Да бе, али со романтичен тон, демек очекува јас да му кажам дека едвај чекам Мочко! Мислеше дека ако сум помала од него 7 години ќе може да ме мота околу малото прсте и да ми продава муда за бубрези. А не дека не ми го правеше филмот, плус јас тазе излезена од долга врска тогаш, овој романтики ми продава, ама го прочитав, веднаш чим почна да бара изговори за да не се видиме. Го прашав, на што сме чисто да знам, и ако несака ништо со мене да ми каже, јас сум разбрана личност, дури му понудив и време да размисли, а тој пак вели дека тоа било вршење притисок А ме извади од такт тоа што требаше да се видиме вечерта, наеднаш го снема од фејсбук, другиот ден видов како отишол во диско, нели што се случува во петок останува во петок се додека некој не те тагне. И тогаш го избришав. После тоа вадеше муабети за дечко ми дека бил сељак и незнам што
Сакав да ти кажам дека тој ако навистина сака да биде со тебе,ќе инсистира што повеќе да се гледате,наместо да ти кажува да оладите.Барем така оди тоа,кога сакаш некого,го сакаш покрај себе нели
Мислам дека дечково сака сама да сфатиш дека можеби нејќе повеќе ништо со тебе, или пак можеби се исплашил бидејќи ете имал лошо искуство, па си вика дај да бегам додека е време Можеби му треба време да размисли, што понатаму? Се зависи од тоа како се поставил и што карактер си има. А јас на твое место отворено би го прашала, чисто да знам на што сум
Еден бивши избега така, кај овој беше проблемот што не можеше да ми каже во лице дека си нашол нова девојка...ама тоа е тоа живот иде даље
Исто! само што јас знаев дека овој мојов имал девојка ама не сакал да ми каже мене дека сака да исчезне од мојот живот. Мрш бееееееееееее xD,ако си решил така готово.Шо да правам.Не е икона да го молам.
Вика дека нејќе да прекинеме, смета дека можда малце сме се исфорсирале и дека ако подзабавиме малце ќе биде добро и за двајцата.. Стварно не знам што да кажам..
Не те љуби, уште помалку сака, не му значиш многу, чиста резерва за црни денови. Не му верувај, батали го. Башка си носи тешки комплекси во однос на довербата, не очекувај квалитетна врска, ако воопшто ја имате.
И јас мислам така.. а и бившата дознала за мене па сега настапи на сцена и ми помогна да сфатам колку сеуште е заглавен во минатото.
Феминки, конечно ја дознав вистината, бившата успеала преку стари спомени и неразјаснети чуства да обнови контакти и да го привлече назад. Ми рече ќе се види со неа да поразговара а јас од нервоза му реков повеќе да не ме бара. Знам дека тоа е правилното но еве сега сфаќам колку ми е тешко без него. До каде е морално да се бориме за тоа што го сакаме или некогаш едноставно мора да кренеме раце?
Значи вака: Се гледав со еден тип од нова година па се до минатата недела... не се гледавме често,ама сепак доволно..скоро секој пат ми пишуваше прв на фб,понекогаш и пораки...еднаш морав да го прашам што уствари правиме јас и он, тој ми одговори само дека сме заедно,и не мислев да бидам упорна и да го прашувам истото прашање пак... Исто така другарка ми се гледаше со негов другар кој и пишуваше пораки буквално секоја вечер, и излегувавме четворицата заедно... Беше така се до минатата недела...оваа недела ниту тој ми напишал на фб, ниту другар му на другарка ми и напишал порака... Незнам што се случи одеднаш,но сепак изгледаше како стварно да му се свиѓам..а сега ни на фб не ми пишува,што секој пат кога беше уклучен ми пишуваше... Незнам дали да попуштам јас да му пишам сега прва онака или дали да го прашам што се случува, или тоа ќе биде понижување?? Или да се правам дека не ми е гајле,и да го оставам да ми пише он мене после некое време... Ама стварно не можам да издржам да не знам што се случува... ми треба мислење и помош од вас
Остави го, а потоа сослушај го со какво образложение ќе се појави-ако воопшто се појави. А ти одиграј паметно, сама процени дали вреди шанса или не, иако мене не ми мираса на убаво работава. Ама сепак вреди да се ислуша. А ако испаде ѓубре, диши длабоко, главата горе и нека се носи каде нозете му одат. Биртно зачувај си ја гордоста. Ако навистина бил баеги загреан, ќе го искршел телефонот од ѕвонење. Изгледа ептен кежуал си терал со тебе.
Од моја машка гледна перспектива мислам дека е време ти да му пишеш,викаш да не биде понижување,а тој секогаш прв ти пишувал,пиши му еднаш ти прва да види и тој дека има feedback и од твоја страна,не дека само залудно се труди околу тебе.Не е финтата само ти да мислиш дека му се допаѓаш,мора и он тоа да го види тоа од твоја страна за да продолжи да се залага околу тебе.Пиши му,нема што да изгубиш,ке видиш дали има некоја друга причина или пак оставил еднаш да види дали и ти се залагаш околу него
lovelygirl мое мислење можеш да му се јавиш на типот еднаш чисто онака колку да го слушнеш како е ,што прави ,да прашаш кога би можеле да се видите ако не ти се јави не го барај остави тој самиот нека те побара,можеби и он и другар му сакаат да се прават фраери ,па си викаат чекај малку да си поиграме топло-ладно или не се чувствуваат обврзани секогаш да ви се јавуваат ,може имаат обврски и затоа не можат да се јават ,како и да е ако се слушнеш со типот ќе дознаеш што е работата вака џабе погодуваме
Сите сте на некој начин во право...заборавив да напоменам дека во петокот му звонев, и не се јави... ама тоа беше сабајле,он не бил на школо и можеби спиел.. но еве да сватам дека не можел да се јави,можеше во овие 2 дена на фб да ми даде образложение зошто не ми се јавил или било што...тоа е стварно многу лошо... Друго што ме мачи е дека околу него се врткаат девојчиња со кои не се обожаваме баш многу,и се плашам дека тие му имаат зборувано нешто, да му правеле некои филмови... Незнам стварно што да правам, дали да се потрудам да биде како пред тоа или да оставам на времето што и како ќе биде... незнам...
ловелѕгирл во постот што го напиша го имаш одговорот на прашањето зошто го нема да се јави прво паметна си и си сфатила дека си му ѕвонела и дека тој не ти се јавил ок во моментот не можел но можел подоцна кога видел дека си му ѕвонела оттука повеќе не му ѕвони не го барај ,нека види дека ти е сеедно дали че се јави или не е тука е пожелна тактика сврти грб па да трча по тебе примени ја би можела да успее втора работа се девојчињата кои се вртат околу него и кои муабети му ги зборувале на крајот на краиштата тој излегувал со тебе и имал прилика и можност да те запознае какво девојче си и што че му е да слуша туги муабети ако си има и своја глава за размислување мој совет остави времето да покаже со тоа што нема да го бараш но и тогаш кога тој ќе те побара не трчај веднаш да се видиш