1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mе изневери и јас му простив

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Pubu-bubu, 1 април 2012.

  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Најголема доблест е да простуваш, ама ЕДНАШ :!: .Секој има право на уште една шанса и еднаш да згреши.Вториот пат простување нема. :!:
     
    На vw-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би можела да простам. Никогаш не би можела да заборавам. Им се восхитувам на оние кои можат и подоцна не ги јаде сомнеж, гнев и лутина. Продолжување со таква врска би ми било мачење. Отсекогаш било така за мене.

    A не можам да ги смислам оние кои бараат да им се прости за неверството, а самите очекуваат верност. :puke:
    Бесрамни себични копилиња.
     
    На naughtygirl, duffi и hermosa им се допаѓа ова.
  3. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Браво! :clap:
    И јас сум иста. За превара- едно категорично не.
    Ако тој не ме почитувал зошто па јас него да го почитувам, па и да бидам на исто како шо сум била претходно?! Ноу факен веј. |(
    Fool me once, shame on you. Fool me twice, shame on me. ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Кај тебе е многу потешка ситуацијата бидејќи сте оделе 5 години. Знам како ти е. Јас исто одам 5 години и доэнав дека ме иэневерил но кога одевме 2 години и му простив, јас не ти препорачувам да ја продолжиш врската од мое лично искуство ти кажувам дека врската нема никогаш да ти биде иста како што ти била досега. Ти ќе простиш но никогаш нема да эаборавиш и цело време ќе се навраќаш на истото. Кога ќе се иэгуби довербата во врската џабе е се, јас тоа сега го сфатив и да можам да го вратам времето не би му дала уште една шанса али тоа е сега е предобар со мене и се е како што јас сакам но секогаш во мене ќе има сомнеж дали ме лаже, дали ме иэневерува эначи што и да стори се е эалудно јас никогаш нема да го эаборавам неговото неверство,и секогаш ќе се сомневам. И немој да се эалажуваш со тоа тој не ми дава, тој нормално дека нема да ти доэволи ќе цимоли ќе направи се эа да те эадржи но ти биди храбра и стави крај ако мислиш дека неможиш да преминеш преку тоа. Мислиш дека ако ти си го направела тоа, тој би ти простил? Сигурно дека НЕ.
     
  5. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    знам дека нема да ми прости но нешто ми вели да му дадам 2 шанса ,а не е исто никогаш нема да биде во последните 2 недели само си барам изговор за да се скараме за да му го плеснам во лице тоа што ми го направи :@ :@ :@ а јас бев таа што секогаш му велеше дека се ке ми простам но никогаш ако ме изневери,НО ете по незма кој пат си прегазив на зборот :( уффф камо да имама сили да му завртам грб и да не го погледам никогаш веке
     
  6. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Се би простила ама буквало се само неверство не !
    Едноставно неможам да поминам преку тоа,посилно е од мене.
    Им симнувам капа на тие што можат.
    Верна сум и за возврат го очекувам истото.
    Неможе мене некој да ме прави смотана на здрав мозок ,а притоа јас да се правам на „Тошо„ како ништо да не се десило :)
     
