Што ли му е во глава...?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sandra.92, 7 јуни 2012.

  1. sandra.92

    sandra.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Епа вака.. на факс се запознав и се спријателив со еден момак, кој воопшто не ми се свиѓаше,башка се муваше со една друга девојка(но прекина после некоја недела). Не е битно, ептен се зближивме и се здруживме у рок од 6,7 месеци и тоа интензивно праевме муабет на факултет и на фб, значи нон-стоп. И после некое време, не знам како, ми се умотаа многу прашања во глава, зашто толку брзо се зближивме, и како никогаш не ми е досадно со него, и секогаш имаме тема на муабет...иако не е мој тип на дечко, почна да ми станува се поубав и позгоден :))) И, почна да ми се причинува како да ми дава некои бледи знаци дека ме свиѓа..почнавме и да се глеаме чат-пат на искачања, ако на пример моите другарки си одат порано па да го побарам да ме подружи, или нему да му е тапа па да ми се стави и слично..Една вечер, се договоривме да искочиме заедно, односно тој со уште некои беше искочен негде и ме викна со него.И тој, а и јас бев пијана(и доста провокативно облечена, патем :P ) и некако се случи да се залапаме.. е сега, ептен лош момент беше што јас многу глупаво изреагирав- кога се тргнав почнав да викам лелее, лошо, лошо.Тука тој ми кажа дека многу ме сака и ако мувањето ни го уништи пријателството ќе ме убие. И да бидеме friends with benefits :D Ааа, да, мислам дека искоментира дека приметил дека го свиѓам, али нвм..после таа вечер, како ништо да се немаше случено, ама апла ништо! он беше најнормален ко увек, а исто и јас (барем пробував, иако ми беше многу тешко..) Но, блискоста и дружењето потоа спласнаа некако, и тоа прво од негова страна...кога сме со други луѓе нон стоп ми иде контра, а кога сме сами едвај да изустува по некој збор. Стварно не ја сфаќам ситуацијата. Престанавме да правиме муабет на фб. Другарка ми вика дека тој отстапил бидејќи така сум изреагирала кога сме се залапале, ама не знам, не верувам...Не знам што да правам со него, бидејќи многу ме мачи прашањето што мисли он...Што мислите????
     
  2. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    962
    Пол:
    Женски
    И јас исто мислам како другарка ти. Што си мислела под тоа лошо, лошоо кога го кажа?? Не ти се поверува што се случи, демек вие цело време другари, види што направил сега, или...??? Сигурно си го навредила со тоа многу, затоа и се повлекол така! Ако ти се допага навистина, мој совет ти е да поразговараш со него отворено, за тоа што се случило. Ако ти сакаш да бидеш со него, мислам дека треба да стапиш во акција.Немој да чекаш-може друга да дојде не се знае никогаш, затоа девојко настапи- на акција. Па со срека. :)
     
    На srcekrsacka, bluegirl7 и sandra.92 им се допаѓа ова.
  3. sandra.92

    sandra.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Па со тоа лошо мислев да не го уништиме нашето пријателство, како што и се случи нели..ахх, само ми е страв да не ме одбие некако, бидејќи после ќе треба уште две цели години да се гледаме на факултет...
     
  4. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    962
    Пол:
    Женски

    па ти размисли си убаво што сакаш да бидете, пријатели или нешто повеке? ти кажав и пак ке ти кажам, ако сакаш да има нешто повеке од пријателство, обиди се, не се плаши. а ако веке те одбие секако дека ке останете пријатели сакале или не, вие ке комуницирате пак, бидејки студирате на ист факултет. :)
     
