1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mе изневери и јас му простив

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Pubu-bubu, 1 април 2012.

  1. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Многу е релативно,не мора да значи дека некој е будала ако прости или дека ако некој изневерил ќе го направи тоа пак.
    Меѓутоа,јас лично,не би можела да преминам преку тоа.Од проста причина што никогаш нема да го заборавам,едноставно си се познавам себе и знам каква сум.Да ти се плукнам у врската каде јас ќе бидам преокупирана дали пак ме вара или не,каде што ќе чуствувам потреба да го контролирам постојано и на секоја кавга ќе му пререкувам за тоа што веќе го направил.
     
    На emmacool, carangigia, Starlover и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Нема простување тука,се знае,може во истата секунда да се прости од мене. Бев во долга врска која ја завршив токму заради тоа. Беше премногу тешко,ама не му простив.
     
    На Justicija и Bankarkata им се допаѓа ова.
  3. Panthera

    Panthera Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    711
    Пол:
    Женски
    Треба многу голема сила да се вложи во тоа "Прости ми, се каам" и уште поголема во "Ти простувам".

    И двете страни треба многу да се потрудат за да опстои врска во која имало неверство. Првата страна, онаа која изневерила, најмалку што може да направи е да признае, и секоја чест за луѓе што го кажуваат тоа. Не секој има лице да каже дека згрешил. И мора да биде свесна личноста дека ќе треба многу напор за повторно да стекне доверба.
    Втората страна, изневерената, не е доволно само да прости, а потоа низ нос да ги вади грешките од минатото. Тука веќе врската е осудена на пропаст. Или прости и исчисти си ги мислите, дај шанса повторно и не си ја труј душата и психата или стави крај едноставно.
    Но, не секој е доволно силен и стабилен после неверство да продолжи како ништо да не било и да даде втора шанса.
    И тоа не ги прави ни помалку силни и стабилни општо како личност.
    Затоа што било љубов во прашање, стадиум во кој не можеш да контролираш чувства, емоции, гнев, недоверба и несигурност кога станува збор за неверство.

    Не сум била изневерена, но знам дека не би простила. Не само ради тоа што ќе си ја мачам психата понатаму во врската, туку и од причина што љубовта делумно ќе изумре од моја страна, ќе се појави гневот, желбата да се одмаздам и да повредам и јас на некој начин и слично. А тоа веќе не е љубов.
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Јас сум за опроштај :) секој греши , исклучоци се некои тешки случаеви
     
    На Dadusicka и elimkd им се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Сум била изневерена и знам какво е чувството :| . Имав едногодишна врска ( не знам по кој пат пишувам на форумов за таа врска :rofl: ) , и последните 2 месеци нешто не " штимаше " . Ајде си реков , можеби навистина е зафатен :^) се додека не дознав дека веќе некое време излегува со друго девојче , кое најверојатно не знае дека јас и тој сме во врска ( почеток на школска година беше , тројцата учевме во исто училиште ) . Прво негираше , подоцна призна . Веднаш му раскинав , за жал девојчето дозна во моментот кога му раскинав дека ја лажел дека бил слободен . Не бев лута на неа , туку на себе што дозволив цели 2 месеци да не лаже и двете :@ . Нејсе , имав период на плачки , но секогаш бев со една најдобра другарка . Заедно со мене минуваше низ плачки , депресии , емотивни опоравувања .. Иако секој ден ги гледав бившиот и девојката заедно ( што значеше дека му простила за лагите ) , иако душата ме болеше , останав достојна на ветувањето кон себе а и кон мојата другарка : нема да покажеш слабост пред него , фрли насмевка и блескај , пред се за себе си 8) . Така и правев . Па како се погодуваше , баш тој период пречесто бев во машко друштво , и баш кога тој и девојката поминуваа мене ме засмејуваа другарите . Подоцна еден од нив ме запозна со сегашниот сопруг . Како минуваа деновите низ училиштето се расчу дека веќе не сме заедно , и се повеќе добивав понуди за врска . Секогаш ги одбивав , сакав да го заборавам сосем сама . Не сакав да искористам некое момче како марионетка за да го преболам бившиот . Со додворувачите секогаш бев искрена за оваа работа . И секогаш бев разбрана од нивна страна . Подоцна , кога го запознав сегашниот сопруг , додека бевме во врска секогаш бев " резервирана " на поле доверба :| . За среќа , докажа дека мрази седење на две столици бидејќи и самиот тој има сестра и не би сакал некој да игра мајтап со неа утре . Но јас научив важна животна лекција : - Никогаш на никого не верувај целосно :!: секогаш биди со доза на резерва , макар и да е 1% . Разочарувањето е помало кога си резервиран :!: .
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.