Kако да им кажам на моите дека имам дечко?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од peperutka88, 1 јули 2011.

  1. peperutka88

    peperutka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Kako da kazam na moite doma deka imam decko,odime 2 godini,kaj nego site me znaat,i toj saka da se zapoznae so moite,no jas so moite nemam nikogas razgovarano za ovaa tema..tie nikogas ne me prasale za decko,nitu pak jas sum se osmelila da im kazam,no veke ne mozam da gi lazam i sakam da go resam ova no ne znam kako...sovet nekoj???
    [mod-kirilica:1yfmtzuy][/mod-kirilica:1yfmtzuy]
     
  2. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    :

    Не си мала, не знам како до толку уште одолговлекуваш. Така ќе ги седнеш и ќе им кажеш дека имаш дечко и дека си во љубов. По некоја недела ќе ги запознаеш со него и решена работа.
     
  3. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    334
    :

    Совет..

    Почни прво одоколу за дечко да спомнеш, види како ќе реагираат. Речи таа и таа другарка има дечко, сега го запознаа нејзините. Па после едноставно ќе ги седнееп и ќе им речеш : Сакам да сум искрена, имам дечко и сакам да го запознаете за да се уверите дека е како што треба :) И готово
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    :

    Кажете драгичка - ИМАМ ДЕЧКО! :)
     
    На srcekrsacka и Peperutka90 им се допаѓа ова.
  5. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    како да им кажам на моите дека имам дечко?

    Разговарај со нив нема ништо да ти кажат ! И на дечко ти му е тешко што не се знае он со твојте! Кажи им отворено на твоите нема да те изедат!!
     
  6. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    2.421
    Имаш 20 години и немате дома разговарано за дечко? :?:
    Но добрно не ја знам ситуацијата твоја дома и не те осудувам. Вака значи седни и разговарај со нив не си мала па да се срамиш да кажеш дека имаш дечко. прво би те советувала да разговараш со мајка ти, секогаш ќерките за тие работи се поблиски со мајките, па некако одокулу кажи и дека имаш дечко веќе подолго време и дека ти си ги запознала неговите па и тој сака твоите да ги запознае, но тоа нека не биде се кажано во две реченици, на пр. денес нешто можеш да и потспомнеш па утре да и кажеш за запознавањето, па таа ќе разговара со татко ти и ќе го омекне(доколку е строг). Па еден ден разговарај и со двајцата. Ако имаш сестра уште подобро разговарај и со неа и таа може да ти помогне и посоветува, па ако е постара тогаш имаш кец на десетка. Ако имаш брат и тој може да те посоветува ако сте блиски.
    Направи си план што како па потоа разговарај ти најдобро си ги знаеш твоите, и нема место за паника и страв.
    Good luck и пиши што ќе направиш ;) :*
     
  7. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.157
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто до сега не си разговарала со мајка ти. Сепак имаш 20 год, не си дете, а врската ти е 2 години. Најискрено како мајка ти кажувам утре кога ќе порасне мојата керка и ми каже дури после 2 години дека има дечко и врска толку долга, јас многу би се налутила. И тоа не зашто има дечко, туку зошто криела и ме лажела цело време, без разлика на нашиот однос.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Девојче дали имаш некој проблем во комуникацијата со мајка ти кога се во прашање љубовните врски?
    Не ми е јасно зошто не си и кажала на мајка ти до сега. Ако 2 години имаш врска што се развивала во вистинска насока сигурно си сакала многу пати до сега да ја споделиш радоста со мајка ти, пак ќе потеницирам ако е се во ред до вашите релации...
    Од друга страна, како е можно мајка ти да не се заинтересирала за тоа дали имаш врска или не...
    Ќе ја седнеш прво мамичка и ќе и кажеш а потоа и на татко ти ќе му соопштите
    Со среќа! :)
     
  9. dushka-07

    dushka-07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Па ништо.. разговарај сериозно,седни ги на маса и нешо као демек: Мамо,тато мислам дека дојде и мојот ред..дека знаеш веќе сама да си одлучуваш што ќе правиш понатаму.. Можеби ќе ти биде тешко но собери храброст,доволно си голема :D
     
  10. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    262
    -Еј мамо,тато? Сакам да ви кажам дека имам 18 години, вљубена сум веќе 2 години и имам дечко кој многу го сакам. Сака да ве запознае, утре во шест може да дојде? :wasntme:
     
    На cucii...ii, CoverGirl10 и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.818
    Пол:
    Женски
    Мене не ми јасно како си успеала 2 год. да криеш...
    Па добро бе, што им кажуваше кога излегуваше, со кого излегуваш, како се договаравте, зборувавте ли на тел, со кој збориш што им кажуваше :?: ....

