1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mногу згрешив и сега се каам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Nana19, 4 септември 2012.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    здраво драги мои... не видов ваква тема па затоа ја напрвив.. тука можеме сите да си кажеме што сме погрешиле а навистина ни е жал за тоа и искрено се каеме...
    еве јас ке почнам прва
    во 2009 година го запознав и се уште го сакам но многу му погрешив. истата година ние појдовме тој ме многу сакаше како и јас него но тогаш по млада лудост-младост и го изневерив тој ми прости, после пак нешто му погрешив тој пак ми прости и на крајот раскинавме. во меѓувреме пак се видуваме и сватив дека сум го сакала цело време, јас после тоа одев со друг дечко но неможев веке да издржам со него зошто си го сакав овој првиот, сега многу се променив се видуваме со него тој ми даде шанса да бидам со него се видуваме и се но не сме во врска ми рече ако му докажам дека сум се променила и ако веке ништо не му погрешам пак ке бидеме заедно, но како да му докажам дека овој пат ке биде се поинаку,дека тој е човекот со кој сакам да го поминам животот дека ми значи све на светот. неможам да живеам без него сватив дека многу погрешив но сите ние сме луѓе и сите грешкиме јас си ја признавам мојата грешка и тоа голема веке никогаш не би му погрешила...имате ли некој совет како да му докажам дека тој ми е све на светот
     
  2. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
    многу згрешив и сега многу се кајам

    Не требало така да постапиш ..си направила голема грешка но тоа е тоа нема назад нема враќање само сега треба да го убедиш и да му докажиш дека сакаш да си повторно со него да му ја вратиш довербата ..пробај некако убеди го докажи му ако те сака сеуште ќе попушти и ќе ти се врати :)
     
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    многу згрешив и сега многу се кајам

    па како за промена почни се тоа што го пиша да го спроведуваш на дело и да му докажуваш не треба нешто специјално да се потресуваш самото време ке покаже колку ти си се сменила и колку ке го поштуваш сега за сега ке се задоволиш со тоа да се мвате а кога ке заслужиш ке допреш и до врска ако вистински тоа го сакаш
     
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    многу згрешив и сега многу се кајам

    знам дека само по себе ке се познае но сакам на некој начин да му го докажам тоа, да го изненадам со нешто да направам нешто за него а незнам што
     
  5. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    многу згрешив и сега многу се кајам

    Гледај уште еднаш згреши му, тек тогаш ќе ти прости. Со сигурност!

    Прво не ми е јасно ако е грешка, пак да се повтори? Уште понејасно ми е како да се прости на некој кој два пати грешава? И најнејасно ми е како бараш да ти кажеме како да му докажеш и да направиш нешто за него? Па кој треба да знае?

    Почни со тоа што ќе се средиш себе си, а после види што ќе преземеш за да му докажеш.
     
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    многу згрешив и сега многу се кајам

    емма сите грешиме но не сите си ја сватат грешката, се покајат за неа и бараат да и се прости. погрешив се покајав се извинив се сменив и сеха се трудам само да го свати тоа Ч)
     
  7. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    многу згрешив и сега многу се кајам

    Па ако решил да ти даде шанса,веројатно нешто му значиш.Но немој да го злоупотребиш тоа што ти дал шанса и да направиш пак некоја грешка.
    Грешките не се поправаат преку ноќ.Треба да помине време,за да сфати дека си се сменила.Така да,се што можеш да направиш е повеќе да внимаваш на твоето понашање(не да се лигавиш да се правиш нешто што не си),да се покажеш таква каква што си.
    И да почекаш да помине време,за да видиш како се одвиваат работите.
     
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752


    Така и бидна бидејки ме сакаше ми даде шанса и конечно успеав да си ја повратам довербата и да се покажам баш во она светло како што сум будејки тоа порано не бев јас туму моите луди тинејџерски години сега сме заедно и среќни сме од ден на ден се повеке го сакам
     
  9. loveuhateu3

    loveuhateu3 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Ех..Нана19..
    Имаш среќа што воопшто си добила втора шанса. Јас одев 2 месеци со дечко кој мнн го сакав ...Тој ми беше и остана прва детска љубов. Се беше во ред.......се додека бубачките не ми проработеа и го изневерив со неговиот другар :envy: не беше ништо посебно, беше кратко мување...но сметам дека тоа ми е една голема грешка која не можам да си ја простам. Му го скршив срцето....се пијанчеше со месеци....си фати друга женска....Како и да е, во разговорите со него гледам барем трошка надеж. Многу ми недостасува и се каам за тоа што го направив...Сепак враќање на времето нема...но..Надежта последна умира!!! :inlove: :nod:
     
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Сум згрешила, ме боли и ден денес кога ќе помислам (не е изневерување), одтогаш се докажувам, мислам се докажав-незнам. Се трудам премногу, затоа што го сакам, и ќе се трудам секогаш :)
     
  11. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Го изневерила 95843894 пати хахаха. Тоа не е сакање, тоа е опсесија :) Ако некого сакаш, нема да имаш срце да го изневериш... :)
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    20.769
    Мислам дека ако го изневериш и тој ти прости, после ништо нема да биде исто и после секоја караница тој ке ти го префрла тоа што си го направила,сигурно.
     
  13. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    Се сложувам, вистинската љубов никогаш не се изневерува.