4 години заедно, дилема да останеме или не?!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Leonida2, 26 јули 2013.

  1. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Во сериозна врска сме можам да кажам, постар е од мене 8 години но тоа не ми пречело никогаш ниту пак ке ми пречи, единствено што овај период од последните неколку 6 месеци уназад, незнам дали сакам да продолжам со него.
    2 пати досега сме биле скарани и разделени на период од 1 недела, поради тоа што на секоја посериозна расправија да речам е многу агресивен, 2 пати му се случило да ме удри, не со шамар или некој полесен удар едноставно заборава дека сум женско. Причината воопшто не беше голема за така да реагира и 2та пати сме се скарале ,, од играчка до плачка,, му опростив тоа помина, вети нема да се повтори. Но од тогаш јас оладив, во мене чувствата се измешани.Последно има многу работа отсутен е 4 дена во текот на неделата, мака му е да излегува, имам осет како да заборавил да се забавува. Секој ден истото, ме фака паника од монотонија.
    Почнува да ме навредува за се и сешто.
    Еден период си викам го сакам, следен период се замислувам дали го сакам или не. Си поставувам прашање со овај човек ли сакам животот да го поминам, на секоја помала расправија да е агресивен и да ме навредува?? Навистина ме мачат мислите. Од сите работи што ме привлекуваа кај него, остано само едно а тоа е дека е успешен и знае да се снајди, има прекрасна функција на работа. Но тоа не е тоа нели?
    Незнам дали ке има некакво значење ако напоменам дека таткоми едноставно не го сака ни него ни фамилијата негова, незнам зошто. Ги сметал за прости. Не го слушав никогаш, но сепак од време на време зборовите на таткоми ми удираат во глава.
    Незнам како да постапам.....
    Ме плаши и навиката што ја имам со него, ако раскиниме сега тешко ке ми биде да се навикнам.
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.158
    Пол:
    Женски
    4 години заедно, дилема да останиме или не?!

    Извини вака што ќе бидам директна, ама татко ти е во право, само прост човек може да се однесува така агресивно и животински кон жената што ја сака.Пред се јас незнам како си се осудила да му опростиш после тие удари, јас никогаш не би простила, нема полошо од маж кој крева рака на жена, на тој начин лечејки комплекси.За мене тоа не е ни маж ниту пак човек со кој треба да го поминеш животот.Јас мислам дека ти го знаеш одговорот уште одамна на ова, ама јас ќе ти кажам собери си ги парталите кои останале од врската и излези од неа додека сосем не си го уништиш животот.
     
    На sorbet, SexyGirl2, Lile_05 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    4 години заедно, дилема да останиме или не?!

    Простив беше и одамна тоа, веке и бесот што го имав ми помина.Но ми помина и желбата, она кога се осекаш заљубено во некого, сите тие ,, пеперутки,, веке ги нема.
     
  4. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    4 години заедно, дилема да останиме или не?!

    Mислам дека доколку одлучиш да прекинете,нема да ти биде толку тешко колку што мислиш.
    Ти имаш оладено многу од него,и тоа уште во моментите од порано,кога се однесувал агресивно.Сето тоа,сега испливува на површина,и поради тоа настапува и двоумењето дали да продолжиш.
    Едно машко НИКОГАШ не треба да заборави дека си жена.А твојов,очигледно заборава од време на време.
    Тебе ти фали забава и дружба,а не го правиш тоа,значи се жртвуваш за него и врската.Но,прашај се дали вреди тоа?

    Можеби е сурово,и лесно од моја страна да кажам,но најдобро ќе биде да раскинеш(потајно во себе,знам дека и ти сакаш).Не е единствена риба во морето.
     
    На Leonida2 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    сакам да слушнам повеке мислења бидејки ми е страв да не е само период кој го имаат долгите врски, и да се покаам после.
     
  6. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Девојче,

    јас не сум ти некој специјалист за врски, но штом бараш повеке мислења ке ти кажам
    што еднаш рече еден познат психијатар во врска со удирање или тепање жена/и.

    Рече вака: мажот кој удира и тепа жена со сигурност тврдам дека има психопатски пориви.
    Па сега ти мисли!
    Какви биле околностите?! Но според мене какви и да се ...? Што има тебе тој да те мава, освен ако
    ти прво не су му удрила шамар, а?!
    Ти му направи ли нешто?

    Една девојка во расправија му удира шамар на дечкото, тој и вратил.
    Силно било, таа почнала да плаче и да го прашува: Зошто ме удри?
    Знаеш што и одговорил?

    Јас ке ти кажам зошто те удрив, но првин кажи ми ти зошто ме удри? ;)
     
    На Lile_05 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    и јас сакам да си прашам нешто,ме копка на моменти во претходната врска бев со дечко кој беше бајадерче кон мене а јас дупло бајадерче кон него,ама потоа кај мене работите тргнаа во лоша насока и бев претежно тажна он ме иритираше се расправавме па почна и да ме тепа главно удари по глава не шамари беше повисок од мене на ко маса на која јаде бурек и треска му беше мојата глава,ми беше чудно ама он отсекогаш се правдаше дека јас го вадам лошото од него исто ко мајка му што го вадела лошото од татко му,инаку татко му беше склон кон повремено опијанување и тепање на мајка му на што бившиот мој многу пати беше сведок а и со модринки го начекував здобиени од одбрана на мајка му.Oк се,сега е во брак со друга и се прашувам можно е да се сменил и никогаш да не дигнал рака врз неа и дали е вистина дека јас си барав да бидам тепана од него?
    Што мислите вие,имате слични искуства,сте чуле?
    Gлавно ме интересира мислите ли дека некој и да носи гени за изразување агресија ако живее во мирна околина никогаш не ќе пројави агресија или нема врска тоа кога и да е кон било која ќе е агресивен?
     
