@Harley Quinn Според мене, Како има време за другар му, а за тебе нема? Плус ти создава сомнежи Мислам сè ми е јасно маж кога ќе почне со приказните дека се бори со свои демони, ама ај
Треба повеќе гледање во живо, да...ама не треба да си даваш отказ, секако. Има време и после работа да бидете заедно хехе.
Daj privremen otkaz od dopolnitelnata rabota sto ja rabotis za vikendi,posto i sama kazuvas ne zavisis od istata i ke vidis kako ke vi bide ponataka,se se resava samo ako ima iskrena ljubov i vzaemna doverba.
@Harley Quinn Дали мислиш дека и тој е подготвен да се бори за врската исто како што си и ти? Кризните периоди се нормални, но бараат заеднички напор! Никој не излегува од криза сам. Ако тој е свесен за проблемот (а викаш дека е), тогаш треба и тој да покаже конкретен труд. Љубовта е двонасочна улица. Ако гледаш дека и тој вложува труд, тогаш и твоите жртви ќе имаат смисла, разговор, само добар разговор!
Секоја врска бара и повеќе гледање во живо, ама треба заеднички да си бидете подршка еден на друг. Мора заедно да поминете низ ова.. Има многу врски кај што се гледаат еднаш во неколку месеци па успеваат. Разговарај со него да најдете начин за да се гледате почесто.
Дали стално ќе останете со тие смени или тоа е привремено? Исто, и различни смени да сте, после работа нели може да одвоите време еден за друг, барем еден час? Ако и тој е спремен да се жртвува и сака да ги поправите работите може и ќе те оправдам да ја напуштиш таа работа за да поминувате повеќе време заедно.
Не сум за да дадеш отказ од дополнителната работа. Кој сака, наоѓа начин. Во случајов, тоа не треба да си ти.
Дали сте разгледале опција да живеете заедно кога веќе сте во сериозна врска ? Јас втора смена сум до 9.30-40 на раб. Додека се вратам дома кај мене ме фаќа 10. Ако треба на друго подалечно место да одам ме фаќа и 10.30. Секако дека избегавам после втора смена да одам некаде макар и слободен бил следниот ден. НО доколку живеам со некоја заедно од 10-10.30 до 12-1 по полноќ има скоро 3 саата. Наутро и нема многу време ама затоа за викенд може тоа да се надокнади. Убаво спомна некоја членка погоре , дали ви се менуваат смените ? Таа недела кога ќе бидете двајцата прва смена од после 5 саат до 12-1 по полноќ имате време за се и сешто да правите заедно. Треба само да се разговара и двајцата да се трудите да најдете заедничко решение.
Искрено... другарот колку и да се "качува", никогаш не е крив. Сите имаме свест и совест. Не знам како дечково има време за другар му, а за тебе нема, но - искрено - поживејте заедно. Ете барем ноќта ќе ја имате "за вас" ако е до тоа. Од мое искуство, ниедна жртва од твоја страна нема некого да промени, сега е работата, утре друг изговор, на крај ќе се осеќаш издадено од сама себе.
Ако е тој подготвен исто така да се бори за врската, би рекла дека откажување од втората работа е добра идеја. Ми е сумњиво со тоа што наоѓа време за другар му и се "бори со демони" (лично ми е црвено знаме кога маж ќе ми речи вака, демек како изговор зошто го нема, се изгорев така еднаш), но ти го знаеш најдобро и ако мислиш дека заслужува вашата врска уште една шанса тогаш дај ја. Но и тој треба да е подготвен како тебе. Ако си ти единствена што се бори, тогаш не е на арно. Кризни периоди нормално е да има, но треба двајцата да се трудат да ги надминат. Лично, се надевам дека ќе го пребродите ова.
Луѓе, читате убаво што пиша членката или меѓу редови само па коментирате? Девојчето пишува дека не се гледаат често ко порано затоа што она работни денови работи до 4, он од 4. А викенди он прва, она втора смена. И пак ко слеп за стап, три коментари прочитав "aaa, како за другарот има време, за тебе нема?". Затоа што он кога е слободен, она работи и обратно. Тука најмал проблем е другарот. Вие двајца треба да си седнете и да си направите здрав муабет како понатаму. Нешто мора да се жртвува, вие ќе решите што. Криза е ама поминува доколку и двајцата решите да работите на тоа и да се борите врската да ви опстане. Ова ти го пишува некој што поминал и врска на далечина па по неколку години недоволно "гледање" со ист човек ради работа во друг град иако тогаш живеевме заедно. И ни едната ни другата фаза не сме ја сметале за криза, гледавме на тоа како предизвик кој треба да се помине. Затоа што не е засекогаш, свесни бевме дека е период. Прво, разговор ама треба свесност и од двете страни за ситуацијата, а не да си правите дополнителен притисок и желба доколку ова е само фаза да се надмине што побезболно и за двајцата.
