Јадете ли ориз и како го приготвувате? Знае ли некој да ми каже како го прават оризот да биде сув, како што го сервираат во ресторани како гарнир? Па има во него и малку морковче и грашок. Ако знае некој рецпт нека пише Инаку ориз најчесто јадам кога ќе направат дома со пилешко
Mаја кога го видов насловов,ми се отвори апетит јас го правам на два начина,бел ориз:-сечкам кромид,малку лукче и да се пропржат малку на тивко,сега зависи колку ориз правиш,ако ставиш 1 чаша ориз-на крај 3чаши вода му ставаш значи ги пржиш кромидот и лукчето,и му додаваш 1 чаша ориз и пржиш некаде 5-10 мин.после земаш тава,распоредуваш оризот,му ставаш вода со малку сол во неа(3чаши) ако сакаш одозгора стави му грашок ама сварен,изрендај морковче,вегета,сол,црн,бибер и в релна.гледај го одвреме-навреме зашто за брзо е готов,јас го вагам дури е сешуте водест,поубав ми е така другиот начин ориз со црвен пипер : ја правиш истата постапка,со кромид,лук,и ориз пржеш,само што му додаваш 2-3 лажици црвен пипер,пржеш убаво,после ставаш во тава,па вода,и солиш,ако сакаш можеш да ставиш колбаси да се испечат заедно со оризот јас и вака правам дури се пече оризот без ништо така,си пржам печурки,па после заедно ги мешам кажи како испадна оризот
јас повеќе по бел ориз. значи јас исто како и волфче, со мали исклучоци. не ставам ни кромид ни лук , смао ориз пржам со рендан морков и еден цел исцеден лимон. па после во тава со вода да се пече...исто и со печурки пржени е многу вкусно оризот ми е омилено јадење.
Обожавам ориз и ми е едно од омилените јадења. Најмногу го сакам потпечен со малце запржено кромидче и пилешко. Исто така многу ми е убав с спанаќ и + одозгора кисело млеко
Ориз сакам исклучиво со пилешко, знам сама да си го зготвам и го обожавам така направен. Може некогаш и со риба на скара, ама поретко
Јас вака го правам оризот: Во 1 литар вода ставам 2 коцки пилешки за супа да зоврие.Во тепсијата каде што ке се пече оризот тставаме малку зејтин и 3 големи црпалки или како сакате кутлачи ориз и тоа се пропржува 1 минута кога ке се пропржи ја додаваме зовриената вода и сето тоа треба да врие од 10 до 15 минути а одозгора може да се стави мелен црн пипер по желба и потоа се става да се пече 15 минути.Многу лесен рецепт и вкусен затоа сто коцките зовриени со водата му даваат посебен вкус
Не и е омилено јадење, ама онака си јадам нормално. Како хипица, го сакам со пилешко или со спанаќ и кисело млеко
Сакам многу ориз. Го сакам со пилешко, го сакам како посно тавче со компир, со спанаќ, или пак ориз со грашок и морков. А многу сакам и сутлијаш.
He туку дури се пече оризот,јас пржам печурки,и после го вадам оризот дури е прикрај така водест и пржените печурки му ги ставам а можеби е убав оризот и со печени печурки,немам пробано,ке пробам и ке пишам
Ориз обожавам Сакам во тавче кога е подпечен си го јадам онака без леб со уживање лезетски. Многу сакам и сутлијач е и тоа ми е еден вид на замена за благо, мајка ми не става многу шеќер во него.
Уфф ориз сакам многу.Мама го прави на повеќе начини.Мене највкусен ми е со печурки.Ставаш ориз да се вари.Во меѓувреме ситно сечкаш кромид или праз-по желба и на ливчиња ги сечкаш печурките.Откако оризот ќе се свари преостаната вода од него ја цедиш.Настрана ги ставаш на масло да се пржат кромидот и печурките.Кога ќе зарумени кромидот го додаваш оризот и ги пропржуваш онака колку да се измешаат и во пржењето додаваш сол и бибер по вкус. Превкусно е така.
Пред некој ден го пробав овој рецепт,ми го кажа една пријателка...Предобар е.... Си вариш ориз,без масло,без зачини..ништо да нема....Од како ќе се довари,го ставаш на цедилка. Потоа земаш во тавче,му ставаш масло,сенф и морковчиња...Тоа го подпржнуваш и му го ставаш оризот...Можи и зачини по желба...После 10тина минутки пржење,се става оризот во сад и му се полева киселинка малце.И толку...Вреди да се проба...
