1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV (Human Papillomavirus)

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Aluloski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Кај мене има CIN1, а ХПВ тестот не покажа присуство на DNA од вирусот и затоа планирам да го повторам тестот. Не е можно да имам CIN1, а да нема присуство на ХПВ. Твојава ситуација ми е тотално нелогична, не е можно за 1 месец да развиеш CIN2. Правеше биопсија?
     
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Па може претходно сум имала цин 1 подолго време а не сум знаела и сега се развило. Пап тест една година не сум правела. Биопсија не правев, туку бев на ласер и го отстранив па ќе видам како ќе биде после контролата. И јас се изненадив и покрај здравата исхрана и се што примав пак се развило. Мене докторот ми кажа дека 53ката е поретка хпв и лош тип. Ти примаш нешто?
     
    На chia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Иако ХПВ тестот ми е негативен, ја почнав со терапијата, Coenzime Q10, Beta Caroten, Selen, Vitamin E, Zink, Vitamin C, Acerola, Зелен цај, Фолна, минимум 5 свежи моркови дневно, планирам сега да појачам со Алое Вера и Матичен Млеч. Ке го повторам ХПВ тестот, па ке видиме. Само имам проблем со цигарите, не можам да ги откажам :(
     
  4. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Ти која терапија ја земаш?
     
  5. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Најбитно е да ги оставиш цигарите. Прочитај колку штетно влијание имаат за оваа работа. Инаку примав црно семе, алое вера, матичен млеч, имунокомплекс сирупот, ацерола, б-комплекс капсули, а-27 витамини и минерали, цинк и алкализирав вода постојано. Исфрлив од исхрана благо, сокови. Многу овошје и зеленчук.
    Редактирав : И гинекс форте вагиналетите ги користев.
     
  6. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Витамините, земај ги поединечно, по препорачаните дози. Ако ги немаш дозите ке ти ја пишам терапијата во л.п, пошто тоа е основната терапија која секаде во свет се препорачува.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    iloveyou29, се надевам не е проблем што те цитирам, доколку е возможно, би те замолила да споделиш искуства за постапката со ласер и заздравувањето, се соочувам со сличен проблем од неодамна. Може и преку лп. Од имуностимуланти, ќе ја започнам терапијата предложена од докторот, страници напред. Ти благодарам.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.500
    Пол:
    Женски
    Свеки имаше цин2 и високоризичен хпв, направи конизација со ласер во Ремедика, но повторно и се врати цин 1 сега.Она сега земала спирулина и едни вагиналети про баланс лејди, имунитетот и е ослабен. И гинекс форте ставаше ама џабе.
    Што друго да и кажам да зема, како и во која доза?
    @Anna85 @iloveyou29 вие имате искуство со ова :)
     
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Мене гинекологот ми кажа дека гинекс форте не помагале. Тој ми препорача да ги земам Изопринозин. Знам една моја братучедка ги пиеше, и се повлече. Сега земав да ги пијам, па ке видиме како ке биде. А инаку за нискоризичен се пиеле 3 месеци со пауза 15 дена. Значи 15 дена, па 15 не и така во рок од 3 месеци. А за високоризичен 6 месеци по истата доза. Е сега јас имав и високоризичен и нискоризичен, па гинекологот ми рече прво да ги пијам 3 месеци па ке видиме. Инаку едно паковање е околу 950 денари а има 50 внатре. Се пијат 3x2 односно 2 наутро, 2 попладне и 2 навечер. Сепак нека се консултира со гинеколог.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.500
    Пол:
    Женски
    @iloveyou29 Мислев на оние препарати за зголемување на имунитетот, бидејќи на неа од паднат имунитет и се јавуваат проблеми. Ако добро разбрав си користела разни препарати за имунитет.
     
