Здраво! Имам проблем, голем, кој сигурно ретко може да се појави. Барем јас немам слушнато за таков! Јас имам дечко веќе неколку години и со него ми е супер. Секогаш ми се свиѓале само машки и сега е така, но од пред некое време почнав да чуствувам нешто чудно кога сум во близина на една од моите најдобри другарки. Кога ќе ме допре, ќе ми се доближи...кај мене се јавува страст и желба за повеќе. Значи никогаш не ми се свиѓале женски, ова ми се случува само со неа. Лошото е што мислам дека и таа чувствува нешто, затоа што неколку пати, на некој скриен начин ми го има тоа покажано. Значи двете немаме смелост да се соочиме со таа ситуација, преомногу е сериозна и се правиме дека се е ок. Кога и да се погледнеме во очи нешто чудно се случува, некоја чудна хемија, од која ни нема спас. Таа ја почитува мојата врска, знае дека е искрена и знае дека мојот дечко искрено ме сака. И јас истото го мислам за неа, сакам да си фати дечко и на добар пат е тоа да се случи. Кај мене не се јавува никаква љубомора, ја сакам другарски и искрено се дружиме, но зошто е тука таа желба која не поминува? Не можам да си објаснам? Телото ми е поделено на две, голема љубов кон мојот дечко и неодолива желба кон НЕА! Се надевам дека ќе бидам сфатена од ваша страна, затоа што јас самата не можам. Ве молам за совет!
Види некое време оддели се од неа(не ич да не излгуваш,намали ги дружењата со неа)...поминувај поише време со дечко ти...ке исчезни тоа чуство.
Сите во себе кријат некоја забранета мисла и сите сме на некој на4ин перверзни потсвесно,да не ме сванес погресно се сто треба да направис е да ги контролирас мислите а не да навлегувас во нив и да ја будис фантазијата.Кази стоп! тоа е забрането мене ли4но ми е неприродно.Свати си го како игра зафрканција и по4ни на период да се отргнес од неа само на кратко да ти се избистри мозокот ке сватис дека било дел од твојта фантазија некои скриени страсти усмерени кон погресна ли4ност.Ми се допага сто разговарас на оваа тема и тоа е 4екор,се надевам ке седнес и ке разговарас со самата себе и немој да мислис дека ако продолзис да и ги испракас тие сигнали и мозеби ке по4нете малку поинтимно,дека сето тоа ке заврси како игра?!немој Јас со моите другарки заедно сме се банјале топлес летно време сме седеле сме се глупирале ама граници!со срека и се надевам добро ке размислис сто сакас дали хомо хетеро или би размисли кај води сето тоа
Би се согласила со пеперутчето пред мене. Фанатзиите се убаво нешто додека останатуваат таму кај шо им е местото, далеку од реалноста. Ако си сигурна дека си го сакаш дечко ти истрани се од овие компликации. И самата си свесна дека ќе заврши со многу повредени доколку би се впуштила во паралелна врска со девојчето. А незнам колку си спремна да жртвуваш се за да бидеш со неа. Под се подразбирам, врска, семејство, пријатели, углед..Јас лично немам ништо против хомо или би сексуалните врски но да бидеме реални, живееме во страшно конзервативна средина. Размисли си убаво за сите последици кои би ти ги донел некој непромислен чекор и мислам дека ќе ти е полесно да ги контролираш своите чувства и реакции кон неа.
Јас не ни помислувам на врска со неа или пак дека е можно да сум хомо, затоа што не ми се свиѓаат женски, со овој исклучок! Ниту во еден миг не сум помислила да се разделам со дечкото или слично, затоа што знам дека тоа е само една желба, фантазија. Мене не ми е проблемот дали таа желба ќе се оствари или не, ме мачи самата ситуација, ме мачи тоа чуство. Едноставно сакам да исчезне! Сум пробала да се тргнам многу пати, но кога ќе се видам пак со неа...сфаќам дека се е по старо. Не сакам да го прекинам другарството засекогаш...