babylove овошни кашички

HPV (Human Papillomavirus)

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Aluloski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Д-р Игор Алулоски одговара на прашања поврзани со HPV.
     
    На Roli, betica5, Tanja.Stoilov-1985 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    358
    Почитуван д-р Алулоски,

    Ја поздравувам Вашата и иницијативата на Вашите колеги за активноста која ја превземате.
    Не знам дали баш точно овде да го поставам прашањето, но еве ќе Ви се обратам Вам.
    Јас сум 25,5 години.
    Кон крајот на 2009 правев ПАП тест и ми покажа присуство на ХПВ. Тогаш воопшти не бев загрижена околу тоа, а и мојот матичен гинеколог ми даде до знаење дека нема потреба од паника. Во 2011 повторно направив ПАП и пак ми покажа ХПВ и гинекологот повторно ми кажа дека поради терапијата со антибиотици ми се појавува ХПВ, а притоа јас скоро и да немав никакви проблеми. Меѓутоа при читање на милиони податоци за тоа колку може да биде опасен ХПВ (имајќи во предвид дека немам правено типизација и не знам од кој тип е), во октомври пак направив ПАП и во извештајот пишуваше - инфламација. Тогаш докторот ми објасни дека тоа се покажува бидејќи претходно сум имала присуство на ХПВ вирусот, и нареден пап за една година.
    Моето прашање до Вас е, дали постои можност за неверодостојност на пап тестовите, и дали е можно се уште да го имам хпв, и да направам тест порано.
    Неколку месеци со мојот сопруг се обидуваме за бебе, но досега нема резултати. Дали може да се направи некаква поврзаност со присуството на ХПВ и со досегашните неуспешни обиди за бебе. Инаку и мојот сопруг има направено спермограм, и резултатите беа одлични.

    Ви благодарам на времето и однапред Ви благодарам за одговорот.
     
  3. maminamaza

    maminamaza Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Почитувани,
    Да ја поздравам оваа иницијатива од причина што сите делиме некои мислења меѓусебно, меѓутоа без одговор од стручно лице. Мојот проблем е следниот. Од неодамна поточо 5 месеци, на рутинска контрола на ПАП тест се покажа атопични промени со можност за ХПВ. меѓутоа без цин промени. Направив типизација се потврди ХПВ16, а ткивната типизација ја однесов на патологија каде ја гледаше др.Гордана и беше негативна.Од тој момент па навака јас живеам со мислата дека за кратко време хпв16 ќе ми предизвика канцер промени. Во меѓувреме пијам не знам ни сама колку витамини, ацерола, селен, зинк, фолна, зелен чај капсула, користев Биобран, таблети за имунитет. Наредната контрола за Пап ми рекоа за 4 месеци, а тоа е веќе следната недела. Многу ми страв од резултатот што ќе го добијам. Е сега е прашањето наменето за вас: Дали хпв16 задолжително ќе направи клеточни промени, дали тоа има шанси да се случи многу брзо измеѓу редовните контроли на 4 месеци. Дали ова како терапија за третирање на хпв што го пијам е доволно за да се одржува на ова ниво и НАЈБИТНОТО, Какви се шансите хпв16 некогаш само да се повлече барем на некој извесен период да најдам спокој. И во случај на најлошото да треба да се прави некогаш конизација, тоа е решение за секогаш да се ослободам од вирусот или само моментално? Да напоменам мајка сум на две дециња. Ако сите се загрижени дека се уште не родиле, јас сум загрижена да не случајно нешто настане па да мора децата да се сведоци на нешто што не ни помислував. Би ви била многу благодарна ако ми дадете и најкус одговор, иако прашањето е долго.
    Со почит.
     
    На Donica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simonceee

    simonceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Здраво,сакам да прашам во врска со вакцината против ХПВ вирусот дали е штетна како што се шпекулираше или е корисна.Јас пред 2 години примив таква вакцина и сакам да знам дали сум направила добар избор.Однапред Ви благодарам.
     
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    32.021
    Пол:
    Женски
    Дали за типизација на хпв кога се зема брис има значење тоа дали е пред менструација или после? Или може било кога да се земе брис за типизација? :) Последна менстуруација ми беше на 31.03, а за брис ке одам во понеделник , може ли да има некакви ефекти тоа?

    Благодарам !
     
  6. marsija

    marsija Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    Докторе пред 1 недела добив резултати од пап-тест и типизација. На пап-тестот се покажа
    само инфекција трихомонијаза, а откако ги добив резултатите од типизација се покажа присуство на HPV 45. За инфекцијата ми препишаа Flagyl вагиналети, а за HPV покрај другите препораки треба да го појачам имунитетот со : -beta carotene 3x 10 000 IU
    -vitamin C 2gr
    -vitamin E 2X400 IU
    - фолна киселина 10mg
    -coenzyme Q10 4X 30 MG
    -green tea capsules 300 mgr
    -zinc 30 mgr
    -selen 4x50 mcg
    Прашањето ми е дали тоа можам да го внесувам преку исхраната (и со конзумирање на што?)или морам да пијам соодветни таблети? Благодарам однапред!
     
  7. strumfka

    strumfka Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Здраво,
    Имам 21 година. На мојот последен гинеколошки преглед на пап тестот пишува: бенигни клеточни промени - инфламација. Гинекологот ми кажа дека имам нискоризичен тип на ХПВ. Би сакала да Ве прашам колку е сериозно ова и дали треба нешто да превземам бидејќи не примам терапија. Да дополнам дека имав и Кандида албиканс за која пиевме со партнерот Tabl. Diflason од 150 mg по една таблета. Останатите микробиолошки и вирусолошки испитувања се негативни, а колпоскопијата е со уреден наод.
    Ви благодарам
     
  8. Aleksandra82

    Aleksandra82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    26
    Zdravo,
    Imam 30 god.Prv pat PAP test napraviv pred 3 god a vo isto vreme i HPV tipizacija..Testot ne pokaza nishto beshe ureden, a tipizacijata pokaza deka sum HPV nositel i toa na tip 6 i tip 56.Napomenuvam deka kondilomi nikogash ne mi se pojavile.Od togash pa na sekoi 6 meseci pravam kontrolen PAP test beshe ureden ne pokaza nishto se do posledniot koj go napraviv pred 2 nedeli kade mi kazaja deka imam vospalenie na grloto na matkata..Ne sum zemala nikakva terapija duri ni za imunitet..Edinstveno se hranam zdravo, ne pusham cigari i ne dietiram..Me interesira dali so poslednata promena veke treba da zemam nekakva preventivna terapija, dali vospalenieto znaci deka virusot se aktiviral?
    Vi blagodaram
     
  9. buttefly.23

    buttefly.23 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo, jas sakam da se konsultiram so vas vo vrska so eden izrastok kako bradavica malecka koja se naoga na prstot na rakata,se pojavi pred okolu 10tina meseci,prasav dvajca ginekolozi i tie mi rekoa deka bilo toa znak za hpv no deka ne bilo nisto zastrasuvacko i tolku od nivniot odgovor.Se rasprasuvav po internet no nikade ne najdov odgovor.Ako mozi da mi pomognite bidejki pocnuva da me plasi inaku jas sum bremena vo 7mi mesec.pozdrav
     
  10. ilirijana

    ilirijana Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0

    Prasanje: Sto znaci izoliraniot DNK materijal ne e dobar, potrebno e povtoruvanje???
    Na HPV tipizacija,??? A PAP testot e vo red? A prethodno bese utvrden visokorizicen hpv31
    sto bese laserski otstranet , i go nemav tocno 2 godini, poslednata HPV tipizacija pokaza:

    izoliraniot DNK materijal ne e dobar, potrebno e povtoruvanje cekam odgovor odnapred blagodaram
     
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    32.021
    Пол:
    Женски
    Се надевам не пречи што јас ќе одговорам :) Тоа значи дека брисот не е добро земен и нема доволно клетки за испитување, треба да го повториш брисот ;)
     
  12. kiki80

    kiki80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Имам 32 години, пред неколку месеци при редовен гинеколошки преглед на ПАП тестот ми беше откриена промена на атипични жлездени клетки -гландурални клетки и ми беше препорачано да се направи хистолошка верификација, ми беше направена биопсија и резултатот беше ЦИН 1 и присуство на ХПВ, понатаму ми беше извршена типизација на ХПВ на која се утврди присуство на инфекција со високоризичен ХПВ тип ММ4 исто така имав и присуство на кондиломи. Од страна на докторот каде што ми беа правени испитувањата во една приватна клиника во Скопје ми беше препорачано веднаш ласер, јас тоа го одбив затоа што имав доста читано во врска со ова и имав собрано некои основни информации, така да направив консултации со повеќе доктори и дел од нив ми препорачаа да си го зајакнам имунитетот и контроли на 6 месеци. Значи пиев селен, голема доза витамин Ц, капсули од масло од црн дроб од ајкула, АЛОЕ ВЕРА гел и свежо исцедени сокови од морков и лимон секој ден.
    Кондиломите си ги отстранив сама со една крема WARTEC и мислам дека сега е во ред ...барем немам појавено нови.
    Пред една недела бев на контрола и ми направија ПАП тест истотака и типизација и сега чекам резултати.
    Ве молам за ваше мислење !
    Благодарам
     
  13. emilirouz

    emilirouz Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Pred 5-6 meseci na PAP test mi se pojavi prisustvo na HPV virus. Napraviv tipizacija i se pokaza deka e visokorizicen TIP 59. Piev Biobren, go smeniv nacinot na ishrana, po prepisanata doza na biobrenot prodolziv so preparati za imunitet itn, po 3-3.5 meseci povtorno napraviv kontrolen PAP na koj se pokaza prisustvo na virus no po izvrsena tipizacija nemase prisustvo na tip 59. Za ova vreme uspeav da se steknam so osnovno poznavanje na HPV i moeto prasanje e dali koristenjeto na zastita pri seksualen odnos e dovolna zastita od HPV virusi ili HPV moze da se prenese i preku zastitata. Dali tvrdenjeto deka kondomot ne zastituva od HPV e naucno dokazano?
     
  14. elvi

    elvi Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Doktore napraviv hpv tipizacija i imam tip 16, pa dali toa deka e visokorizicen tip poteshko se leci ili voopsto ne se leci? Dali postoi moznost za povtoruvanje na hpv pri slab imunitet vo idnina dokolku se povlece hpv i kolku mu stetat cigarite na lecenjeto so ogled na toa sto gi pusam najslabite cigari 3 katran 0,3 nikotin?
     
  15. tina1985

    tina1985 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Здраво
    пред неколку години ми се појавија израстоци, личат на мозолчиња но не се
    гинекологот се посомнева дека се кандиломи, но оттогас имам направено два пати хпв типизација и излезе дека не се
    користев повеке креми за габични инфекции, се повлекуваа, но никогаш не целосно и кога ке престанев со користење пак се зголемуваа
    дали можете да ми кажете за што се работи
    поздрав
     
  16. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    22
    Почитуван Д-р Алуловски...Ве поздравувам и голема благодарност за ваквата иницијатива!!!

    Певиот пап тест ми покажа дека имам кандида,кокидни бактерии,воспаление и аскус...гинекологот ми препиша Полигинакс вагиналети...после терапијата направив повторно пап(гинекоглогот прати во скопје)..дали тоа беа микробиолошки анализи или само Пап не знам...ми јави дека имам мало воспаление што не е страшно,а и знаци кои асоцираат на хпв...ми рече не е хитно кога можам да отидам за типизација на вирусот...Ве молам,да ми кажите далие можно ови знаци да се резултат на долготрајно воспаление,,,или сепак сум накачила вирус?...и што акое нискоризичен или високоризичен?.....во меѓувреме повеќе се грижам за имунитетот....

