1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Женска, џабе ти се пасворди и избришани профили. Ако тој сака да оди со друга - ќе оди! Порано немало ни телефони, ни нет па пак најдувале начин да се договорат за секс. Него ако му се ебе друга тој е свесен е дека му ги знаеш пасвордите, не е будала да се допишува таму. И џабе те води сегде! Пример на работа не те води. Може на работа да те изневери, или па да си земе слободен ден или пак да излезе порано од работа и да си брка друга работичка. Од кај ќе знаеш ти? Кој ќе ти каже? Обично луѓето не кажуваат ( освен ако немаат некаква корист) оти прво не сакаат да се дел од драми, друго се плашат дека нема изневерената личност да им поверува па да испаднат криви. И да, секако дека сите ќе зборуваат за тоа, и ќе го пренесуваат како трач, сите ќе знаат само ти не. Изнрверениот последен и сам дознава! Никој нема муда да му каже! Јас еднаш така на другарка и кажав дека дечкото ја изневерува, а таа 20 пати ми се јави и ме препраша дали сум сигурна. И тој ја убедувал дека лажам ( што е нормално, кој швалер сака да биде откриен?) и после неговите убедувања и молења таа пак не беше сигурна во неговото неверство. Потоа наводно му простила и полека се оддалечи од мене? Оти? Ја убедил дека ја лажам...
    Е сега немој да сфатиш дека јас те убедувам оти дечкото ти е неверен. Јас појма немам дали ти е или не. Само сакам да ти кажам дека сето тоа што ти го изнакажа како гаранција дека ти е верен, да знаеш дека тие нешта не ти гарантират ништо. Маж како маж, ако треба сам ќе ти даде и пасворди и се, без ти да му побараш, само да ти замачка очи. Уште еднаш нагласувам дека не те убедувам во неговата неверност. Мој бивши две смени работеше, од 9 сабајле до 12 на полноќ. Кога другарките се секираа и главата си ја акаа каде им се дечковците, дали навистина се таму кај што кажале дека ќе бидат, проверуваа четови, провалуваа пасворди, јас си седев рает, сигурна дека ништо неправи мојот оти нема време кога, а и уморен- преуморен кај би нашол сила за да помисли на друга а не па да направи нешто. И погоди што... згрешив! И те какп кога човек сака ќе најде време! Ма ни умор ни ништо не го спречува. Немаше време ни за социјални мрежи, во неделата еднаш ако се уклучеше. Ама не му требаа за да си најде некоја.
    Е сега ќе ти кажам и една, ајде да ја речам приказна што ја знам од баба ми... некој маж бил претерано љубоморен на својата жена. Ја држел како во затвор. Кога излегувал од дома неа ја заклучувал, без него никаде не одела, а кога ќе излезеле смеела само во земјата да се гледа. Не смеела ни да помисли да го крени погледот, ни да види со кого се разминала по пат, а не па да се поздрави. Ако не ги слушала неговите правила јадела ќотек. Еден ден спростирала алишта во дворот а мажот седел со неа и ја чувал. Едно време му се приодело во веце и погледнал на сите страни, немало никој и влегил во полското веце ( нели тогаш само такви имале). Додека тој бил внатре излегол комшијата од дома а таа со ишарет му кажала да ја чека вечер на полноќ во нејзиното полско веце. Вечерта на плноќ жената го разбудила мажот и му кажала дека и се оди во веце и да оди со неа да ја чува оти и било страв сама да излегува толку доцна. И така мажот седел пред веце-то, а таа со комшијата си збркале работа.
    Е ова е тоа што викаат швалерката и дома ќе ти иди и кафе ќе и вариш! Така и мажот од приказната, џабе клучој, ланци, ќотеци кога тој стража и' чуваше додека таа со комшијата си се сексаше.
    И пак ќе напоменам, само сакам да ти кажам дека ништо не ти гарантира ништо! Некој аки нешто сака и решил, нема сила на светов што ќе го задржи.
    Поздрав и се најубаво :*
     
    На candy.cane, gjoker4e, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. lunchy

    lunchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Фaлa нa сoветoт Сaмo кoлку изневерувaaт мaшки тoлку и женски. Имa и жени сo швaлери и oбрaтнo.
     