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    На истата страна погоре ги имам напишано. А и за имунитетот е многу битно да јаде овошје и зеленчук колку што може повеќе. И ако е пушач, да ги откаже цигарите, бидејќи најмногу делувале за пад на имунитетот.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Roli

    Roli Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Почитуван др.Алуловски.
    Пред 6 месеци правев пап тест и беше заокружено клеточни промени што асоцираат на вирусни инфекции..потоа правев хпв типизација и беше изолиран хпв тип 51 високоризичен. По препорака на гинеколог земав изопренозин и вагиналети (ацидофилус, колку што можам да се сетам) и витамини таа терапија ми беше препорачано два месеци. Пред две недели правев пап тест и повторно е истото заокружено и во заграда стои -дискретно изразено. Гинекологот повторно ме прати на типизација и чекам резултат. Со никакви проблеми не се соочувам од тој тип. Не ми беше напоменето за заштитен сексуален однос и ме интересира дали вирусот е сеуште меѓу нас? Многу сум загрижена и со било каков совет би ви била многу благодарна. :(
     
  13. Roli

    Roli Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Почитуван др.Алуловски.
    Пред 6 месеци правев пап тест и беше заокружено клеточни промени што асоцираат на вирусни инфекции..потоа правев хпв типизација и беше изолиран хпв тип 51 високоризичен. По препорака на гинеколог земав изопренозин и вагиналети (ацидофилус, колку што можам да се сетам) и витамини таа терапија ми беше препорачано два месеци. Пред две недели правев пап тест и повторно е истото заокружено и во заграда стои -дискретно изразено. Гинекологот повторно ме прати на типизација и чекам резултат. Со никакви проблеми не се соочувам од тој тип. Не ми беше напоменето за заштитен сексуален однос и ме интересира дали вирусот е сеуште меѓу нас? Многу сум загрижена и со било каков совет би ви била многу благодарна.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Не може да се излечи за два месеци, пожелно е заштитени односи и пожелно е да поработиш на подигање на имунитетот. Сепак треба да имаш исхрана и да исфрлиш одредени работи од неа. Не можеш да се сведеш на лекови. Не се лечи лесно, а може и да не е хпв во вториот пат може да имаш некоја инфекција друга. Пробај види си и на второ мислење.

    П.С. Не сум гинеколог.
     
  15. mary.ann

    mary.ann Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Koi vaginaleti se najdobri, citam ima povekje vidovi...
     
  16. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    5.013
    @mary.ann Мене гинекологот ми ги препорача вагиториите „Гинекс Форте“ кои се на природна база.

    „Гинекс Форте“ се употребуваат при ХПВ инфекции како CIN1 и ASCUS, Herpes simplex, кандидијаза. Содржат чајно дрво, витамин Е и маточина.
    1525090_226922674098586_1460931477_n.jpg
    Доколку имаш ХПВ користи ги овие (во кутијата има начин на употреба, чинам дека 30 дена треба да се употребуваат). Исто така внесувај повеќе витамин Ц во организмот и при односи обавезно користи презервативи. Овие совети ми ги даде мојот гинеколог кога имав клеточни ХПВ промени. За среќа, ХПВ типизацијата беше негативна.
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Нео-пенотран форте.
     
  18. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    769
    Почитуван Д-р Алуловски сакам да ве прашам дали е штетно тоа горење на раничка предизвикана од високоризичен хпв 45?
    Инаку матичната гинеколог не ми даде никаква терапија, ми кажа дека нема потреба и ми закажа термин на државна за горење. Јас на своја рака си земав тианде влошки и пијам рецепт за имунитет од алое вера и поместен(како сируп нешто).
    Исто така ме интересира колку кошта тоа горење? Поздрав и секое добро.
     
  19. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    6.612
    Пол:
    Женски
    @strelkata др. Алуловски не одговара на прашањата на форумот од 2012 год. затоа не очекувај одговор.
    Некоја од феминките ако знае нека ти помогне или најдобро консултирај се и со друг лекар. Се најдобро :)
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Не е штетно горењето мислам, штети ако ја оставиш во тебе. Подобро да ја изгориш. А мислам не е скапо горењето ама подобро не оди на државна, туку приватно ако имаш можности.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.