    Не си ти крива, виновни се твоите што не оствариле блискост со тебе. Мајката ако не знае каде и со кого и е детето, па кој треба да знае :!:
    Многу се нервирам па и се секирам кога ќе слушнам дека постои ваква незаинтересираност од страна на родителите. Се плашиш да им кажеш дека имаш дечко..утре задутре не дај Боже да се случи нешто неочекувано..па ти девојко што ќе правиш... :^)

    Време е да почнеш да разговараш со нив. Две год. не се малку да криеш врска, кој знае колку ти било тешко :(

    Сепак каква и да биде реакцијата на мајка ти, прво со неа разговарај, ако треба почни од амебите...во стил...знаеш мамо јас не сум веќе дете, голема сум, се случи да се вљубам, дечкото е тој и тој, од таму е, му значам, ми значи и така натака...разговорот сам ќе си тече. Потоа во зависност од нејзината реакција (сепак не знам каков ви е односот мајка-ќерка) ќе го информирате и татко ти, па и ќе се запознаат.
     
    На Gea, nesa и Doozy им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    58.573
    Не верувам дека има родител кој не сака да биде информиран околу тоа дека ќерката има дечко. Секој сака да види кој е, каков е и слично. Така да, би требало да бидат заинтересирани ако им кажеш. Наједноставно, без вртење - Луѓе, јас имам дечко. И толку.

    Второ, како успеа да испаѓате две години, да се гледате, родендени, годишници, празници и делници, без да разберат? Абе комшиите сигурно те разбрале, а не пак твоите дома. Мислам, глупаво е, мене уште ме прашува мајка ми со кој одам, каде и слично. Не во смисла дека ќе ми рече не смееш да одиш таму или со тој, туку чисто информативно, низ муабет. Две години не е мал период за да викаш дека си со другарки. :x

    Дури ми запнува да ги аднувала на фејсбук потенцијалните кандидати, иако јас и немам ништо кажано. Заклучила таа од фејсбук. Свашта. И реков дека не смее да адне никој без моја дозвола претходно. :D

    И трето нешто, или немаш 18/20 години, или твоите се построги дома. Полнолетна си, зарем би ти забраниле ако им кажеш ?? Па и не е толку трагично нешто, сигурно имаат нешто насетено, верувај. Само се прават дека не знаат. ;)

    Едит : Истото мислење со лолита, потполно истата поента. :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    10.198
    Пол:
    Женски
    Просто... ќе ги седнеш и ќе им кажеш мамо, тато јас имам дечко. Нормална работа е, не си 13 годишна па да пререкуваат. Ќе те сфатат. Јас кога се фатив со либево мое, уште 3тиот ден им кажав, затоа што неможев да се кријам. Ми рекоа само памет у глава, млади сте, хемија ова она :tmi: .
    Да сум на местото на твоите би се налутила што 2 години си криела, за ништо друго. И стварно не ми е јасно како си успеала
     
  14. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    291
    мамо знаеш што?-Јас имам дечко сакаш да го запознаеш?
    тато знаеш што?-Ке ти донесам дома зет да го запознаеш...


    Мислам 2 години врска да криеш? Аман бе девојко зарем никогаш мајка ти не се заинтересирала дали имас симпатија дечко? Девојки на твоја возраст мајки се некои...јас да имам керка 20 год и да не спомне ништо за дечко озбилно би се загрижела да не е застранета (за лизбејка мислам)
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Не ми е јасно како цели две години си го криела тоа? :|
    Инаку не е ништо страшно, веројатно твоите очекуваат дека ти на оваа возраст треба да имаш дечко, па не мислам дека ќе бидат којзнае колку изненадени кога ќе има кажеш.
    Нормална работа е тоа, нема што да криеш.
     
  16. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    МАмо, тато шо праите, добри сте? :wasntme:
    Вака мислам дека е време да ви кажам, да знаете и да бидете вклучени целосно во мојот живот, јас имам дечко (тука доаѓа до фалење колку е срцка, добар и се сакате), ги оставаш минута две да сватат што всушност си кажала и оставаш да ти кажат и да те прашаат што имаат. Гуд лак!
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.068
    Ќе им кажеш: Мамо, тато, имам озбилен муабет со вас...Ќе се мажам, трудна сум петти месец, со дечко од друга вера и 20 год. постар од мене...И таман пред да ги удри шлог, ќе им речеш: Се зезам, само имам дечко... ;)
     
    На Marcey, Li0ness, Anely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ljubena-18

    Ljubena-18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Mislam deka ne si trebala voopshto da kriesh..da imash decko e normalna rabota..kje sednesh kje im kazesh..kolku povekje kriesh veruvaj mi tolku polosho..tvoite sekogash kje te podrzat ne treba da se kriesh,soberi hrabrost , kazi im i kje vidish kolku kje ti bide polesno..:):)
     
  19. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.462
    Допаѓања:
    796
    ке и кажеш на мајкати а мајкати одма ке му пренесе на татко ти .................мечка страв тебе не страв :lol: :lol:
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Уште немаш кажано?ајде мор,што чекаш?да те видат со него или од други да дознаат?деца на твои години и деца прават она се плаши да каже дека има дечко :D :D :D