Па за нас не е неверност тоа што имаме секс со други. Неверност е лажење, криење, манипулација... Ако си кажеме што сакаме и ако другиот е ок со тоа, нема ни лажење, ни криење, ни манипулирање, апро по - не е изневерување.
Тоа го сфатив но сепак има друга личност помеѓу вас барем јас така го доживувам.Најбитно да нема лажење и правење будала од другиот да те повреди е тоа мразам а фер плеј сакам
Јас имам едно прашање за тебе ама озбилна сум не те тролам. Мислам дека имаш пишано дека од прв ден сте биле прво во отворена врска па во отворен брак. Мене ме интересира што ве натера да стапите во брак воопшто? Која е разликата пред брак и сега? Што е сменето? И зошто се одлучивте воопшто за брак? И дали вашите блиски роднини, пријатели знаат?
Ама за вас. Треба и ти да сфатиш дека различно го дефинираме поимот верност. За тебе е верност секс со друг/а ама да знае партнерот. За мене, верност е апсолутна моногамија. И се тоа е ок. Сите имаме различни сфаќања
Па да де... И тоа го имам објаснето во темата Отворен брак. Отворете, прочитајте и ќе знаете, па нема да сте збунети
Ама никој не е збунет. Твоите одговори се реплицирање на мислење на член каде вели дека не би бил во отворена врака зошто сака верност. Тоа е негово мислење, он така ја подразбира отворената врска. Не мораме сите по твојата врска и брак да си ги формираме мислењата.
Читај на темата, се' што пишуваш, веќе го имам објаснето. И и јас не мислам дека сите се исти. Не сум до толку глупа. *Впрочем, затоа и по пеесе пати одговарав исти-па исти прашања таму. На другите им беше чудно оти не сум иста ко нив.
Да, така е. Никогаш не би дозволила да има секс со друга/и и јас тоа најнормално да го прифатам. Фуј.
Дечко ми сака да имаме ПОЛУотворена врска. Тој да си оди со која сака а јас само со него. А зошто така сака? Дека бил маж. Кратко и јасно И повекето мажи вака би само да има жени што ке ги трпат хахах
Ок, сакав да кажам, не мораш да се пронаоѓаш баш во секое мислење на оваа тема. Често така стануваш и Ти пола раскини му. Он нека биде во врска, а ти слободна. Win win
Кажи му полуостров за него таму да отиде и нека живее во дивина цц.И ова не го бев слушнала .Раскини почитувај се самата себе гордоста на прво место и памет во глава
Отворени врски / бракови воопшто не ми се одвратни и чудни се додека партнерите се согласни на тоа и имат воспоставено правила на кој начин тоа ќе се одвива. Мислам дека правила се клучни во вакви релации.
Ја ова го измислив немам дечко... али муабетот е дека дооста голем дел од мажите ова го мислат само не го споделуваат јавно хихих