Во врска со женет!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ljubovnica, 7 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    [​IMG]

    Ако жената/мажот се запостави тоа не е изговор да се бара "љубов" надовор од брак.
    Всушност, не разбирам како партнерот ти скратува љубов ако се поправил, запуштил, носи стари тренерки по дома или не знам ти што.
    Се разбира дека го окривувам (не осудувам, тоа не е моја работа) тој што изневерува, а не партнерот.
    Без навреда ама мене лично ми е глупа оваа идеа. Што е крива жената шваљерот за тоа што тој не може да си го држи во гаки.
    Мене не ми звучи како да е приморан да бара љубов туку секс. А вие залажувајте се дека вие ќе му ја дадете "љубовта" која сопругата не му ја дава.
    Што не се разведе па да оди и бара друга да се заљуби? Или ако веќе се заљубил што не се разведе пред да почне да добива "љубов" од новата личност во неговиот живот.
    Јас мислам дека се што ќе каже тој што изневерува е (глуп) изговор. Сака да си седи на две столчиња. За жал многу често луѓето се извлекуваат со тоа.
     
    На tessie, Nati.P, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    многу добро кажано
    за тоа е битно прво да ги осудиме мажите ( не швалерките) дека се додека за нив бареме објаснување од типо ПА ТОЈ Е МАШКО, ке го прават ова и ке лажат млади девојчиња
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.575
    Допаѓања:
    40.003
    Пол:
    Женски
    А извини што се мажите, Богови?
    Не треба жената да вежба за на него да му биде убава, туку заради себе и своето здравје. На вистинските мажи и жени нивните партнери секогаш ќе им бидат убави!

    Им се дивам на мажите кои и после 15-20 години брак жената ја гледаат со таков занес, и со еден заљубен поглед како прв пат кога ја загледал. Истото важи и за жените.
    Штета што овие луѓе се ретки.
    Сега се е искварено и искривено.


    Сите женети мажи вежбаат?
    Сигурно не, баш напротив, колку и да биле слаби ги гледаш 3 години по женидба со мев мислиш во 9 месец влегол он, а не жена му.


    А за оние што имаат време да идат во теретана, да те прашам, додека они се во теретана кој ги чува децата дома?
    Кој ги храни децатадома кога пиштат од глад, кој ги гледа кога бараат внимание, кој седи по цела ноќ над децата буден?
    Кој му спрема да за да се накрка кога ќе се врати?
    Кој ги пере, пружа, дипли алиштата?
    Кој чисти по дома?
    Кој ги спрема децата за на школо?
    Кој ги носи?
    И се тоа го прави откако ќе се врати или пред да иде на работа!
    ЖЕНАТА!
    И по твое по сето ова таа треба да виде весела, да тренира, да му се вртка, и во секој момент да биде расположна за секс?
    А мажот наместо да ги подели обврските, да и помогне, он си
    го лади
    , чека се на готовс, и кога му се сака оппп кај ку******то на секс а?
    Да бе затоа ќе го оправдаме, душата он за жалење, не му дава жената кога ќе му се посака.
    Ај да си машко, како некои "мажишта" кои пишуваат тука вакви мислења, немаше да се чудам.
    Искрено, дури и ме изнервира со мислењево.

    И сеа додека сите тие работи ги прави жената дома он иде по некое косчасто газе, и тоа му е оправдано?
    Ама ајде молим те, понекогаш ќе видам мажи од грди-погрди (или поружнеле по женидба окако се запуштиле или се природно такви), имаат жени авион, па заради комплекс на нижа вредност ги вараат?
    Или оправдано им е и тоа? Срцки тие искомплексирани!
    Утеха барале! И тоа имало?
    Срце жена ми накачила 5 кила ај да те ... за да се утешам |(

    Кога стапуваат 2 особи во брак пред Бог и пред народ даваат збор.
    Мене тој збор ми значи, особено оној кој пред Бог го давам.
    И личноста која ја сакам ќе ја сакам каква и да стане покасно, затоа што тоа е нормално и штом се зимам, значи сум спремна на тоа.

    Нема никакво оправдување за изневерување на маж/ жена, туку тие особи се пи*ди во душа, па го прават тоа.
    А тие што идат со женети ај да не зборувам што се.
     