А зошто пре-буквално се пак сфаќа тоа тој оди една смена, таа друга и од тука еве го магичното објаснувње зошто тој се гледал повеќе со другарот? Прво, никој не работи 24/7 и после неговата втора смена има време да се видат колку-толку. Прашање на приоритети И најважно е дали тој седнал со девојчето да рече, чекај малку, не те гледам воопшто побогу, ми фалиш многу, дај да најдеме решение? Или само Харли тука си ја тупи главата да изнајде решение, а тој баш и не?
@Harley Quinn и јас мислам да разговарате да живеете заедно. Не мора одма да се оди кон обвинувања и барање виновник, мислам дека повеќе ситуацијата не ви е идеална. Така да, ќе се сложам со други мислења, зборнете, види на што сте во однос на заеднички живот.
Здраво. Со партнерот сме една година заедно. Тој е помал од мене 3 години, но тоа не ми претставува никаков проблем. Проблемот е што кога сме во друштво или вака фамилијарно соберени, партнерот многу малку комуницира, да не кажам ич. Кога сме заедно не е таков, дури некогаш не можам јас да дојдам на ред. А цело време тој е иницијаторот да искачаме некаде со друштво. Имам разговарано со него на таа тема и тој ми нема дадено некој конкретен одговор, туку дека е таков. На моменти тоа ми пречи и ми е незгодно. Не знам како да постапам.
Го разбирам човекот, и јас сум таква многу често меѓу големи групи на луѓе кои не ми се дел од комфорна зона. Најверојатно му е незгодно да не речи нешто "погрешно" или му е страв да е свој да не го осудуваат. Јас кога сум опуштена зборувам, кажувам шеги, отворам дискусии за различни теми, но така во поголема група луѓе што не ми се особено блиски на лично ниво не би го правела тоа. Совет мој, пробај ти да го вклучуваш почесто во дискусиите, со тоа колку толку ќе се опушти.
Ајде пак. Темава е за совети. Ако немате што да советувате - не ја полнете со оф топик. Најдете која е соодветна тема за тоа што сакате да дискутирате, па цитирајте таму. Предлог соодветни теми за се што зборавте овај пат вон темава: ПАК - феминизам, пак непланирана бременост; Добри/лоши момци тема 1, тема 2, тема 3. Следно, ако "дискутирате" како овде - ќе ве бришам јас или @RainBow. Од таму, држете се до цивилизирана дискусија и пак предлог да прочитате правилата на форумот и препораките на однесување. Спојлер: Правила: релевантни цитати Спојлер: Препораки: релевантни цитати
Ми треба мислење. Веќе 2 недели како шо се испокарав со дечко ми. 5 години сме заедно али сеа му раскинав скоро. На 20 ти септември се породи снаа му од брат. Си дојдоа и 2те нејзини сестри од Швајцарија. Беа собрани татко му, мајка му, тој и нормално и другите баба и дедо. И кога си доаѓаа дома од болница тој мене не ме повика ме остави така. Со изговор не знаел а и балони и све им беше организирано. За него тоа нишо не било битно. А викам како не е битно мене не ми е сестра нормално али самиов чин сите сте на куп бебево дома си доаѓа за све ме викате сега ела да речеше. Крива сум ја или? Толку мизерно не сум се осетила. А за све секад ме вика за со неговите сега ме остаи ко посрана. И толку ми беше криво. Нешо се линдри вие 10 дена ама уше лутина ме држи. Шо да направам? Скоро 5ипол год заедно и ми нафрли демек па немаше да доаѓаш со бус кој ке те зимаше ја од раб само шо завршив прва смена, а 30мин пат има од мојата населба до кај него. Драмам или имам право? И сега ме вика на прослава за внук му. Се вади демек не знаел дека треба да ме повика.