Никогаш не би простила неверство, одвратно би ми било! Ништо неможе да и наштети на врската толку многу, како што може изневерувањето со други. Јас не би можела да поминам преку тоа. Само ќе се измачувам. Ништо друго.
Хаха оф јас во прва година му простив на тогашниот дечко, ама дете сум била, мало, глупо, наивно после тоа пак се испокаравме и раскинавме у рекордно брз рок хаха Иначе сега не би.. Нема оправдување за тоа реално, пијан ваков таков. Кога знаеш дека имаш женска и дека не ти држи гзот алкохол не пиј бе пријател
„Ме изневери и јас му простив“, во превод - јас сум најголемата будала што некогаш се родила... Тој те понижува, а ти му простуваш.. Па тука и нема што повеќе да се каже... Со самиот акт ти се донесе до најниско ниво. И сега, што ти останува??? Живеј си со типацот среќно и весело до крајот на изневерувањата.. ако некогаш му дојде крај
Ne mu prostiv..Mu fativ poraki deka se dopisuval so nekoja I toa downgrade mislam haos tipka I ljubezno mu go vrativ telsi stanav od restoranot I si izlegov..
Се гледав со еден дечко 2 месеци, онака ништо сериозно, не ни бевме во некоја ексклузивна врска. После тие два месеци се стаивме на пауза зашто многу чудно почна да се понаша, а и мене некако ми се здосади. Е сега во таа пауза од 20 дена некаде, јас се смував со еден два пати, а овој се муваше со една моја блиска другарка. Од кога бидна све тоа, си кажавме кој што направи, и одлучивме да се вратиме пак. Му кажав дека не ми е сеедно што се мувал со моја блиска другарка,иако таа моја "другарка" не ни се извина за тоа пто го направи, овој барем сфати дека згрешил, ама ете пуста глупавост моја му дадов втора шанса. Откако се вративме работите како да тргнаја на подобра страна, сега како демек официјално сме во врска, многу поубаво се однесува кон мене итн. Само што јас сега не му верувам многу, и се плашам да не направи со неа нешто повторно, затоа што тие си се дружат, а стварно не сакам да бидам од оние кои што им забрануваат да се дружат или а контактираат со бивши. Ќе ве молам за совет и мислење
Не ми е јасно зошто си простила или мислиш дека сте еднакви сте ги порамниле сметките затоа што и ти си се смувала со некој друг во меѓувреме? Искрено еднаш нели си преминала преку вакво нешто следно очекувај кога ќе му текне да си направи излет со некоја друга или уште полошо со твојата блиска пријателка не се изненадувај ако испари или направи расправија и вие сте нели лути или на некаква пауза па тоа не се рачуна за некое неверство па пак прости му и така во круг па може и за жена да те земе, ќе биде ко мој колега што вели за жена му дека е глупа и дека се муверува и му простува неверство затоа ја земал за жена.Би биле совршен пар доколку би си продолжиле меѓусебно да си се изневерувате чиста сметка долга љубов.
Неверството не е ГРЕШКА, туку ИЗБОР. Ако некој те сака и навистина е среќен што е со тебе, нема потреба да оди со други, а тоа дали бил пијан, дали изнервиран затоа што те изневерил - тоа се само плитки изговори. И да не за џабе се рекло: "Кој еднаш ќе те изневери големи се шансите пак да те изневери"
Таа такозвана твоја "другарка" ако ти била другарка од толку многу дечки немало баш да се зафати за тој баш твојов, според мене тоа не е во ред ни нијамалку да и простиш и да си продолжите да си седите на иста маса ти таа и дечкото ко ништо да не било. А и тој твојов гледам не е баш цветка за мирисање баш да се зафати да тргне со неа. Според мене тоа е пропала прича. Но секој си носи свој памет, да така поразговарај со твојот дечко и тргнете се од нејзе, ако баш сакате да успеете. Ако сакате нешто да успеете, бидејки како што гледам и ти баш немаш некоја доверба во него што е нормално. Секогаш кога ке седете заедно ке ти се мота истата прича дека се биле заедно. А тие ке се кикотат ко ништо да не било. Да така дистанца од таква личност ако сакате да успеете.
Не пишуваше веќе еднаш за овој проблем или јас грешам? Како и да е. Од моја гледна точка вашата врска води кон пропаст. Сериозно можеш да поминеш покрај тоа што се смувал со твојата најдобара другарка? А и каква ти е таа другарка што веднаш отрчала да се смува со твојот бивши? Не, не и не сте ми јасни. Викаш се однесува добро? Запрашај се до кога. Погледни го само блондираното. Ти ја имаш изгубено довербата во него. А знаеш што е потребно за една врска да функционира добро, освен љубов? Доверба е потребна мила, доверба. Ако немате доверба меѓу себе се паѓа во вода.
Неверството од кога се случува се губи довербата во партнерот. Не знам како успевате да останете со некој кој бил со друга? Мене ќе ми биде гад да го бакнам а не пак да бидам интимна со него. Плус, ќе ме гризе сомнежот кај е и со кого е. Секоја чест на тие што простуваат. И тој па, како нема срам да и побара простување? Јас нема да можам во очи да го погледнам не пак да помислам нешто друго. Несериозна личност, како да не.
Мани оваа што едниот изневерил, па моли за прошка, има и такви што и двајцата се изневеруваат па се нон стоп заедно како ништо да не било - тука е најтрагично
Како можете, браво за вас. Јас ќе се почувствувам искористено, изиграно, извртено, нема шанси преку тоа да поминам колку и да го сакам.
Затоа што сте будали и им простувате кога ќе ве изневерат (без разлика дали бил пијан,изнервиран и незнам ти што) тие работи не ги правиш на некој кој го сакаш и после ќе ве третираат како ѓубре па нормално кога сами си дозволувате тоа ,некој да ме понижи (изневери) па јас после да бидам со него ,само ако не сум при здрав разум ,па ни тогаш.А вие што сте будали наивни што простувате алал ви вера.
Едно прашање до тие кои простиле неверство. Не ве осудувам, нели секој ќе живее како сака, ама ме интересира, како сте продолжиле со него после тоа? Јас сум била изневерена и секако не му простив. Не би можела после тоа со него муабет да правам не пак да го бацам или да легнам со него. Сомнежот е секогаш присутен а и колку и да сакам не би можела да го гледам со исти очи.
Потполно се согласувам. Некои нешта никогаш нема да можат да бидат исти, без разлика колку многу го сакаме тоа
Некои простуваат неверство со надеж дека и тие кога-тогаш ќе му се одмаздат на партнерот или веќе го направиле тоа, па сега се 50:50. Во секој случај, ако дојде до вакви калкулации, пропадната е врската. Со сила ја одржуваат за да покажат пред околината колку се среќни, а во суштина не можат ни да се поднесат меѓусебно.