  8. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    никако да останеш во врска,тебе те научил дека простуваш и секогаш така ке се однесува со тебе од искуство ова пишав веќе,дури ете ќе ти вели ти го вадиш лошото од него,е јас се прашувам дали таквите секогаш остануваат исти или ете ние добрите фини девојки така провокативно им делуваме? :?:
     
  9. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Me интересира што направи/што правеше со што си заслужила такво нешто?

    Инаку,тој што носи гени на агесија,му треба само малку повеќе вжешена атмосфера за да може да го извади неговиот бес,и да дигне рака на жена.Нема влијание средината,според мене.
    Бившиот твој,си има наследено од татко му,најверојатно таков третман спрема жените.
    Искрено,не верувам дека се сменил.
    Зошто не се сменил додека сте биле заедно?
    Врската ви била совршена пред да почнат караниците така?
    Тоа требало да му биде мотив за да се смени,а не за да продолжи со глупостите. :fubar:
     
  10. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Девојки , малку се пошегував со вицот за девојката која му удрила шамар,
    тоа навистина се има случено, навистина таа му има удрено шамар прво, па после
    акција - реакција, што не го оправдувам секако/


    За мене важи следново правило:

    Еден познат психијатар во врска со удирање или тепање жена/и

    рече вака: мажот кој удира и тепа жена со сигурност тврдам дека има психопатски пориви
     
    На Lile_05 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    имавме различни гледишта за некои нешта и ако не ме убедеше дека е во право како немоќен мораше да покаже сила,после му се гадеше од самиот себе си бидејќи наликуваше на татко му во однесувањето а он го мразеше тетко му и се колнеше дека никогаш не би малтретирал жена ама после за да си се оправда велеше јас го провоцирам така да се однесува т.е.го вадам лошото од него,и кога ќе налетам на ваков муабет потајно си се прашувам кој бил во право :?: сепак мислам јас,каква и да бев можеше да се се сврти замине и толку
     
  12. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Ем го мрази татко му,ем е ист како него.Убаво му било на него кога татко му го малтретирал?Не!
    Требало тоа да му биде лекција за цел живот,за тоа како НЕ треба да се постапува.А он,напротив,го применувал тоа со тебе :x
    Ем шуто,ем боде.(така викаше една професорка)

    Ти си во право,не си ставај на совест нешто што не постои.
    Што и да си му направила,реакцијата негова е сведена под секакво ниво на толеранција.
    Добро е што сте раскинале,и што не си жртва повеќе.
    Чувај се,и учи од поминато.Немој никогаш да дозволиш повторно да ти се случи истото.
    Се може да се реши.
    Да нема решение,нема да постои ни проблем. ;)
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345

    Батали , не мисли на тоа веќе штом не сте заедно!

    1. Нормално е да имате различни гледишта
    2. Штом ако не се согласувате покажувал сила, ццццц, :?:
    3. А уште и татко му кажуваш,... децата се идентификуваат (најчесто) со родителите
    и ги копираат нивните однесувања, спонтано прифакаат некои однесувања.
     
  14. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    Имав и ја ваква будала и истото го тврдеше , арно ама и татко му ја ќофташе мајкаму , и господинов си мислеше дека може и он мене , и ја ќе си седам и ќе си ќутам ! Епа молим лепо , еднаш крена рака на мене и го оставив моментално , без разлика што бевме 2 години заедно . И нормално е да имате различни гледишта за различни работи , не сме сите исти , секој е личност за себе . Размисли убаво , сакаш понатаму да шеташ модра , он да те има како боксерска вреќа , или сакаш да си имаш добар човек поред себе , што ќе те гледа и чува како цвет како што секоја жена заслужува!

    Да не се повторувам , истото го мислам и го напишав малку погоре , ако не е он , ќе биде друг . Со време и ќе го заборавиш и ќе бидеш по среќна , ако не ја бива работата подобро расчисти на време , тој не се мења , чим еднаш удрил , ке удри уште 1000000 пати . И татко ти е во право , родител ти е не може лошо да ти мисли !
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Лош период е пропратен со криза во односите, ладење, дистанцирање, нетрпеливост, па и караници, но никогаш физички напад, кој згора на тоа се повторил на неколку наврати.

    Таков физички напад е индикатор на нешто друго и треба да бегаш од таков насилник.

    Човеков кренал рака на тебе! Лесно или тешко...физички те нападнал. Имај малку самопочитување и тргни се од него.

    А ако мислиш дека ќе се покаеш што си завршила врска со човек кој е агресивен и се изживува врз тебе ... не знам ... верувај постојат многу дечковци со кои, во најлош случај, врската не би ти претставувала толку страшно искуство.
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Раскини му
     
  17. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Во 2013 беше поставено мислењето...........
     
    На sorbet, Bender Rodriguez, Оленка* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. NeoX

    NeoX Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Машки
    Ех, видете, постирала од Internet Explorer, оправдано е.
     
    На sorbet, elimkd, Cinderfakinrella и 2 други им се допаѓа ова.
  19. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    9.874
    Пол:
    Женски
    Оваа битно да си накачи мислења, небитно кај и што пишува... |(
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Оф, мори мајко. Може она се омужила за него и има деца... А, оваа допрва ќе ја става у дупли дилеми.. хахахах
     
    На Trxmx му/ѝ се допаѓа ова.