HPV - тип 16

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од crnaaa, 27 јули 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. crnaaa

    crnaaa Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    pomagajte od manu denes mi stignaa rezultatite- sum imala hpv tip 16 spagalo vo grupata na visokorizicni virusi- sto da pravam ke se seknam- nedela mi zakaza ginekologot pregled pomagajte luge pa jas kako ke ostanam bremena so vakov rezultat dali vlijae ova na zacnuvanje?ili na bremenost?kako se leci -pa se do sega se mi bese vo red site ispituvanja sto gi pravev a gi pravev sekoja godina ni kandida nemav -ke puknam pomagajte VE MOLAM
     
    На jana31 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    754
    Црна,еве срце јас најдов едно слично прашање на интернет и одговор од една докторка, па може да си прочиташ. Немој да паничиш,се се решава, иако е високоризичен, сепак незначи дека ќе се развие во нешто полошо.

    PRED TRI GODINI DIJAGNOSTICIRANO MI E HPV16,POSLE TRETMAN SO KREMA ALDARA VIRUSOT ISCEZNA.I EVE POSLE EDNA GODINA POVTORNO MI E DIJAGNOSTICIRAN HPV16.
    BI MOZELE LI DA MI KAZETE NA STO SE DOLZI POVTORNATA POJAVA.NEMAM SMENETO PARTNER NITU PAK SO POSTOJANIOT PARTNER VO MEGUVREME SME IMALE ODNOSI BEZ KONDOM. ME INTERESIRA I TOA DOKOLKU BI SAKALA DA OSTANAM BREMENA IMAM 26 GODINI. DALI TREBA NESTO POSEBNO DA SE PREVZEME I DALI VIRUSOT BI VLIJAEL STETNO NA PLODOT.
    ODNAPRED VI BLAGODARAM

    Драго ми е што си ја посетила нашата web страница и што таа го привлекла твоето внимание. Ова е македонски портал за ракот, односно за малигните заболувања.

    Што се однесува до твоето прашање, ќе пробам да ти одговорам, но сепак за подетални информации за ХПВ инфекцијата, како и за начинот на лекување, ќе треба да се обратиш до специјалист-гинеколог.

    Инфекцијата со ХПВ вирусот воопшто не е едноставна, па мислам дека е најдобро повторно да разговараш со својот гинеколог за понатамошниот начин на лекување. Секој пациент е индивидуа сама за себе, па и така се пристапува во лекувањето, т.е. индивидуално кај секој пациент.

    ХПВ инфекцијата е предизвикана од хуманите папилома вируси и е честа кај младите. Често оваа инфекција оди без симптоми, а можат да се јават полови брадавици, шилести кондиломи на вагината, пенисот и анусот, кои можат да бидат болни и да крварат. Постојат преку 100 типови на ХПВ.

    ХПВ инфекцијата се пренесува по сексуален пат, најчесто е во субклиничка форма, и е присутна кај 7-17% од женската популација. Оваа инфекција има улога на промотор во канцерогенезата, додека иницирачката улога се препишува на други агенси (на пример на херпес симплекс-тип 2 вирусот, на пушењето).

    Постојат високоризични ХПВ вируси (ХПВ 16, 18, 31 i 45) и нискоризични ХПВ вируси (ХПВ 6 i 11).

    Кај тебе е откриен ХПВ вирусот 16, кој спаѓа во високоризични вируси, кои покасно можат да доведат до промени на слузницата на грлото на матката и до развој на карцином. Тоа немора да се случи, но пациентки со ХПВ инфекција се со поголем ризик за развој на ова малигно заболување.

    Инфекцијата со високоризичните (онкогени) ХПВ типови е силно поврзана со настанувањето на карцином на грлото на матката. Тие се обвинуваат како високо ризични, бидејќи нивната поврзаност со CIN III (тешка дисплазија) и со Ca in situ е извонредно честа (50-93%). Затоа, од голема вредност е HPV типизацијата во одредувањето на ризикот за настануавањето на цервикалниот карцином.

    Сите овие информации не се наменети да те заплашат, напротив, треба само да те едуцираат повеќе.

    За ХПВ вирусот нема дефинитивен лек, иако некои од вирусите исчезнуваат и спонатно. Во лекувањето на оваа вирусна инфекција не помагаат антибиотиците, кои се ефикасни за бактериские инфекции. Треба да се води сметка и за габичните инфекции, воспаленијата, кои може да го потенцираат вирусот.

    Промените се лекуваат со премачкување, со лекови и хируршки. За тоа, која од овие терапии ќе биде применета кај тебе, сепак, одлучува гинекологот.

    Што се однесува до кремата Алдара, која си ја употребувала, таа покажува најдобри резултати, но сепак, инфекцијата може да се јави повторно и по престанување на лечење со кремата, кај околу 20% од пациентите.

    Тоа е инфекција која тешко се искоренува и рецидивира т.е. повторно се јавува.