    и што можам уште нешто на своја рака да превземам во рок од 2 недели...бидејќи тогас ќе одам на типизација,,откако ќе ми помине мензисот...

    Бидете поздравени,однапред ви благодарам....
     
  17. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    25
    1.Дали доколку се утврди хпв високоризичен тип...тоа значи дека преминува во карцином или е веќе карцином?....

    2.што може да се превземи доколку е вискоризичен тип?.....без ласери,операција,,итн,,,

    3.а и дали хпв високоризичен ќе е проблем за забременување?

    4.и дали мора секс само со кондом????..сум слушнала дека жена 62 години се оперирала од рак на грло на матката,а цел живот била девица,,така одлучила да живее....па од што се предизвикал тој рак?

    Ви благодарам
     
  18. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    1. Доколку се утврди постоење на некој високоризичен ХПВ тип тоа не значи постоење на карцином тоа значи само дека постои инфекција со тој тип на вирус. Но доколку премине во хронична инфекција да може да предизвика прво преканцерозни лезии а покасно доколку не се третира да се појави и карцином. Кај 80% од случаите на пациентките инфицирани со некој тип на ХПВ доаѓа до спонтано елиминирање на вирусот без настанат никакви промени. Но кај оние 20% кај кои инфекцијата е хронична се во опасност од ова заболување. Секако тука влијание имаат и дополнителните ризик фктори како пушење, ослабен имунитет, заболени од ХИВ и т.н.
    2. Доколку е утврдено само присуство на некој високоризичен ХПВ тип без постоење на некаква лезија на грлото на матката, не е потребно превземање на оперативни зафати. Потребен е посебен режим на однесување: ако е пушач-прекин на пушење веднаш, гинеколошки прегледи со ПАП тест и колпоскопија на секои 4 месеци, заштитени сексуални односи-кондом, користење на вагиналети Бетадин 10 дена, партнерот промивка со раствор бетадин по секое туширање, конзумирање на витамински препарати како C витамин, бета каротен, А витамин, фолна киселина, Е витамин, цинк, селен но во чисти форми, со цел стимулација на имунитетот кој треба да го елиминира вирусот.
    3. Не представува проблем за забременување.
    4. Додека трае третманот, да.
     
    На Peperutkaz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Тоа Што ве упатил гинекологот да направите ХПВ типизација е сосема во ред. Да понекогаш постоењето на инфекција може да прикрие постоечка лезија или да се манифестира како АСКУС Што значи атипични промени со недетерминирано значење. Да можно е во позадина да стои и инфекција со некој тип на ХПВ. Тоа Што сте започнале со конзумирање на витамини е во ред треба да пиете бета каротен, А витамин, С витамин, фолна киселина, цинк, селен. А по добивање на резултатите од типизацијата да се јавите за колпоскопски преглед.
     
    На Peperutkaz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. barbi25

    barbi25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Почитуван Д-р Алуловски...Ве поздравувам и голема благодарност за ваквата иницијатива!!!

    Имам 26год. не сум мажена, кога имав 22год на папа тест ми се појави cin1,cin2 i hpv. Правев биопсија и резултатот покажа dysplasia epithelii cervicis uteri gradus levis, а типизацијата од hpv беше мешана инфекција од високо ризичниот hpv59 и ниско ризичниот hpv34. Докторката ми препиша само витамини и контрола на 4месеци. По една годишна терапија на папа тестот немаше ништо, и оттогаш правев секогаш редовни контроли и се беше во ред, се до пред 4месеци кога на папа тест повторно се појави HPV. Овојпат докторот не ми даде ништо ми рече за 6 месеци контрола и не направив типизација на вирусот. Меѓутоа јас пијам витамини.
    Ве молам за совет
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.