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.301
    Пол:
    Женски
    сакам те,како можеш да размислуваш да му простиш?тоа е многу тежко,пред се довербата е изгубена а и тој ако толку те сакал мислиш би те изневерил :^) ?а ти доколку си го изневерила дали би ти простил,прашај го :D .озбилно,јака ти душа,но едно е сигурно ,го сакаш премногу штом размислуваш така :!:
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Ме изневерил еднаш- ке го направи пак!
    Категорично НЕ за неверството и простувањето. Не ми паднало на памет да го изневерам, не сакам ни тој. Се водам по тоа ''Не прави го тоа што не сакаш да ти го прават!''
    Нема да му простам па макар се работело за долга врска , многу вложен труд, се ќе падне во вода. Едноставно не го гледам повеќе со исти очи, колку и да имало љубов пред тоа.
    И мразам изјави од типот Јас те изневерив но сепак те сакам, и се вратив кај тебе... Да , да секако.. :devil:
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    тој што изневерил еднаш ќе изневери и 2пат тоа го тврдам а зошто?затоа што таа што е со него ја рачуна за будала која простила еднаш дека ќе прости 2пати па и 3пати,јас му ставив крај на 2 и пол годишна врска поради таа причина и во ниту еден момент не се покајав за тоа и не се вратив назад на таа врска и покрај сите молења,зошто?затоа што после неверство ниту една врска не е иста...
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.289
    Пол:
    Женски
    Има друга тема за ова во која сум се изјаснила ама ќе кажам и овде зошто ме бодат во очи некои мислења.Мене ме изневери и му простив и не се повтори пак како што влеите вие и врската не ни стана полоша туку подобра...поминаа години и уште ме гледа како единствена и што сега треба да правам што сум му простила некогаш да си ударам глава од ѕид?
    Не велам дека треба или не треба да простите тоа си е лично ваш избор, ваши чувства и ваши мислења но нели мислите дека е малку лецимерно да категоризирате зошто на секого ама баш без исклучок може да му се случи и притоа да прости иако тврдел дека 100% нема да прости, па да мора да си го вратите зборот.
    Секој заслужува втора шанса ако знае да ја искористи искрено.
     
    На srcence1607 и Ilinaaa им се допаѓа ова.
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    1209 јас лично зборвам од мое искуство,бидејќи мене некој ако ме изневерил јас повеќе никогаш нема да го гледам со исти очи,некој што имал интимни односи со друга а бил со мене ја изневерил мојата доверба ја згазил мојата гордост и го скршил моето срце JAS NEGO DA MU PROSTAM? никогаш,мене ми се гадеше него уште еднаш да го допрам а за тој да ме допри со таја рака што допирал друга нема шанси,да се заробам во врска каде што секој ден ќе мислам дали пак му пишал на неа дали пак се слушнале,или пак таја него да живеам во страв NIKOGAS да тоа е лично кој како сака ама врски каде што било простено неверство тешко кога успеале реални да сме јас никогаш не сум преминала преку тоа ако мене некој не ме почитува јас него уште помалку според мене нема повеќе што да се разговара послем неверство и NE неможи да му се случи на секој,му се случва на лабилни луѓе на слабаци и на онај што не знае да го цени тоа што го има...
     
  12. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    човечки е да се греши па човечки е и да се простува,во животот секој заслужува втора шанса само негово е како кје ја искористи дали кје биде умен или кје ја прокоцка... :D
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.289
    Пол:
    Женски
    Миме се во ред не мислев јас дека не секој може да му се деси да изневери мислев на тоа дека на секој може да му се случи да прости, дека не треба да тврдиме категорично дека нема 100 % да простиме.Јас не бев на тој начин изневерена и неможам да го коментирам тоа, може да беше така и мене ќе ми беше одвртно да ме допира откако спиел со друга.Секој со своја приказна, зборот ми беше дека не треба да се генерализира како за се во животот така и за ова, не значи дека ако изневерил ќе изневери пак(иако шансите се поголеми), не значи дека со сигурност ќе ви биде лоша врската...треба долг период да се стабелизира и да се научи да се живее со тоа, ама сепак е можно... тоа ми беше зборот.
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.301
    Пол:
    Женски
    можно е девојко,алал да ти е :!: јас не би можела.и мислите тој што ќе ве изневери мисли на вас,на вашите чувства :fubar: ?простувањето е лек за душата,и не е за секого.баш машките се ,,душички,,посебно на денешно време,уфилмани и вообразени повеќето од нив се прават тешки ебачи :swear: .
    но,тоа е ,убаво рече ти ,секој со својата приказна :wasntme:
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Човечки е да се прости да и да се даде 2ра шанса на секој но во овај случај за мене ова не важи...
     