    На sandra.92 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mr.Nobody

    Mr.Nobody Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    хммм, а делот со "Тука тој ми кажа дека многу ме сака и ако мувањето ни го уништи пријателството ќе ме убие. И да бидеме friends with benefits" го заборавивте и двете или ??? Како може ако толку мн те сака, да сака да бидете секс пријателчиња ?? ова нешто ко, дај што даш, јбга, ми се свиѓаш... или ??? Првично, незнам зошто, особено вие што сте 18+ ..не стартате со .. МАШКО-ЖЕНСКО пријателство не постои..бар не.. двонасочно... евентуално ќе запостои после година-две дружба, ама откако ќе се откријат сите карти на маса, ќе се издржи the ackward moment после All In зборењето .. Незнам, ја имам доооста пријателки, а само мал број(на прсти се бројат...НА ЕДНА РАКА) другарки кои стварно ми значат и ми е мило коа се среќни и се..али реално, со нив го имам поминато она од погоре спомнатото, значи другарствава траат по 4-5год .. се градат.. доверба ово-оно .. остало све си знае, пријатели сме, ама тоа незначи дека не би тииииииит ... или дека не ми се свиѓаш .. истото ко она ,најчесто од ваша страна, глупото поставување... "ќе се дружиме ама само ко другари" и потоа ко никому ништо.. кааааде тоа? така било тоа, исклучување на емоции од ден на ден :)))
    Мој совет.. чим више ти иде контра постојано, значи почнал да зазема став т.е се покажува ко што е, не да ти се умилкува ко претходно, а второ, ако кога сте сами ќути ко мокар пацов.. значи дека сеуште си има чуства кон тебе, али не е сигурен пошо нели.. хих, "лелеле,лошо.лошо...." некако, не дава некој морал :D
    .... Значи, Go ahead child, pancakes(пошо ќе ви треба енергија и концентрација=благо) , walk in the parc(пошо е отворено, а истовремено интимно/романтично место..) and ask away. 21век, немора постојано СЕ да оставате на машките, а и ..нема што да изгубиш.... САМО, глеј да си СИГУРНА што правиш/збориш да не биде после пак ... "лелеле, лошо, лошо"
     
    На Filiposka и sandra.92 им се допаѓа ова.
  6. sandra.92

    sandra.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Финтата е што знам дека ме сака само како пријателка (бар тоа си е мое мислење, инаку не искажува ќувства туку-така типот) а и башка после тој ден еве два месеци скоро ништо ми нема спомнато за тоа...се надевам дека е така како што ти викаш, и еве се спремам и собирам храброст некој ден јас да бидам таа што ќе преземе нешто, па ако се осмелам, ќе пишам тука :)))
     
  7. Eylul

    Eylul Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Se se sluci slucajno,premnogu go zasakav.Mi kaza deka me saka no pricinata poradi koja ne sme zaedno e toa sto za nekoe vreme kje se preseli vo stranstvo...dali misli deka kje me povredi ako me ostavi i zamine ili sepak nesaka nisto so mene...help:sweat::sweat::sweat::sweat:
     
  8. eye

    eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    5
    Пред скоро 3години се гледавме на кратко време,после тоа он глумеше недостижен(ја трчав по него ко заулавена) за на крај да постанеме пријатели..се си беше в ред до пред некое време,најнормално возрасни луѓе што било поминало па немаше awkward моменти меѓу нас,ми збореше за девојки ја него за дечковци,му барав совети... Неодамна под дејство на алкохол ја поминавме вечерта заедно си изнакажавме свашта за наредната ден по утринското кафе да се праиме ко ништо да не било. Да беше нешто у фазон сексуално ме привлекуваш немаше да се мавам од ѕид,но целиот разговор беше полн со емоции и некако со ова испадна на површина секое мое чувство што сум го поттиснувала. На ова социјалниве мрежи не ми врати на пораката а мене ме интересира само дали му е криво што тоа се случило...Знам дека морам да зборам со него во живо но не ми е јасно што сака да постигне,што му е у глава...јасно дека неможам да очекувам од утре веќе да сме заедно но не е ни можно да се вратиме пак на статус ''пријатели'' и сам кажа дека неможеме...И ја сум добивала бисери од типот превише те сакам за да не си дел од мојот живот затоа најдобро е да сме другари,ја и ти неможеме да сме заедно превише сме исти. Така шо сеа ама баш врска немам што му се врти у глава,само знам дека ќе бега од ''проблемот'' и од мене... :worried::worried::worried::worried:
     
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    192.168
    Пол:
    Женски
    Со сила убавина не бидува.
    Ако дечкото стои на тој став тогаш олабави од напнување на врска.
    Вистинската љубов не лежи во "наоѓање на изговори туку така" се гледа дека дечкото не е вистински заљубен, а и да е во случајов очигледно не било доволно.
    А кога размислиш може е и во право, зошто да се мачи и да гради почетоци далеку од саканата, едно е да сте имале врска а сосема друго е да сте немале, љубовта на тој начин и на овој не е иста.
    Најдобро е да се тргнеш и да оставиш се на страна, не знаеш што ти носи животот, млада си а тек ќе почуствуваш дека ќе имаш многу љубови, и среќни и тажни.. најважно е искуството што ќе го стекнеш.
     
    На iv-ana му/ѝ се допаѓа ова.