visok pritisok za vreme na bremenost

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од novaci, 2 јули 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. novaci

    novaci Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    ve molam za odgovor se raboti za bremena zena koja za 3 dena vleguva vo osmi mesec a e bremena so bliznaci ima pokacuvanje na pritisokot,koj vo pocetokot bese 150\100 prima metildopa i sega pritisokot se dvizi 120 80 i 130\90 ctg e napraveno i se e vored.Me interesira ako vaka se dvizi pritisokot i ponatamu ili se pokaci do 150\100ili 160\100 ima opasnost za bebinata .vi blagodaram, pozdrav.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Повеќето жени имаат висок притисок во поодмината бременост а јас пак имав низок.
    Најубаво ќе и каже гинеколог. Мислам дека не е страшно ама сепак треба да се контролира. За бебињата нема никаква опасност
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Мајка ми имаше висок крвен притисок во текот на целата бременост. Освен апчиња јадеше со секое јадење сецкан лук, оцет, вода и сол, се’ тоа помешано. Лукот го снижува притисокот и на тој начин некако и го контролираше. Само не треба многу сол, оти солта бара и пиење многу вода, а со тоа и притисокот повеќе се качува. Нека проба ова да го јаде, може да ставе и краставичка, многу е вкусно.
    Едит: Славица и те како е страшно да се има висок притисок за време на бременоста и секако дека влијае тоа врз бебето, мора да се контролира. Имам пишувано за ова, ама мајка ми оти имаше висок притисок, мораше во 8ми месец да и’ прават царски рез за да го извадат бебето, инаку можеше и да умре. Нејќам никого да заплашувам, ама најдобро е консултација со доктор.
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.024
    Не е заплашување starbucks жива вистина е. Високиот притисок во бременоста е многу штетен за плодот, посебно ако не се следи и контролира. Доколку трудницата е веќе под контрола, веројатно доктротот знае што прави, со оглед на тоа треба да се следи и постелката, плодовата вода, како и димензиите на плодот, за да се гледа дали се храни, да не заостанува со развојот.
    Доколку е се во ред бременоста може да се износи до крај, но за тие работи гинекологот одлучува.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150

    Абе во ред е висок притисок ама читај убаво како пишала дека сега во 8-ми месец и е 130/90, што е и нормално скоро за бременост во тој месец и таа кг што ја има. Друго е притисок 150/100 итн....
    Влијае на бебето само да дојде до предвремено раѓање а друго не.
     
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Добро јас погрешно сум те разбрала. 130/90 е нормален и не треба да има паника, но веќе 150/100 е ризичен и затоа треба консултации со доктор, но може со 150/100 и ништо да не и’ биде, зависи. Но, ако не обрати внимание може и повеќе да и’ се покаче и тогаш ќе биде лошо.
     
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    13.170
    Пол:
    Женски
    Најдобро е мајката да се упати да носи холтер, според што ќе се види како се движи притисокот во тек на 24 часа во зависност од дневните активности.
    Нема место за паника, но не е ни за занемарување притисок 130/90. Мислам, иако не сум сигурна, кај трудница и ова се смета за хипертензија.
    Нека провери протеини во урина, и да сведе на минимум внес на сол. Консултација со гинеколог, задолжително.

    Еве сега проверив, од 140/90 се смета за хипертензија, значи дијастолниот е веќе проблематичен.
     
    На Henanana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. novaci

    novaci Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    redovno se kontrolira pritisokot i se prima terapija metildopa na 4 casa i magnezium 2 pati na den odvreme navreme ima malo pokacuvanje 140\90 dva pati dnevno se pravi ctg na srcata na bebinata i so niv e vo red me sovetuvaat da jadam mlecni proizvodi i riba.baram sovet za ishrana so sto da se hranam do pred 1 nedela imav losenje i povrajkanje toa se sredi pa se pojavi visok pritisok
     
  9. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    729
    најдобро е да се ставиш на некоја диета докторите така ја нарекуваат ама уствари тоа е само здрав нацин на исхрана знаци се што е е од бело брашно да исфрлис благото и газираното и густите сокови
    употребувај салати зеленчук овошје солта исфрлија скроз и редовно контролирање
    да не теплашам ама еве пак ке пишам имам другарка која многу се поправи во бременоста и имаше висок притисик и ја ставија на ваков резим на исхрана ама она не се придрзавасе па така во 9 месец бебето поцина во стомакот под хитно ја породија со царски за да ја спасат неа а она една недела бесе без бубрези на дијализа не и работеа бубрезите и цела недела бесе слепа ---страшнооооо
    заборавив да ти напоменам да пазис на тезината и издрзи усте еден месец бар
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Избегувај се она што го качува притисокот - сол, свинско и мрсна храна, газирано, паштети, јајца, сувомеснати производи, зејтинот замени го со маслиново масло ако си во можност, пилешко е полно со хормони така да не би ти советувала и тоа да јадеш, освен телешко и ќуркино месо.
    Јади лук, тој го намалува притисокот повеќе салати/зеленчук и овошје
     
  11. novaci

    novaci Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    nemam mnogu kilogrami vleguvam vo osmi mesec i do sega imam samo 9,5 kg.dodadeno po moe mislam deka ne se mnogu
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    имав една колешка од факс која скоро се породи-од секогаш имаше вишок килограми, но не сум знаела скоро ми кажа дека имала и висок притисок па кутричка цела бременост беше по доктори и знам дека носеше на ногата ХОЛТЕР
    таа и бебето знам дека се ок, и си уживаат во мајчинството, инаку има 26 години :)


    не сум сигурна но мислам дека и мајка ми кога била бремена со брат ми имала проблеми со притисокот т.е. висок притисок, и ден денес кутричка не може да го симне ;( или ако се спушти се чуствува баш ко пијана е -навикнат е организмот на висок и кога е понизок е колапс.
     
  13. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    762
    Вчера накај 9 се напив кафе, прееемногу ми се слоша, си реков ај ќе легнам да пододморам.Иначе 7ми месец сум, сабајле мерам притисок 134 со 96. А иначе секогаш ми е нормален 120 со 80.
    Сега на 22 имам закажано редовна контрола кај гинеколог, па сакам да прашам дали оваа состојба е алармантна со притисокот па да се јавам порано кај лекар, или да почекам до тогаш. Не мерам иначе секој ден притисок, сметам дека нема потреба, се си е во ред фала Богу.
     
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    @curious-doll Почесто мери го притисокот иако мислам дека било моментално покачувањето.
    Од искуство ќе кажам дека кога бев бремена во 7-ми месец качив доста висок притисок.
    Ми дадоа терапија и ја пиев до пороѓајот, така да не се грижете кога сте на соодветна терапија се ќе биде во најдобар ред.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.