    Се смета дека како важен фактор во борбата против оваа инфекција е зајакнувањето на имунитетот. Затоа се препорачува јакнење на имунититеот со здрава храна т.е. консумирање на големи количини овошје и зеленчук, внесување на антиоскиданси (бета каротин, витамин Е и Ц), и високи дози на фолна киселина (Фолацин 5мгр. таблети), престанок на пушењето, намалување на стресот, доволно одмор, сон и шетање.

    Добра вест е тоа што ХПВ вирусите не влијаат на бременоста, ниту на зачнувањето. Жените кои имаат ХПВ инфекција имаат нормална бременост и нормален пород.

    Сепак, со оглед на тоа што ХПВ инфекцијата е еден од најзначајните и најважни фактори на ризик за настанување на карциномот на грлото на матката, важни се редовните гинеколошки прегледи и контроли.

    И нешто повеќе за вакцината против ХПВ, за која и кај нас, овие денови посебно се говори. Станува збор за четворовалентна вакцина која помага за заштита од болести што ги предизвикуваат ХПВ типовите 6,11, 16 и 18. Вакцината помага во превенцијата, односно во спречувањето на појавата на овие болести, но мора да се знае дека таа не ги лекува. Вакцината е произведена со рекомбинирана технологија и содржи само делови од вирусот. Таа е наменета за девојчињата и девојките од 9 до 26 години и се применува во 3 дози.

    Вакцината има превентивна улога, односно нејзиното дејство е најдобро и штити од каков и да е контакт со ХПВ од типовите 6,11,16 и 18. Најсигурно е вакцината да се прими пред почетокот на сексуалниот живот.

    Но, треба да се знае дека лице кое е веќе заразено со ХПВ може да има корист од вакцината затоа што повеќето лица не се заразени со сите 4 типа на ХПВ од кои вакцината заштитува, па ќе имаат одредена заштита од останатите типови содржани во вакцината.

    Се надевам дека ти одговорив на твоите прашања. Доколку има уште нешто што би сакала да знаеш, слободно пиши.

    Поздрав.

    Др. Лилјана Ацева.
     
    На Skorpi и crnaaa им се допаѓа ова.
  3. crnaaa

    crnaaa Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    BLAGODARAM mnogu navistina si srce , navistina mi pomogna psihicki da se opustam malku ...pozdrav i sekoe dobro....
     
  4. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    754

    Нема проблем, само биди психички посмирена, јади здрава храна,и многу витамини за да го зајакнеш имунитетот. А кога имунитетот е јак човек може и против ХИВ да се избори а не па за ваква работа. Оди си на контроли, слушај го докторот и може и оваа кремава да ти ја даде,па се да ти помине и да се повлече вирусов. Ти посакувам се најдобро, па кога можеш пиши ни како си, да не те мислиме. И јас сум сега нешто недобра со бременоста, и кога ќе си легнам навечер по сто пати си повторувам во памет дека се ќе биде добро, ќе се среди ситуацијата, се ќе се заврши во најдобар ред. Викаат кога човек испраќа позитивни сигнали, со позитивно му се враќа.
    Секое добро
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cvox

    cvox Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ve molam da mi kazete kade mozam da ja najdam kremata aldera i po koja cena
     
  6. Favorit

    Favorit Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    dijagnosticirana so hpv pred 10 god i cin 2, posle intervencija konizacija site naodi do sega se uredni, pap testovite se negativni a i tpizacija napravena pred nekolku god pokaza negativen rezultat na hpv.
    Ona sto me zagrizuva e otkrieno e deka hpv moze da predizvika i rak vo ustata kaj onie partenri koj probale oralen seks pogotovo ovie visoko rizicni kako da se proveri toa i dali se prenesuva preku baknez, ke ja zamolam doktorkata ako moze podetalno okolu ova i koj se rizicite od prenesuvanje na virusot.
    Isto taka me interesira dali e mozno da se prenese preku normalen kontakt rakuvanje obicen dopir i sl.
    Vi blagodaram.
     
  7. S.J

    S.J Нов член

    Се зачлени на:
    17 април 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Imam edno prashanje. Pred nekoja nedela bev na tipizacija i denes si go zemav od manu i ispadna deka imam visokorizicen tip 51. Denovive kje odam na lekar za da vidam shto kje mi kazhat.Na koj nacin e toa hirusko lekuvanje i dali i vo slucaj na tip 51 e neizbezhno ili ima i druga opcija? I kade mozhe da se najde kremata aldera. Fala mnogu
     
  8. Vekap

    Vekap Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум нова на форумот пред 6 месеци ми се појавија 2 бледо розови брадавици слично на кондиломи но не се шират и не се менуваат ни крвараат како што прочитав од многу статии кажуват дека многу брзо се шират незнам што би можело да биде тоа се прочитав на нет но вака си стојат мируваат може ли некаков совет ? Поздрав
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    9.413
    Одете на доктор.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.