Штом ја видов темава се залетав да коментирам ама го видов и твојот коментар па ќе се надоврзам.. Значи обожавам обожавам обожавам ориз и исто како тебе највеќе го јадам со пилешко и со спанаќ па ај ќе ги напишам рецепт како ги правам Е сега зависи колку количински сакате да подготвите Потребни состојки за ориз со пилешко: 1 голема шоља(од овие за чај) ориз 3 шољи вода 1 кромид поголем или 2 помали 2 морковчиња средни 2 копани (со надкопан дека тие се големки) 2 лажици вегета (или по вкус) малку црн бибер Првин ги варам копаните и тоа да зовријат во една вода па им ставам друга. Кога ќе бидат готови ги чистам од кожа и коски и ги ситнам на ситни парчиња месо, па ги ставам во садот за печење а водата ја чувам. Потоа во тавче го пржам првин кромидот ситно исецкан да омекне, па го ставам претходно срендано морковче и пржам уште малку па потоа го додавам и оризот и пржам уште 3-4 минутки. Смесата од тавчето ја ставам во садот за печење и од водата во која се вареле копаните ставам 3 шољи вода, додавам 2 големи лажици вегета и малку црн бибер и печам околу 35-40 мин. Истиот рецепт си го применувам и кога правам ориз и спанаќ само што не ставам морков, а спанаќот го превривам 5 минути со малку сол во водата и после тоа неговата вода ја фрлам. И двата мои специјалитети си ги јадам со кисело млекце...а поретко оризот со пилешко може да го јадам и со некоја салата..ама оној со спанаќ исклучиво со кисело млеко
Во тавЧе ставам кромид сецкан да се потпржи пото истурам една Часа орис и 3 Часи вода зовриене со половина коцка за супа.Потоа му додавам една конзерва риба туна и пеЧурки.Малку да врие и го ставам во рерна.Сервиран во Чинија му додавам рендан каскавал. А кога не ставам риба му ставам грасок,брокули,морков исто пеЧурки.
Јас најчесто оризот го правам на стандардниот начин со пропржено кромидече, морковче зачини. Но последниве години многу почнав да готвам кинеска храна, и со неа подготвувам ориз како во рестораните. Ќе ви ја откријам тајната.За оризот на има млечно бела боја и да е компактен, најпрво земам ориз и го мијам. Ја истурам водата и пак ставам вода нежно го промешувам со лажица и пак ја истурам. Водата е бела, матна , и го мијам додека водата не биде проѕирна( околку седум осум пати). Потоа тој ориз го варам во многу вода десетина петнаесет минути( не смее да се превари). Откако ќе се свари ја истурам водата. Овој ориз најмногу одговара со кинеска храна,,,јас ваков најчесто со неа го комбинирам... а убаво одговара и со пржени печурки и малку соја сос ...
Го обожавам оризот на пареа на мама. Се става околу половина до 1 чаша фиде за супа да се пропржи во тенџере со загреано масло. Кога ќе зарумени му се додава количината ориз која што сакате да ја приготвите. Се додава малку вода и се остава на тивок оган да се готви. Фидето му дава посебен шмек и мене лично многу ми се допаѓа. Сега мојот начин на приготвување ориз - Ставам ориз да се свари со сосема малце сол во посебно тенџере. Го тргам настрана и во друг тенџере ставам маслиново масло, кромид и исчекан морков и го пржам додека да зарумени кромидот. Потоа го додавам сварениот ориз со лажица. Една чаша замрзнат грашок ја ставам во врела вода околу 1мин да не се свари и да не омекне само да се обари. Го додавам и грашокот во оризот и морковот и мешам. Додавам малку црвен пипер, мелен црн бибер,оригано и до душа секој зачин што ќе ми се најде при рака. Пропржувам уште малку и по потреба додавам уште малку маслиново масло. Оризот најчесто ми добива кафеаво/кремаста боја и е превкусен!
Па каков ориз сум направила... мх мх мх... Маро мори, мед да лижеш. Во масло пропржив кромиче, му додадов 1 филџан ориз, пропржив заедно, па 4 филџани вода. Се вареше некое време... значи на рингла, не во рерна како стандардниот рецепт. Леле луѓе милиииииииии................. ух оргазам е оризов. Не ве викам, зашто се соса. Наредниот пат ке направам мегаориз за сВите.