бременост

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од katja.d, 17 октомври 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. katja.d

    katja.d Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Бремена сум 27 недела и се ми е во ред со бременоста. Сакав само да ве прасам дали смеам да имам сексуални односи и доколку смеам кога би требало да прекинам. Однапред благодарам :)
     
  2. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Доколку е се воред смееш најнормално-а за прекин тоа ке ти каже лекарот во зависност од текот на бременоста...ако е се во ред можеби нема да ти треба прекин :lol: :lol:
    се најубаво
     
    На katja.d му/ѝ се допаѓа ова.
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    5.883
    Ако е се во ред со бременоста и при тоа не чувствуваш никаков притисок или болки можеш да имаш односи до 8 месец,односно до 30-34 недела.
    Некои гинеколози советуваат за сигурност да се одбегнуваат сексуалните односи во последнот триместар,односно во периодот од 7-9 месец.

    Поздрав,
     
  4. eva26

    eva26 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    bremena sum i se plasam od poragajot me intreresira sto mislite deka e podobro carski rez ili normalen poragaj
     
  5. Kristina22

    Kristina22 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    Бремена сум 12-та недела, резултатот од еден брис е:

    Серум за TOXOPLASMA
    Immulite toxo quantitative IgG <5 <6.5 IU/ml негативно, 6.5-8 IU/ml гранично, >8 IU/ml позитивно

    Резултатите од останатите брисеви се негативни, би сакала да ми кажете што значи овој резултат,

    Ви благодарам однапред :)
     
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    5.883
    Нема зошто да се плашиш.
    Нормален пороѓај е подобро.
    Царски рез сепак е операција и може потоа да чувствуваш болки во пределот на резот,при климатски промени,компликации итн.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Подобро од нормален пораѓај нема, верувај ми.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    1.154
    Дека си супер!
     
  9. Kristina22

    Kristina22 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    До која недела треба да се пие фолната киселина ?
     
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    729
    до 12 недела
     
  11. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    115
    Зошто до 12 па во витамините кои ги даваат има фолна и мислам дека тие се пијат до пораѓај дури се препорачуват и за доилки ;)
     
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    729
    јас одговорив дека фолната киселина задолжително се пие до 12 недела до кога се формира плодот а таа е заслужна за да нема деформитети на нервниот систем и нервната туба и се пие 3 месеци пред и 3 откако ке забремениш а и не е штетна за понатаму али не ти треба
     
  13. dafina1983

    dafina1983 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво, почитувани. Јас сум нова овде па сакав да побарам и ваше мислење. Се обидувам да останам бремена веќе 10 месеци ама ништо, ги следам плодните денови, правам се како што треба матичната ми вели дека се е ОК, а пак ништо. Маж ми правеше спермограм и тоа е во ред. Последниве два месеци ми се јавува проблем во долниот дел ми се појавува бел исцедок згрутен како ронки, со многу јак и остар непријатен мирис, ме чеша многу често и осекам како потечено вцрвенето после менструација и после секој однос пак ми се појавува тој исцедок, и најчесто за време на плодните денови, а после се е нормално. Дали овој проблем е пречка за тоа што не можам да останам бремена. Ги правев сите испитувања и сите брисеви се нормални, немам никаква инфекција.Помош!!!!
     
  14. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    729
    најдобро ке биде пак да си го посетиш гинекологот зашто ова што го објаснуваш ми личи како кандида која треба адекватно и да се лечи и кај тебе и кај партнерот инаку кандидата не смета кај забременувањето а со плодни денови не се мачи незначи дека кај сите се исто некаде на средина од циклус кај некој се и во менструација иако теореттски е неизводливо или еве пример кај мене ми е некаде23 ден плоден пред се зависи на колку време добиваш у секој случај оди си на гинеколоог за терапија
     
  15. baby000

    baby000 Нов член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Здраво почитувани...
    Последниот циклус ми беше на 27.05-31.05.2014, па оттогаш не добив.
    Бидејќи долго време се обидувавме да забременам со мажот ми несакав да правам тест, зошто ми беше смачено од негативните резултати.Кога пред една недела некако недобро се чувствував некако ми се лошеше и повраќав, па мажот ми инсистираше да направам тест.Го направив почекавме малку и му го дадов на мажот ми да го види, кога гледаме, не ни се веруваше позитивен. Пресреќни бевме неможевме да престаниме од исовремено плачење и смеење.
    Сега имам закажано за среда да одам на преглед кај матичниот, ама не можам да дочекам.Се прашувам како е, што е.Сега насабајле ми се лоши и од кога ке јадам, а некогаш и повраќам.многу се чувствувам омалаксана и многу ми се спие.одвреме на реме чувствувам некоја сосема слаба болка во долниот дел од стомакот, ама само 2-3 секунди, а исто така и постојано чувствувам како кркорење на цревата ама во долниот дел од стомакот.
    Сакам да ве прашам дали ова се е нормално или не?
    Ве молам одговорете ми затоа што неможам да дочекам до среда.поздрав и ви посакувам многу среќа на сите.
     
  16. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Како 3 месеци пред тоа, а тие што забремениле непланирано? :D

    Baby000, се` ова е нормално за рана бременост, без грижи, грижите и за плодот се штетни. Уживај си и радувај се, тоа е најдоброто што можеш да го направиш. Честитки. :)
     
  17. baby000

    baby000 Нов член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Baby000, се` ова е нормално за рана бременост, без грижи, грижите и за плодот се штетни. Уживај си и радувај се, тоа е најдоброто што можеш да го направиш. Честитки. :)[/quote]


    Ти благодарам многу...Сепак нема да бидам мирна до среда, барем не додека не го видам како мала точка хаха..поздрав и до тебе, се што сакаш да ти се исполни
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    28
    Здраво и јас сум нова овде це исплашив вшера после 2 месеци имав однос со дечко ми ама тој не сврши во мене и сега рокрварив малку од што може да е тоа
     
  19. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    До 12-та недела се пие само фолна, а од второ тромесечие па до крај а и за време на доење се пијат комплексите од витамини и минерали (како мамавит и сл.), каде секако има и фолна но и многу други потребни елементи.
     
  20. ladyh07

    ladyh07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    31
    Здраво,

    Се работи за проблем во бременост, сакам да прашам дали знаете каква инфекција или што и да е може да настане во мокрача, за време на бременост, која го покачува крвниот притисок на жената, и всушност претставува опасност и за жената и за плодот? Зборувам за 7ми месец од бременоста. Дали знаете што е тоа и дали предвремениот пораѓај е препорачлив?

    Ви благодарам
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.