1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV 6

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од sara18, 29 март 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sara18

    sara18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Здраво на сите
    Би сакала доколку може докторот да ми одговори, но секако и вашите искуства во врска со ова се добредојдени.
    Значи вака, имам 21 година и пред некое време правев ПАП тест кој покажа дека имам вирусни инфекции поточно ХПВ. Направив типизација и покажа дека е ХПВ 6. Сакам да ми кажете какви проблеми можам да имам од овој вирус, дали е опасен, дали може да ми предизвика компликации и дали со соодветна витаминска терапија можам да го отстранам. Ве молам одговорете, многу сум уплашена :(
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    ХПВ 6 НЕ Е РИЗИЧЕН ЕВЕ ПРОЧИТАЈ КЕ ТИ ОЛЕСНИ
    Видови на ХПВ со низок и со висок ризик (онкогени)
    Хуман папилома вирусите се група на вируси кои обично доведуваат до појава на брадавици. Некои од типовите ХПВ се пренесуваат по сексуален пат. Од нив се одвојуваат две категории, ХПВ со нисок ризик и ХПВ со висок ризик:

    ХПВ со низок ризик (ХПВ тип 6 и тип 11).
    ХПВ со висок ризик (најчести: ХПВ тип 16 и 18).
    ХПВ со низок ризик (ХПВ тип 6 и тип 11)
    Овие типови на ХПВ предизвикуваат појава на генитални брадавици.

    Според најновите сознанија, нискоризичните генотипови (ХПВ 6 i 11) не можат да предизвикаат инвазивен карцином, туку само бенигни промени како што се гениталните брадавици - кондиломи.Повеќето од луѓето инфицирани со овие типови на ХПВ воопшто и не знаат дека се инфицирани, бидејќи кај нив воопшто и не се развиле брадавици по гениталиите. Брадавици можат да се формираат со недели, месеци или години по сексуалниот контакт со лицето инфицирано со ХПВ. Гениталните брадавици најчесто се поврзани со ХПВ тип 6 и тип 11.

    ХПВ со висок ризик (најчести: ХПВ тип 16 и 18)
    Инфекцијата со високоризичните (онкогени) ХПВ типови е силно поврзана со настанувањето на цервикалниот карцином. Тие се обвинуваат како високо ризични, бидејќи нивната поврзаност со CIN III (тешка дисплазија) и со Ca in situ е извонредно честа (50-93%). Затоа, од голема вредност е ХПВ типизацијата во одредувањето на ризикот за настануавањето на цервикалниот карцином.

    Во прилог на ова оди и фактот што ова малигно заболување е поретко во одредени религии, каде од верски причини се прави циркумцизија (обрежување) кај мажите. Така, од цервикалниот карцином поретко заболуваат жените еврејќи, односно муслиманките. Односот на инциденцата помеѓу еврејките и христијанките е 1:5. Се смета дека смегмата со придружните бактерии и вируси плус повредите на цервиксот ја потенцираат инфекцијата и создаваат услови за метаплазија и малигна трансформација на клетките.

    Обично, ХПВ типовите со висок ризик не причинуваат здравствени проблеми и исчезнуваат сами од себе. Меѓутоа кога истите овие типови ХПВ остануваат долготрајно присутни во гениталиите тогаш тие се главен ризик фактор за појава на рак на грлото на матката. ХПВ со висок ризик, а кои се пренесуваат со сексуален однос се тип 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45,51, 52, 56, 58, 59, 68, 69 и веројатно уште неколку други.
     
    На Lolita7 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.