1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Breast Activates

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Chiwawa1208, 29 март 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Chiwawa1208

    Chiwawa1208 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    51
    Здраво ! Имам едно прашање и би била благодарна доколку ми одговори стручно лице. Имам 23 години и имам мали гради,ситна сум во градба и имам 48 килограми.Веке подолго време малите гради ми се комплекс и пред да донесам било каква одлука во врска со естетски корекции,решив малку повеќе да истражувам...и стигнав до тајландскиот корен Pueraria Mirifica.Од него стигнав до Breast Activates производите.Постојат креми,таблети и серум.Прочитав подетално за што се работи,и се вели дека доколку се комбинираат таблетите со серум или крема и ако се изведуваат вежбите правилно со масажа на градите би можело да има резултат и до 2 корпи поголеми гради,меѓутоа за тоа е потребен временски период од најмалку 3 месеца,а билката дека помага и за други проблеми како менопауза,обилно крварење,прекувремено потење навечер и сл.,а резултатите за поубава кожа и коса се видливи веќе од 2-та недела.Премногу одолговлеков но морав да објаснам.Мене конкретно ме интересира дали се опасни и дали се хормонски овие лекови бидејки се вели дека всушност со внесување на оваа билка во организмот се забрзува лачењето на естроген и пролактин што резултира со поголеми гради и е дел од Америчката здравствена програма Breast Activates.Исто така имаше споделено многу искуства од жени кои пробале и имаат видливи резултати,но нема ништо за нус појави и за тоа дали е ефектот краткотраен или не.Би ви била благодарна доколку ми одговорите,бидејки ако има природно решение,би сакала да избегнам да легнам под нож. Подетално http://getcurvynow.com/breast-enhanceme ... -mirifica/
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    ^ Не ќе да е природно решение штом влијае на хормоните т.е го забрзува нивното лачење. Сигурно настанува дисбаланс во организмот и дефинитивно има некоја нус појава, која не ја кажуваат. Нешто слично како со оние ,,брзосмртки,, ги велам јас за слабеење, таблети а за нус појава ќе видиш после каков хаос настанува во организмот (имаше и по тв кои се забранети за конзумирање па пак се продаваат). Со хормони нема играчка. Последни апели од докторите е и да не се мачкаат градите со млеко за тело, уље и сл. тракатанци затоа што се полни со штетни хемии.
    Ајт што ни ја пумпаат храната со хормони па несвесно т.е без знаење ја внесуваме (чист пример што на многу мали девојчиња им раснат гради, менст. померена граница на пубертет...) ама вака свесно да се труеш со нешто :?:
    Втора работа, да е толку добро и ефикасно ќе беше одобрено од Европа (остај тоа што поминало во САД, знаеме дека храната кај нив е скоро 100% генетски модифицирана и затоа таа гојазност кај нив....) и сите со полн џеб ќе ги употребуваат наместо да стават силикони. Мада и кај силиконите пукна тиквата за квалитетот односно од што им е составот и дали и како влијаат на организмот, али на крај се сведува колку пари толку музика. Квалитетот ќе си го платиш поштено, освен ако не те зезне хирург да плаќаш едно а ти ставаат друго.
    Трета работа, сега го видов сајтот, може да се купат и на Амазон :^) :fubar: . Абе ајде, се што е прописно е лиценцирано, оди преку застапници или дистрибутери, се знае кај може да се купи.

    ...само ќе ти кажам да се сакаш таква каква што си. Првиот визуелен впечаток је битен до некоја си граница ама паметот е тој што ќе те води низ животот. На крај краева, твој личен избор за твое тело а неверувам дека тука ќе најдеш некоја девојка стручна на оваа тема како што пиша :geek:
     
    На Chiwawa1208 и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  3. Chiwawa1208

    Chiwawa1208 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    51
    Ти благодарам Slavica999. Сега за сега сум ок,решив да прашам и да се информирам пред да направам некоја глупост :?: Како и да е морав да се информирам бидејки се плашев од сама себе и од фактот некогаш тој комплекс да ме докрачи и приклешти. Вака ке си знам дека сум расчистила со тоа,дека не природно и не вреди да си го уништувам здравјето а сум здрава и права. На крајот на краиштата,кој ме сака и почитува вистински ке ме прифати онаква каква што сум. Моето момче веке 4 години ме има прифатено и ме сака токму поради тие маани што ги имам :$ :inlove: Ти благодарам најискрено уште еднаш
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.