ризик, студено, фригидно и безбедно. А можеше да биде и безбеден и среќен и сакан. Сакан повеќе од се`. Се сврте кон кариерата, кон материјалното. Се сврте на страна за која е сигурен дека нема да најде вистински искрени чувства и нема повторно да биде слаб.

    Така што, штом некој веќе еднаш се откажал од вас, нема поента веќе да биде тема на размислување.
    Кога некој целиот твој емотивен влог во таа врска го фрла низ прозорец туку така, нема место ни за нов почеток, ниту пак за продолжување како ништо да не се случило. Затоа што се случило и цел живот ќе ве копка дали би се случило повторно.
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.307
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека вреди да се обидеш,па што биде нека биде.сигурно нема телепатија да развивате,нели :^) ?со отворен разговор се ќе се реши,барем ќе знаеш на што си.поздрав
     
  15. Marija6165

    Marija6165 Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Еве после 8 години стапивте ли во брак? :clap: