1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV (Human Papillomavirus)

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Aluloski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Во вашиот сличај можно е да се работи или за лажно позитивен резултат на ПАП тестот (што не е ништо чудно бидејќи можни се извесен процент на лажно позитивни или лажно негативни резултати, што важи за секој друг дијагностички тест) или да се работи за реинфекција. Потребно е да се направи ХПВ типизација за да се потврди или отфрли постоењето на вирус. Тоа Што пиете витамини е сосема во ред но треба да конзумирате во права комбинација и дози. Може да дојдете кај нас на ГАК ќе ви дадеме комплетна листа на што треба да се придржувате при третман на ХПВ инфекција. Секако останува препораката за гинеколоШки преглед на секои 4-6 месеци со ПАП тест и колпоскопски преглед.
     
  2. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    И покрај ефективноста на цитолошкиот скрининг, важно е да се запомни дека ниту една скрининг, дијагностичка или терапевтска метода во медицината не е идеална а и ПАП тестот не е исклучок од тоа. За секоја цитолошка лабораторија постои извесен процент (~30%) на лажно негативни резултати кој се должи на лабораториска грешка. Во врска со ваШиот случај како прво никогаш и не е потврдено дека сте имале ХПВ инфекција (нема типизација) а од друга страна можно е сепак да бил присутен некој тип на ХПВ кој бил елиминиран од страна на локалниот имун одговор на организмот. Потребен е повторен ПАП тест со комбинирана ХПВ типизација и колпоскопски преглед. Во врска со вториот проблем, ХПВ не поврзано со неуспешните обиди за концепција. За овој проблем потребни се друг вид на иследувања за да се потврди или отфрли постоење на пречка за остварување на концепција кај Вас или Вашиот сопруг.
     
  3. leo29

    leo29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Почитуван Д-р Алулоски,
    ја поздравувам ваквата иницијатива и можноста да се побара мислење и помош од вас.
    Имам 30 години, не сум мажена, имено минатата година во месец мај правев ПАП тест кој беше во ред, кон крајот на ноември на мое барање направив ХПВ иако се чувствував добро и немав никакви проблеми но тестот покажа присуство на високо ризичен ХПВ 18. Мојот гинеколог ми даде вагиналети Гинекс Форте и ги користев 1 месец, во меѓувреме ми даде да пијам таблети за имунитетот Бетаимун и истите да ги пијам 6 месеци и дури потоа да правам ПАП и ХПВ тест. Дали ова не е долг период за проверување на состојбата и дали терапијата е во ред. Можно ли е да сум го добила вирусот од козметички салон и колку време пред да го откриеме може да е бил присутен вирусот без да ми претставува проблем, бидејќи ПАП тестот покажа дека се е во ред. Ако сум заразена од партнерот дали може тој да се тестира, дали постои таква опција и дали доколку кај мене тестовите во иднина се во ред тој пак би можел да го пренесе вирусот? Однапред ви благодарам за одговорот.
     
    На Nikol29 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Не е задолжително дека постоењето на ХПВ 16 ќе доведе до развој на абнормални промени на цервиксот. Во најголем процент од случаите и до 90% доаѓа до спонтана регресија на инфекцијата без никакви последици. Овој процес се одвива поспоро во случаи на потврдено постоење на високоризичен вирус во споредба со нискоризични вирусни инфекции. Опасноста лежи кај т.н. перзистентни ХПВ инфекции (што се дефинира како постоење на ист тип на ХПВ детектиран во два наврати во период од 12 месеци). Кај овие пациентки постои сигнификантно поголема можност од развој на промени на цервиксот од повисок степен во споредба со оние кај кои постои транзиторна ХПВ инфекција. Временскиот распон за да се појави некаква промена на цервиксот потврдена со биопсија во случаи каде постои перзистентна инфекција со високоризичен вирус според повеќето студии се движи од 24-26 месеци. Знчи не се тревожете не се одвива се така брзо, но предострожност е неопходна. Што се однесува до евентуален оперативен зафат, со операција не се лекува вирусот, со операција се одстранува промената што ја предизвикал вирусот. Значи она што е потребно да се прави е стимулација на имунитетот но и други навики, прекин на пушење, заштитени сексуални односи до негативизирање на наодот, редовни ПАП тестови и колпоскопски прегледи.
     
    На Lolita7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.213
    Допаѓања:
    47.885
    Пол:
    Женски
    На пап тестот ми покажа Плочеста интраепителна лезија од низок степен LSIL-CIN 1.

    Јас сум сексуално активна помалце од една година,од која првите 6 месеци имав цело време заштитени односи, па се прашувам како толку брзо се развил хпв и стигнал до овој степен? Дали може да има грешка во резултатите?

    Инаку имам и некое воспаление и жолтеникав исцедок па сега чекам резултати од микробиолошки брисеви, дали може од ова да покаже цин 1?
    Навистина сум загрижена и преплашена :(
     
  6. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Контролниот преглед кој ви го договорил матичниот гинеколог е доволен од 4-6 месеци, за повторување на ПАП тест и колпоскопски преглед. Во борбата со вирусот нема конкретен лек, но се работи на стимулација на имунитетот со одредени имуностимуланси како Ц витамин, А витамин, Е витамин, бета каротен, фолна киселина, Цинк, Селен, забрана за пушење, третман на генитални инфекции, промивки со бетадински раствор кај машкиот партнер на пенисот по секое туширање, редовни гинеколошки прегледи на 4 месеци со ПАП тест и колпоскопија.
    ХПВ спаѓа во групата на сексуално преносливи инфекции, така да начинот на инфицирање е јасен, потребен е директен контакт. Се пренесува при вагинален но и при орален сексуален контакт.
    Дадена особа тој/таа може да го носи со себе ХПВ вирусот долг временски период со месеци или дури и години откако бил во сексуален контакт со инфицирана особа и да го пренесува вирусот на други сексуални партнери а без да е свесен/свесна за тоа. Веднаш по инфицирањето вирусот откако ќе навлезе во клетката може да остане во т.н. латентна фаза долг временски период без при тоа да манифестира симптоми, за да одненадеж влезе во т.н активна фаза кога започнува да се размножува.
    Што се однесува до партнерот, не постои рутински тест со кој може да се потврди постоење на ХПВ вирус, евентуален преглед од дермато-венеролог во потрага по евентуални промени на пенисот кои се асоцирани со ХПВ инфекција. Обично ХПВ инфекциите кај мажите се транзиторни со елиминирање на вирусот од организмот, освен ако не се работи за можност од реинфицирање кај мажи со неколку сексуални партнерки, или реинфицирање од партнерката со која е подолг временски период во врска. Токму затоа се препорачува користење на кондом за време траење на третманот, иако кондомот не дава 100% заштита сепак ја намалува можноста од пренос на инфекција.
     
  7. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Немате потреба од никаков скептицизам во врска со вакцината. Потегот што сте го направиле со изборот да се вакцинирате е апсолутно правилен. Вакцината не е штетна туку напротив бенефитот од неа е повеќе кратен, тоа го докажуваат огромниот број на студии во светот кои ја обработуваат оваа проблеметика.
     
  8. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Понудениот одговор е точен, потребно е да се повтори присот за ХПВ типизација.
     
  9. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Најдобар период е после завршување на менструалното крварење. Истото важи како за земање на ПАП тест така и за ХПВ типизација
     
  10. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Почитуван докторе
    Јас имам раничка на грлото на матката уште од 19години (тогаш за прв пат отидов на гинеколог бидејќи станав сексуално активна) тогаш ја открив. Од кога ја имам не сум сигурна, но сакам да знам како се создава?. Сега имам 24години.Најпрвин ме интересира дали може да има некаква поврзаност со наследување, генетски, бидејќи и мајка ми имала раничка, која не ја контролирала за потоа на 36години да биде оперирана од карцином, а знам дека причинител била раничката на грлото на матката.
    Од првиот гинеколошки преглед па до денес кај мене во ПАП тестот пишува или ХПВ или цин1 и дали тоа е поврзано со раничката која ја имам. Некогаш ги има заокружено и двете некогаш, поединечно. ХПВ типизација правев пред година ипол и беше добра, т.е. негативна.
    Имам проблеми и со хормони и нередовна менструација ми доаѓа на 6-7месеци па ме интересира дали и раничката има некое влијание врз нередовниот циклус. Дали има опасност за бременост?
    Првиот лекар ме советуваше ласерски да ја третирам, но во консултации со други лекари ми рекоа дека нема потреба бидејќи немам раѓано (не сум мажена). Дали направив правилен избор што оставив да не ја третирам (горам).
     
  11. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    почитуван,би сакала да ми одговорите во врска со хпв бидејки пред година дена ми беше откриен од типот 16 и цин 1.земав витамини и некој вид на минерали кој докторот ми ги препорача и после 6 месеци бев на контрола,цин немав но вирусит уште беше присутен.контролниот пап тест го правев во Aмерика и таму докторот ми рече дека нареден контролен тест да направам после 1 година,не ми даде никаква терапија.но јас си пијам витамини и се хранам поздраво,не сум пушач.што треба да превземам за хпв да се неутрализира?благодарам
     
  12. elenka88

    elenka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    4
    Мојата ситуација е следна..пред година дена на папот ми покажа хпв тип 6 и 66,по четири месеци хпв и цин 1,за подоцна после три месеци да немам цин и на типизацијата отсуство на ХПВ...во меѓувреме земав витамини,вагиналети гинекс форте и здрава исхрана..али на колпоскопскиот преглед докторот рече дека има траги на цин 1 но не ми напраи биопсија рече за 4 месеци на контрола...дали треба да бидам загрижена и да барам биопсија??Ќе можете ли да ми кажете кои витамини би било добро да ги земам и во која доза,затоа што се досега земав на своја рака иако не знам дали го правев тоа најправилно..И дали е можно два пап теста по ред да не покажат ЦИН,а всушност да го имам?? Ви благодарам однапред..
     
