Friend Zone

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Херкул, 18 август 2015.

  1. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите!
    Дали сте биле некогаш во оваа непријатна зона на пријателство? Ви се допаѓа некоја личност на еротски начин, сакате да имате нешто повеќе со неа (него), ама таа ве гледа само како добар или најдобар пријател.

    Јас сум во таква каша. Се дружам со една девојка која многу сексуално ме привлекува и имавме секс неколку пати пред година дена, ама според неа јас сум бил многу добар за да ме потроши како „sex partner“ и затоа сака да сме пријатели. Многу ме цени, имаме блиско пријателство, длабоки разговори, ја советувам за многу работи, во мене има најмногу доверба и знае дека сум потпора за неа и во добро и во лошо, ама ете, изгледа овие работи придонесоа за уште повеќе да ме гледа како пријател и фин дечко, а еротски да се пали на bad boys кои два постои не ја фермаат и би сакале само да ја искористат.. и ова МНОООГУ ме фрустрира. Она вели дека на почетокот ме гледала така и сум и бил сексуално привлечен, затоа и флертувавме, се мувавме, ама сега не ме гледа така, иако повеќе ме сака (ама како пријател). Ваквата врска не е ок, пошо она го добива тоа што го сака од мене (пријател од доверба, помош, совет, разговор, дружење и скоро се што еден дечко може да и пружи освен еротски односи), а јас не го добивам она што го сакам од неа.

    Кој е вашиот совет за да излезам од оваа френд зона и има ли начин повторно кај неа да се појави онаа првична еротска привлечност кон мене? Дали ако се оддалечам од неа ќе сфати што загубила и ако не и оставам опција да и бидам пријател ќе посака да бидеме во нормална (сексуална) врска?
    Баш ме интересира вашето мислење и однапред благодарам!
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.023
    Допаѓања:
    159.705
    Пол:
    Женски
    Во совети од женска страна кон сите машки мислам беше темата кога се изразив конкретно за „феноменов“ наречен Friend Zone. Ќе се обидам да бидам кратка, сите можиме да бидиме пријатели меѓусебе. Ако некој тебе сексуално те привлекува, си имал нешто со тој некој и тој некој не е заинтересиран за тебе, не можиш и немаш право да го форсираш на нешто. Таа те гледа како пријател и го установи тоа, ти го кажа тоа, нема потреба да бараш да излезиш од френд зоната. Нема смисла.
    Така да овој „феноменов“ е само во машката глава која не умее да разликва секс од пријателство и ако е второто автоматски е срцекршачки термин. Ви се молам, ако сакаш сексуална врска со неа кажи ѝ, ако таа не сака ЈАСНО Е дека не е заинтересирана, па ако ѝ напорваш е само мањачки чин.
    Конретко за:
    Не дека се обидувам да те нападнам ама од претходно сфатив дека таа ти дала до знаење дека сексуалната привлечност која ја имала кон тебе веќе ја нема. Ако си свесен дека некој те сака на тој начин, но се срами или плаши да го искажи тоа тогаш постапуваш вака, но сега? Да ја присилиш да биди со тебе?
    Да се оддалечиш од неа за да направиш да се чувствува виновно па да има секс со тебе? Барем сеќаваш колку бедно звучеше се ова?
    И не, не е НОРМАЛНА (сексуална) врска ако таа одамна расчисти со тебе и ти на некој индиректен начин сакаш да ја намамиш пак. Тоа НЕ Е нормално.
     
    На kjukli, Bender Rodriguez и tessie им се допаѓа ова.
  3. DaCi1

    DaCi1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Здраво. Најнапред можам да заклучам дека станува збор за зрели личности. Од

    мое гледиште, ја обвинувам девојката, која според мене дефинитивно го загубила достоинството. Каква е таа незрелост бре луѓе, 'легнува' со тебе, брка шеми и на крај и светнува дека те сакала како другар. Момче, овде само искрен разговор би вродил со плод. Можеби звучи себично,ама на два стола не се седи и со сила убавина не бива.
     
    На Херкул му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DaCi1

    DaCi1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Сум имала слично искуство, но јасно сум поставила граници, што до каде треба да оди.
     
  5. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Нели е интересно како кај тебе може да остане сексуалната привлечност а кај нејзе изчезнала иако ти си истатата личност :D

    Како и да е, сакам да ти кажам дека си директно манипулиран со цел да и останеш дел од нејзиниот харем. Не се чуди ако има она и други другари или познаници што некад и биле сексуални партнери за сега веќе да не и се.

    Втора работа, жена што може да го прави тоа има извесна контрола над сексуалната атракција. Во рамките на можното е или се уште да има атракција ама кон тебе ама и е безкорисно да ја активира во моментот (нема страв од загуба), или никогаш не те свиѓала и ти дала пар пати само заради емоционално врзување.

    Нормална жена те свиѓа, ако не те свиѓа веќе те баталува, не те држи како закачалка, така што прво тоа свати го. Awkward е да се дружиш со некој со кој што си била, за потоа да си други околу него додека он ти е потпора. Треба да бидеш изнервиран накурчен на ситацијата а не да и даваш совети додека брка машки околу тебе?! Разбуди се! И ја држиш ли раката додека ја $@^@$%#? Најверојатно замислувам имаш потешкотии да кажуваш не или да покажуваш агресија кога некој ти гази во границите.

    Ти си завршил таму каде што си завршил токму заради тоа не изкажување на агресија. Bad boys-от што ги ќарува не се ништо полоши од тебе туку кога им го пробала тој филм на нив, они ја откачиле, а потоа она се враќала и враќала, бидејки единствен симбол за љубов и е грижата на совест. Небитно, тоа е за друга тема :D Најверојатно уште на првиот муабет, кога пробала да им спомне бивш или нешто за некој друг тип ("ејј ама е убав оној таму"), добила некој многу ладен поглед или едноставно и кажале да заќути ако и се седи со нив.

    Финално, откако ќе сватиш се тоа горе и ќе се накурчиш дека некој те манипулира, мора да се помириш дека неможеш да ја контролираш ситуацијата и да знаеш дали ќе ти се врати она или не. Мора да ти биде сеедно што ќе направи. И немој да се поколебуваш, еднаш кога ќе ја направиш одлуката, веруваш во нејзе. Нема враќање назад, нема извинување, не се сомневај во тоа што си го осеќал.

    Откако тоа ќе се деси да ја баталиш на начинот што највеќе те исполнува, ако се врати после тоа го имаш воланот. Евентуално ќе те остави пак ама тоа е небитно ќе си го направиш ќеифот. Ако не се врати, ќе бидеш попаметен за друг пат. Во секој случај си добил добра лекција и ќе научиш за дел од себе што си го потиснувал. Не се замарај дали ќе се врати или не, кога тоа ќе го осетиш, тогаш и ќе имаш највеќе шанси да ти се враќаат лабилни жени.

    Веруј знам, за жал само и такви ме привлекуваат
     
    Последна измена: 19 август 2015
    На Херкул му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Типкава те работи како овцааа. :)

    Прва забелешка, ова твоево толку не спаѓа у френд зоун, поише фак френд. Пошто, френд зоун ти е од старт сместување у групата непожелни, а во твојот случај има преодна фаза. Исто, муабетите дека не те гледа на ,,оној'' начин, а те бара за партија секс секој пут коа ќе и се приебе, се еднакво пропорционални со глуматањето фина, морална и принципиелна дама. Не наседнувај на тие евтини женски фори, упали кликерот, смири хормони, разбистри глава. Тешко ќе иде на почеток, ама кога еднаш ќе извлечеш поука од оваа игра веќе нема да бидеш манипулиран.
     
    На Nausicaa, kjukli, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Фала ви дечки на фидбекот, особено тебе @Igrata што во 3 саат после полноќ ми пиша интересен осврт :)

    @theowndemon , девојката беше таа што првично флертуваше со мене, таа иницираше таков почетен темел на нашата врска и таа прва иницираше секс. Можеби треба да се гледам како искористен од нејзина страна? :) Мислам дека причината зашто одлучи да ме гледа како пријател е затоа што нема блиски пријатели од доверба и дека тоа многу и фалеше.
    И зошто она да биде таа која ќе ја дефинира нашата врска? Што ако јас не ја гледам како пријателка заради тоа што веќе сме го имале? Зарем немам јас право во ситуацијава да кажам: бирај девојче, или си со мене или исчезни од мојот живот и бркај си ги тие bad boys што те понижуваат, искористуваат и заебуваат (за жал таквите ја палат и не само неа)

    @Valerin , у право си дека треба да смирам хормони и да разбистрам глава. Али лето е, не можеш а на тоа да не мислиш.. до душе и во зима :D
    Да фак френд и бев на почетокот, а сега бест френд. Мислам дека не ме манипулира, туку едноставно и фалеше бест френд како мене во животот и тоа го смета за повредно од дечко или ебач и затоа не сака да ме изгуби (пошо бест френд е потрајна категорија од дечко/ебач - за жал). Али сепак мислам дека ако не сака целосна и нормална врска, да ја баталам. Мислам дека го имам тоа право, како што и она има право да си ги менува емоциите и односот спрема мене.
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    ^

    Пер, биди убеден дека не ти е бест френд. Ќе звучам клише, али знаеш и сам дека бест френдовите не чувствуваат сексуална тензија, а следствено на тоа не се ебаваат. Ти си и требал како утеха, те искористила како куртон. Индикација ти е самото тоа што е во потрага по нов партнер кој не го нашла. Еве и тебе ти требало секс, ама преминало во искористување во оној момент кога ти си почнал емоционално да се врзуеш со неа. И во тоа е сржта на проблемот, што ти мислиш дека е океј цура, додека она те вози многу вешто, на мошне подл начин.
     
    На kjukli, tessie, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    @Valerin, не сум емоционално врзан за неа, ваљда само имам потреба од секс.. а не можам да бидам близок со друга и во исто време близок и со неа. Не би можел да фатам друга девојка, а да бидам близок со неа. Тоа не би било фер кон новата девојка, а и мене ќе ми го ремети фокусот.
    Можда си у право дека ме искористила како куртон на почетокот. Али убаво ми дојде и мене тогаш :D
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.023
    Допаѓања:
    159.705
    Пол:
    Женски
    @Херкул секогаш еден е кој одлучува за меѓусебната врска, оној еден кој ќе биди првиот да речи „не“. Безразлика кој прв флертовал, битно сте имале нешто и сега НЕМАТЕ. Ти неможиш да се помириш со второто. Ќе фатиш женска и кога ќе ти раскини ќе велиш дека само таа одлучила за вашата врска и ќе ја пратиш мањачки дури не ти се смири? Секогаш кога се става крај едниот го прави првиот чекор, едниот вели „не“.
    Можеби си искористен, зависи како сите вие го дефинирате тој збор ама искрено во мојот речник за секс и врски го нема зошто вие сте извлекле заедничко задоволство и никој не е искористен во случајот.
    И за крај, ако тебе те мачи твоето „пријателство“ со неа, кажи ѝ го тоа, ама со намера да се оддалечиш од неа за да не ти е тешко, а не да ја искористиш за секс.
     
  11. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Se slozuvam so @Valerin best friend ne se eb*t
    Jas imam najdobar drugar cel zivot i nikogas ne me privlekuval seksualno.Imam i drugi drugari i kon niv sum gledala isto kako kon drugarkite.Malku mi e glupo ste se motale,ste se ebe*e pa sea si davate soveti za drugi deckovci/devojki. Neznam kolku god imate no mene ovoj odnos mi e preterano za nikade,i mislam deka ona dobro znae ti kako ja gledas,ne samo kako drugarka i toa i godi i te iskoristuva bez ti da znaes..
    Ako sakas nesto poveke so nea,vrska treba da si iskren i da i kazes do kade ti se granicite na tolerancija i deka poveke nemozes da i davas soveti za drugi maski zasto seuste te privlekuva,dali ja sakas neznam i ne navleguvam vo toa no ako imas custva kon nea treba da i kazes.
     
    На Херкул, tessie и Valerin им се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Единствено логично објаснување ми е дека си и се допаѓал на почетокот, ама сте имале секс и не било добро, не сте се пронашле на тоа поле, а таа не сакала да те изгуби како пријател затоа што во меѓувреме си и станал драг.

    Не е фер и од твоја страна да и глумиш пријател ако те привлекува на скроз друг начин, мораш да разговараш со неа искрено.
     
    На Nausicaa, kjukli, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Добар ни беше сексот. Вкупно имавме 6-7 пати и секој пат она иницираше, ме викаше по телефон... освен ја еднаш што иницирав. Да не и се свиѓаше сексот, ќе престанеше после 2-3 пати.

    Но не мора само за мене да збориме. Мислев дека ова е чест случај, кога со некој што ја/го свиѓате ќе завршите во френд зона. Ова е популарна тема, не верувам дека сум „редок случај“. Еве читнав нешто и на интернет на оваа тема, се надевам ќе ви биде корисно :)
    https://www.psychologytoday.com/blo...he-friend-zone-friend-girlfriend-or-boyfriend
     
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    @Херкул, не би рекол дека твојава ситуација е класична френд зона - таа е „резервирана“ за момци кои немале ништо со нивните другарки, ама би сакале.

    Ова твоево ми личи на оние ситуации во кои дечкото и девојката по раскинувањето остануваат пријатели и продолжуваат да се дружат. Додуша, и овој феномен не ми е јасен и сфатлив, ама ајде, тоа е више друга тема. У секој случај, девојчево се изјаснило дека те гледа само како другар, така да мој совет би ти бил да го намалиш дружењево со неа и да си најдеш девојка - која ќе ти биде и другарка, а и ќе сака да има секс со тебе.


    Инаку, еве, да не испадне дека само за твојов случај коментираме. Моето мислење за машко-женските „пријателства“ веќе го пишав во „Совети од машка страна...“, па нејќам да се повторувам. Накратко, дефиницја за другар од машки и женски аспект (важи за 99% од случаевите):

    Женска дефиницја за другар: Машко на кое му се допаѓам и сум свесна за тоа, но тој мене не ми се допаѓа на таков начин. Но, нема да му го кажам тоа отворено, од време на време ќе му давам малце надеж за да остане да се вртка до мене, да ми дава комплименти, ми ја дига самодовербата и ми служи како рамо за плачење.

    Машка дефиницја за другарка: Девојка која ми се допаѓа (би сакал да се муваме, да имаме секс, а најверојатно и да се „фатиме“), но немам доволно храброст и самодоверба да и го кажам тоа во лице. Затоа, ќе играм на „сигурно“ и ќе се заштитам од одбивање, така што нема јасно да ги искажам своите намери, туку ќе настапам другарски. Ќе се дружиме и јас ќе си ги чекам моите 5 минути - кога ќе ја остави дечко и, кога ќе се начука или кога едноставно ќе и се „отворат очите“ и ќе сфати дека јас сум правиот за неа. Не се знае кога и дали тоа ќе се случи, ама старите не џабе рекле „кој чека - ќе дочека“.

    Ете, тоа ви е суровата реалност и вистина, драги мои. Кој сака нека негира, но тоа е тоа.

    Секое машко треба да си го постави следново прашање - дали би сакал да имаш секс со најдобриот другар? Нормално, не.

    А со најдобрата другарка? Ако одговорот е пак категорично не, тогаш (можеби) навистина имате другарка. Сите останати машко-женски „другарства“ се самозалажување или залажување на некој друг.

    Некако маживе кои кукаат дека се френдзонирани не ми се за оправдување, иако многу се трудат да се претстават како жртви. Ако не ти чини да си и пријател, кој рекол дека мора да и бидеш? Батали ја таа нездрава „врска“ и најди си или вистински другар/другарка или фати си девојка. Ова не е ни едното ни другото, а нема ни да биде.

    Тоа би било, отприлика.
     
    Последна измена: 19 август 2015
    На Shalitra, Nausicaa, bombona23 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. DaCi1

    DaCi1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez ти пуштам рака за предобро дефинираните поими!
     
    На kjukli, crimson и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Имaте грешка, не секогаш женското е свесно дека му се допаѓа на другарот. Некои другари се вистински. И некои машко-женски другарства се вистински. Посебно ако се другари од рана возраст.
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски

    Ако сакаш женската да почне да се интересира за тебе треба од ова сето што го кажа да го правиш спротивното. Биди ти лошото момче, не и доаѓај веќе во пресрет и кога ќе почне да те прашува што се случува, зошто си толку ладен кажи и дека ти не можеш да бидеш пријател со неа. Ќе бидете нешто повеќе од пријатели или само странци. Јас мислам дека треба и ти да си играш малце со неа :)
     
    На Херкул му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Машки
    Биди среќен дека си ја легнал и не драматизирај многу :D
    Освен нормално ако не ја измисли сторијава.
    Затоа шо трчкаш по неа затоа така ти праи. Остај ја сама ќе ти дојде, не дека ќе сфати нешто посебно и ќе и светне нешто у глава, туку сака да може да те контролира, да бидеш зависен од неа.
    Треба да научиш да уживаш со женски, а не да стануваш зависен од нив.