    На tessie, hermosa и Decapitated.Hanna им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.947
    Пол:
    Женски
    А бе од толку слободни мажи,дали со женети е ред да се оди. Не сум светица , не знам што ме чека натаму. Ама ништо пониско нема од тоа, тој ќе биде4 со тебе неколку саати на ден ама пак ќе оди кај жена му за празници а ти ќе бидеш сама, и пред народот таа ќе биде госпоѓа а ти покажувана со прст како некоја која растура семејства :x
     
    На tessie и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    некои мажи ни брак ни св. брак не ги врзува да седат мирни
    еден пример во имам во потесна фамилија-тетин ми
    отишол човекот на печалба, наместо да печали пари си има афера со друга и по неколку месеци татко стана-кога дозна тетка ми незнам како изреагирала-ама господ врка и наплака па еве сега боледува од рак

    а тоа дека женетите се претставуваат дека се слободни и тоа да-мене лично ми се случи тоа лани
    запознав тип-убав згоден привлечен за на крај преку ф.б. да дознаам дека е женет фин љубезен мед и млеко од уста му течеше -уште на првиот состанок не ми беше јасно како ваков е неженет и нормално плачев, се изгубив буквално на себе не можев да си дојдам, негираше-нормално ама знам што видов од слики така да се ми стана јасно и од мене толку беше
    се сретнавме откако се разделивме еднаш-ко мало дете беше како да му ја одземале играчката и пред месец и нешто ме најде на нет-сум му недостигала сакал да се видиме :devil: си реков е доста ми е од тебе муфљуз еден мераклаисан-ми кажав знам каде живееш, каде работиш ако те сретнам пази се :!: од тогаш ми нема пишано-жена му убава, згодна синче има, па што уште сакаше не ми е јасно
    знам дека ако не сум јас сигурно ке најде некоја друга-од различни градови се двајцата партнери и си има човекот потреба :envy: КАСТРАЦИЈА за таквите
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitolchanec963

    Bitolchanec963 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Дали треба секогаш да се осудуваат оние жени/мажи кои имаат потреба од интима и животни потреби од друга личност само заради тоа што се осудени да бидат во животна врска со партнери кои од различни причини после неколку убави и среќно поминати брачни години еден од партнерите од здравствени причини не смее да се впушти во љубовна игра со венчаниот партнер?
    Никој не сака ама има и такви парови кои мораат да бараат трет/а личност за да ги задоволува нормалните и неопходни животни потреби. Сега за овие веднаш ќе се прокоментира дека се друг случај а оние од бес се друг. Врската со оженет/мажена не треба да се осудува така лесно но сепак пред да се стапи во таква врска треба да се искалкулираат сите позитивни и негативни последици од таа врска. И јас многу оддамна имав понуда од постар брачен пар (мажот имаше висок шеќер во крвта) да им бидам безусловно дискретен љубовник на жената се оглушив на повикот и сега после 15 години пак ја сретнав истата таа жена која беша убава и весела тогаш а сега пропадната и неспоредлива спрема тогаш и низ разговор дознав дека сопругот и починал пред десетина години и дека после понудата кон мене не се понудиле кон никој друг иако таа била млада и желна за маж ама апстиненцијата од секс ја прпаднала и остарела предвреме и сега изгледа како да е најмалку 30 години постара.
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Постои развод како опција кога бракот не cе конзумира. Доколку е од таа причина дури и црквата би го прифатила, како што би го прифатила во случај на прељуба (значи ги спомнав црквата како пример за институција која е најмногу против разводот а не за да морализирам од религиозен аспект).

    Доколку човек сфати дека не може да биде моногамен, нека се разведе. Или пак доколку е ерген, воопшто нека не стапува во брак. Греота е да се залажува партнерот кој вложил материјално и духовно, емоции, труд, трпение и време во нешто.

    Евентуално, да се расчистат со брачниот партнер тие проблематики и да му се даде до знаење истото па заеднички да одлучат дали ќе се разведат или не. Се` друго е во најблага форма речено, безобразно и крајно понижувачки однос и третман кон личноста која му дала се` што можела да даде и вложи во една заедница. Тие што изневеруваат се најмалку жртви.

    Аман луѓе сфатете. Не е најлошото тоа што легнувате во кревет со друг партнер (иако и самото тоа е даааалеку за аплауз). Не е самиот чин најлошата работа, туку залажувањето, криењето, заговарањето против личност чиј топол дом го прифаќате на крајот од денот и од кој добивате се` она кое швалерите/ките не може да ви го дадат. Мене лично самото лажење и криење, давање лажни надежи и глумење лудило ми е сто пати по к**винско од самиот физички чин на неверство. :puke:

    И тие кои седат во такви бракови, обично се вадат со тоа дека се „жртви за семејството“. Не, не се жртви, родители може да бидат и вон брак, туку се кукавици, затоа што си имаат најудобна ситуација. Ем плав/а ем црн/а работава.

    Е тоа е проблемот. Луѓето (притиснати од средината или самите) стапуваат во брак и го користат бракот како средство за „да се смират“. Не е бракот кафетин па напиј се кога те боли глава.

    Во брак треба да се влезе кога во партнерот се гледаш себеси, кога твојата среќа е да го усреќуваш него/неа и кога ти станува јасно дека за тебе потрагата е завршена и дека во тој еден човек си нашол се` што ти треба: пријател, сопатник, советник, љубовник и тн...
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.