Нема што да се секираш се ќе биде во ред како што треба да е. Еве јас бев 3 месеци во странство дечко ми остана тука и кога се вратив се си беше ок како и порано.
Ништо страшно верувај, дечко ми живее тука неговите во странство, (заминале да си бараат подобра иднина и си ја нашле луѓето таму) пред да се фатиме живееше таму 4 год (се знаеме од порано од исто место сме, иако некој да ми речеше со него ке бидеш во фаца ке му се смеев ама ете сме 4 ипол години) не можел таму да живее сепак на 16 год го однеле, разговарал им кажал и си дошол тука работи. Да не бегам од темата кога има работа си оди по 3-4 месеци и го сваќам подобро сега да оди да си створи нешто за во иднина додека немаме деца, фамилија одколку кога ке се земеме па сама по деца и на работа да си трчаш, ако оди за ваше добро што се вели за подобра иднина, воопшто да не се секираш. И тука ке видите колку всушност ви е силна врската, зошто една врска не се состои само од тоа кога сте заедно и кога е добро.
Сето тоа ми е јасно, но се плашам еден ден да не добијам порака во која ме остава со образложение дека далечината го убива, како што ми кажа неколку пати, дека го убива, дека ме сака постојано до него. И двајцата бевме свесни за предизвикот и сепак се впуштивме. Помина само една недела...
Знаеш колку те разбирам какви не мисли мене ми се вртеа низ глава кога прв пат замина и тоа само 5 месеци бевме заедно а замина на 6 месеци, мислев дека срцето ке ми пукнеше од мака, имаше периоди кога сме зборувале по цел ден некогаш по 1 во недела, се зависеше од тоа каде работи, ама ете помина добро ни јас не знам како преживеав тогаш, мислам остарев и созреав за наредните 5 год. Од животот. Ама помина и тоа се врати и кога ке се врати се ова ке ти биде смешно верувај ми. До сега има заминато уште 2 пати на 2 месеци, и тоа во една година(поточно лани и на роденденот не беше тука па го поминав тажна зошто не е тука) .. И знам како е и знам дека ке биде добро после се знам дека оди за нас за подобро да ни е се тоа... Ама ке се реши и ке биде подобро, како што ти пишав погоре подобро сега додека немате оформено семејство одколку подоцна. Издржи ке помине веруваај веднаш, ке се чудиш колку брзо поминало. А потоа повеќе ке го цените времето заедно, ајдее силни сме ние жените се можеме да пребродиме
Три месеци не се три години, најди си некои занимации со кои ќе го пополниш слободното време и верувај дека ќе летнат додека да трепнеш. Не е крај на светот, нема да се разделите засекогаш. Ако му се пружила прилика нека оди и нека поработи, ако добро се снајде таму барем за три месеци ќе заработи колу тука за цела година што би заработил. Битно е да имате доверба еден во друг, ако врската ви е ок а вие сте искрени меѓусебно мислам дека нема да има никаков проблем. Моја колешка 3 години одржуваше врска на далечина со дечкото кој живее во Германија, се гледаа два пати во годината и ете за некој ден и таа се сели кај него и ќе прават свадба за еден месец така да кога навистина се сака тогаш се е возможно.
Мојот дечко е во Германија на 3 месеци, помина 1 месец и многу ми е тешко без него, постои интернет збориме и се гледаме на камера ама не е тоа тоа што е во живо. Пролистав на интернет што да правам додека он не е тука, за да не ми фали толку, како и секогаш излагај со пријателките или гледај филмови. Ама тоа не ми помага секоја пријателка што ке ја викнам да излеземе на кафе, доаѓа со нејзиниот дечко што мене уште повеќе ми фали, филмови пробувам да гледам почесто за да ми го одвлечат вниманието ама филм без саканиот па и не иде Можда ќе ми пишете многу малце време е или нешто слично ама мене ова ми е прв пат да сум оделена од саканата личност..Па ќе може ли да ми дадете некои идеи што да правам за колку толку побрзо да помине времето?
@TheDevilAngel ете, запиши се германски, и догодина заедно ќе одите за германија. Посвети се на јазикот и баш фино ќе го изненадиш. Не претерувај со патетика. И него не му е лесно таму, работи. Остави го да дише слободно и ти научи се да дишеш. Колку повеќе покажувате самостојност, толку повеќе сте посакувани. Ако дечко ми каже "не можам да гледам филмови сам, ми фалиш, би му пишала два минуси" Ова е патетика. Наместо да ти фали додека гледаш филмови, собирај критики за филмови кои би сакала пак да ги гледате заедно.