  13. Nikce

    Nikce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    19
    Pocituvan D-r Aluloski,

    Na mene vo 2010 mi otktija HPV 16 megutoa go kontorlirav celo vreme so zdrav zivot, potoa vo 2011 mi bese veke cin 1 i doktorot povtorno mi prepisa vaginaleti i zdrav zivot,za po nekolku meseci da nemam veke nisto. Megutoa jas imam citano i na ovoj forum i na drugi strani na internet deka i pap testot ne e vo celost siguren i dokolku vi otkrijat takvo nesto treba da se pravi biopsija ili konizacija, a znam i nekoj devojcinja koj sto gi imaat praveno laserski a imale cin 1 i navistina nisto ne mi e jasno. Za nekoja nedela treba da odam na pregled i veke me faka strav
     
  14. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Тоа Што ви го пиШува на ПАП тестот заначи дека немате никакви промени на грлото на матката, како Што тоа го потврдила и колпоскопијата и сите направени микробиолошки и вирусолошки тестови. Тоа што ви го рекол гинекологот за постоење на ниско ризичен вирус е шпекулација бидејќи нема доказ за тоа. Доколку се сомнева на ова потребно е да ве прати на преглед од друг гинеколог на Клиниката за гинекологија и акушерство па евентуално да се направат брисеви за ХПВ типизација, па потоа да се тврди дека постои инфекција со некој тип на вирус или не. Значи едноставно кажано немаш причина за вознемиреност.
     
  15. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Она Што е сигурно тоа е дека кај вас постои инфекција со два типа на ХПВ вирус, потврдено преку типизација. Тоа значи дека не треба да ја оставите работата на случајност туку да преземете одредени мерки. За ХПВ вирусот не постои конкретен лек, она што ќе го елиминира од организмот е вашиот имунитет. Значи она што треба да го направите е да започнете со внесување на:
    -beta carotene 3x 10 000 IU
    -vitamin C 2gr
    -vitamin E 2X400 IU
    - фолна киселина 10mg
    -coenzyme Q10 4X 30 MG
    -green tea capsules 300 mgr
    -zinc 30 mgr
    -selen 4x50 mcg
    Добро е што не сте пушач. Заштитени сексуални односи, Вагиналети бетадин 10 дена, редовни ПАП тестови и колпоскопски преглед на секои 4 месеци до негативизирање на наодот. Партнерот да прави промивки со раствор бетадин на пенисот по секое туширање и да го стимулира имунитетот како и вас.
     
  16. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Витаминските препарати кои ви се препишани се токму оние кои ние ги препорачуваме во слушаи кај кои ќе се констатира постоење на ХПВ инфекција, но тоа вие веќе го знаете од листата која Ви е дадена. Пожелно е да ги пиете препорашаните таблети затоа што се во прошистени концентрации кои вие не може да ги внесете во тие дози преку храна. Инаку секако дека одредени прехрамбени продукти содржат одредени концентрации на овие витамини и микроелементи но листат е преголема за да ви ги наведам сите но генерално тука се сите мешункасти растенија (грашок, грав и др.), соја, разни видови семенки, зелка, пиперка итн.
     
  17. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Не треба да се вознемирувате околу вашата бременост и оваа брадавица на прстот. Тоа навистина не е ништо страшно. Најверојатно се работи за промена од вирусно потекло, ниско ризичен ХПВ. Прашањето е дали кај вас е направен ПАП тест во бреноста, ако не да го направите при преглед кај матичниот гинеколог. Инаку може да напваите консултација со дермато-венеролог бидејќи ваквите промени се во нивниот домен на работа.
     
  18. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Во секој случај најголемиот дел од работата сте го заврШиле успешно :) Она што би го додал е внесување на чисти форми на:
    -beta carotene 3x 10 000 IU
    -vitamin C 2gr
    -vitamin E 2X400 IU
    - фолна киселина 10mg
    -coenzyme Q10 4X 30 mg
    -green tea capsules 300 mgr
    -zinc 30 mgr
    -selen 4x50 mcg
    Ако сте пушач, веднаш прекин со пушењето, заштитени сексуални односи, партнерот да прави промивки со раствор бетадин на пенисот по секое туширање,редовни ПАП тестови со колпоскопски преглед.
     
    На Zumbulche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dr.Aluloski

    Dr.Aluloski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Немате потреба од страв и загриженост. Наодот не е толку загрижувачки но секако треба да се расчисти што навистина стои во позадината. Секако прво е потребно санирање на евентуална присутна инфекција за да се избегне суперпонирање на наодите. Откако ќе се констатира дека инфектот е елиминиран да се повтори ПАП тестот и да се направи колпоскопски преглед. Ако се потврди повторно постоење на ЦИН 1 да се направи ХПВ типизација. Препорака: имајте заштитени сексуални односи, ако сте пушач прекинете со пушењето, конзумирајте витамински препарати за стимулација на имунитетот.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Добар ден .

    Имам Цин 1 на пап тестот а типизацијата е негативна, не покажа присуство на хпв вирусот. Дали ова значи дека јас всушност немам цин или пак цин може да се создаде и од нешто друго? Што да превземам понатаму?

    Благодарам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.