    Сеа ќе ти кажам по една шо трчкав ја како се понашаше со мене ко имав 19-20 годиини.
    Има такви дрски женски шо не сакаат ни да кажат дека те глеат ко пријател и те игнорираат иако тие иницирале упознавање да речеме. И сеа те игнорира или ладно те поздравува и си викаш шо фајде од ова очигледно е дека не ме свиѓа па да не комплицираме и викаш ако не сакаш да се дружиме, нема да те замарам ја сум разбран човек, нема потреба лицемерно да се поздравуваме. Не бе нема везе така си замислил. И пак истиот кисел, сожалувачки поглед ко да дознала дека умираш за 3 дена, и си викаш батали ја, не вреди, едноставно е не ја познавам повеќе.
    На крај краева која е па она да трчкам по неа? Кралица некоја? Не ме привлече по изглед нималку, имавме исти интереси, се замараше со учење, мразеше гужви и забави до 5 сабајле.
    Али есапот дома и на пазар не е ист :D

    Ја игнорираш месец-два, не и пишуваш на фб и почнува тоа егото да и проработува. Ти ја пушта другарката со надеж дека ќе ја прашаш за неа. Не ја прашуваш и пак ја игнорираш, али не зашо се надеваш дека сама ќе ти дојде, туку не можеш да глеаш лицемерни луѓе. Почнува лајкови да ти става на се шо ќе постираш, а кога ќе те сретне, те глеа ко господ да се симнал на земја.

    И си викаш, ај бе ја не и реков директно да излеземе, може грешка сум проценил. Па и да те корпоса ми изглеа нормална, ваљда нема да ме исмева.
    Пишав порака на фб, оттогаш почна улица да ми одминува кога ќе ме види. Е пак викам надевај си се ти.
    Колешки нејзини ме гледаа ко од марс да сум паднал, онака сожалувачки, абе у читална на соседна масса ќе седне и на глас ќе се смее со некое машко. Па пиши 2 реда муабет на фб, застани ме 2 реда муабет напрај ми, шо ќе направам ако ми речеш не?

    И таман подзабораив си викам стварно не вредела, моја грешка, полагавме заедно еден испит сите колешки нејзини ме изгледаа како шо кажав сожалувачки, после 2 и пол месеци ми стигна порака, мене не ми е битно кога сум ти вратила, ја сум малце себична, али ќе бидеме другари и секогаш може совет да побараш од мене????

    Ама која е поентата да ми пишуваш дека ќе бидеме другари, озбилно? Да додадеш сол на рана? :D
    Ни бев дрзок, ни безобразен, ниту имав задна намера, што те кошташе во рок од неколку дена да ми кажеш не сакам, не можам, дури измисли дека имаш дечко. Зошто го праеше ова? Пошо ти се може?
    Ја така функционирам ми вика. Па тоа е исто со ми се може викам.
    И се држи до тоа ја така функционирам. Па голем дел од женските функционираат така викам, ја мислев дека си позрела и барем нема да ме исмеваш наоколу пошо замисли сум бил искрен. И ќути и после 5 секунди ја така функционирам. Ќе сме биле другари? Какви другари, ќе ми даеше еднаш да ти ја залижам, ветувам 10 години другар ќе ти бидам. И сеа дрзок сум бил...

    Си го наполни егото, ја сум сигурен дека вака некако размсилуваше:
    Koj си бе ти? 99 фраери им се дигна на мене, па ти да не сакаш да ме ебеш? Има да ме посакаш па да те корпосам така шо ќе ме памтиш :D
    Kaко шо реков еднаш, една колешка шо викаше:
    Aко ме свиѓаш пожелно е да ми кажеш, уствари МОРАШ да ми кажеш. Не дека мене ми е гајле за твоите чувства туку добро е за моето его.
     
    На Shalitra и Nerwing им се допаѓа ова.