Пишува назад во коментарите. Многу ми е чудно, кога ќе кажете: Знам бракови во кои никој не изневерува. Можете само за вас лично да тврдите, за другите, нема шанси да знаете... посебно ако пред сите осудувате неверство, неверниците, никогаш не би признале пред вас дека се неверни. Читав по темиве за неверства, има секакви примери. Еден објаснуваше како имаат супер брак со сопругата, но тој спие со жената од парот кои се нивни најдобри пријатели. Сите заедно си се дружат често и никој појма нема за неверството, освен двајцава кои си имаат афера. Знам и јас такви примери. Пишав и предходно, бидејќи отворено зборувам за мојот сексуален живот, со повеќето... луѓе ми се исповедале за еден куп интимни работи. Да земам да кажам, повеќе од пола од браковите на луѓе кои ги знам, би се раску*цале. Никогаш не сум рекла дека изневерувањето е убава работа... напротив, знам колку може да боли. Со таква 'игра' еден куп луѓе биваат повредени. Затоа постојано по форумов дробам за проклетата искреност!! Ништо повеќе од искреност не е потребно за добар брак.. И не, не подразбира тоа отворен брак, туку само искреност. 99,99% од проблемите во секоја врска и брак се појавуваат поради неискреност меѓу партнерите. Ретко кој ја практикува и цени... а најбитна е!
Значи ти многу добро знаеш да расудиш колку е погрешно но продолжуваш тоа да го практикуваш што е уште потрагично
@WildMk несакав да зборувам лично за себе, поготово бидејќи сеуште не сум во брак, затоа реков дека познавам блиски личности. Ама тоа и не е далеку од вистината. Може да се работи за брат, сестра, па и родители. Точно е дека има многу луѓе за кои никогаш не би помислиле дека изневеруваат, па сепак го прават тоа. Ама она што конкретно мене ми смета, е генерализирањето. Ако некој го прави тоа, не значи дека сите го прават. Мене ми е искрено банално некој да ме убедува дека во секоја врска едниот од партнерите изневерува. Повеќе ми делува како оправдување. Демек сите функционираат на тој начин, сите се изневеруваат едни со други, па затоа е океј. Не, не е така. Еве не има и нас кои ги почитуваме партнерите и не би си дозволиле да уништиме нешто што сме го граделе толку долго, и што ни значи се на светот. Немаше ни да ја коментирам Банкарката доколку не исфрлаше "факти" од ракав и од нејзино лично искуство. Имам и претходно оставено мислење на оваа тема, дека според мене е виновен партнерот кој изневерува, а не третата личност која наводно се вмешала во врската/бракот. Не ја оправдувам ама таа нели си е слободна и си има право да си прави што сака. Од таа гледна точка ако неа и одговара, тогаш супер. Ама неможи да тврди дека сите функционираат на тој начин.
За тоа се согласувам Анора. И јас не мислам дека сите изневеруваат. Од она што лично го знам, повеќето, но сите, дефинитивно не.
Отфрлав пријатели малку по малку што обожаваа за вакви курвински работи да зборат. Попрво Јеховини сведоци ќе слушам со саати отколку филозофии за ебавање, секс, неверства и слично. Многу сељачки ми е и ме полни со негатива. Не оти сакам да живеам во розев свет и мислам дека такво нешто во мојот живот нема да има, туку едноставно не ми се теми кои редовно би ги зборела и ако дојде ред ќе се справувам тогаш на мој начин. Дотогаш, сакам да сум во пофино друштво.
Јас пак сум сигурен деке сите мажи посакуваат нешто на страна. Не секој прави нешто (еве жив пример сум), ама тоа што не сум направил не значи дека не сакам. За секој нормален маж е доволно да види пар згодни нозе/гради и... отиде паметот. Како утопија ми делуваат приказните дека некој маж е толку задоволен од сопругата/девојката што тоа било тоа, крај на приказната, него веќе други жени не го интересирале. Оди бегај, или е на јака терапија или стварно нешто му фали. Не викам дека секој би изневерил, стварно се принципи во прашање, но дека има маж што на ова гледа како што жениве овде пишуваат, демек, створени еден за друг, љубов за цел живот, тоа е тоа, коњец филма, нееее... тоа е само од женска гледна точка. Маж ви има друга перцепција, но од Х причини, си ја чува за себе.
Среќа па не си единствен маж. Да има мажи со морални вредности, достоинство, заљубени во пар згодните нозе/гради на нивната девојка/жена. Љубовта и среќата се многу повеќе од животински нагон.
Во право си дека секој маж посакува нешто настрана, но исто така си посакуваат и жените....секој е верен додека не му се пружи шанса за да изневери...еднаш може да се воздржи, но втор пат нема шанси....Убав маж и убава жена никогаш неможат да бидат верни....ТВРДАМ!
Само дадов преглед од моја “проста“ машка перспектива. Фала Богу, има и други мажи, како што ги опиша ти.
Сите мажи се различни како и сите жени што се.Твојот коментар дава слика на дете од 16 години,да не можи да се воздржи што ќе виде згодна женска,веднаш право филмови ова она.А од друга страна прав маж,тоа не би го рекол дека ќе неможел да се воздржува па не сме животни ние,луѓе сме.Секое машко и женско можам да кажам си гледа,нели очи за гледање се,ама за еден кејф да си ја изгубиш личноста што била во добро и лошо со тебе,нема смисла,барем кај мене.
Јас не реков дека секој ќе направи нешто. Но, вие овде си стварате некој нереална слика за идеален маж. Верувајте, на ниеден маж не му е сон да ја најде љубавта на својот живот и да се ожени за неа. Сите посакуваат што повеќе жени. Бракот и љубовта доаѓаат поради ред други причини (заљубеност. нормално една од нив).
И 'грди' изневеруваат. Нема врска со убавина. @doubleg има и жени кои размислуваат како тебе, а има и мажи кои размислуваат како некои од жените кои коментирале, и кои ги обвинуваш за 'утопијско' размислување. Многу генерализирате сите.
Нема идеален маж ни идеална жена.Има само согласување измеѓу нив. И ти зборувај си само за тебе,другите мажи за нив сами нека си кажат. Крај на крај,сите си имат различни сонови во животот
Сите изневеруваат, не ме разбра, значи само шанса и добри услови им треба... а за убавите тврдам дека неможат никогаш верни да бидат.
Како ти што посакуваш харем, така некои се задоволни, среќни со нешто свето и за нив единствено покрај нив. Не генерализирај, идеални , совршени.. Едноставно имаме нешто прекрасно и сме благодрни. Ако немаме ќе имаме благодарение на размислувањето и ставот..нели партнер што ти одговара.
Јас само сакам да дадам мислење од машка перспектива, никого не фаќам за гуша Јас навистина ви посакувам се најдобро. Ништо лично, уживајте си во љубовта Може генерализирам, ама јас само кажав како јас гледам на работите, од досегашното мое искуство, со другари, пријатели, па и роднини, па што е најинтересно, и со мажи од страна на жм . Сешто се слуша кога мажите ќе останат сами.
Сакам да чујам повеќе за тоа што се зборува кога мажите се сами. Криво ми е што се напаѓаат веднаш сите овде, па луѓе кои се спремни да споделат 'неморални' мисли и искуства, се повлекуваат поради нападите.
Немам намера да навлегувам во детали, само сакав да кажам (и кажав) како повеќето мажи што ги знам и запознал до сега (вклучувајќи ме и мене) гледаат на ова. Може има и некои други што размислуваат другчије, но ете не сум имал прилика да ги запознаам подобро.