Вака имам еден проблем... моето момче замина во Германија за да работи, заедно сме веќе 3 месеци, но навистина многу се зближивме и се засакавме, ја доживеавме онаа вистинската љубов.. како и да е моментално ми е многу тешко, не знам како да се однесувам, имам уште испити за полагање, а не можам ни да учам.. и се прашувам дали воопшто размислува како ми е мене... знам дека тие 3 месеци ќе поминат, ама моментално не знам како да си ја подобрам ситуацијава.. ако некој имал слично искуство ве молам споделете
Мој совет е слушајте се на вибер пишете си на фејсбук. Знам дека е многу тешко но така малку ќе се ублажува болката што ја имате додека сте одвоени.Знам како е многу боли кога не си блиску до тој/таа што ја/го сакаш.Исто така можеш да гледаш некој филмови серии колку толку побрзо ќе поминува времето. Ама знам дека секоја секунда се мисли на саканата личност.
Па тешко е но излегувај со друштво ако имаш многу блиска пријателка кажи и како му е таму он сигурно ќе ти прати слики ..шетај излези,мисли дека убаво ве чека кога ќе си дојде каде ќе одиите,прашај го како му е таму има ли интересно нешто што го нема тука па ако може да донеси и тоа е
Другарка со врска подолга од три години треба да го испрати дечко и на мастер во Русија две години, а ти се туфкаш за три месеци. Ќе поминат ко песна. Најди си занимација, одмарај си, учи си, одма ќе помине. Ќе се пишувате, ќе си мафатате на Скајп и ете го ќе се врати. Не заминал на крај на светот.
Ништо страшно, ќе преживееш не се секирај. Пола ако не и повеќе од паровите се разделуваат дури и на по години а не пак на 3 месеци но проблемот и суштината на вашата врска и нејзината иднина се состои во тоа колку вие можете да се справите со далечината а сепак да останете заедно. Ако сте зрели, се сакате и се има разбирање лека полека ќе ги надминете тестовите што би ги сервира животот, ако не секој на своја страна. Треба да умееш да се справиш и да се прилагодиш со животот а не тој со тебе, има и полошо а секое чудо 3 дена.
Setaj,uzivaj malku,posveti si vreme na sebe ...a so denesnava tehnologija Viber,Skajp,fb i dr ke imate postojan kontakt pa ke letnat brzo 3 meseci
Постов е пишан во јуни, сега е август, значи за еден месец ќе си дојде. Не е страшно. На почеток ќе мислиш многу, после ќе почнеш нормално да функционираш. Знам како е. Наскоро ќе ви биде најубаво кога ќе се видите и кога ќе се гушнете. Тоа е убавото во разделбата. Што копеете еден за друг и така ја зацврстувате својата врска.