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Не би простила, но не поради она - ако те изневерил еднаш, ќе те изневери пак, што лично мене ми е глупа изјава, зошто ако еднаш се случи, вториот, третиот пат веќе не се битни. Првиот пат најмногу боли и после тоа едно изневерување би ми се сменил начинот на кој го гледам и доживувам, и познавајќи се себеси и моите екстремни емоции, се добро што сум чувствувала за него би се претворило во омраза и гадење.
    Никогаш нема да разберам простување неверство, до толку ли сте флексибилни? Ако го простувате ова најмизерно дело кој некој може да ви го направи, тогаш кај ви е крајот, границата, каде би пресекле?
     
    На mime87, 1209, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    А, бе, не треба сега да звучи и да испадне дека 1209 е будала оти му простила, секој си знае за него, плус секоја ситуација е различна, така да, ние најмалце треба да коментираме. Убаво си кажа, дека многу е битно да не се тврди со зборот ,,никогаш,, оти не се знае што носи животот.

    Јас мислам, веројатно не би можела, чисто ради тоа што ќе ми го убие тоа убавото во мене за него. Можеби ќе се потрудам, ама знам дека по некое време ќе прекинам. Едноставно, нема веќе да ми биде тоа тоа, тој филинг. Знаејќи се, ќе мислам цело време на тоа, ќе се нервирам, ќе се прашувам каде јас сум погрешила и на крај ќе заклучам дека е идиот и дека не ми треба таков. :D Ќе се чувствувам неубаво дека извалкал нешто убаво, нешто што ни значи и на двајцата... Посебно ако тоа се одвивало подолго време зад мој грб, а-у, страшно, (нажалост, гледам многу такви примери во последно време) тоа ќе го доживеам многу болно и нема да можам да продолжам напред. :geek:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Се согласувам 100%. Јас имам таков пример да кажам, дечкото кајшто на скоро неполна година врска изневери, девојката му прости (едвај) и после тоа одеа долго и беа пресреќни и никогаш не се повтори таква работа. И си беа навистина љубов на животот. Така да, зависи под кои околности се случува изневерата, не мора секогаш да значи дека е тоа крајот и дека пак ќе се повтори и дека ќе пропадне врската и не знам што друго негативно. За брак е веќе друго, и може таквото нешто да потекнува со подлабоки корени и проблеми, а и да расклати многу особено со деца-така да за тоа не коментирам. За врска ми беше муабетот.
     
  19. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    И мене ме има изневерено на неколку месеци врска. Со оглед на тоа што бевме помали, јас му простив. Но цело време живеев со страв дека повторно ќе го направи тоа, ја изгубив довербата во него. Помина време и се заборавив, тој се покажа добар спрема мене и целосно посветен. Се каеше и не сакаше да ме изгуби и се потруди.
    Еве скоро 5 години сме во врска и се е во ред. Јас сум љубоморна, ама тоа е друг проблем, моја карактерна особина не заради тоа што ме изневерил.
    Бевме мали и на двајцата умот ни леташе.

    Но, сега после долгогодишна врска да ме изневери и покрај се што сме поминале заедно би ми било тешко да му простам, не би можела....Би се почуствувала изиграно... :?:
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    jAс неможам да сватам бе што треба јас да направам кога некој ќе ме изневери да го гушнам и бацам,и да му речам OK SRC AJDE NEMA VEZE AMA DRUG PAT DA NE TI SE SLUCI :puke: :fubar: што ви е на вас бре треба да земам за пример луѓе кој простувале да си мислам како и нив дека послем тоа врската ќе ми биде подобра или дека пак тоа ќе го направи? :fubar: пссс која глупост некој што е со мене а допрел друга или мисли на друга(што е уште пострашно од физичко неверство)и јас послем тоа да се правам како ништо да не било и да продолжвам да вложвам во таја врска ахам ок да сигурно која глупост сигурно нема да бидам толку лабилна неверство е неверство и апсолутно со ништо не го оправдувам...