    На natemila, buba4e89, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Многу нормално. Дури и жените се поопасни и попрефригани :D
     
    На gjoker4e, natemila, Desi1991k и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    Дечки насловот на темава како што гледам е врска со оженет човек,не некој што си се лупнал со некој неколку пати или дали ви се пуштал женет...Врска си е врска
    како што прочитав наназад имаше некој пишано доверба пред се...тоа е тоа имам доверба во маж ми дека нема да отиде со некоја и исто и он во мене...не се согласувам во никој случај да се биде во врска со женет човек,тоа е мое мислење за темава...
    Исто така мислам дека ако мажот/жената знае што се случува како во случајот на Wild Mk e ok...така си избрале тие да си го тераат животот незнам зошто ја осудувате кога маж и знае што се случува и она знае за него
    нели доверба пред се...они ништо не кријат си знаат
    и кога некои зборат ван тема и јас ќе прашам нешто зошто ме интересира :)
    да ја прашам Wild,утре ден кога ќе ти порасне детето дали ќе му кажеш дека такви работи сте правеле ти и маж ти? и дали мислиш дека ќе му биде ок тоа кога ќе го чуе ако признаеш? или ќе го воспитуваш дека тоа е добро и слободно може да го прави истото? :)

    -:!: ме интересира како би функционирале натака не дека осудувам било што !
     
    На Ladyyyy567* и lunchy им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Имам одговорено на овие прашања. Има засебна тема
    https://forum.femina.mk/threads/Отворен-брак.29222/
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pretty_woman

    Pretty_woman Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2018
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    До денеска човекот кој пред 2 години го избришав од мојот живот човекот кој е мртов за мене...
    Пред две години се појави еден човек во мојот живот кој сеуште го паметам а мразам што го паметам.Еден човек со толку прекрасен поглед што ме заслепи.
    Една вечер илезена бев со моето друштво ми беше здодевно седев и само пиев,од спротива седеше тој што со неговиот поглед кон мене ме опи.Се познававме одамна нашите родители се многу добри пријатели.
    Таа вечер тој не го тргна погледот од мене бидна што бидна излеговме,неможам да го опишам чувството додека бев со него прв пат во мојот живот го почуствував моето срце кое ќе излети од возбуденост,се заљубив се заљубив за прв пат во мојот живот.
    Тој беше женет човек,тој период живееа во различни градови и беа разделени со неговата жена велејќи ми дека никогаш нема да и се врати на таа кучка неверна која го изневерила.
    Бев со него 2 месеци во тајна врска 2 месеци кој беа исполнети со многу љубов тој ме гледаше толку заљубено велејќи ми дека се би сторил за мене.По два месеци тој замина на работа во странство,кога се испраќавме тој солза пушти за прв пат видев машко со солза во очи.
    Цел месец контактиравме преку вибер се гледавме на камера зборувавме денот така ни поминуваше од како тој замина во странство.Секое утро ме будеше со убави зборови кој ме правеа среќна,но едно утро ми се јави и ми кажа дека сака нешто да ми каже му реков те слушам
    Те молам да завршиме неможам повеќе ќе се вратам кај жена ми морам не поради неа поради детето јас молчев на телефонот тој рече јас си го кажав своето те молам веќе да прекинеме јас му склопив и почнав да плачам.Тука заврши се толку лесно заврши со една реченица.
    Го немам видено цели 2 години,човекот нема никаква социјална мрежа цели две години,од неговите родители случајно слушнав дека се преселил да живее во странство со неговата жена и синот.
    Тој за мене е мртов човек.
    Се каам за се но се е напразно.
    Јас останав повредена која цели 2 години неможам да го заборавам тој човек неможам да замислам како би било ако го видам некаде после толку време несакам...
     
    На xxhexx, tina-63, lunchy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    33.406
    Пол:
    Женски
    Мој став за ова е никогаш и никаде за било кого.... како бе можете да им го јадете лебот на децата ... без разлика дали од машка или од женска страна. Мене ми се грози од самата помисла а не пак да бидам дел од таква никаква игра.
     
    На gjoker4e, Hellobeautiful, Petar80 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    На кои деца?
    Како им го јадат лебот?
     
  9. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки
    че ја чести швалерката по кафичи, кафани, носи по хотели и слично, наместо домаќински да си појди дома со полни раце најлони.
     
    На gjoker4e, Hellobeautiful, BabyStyle и 8 други им се допаѓа ова.
  10. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    33.406
    Пол:
    Женски
    Тие што се створени од такви гадови!
     
    На Hellobeautiful, Feminka22, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.985
    Па ваљда гадот им го јаде лебот.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    33.406
    Пол:
    Женски
    Значи пак ќе кажам дека како можете да им одземате од тие невини дечиња ..... ако сте планирале цел живот да имате две особи едноставно не правете трошок дома и не стварајте деца што утре може еден ден ќе се срамат што имат такви родители.
     
    Последна измена од модератор: 7 октомври 2018
    На gjoker4e, Petar80 и anaja1 им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.369
    Јас би барала вина само во тој до мене.
    Што има некоја си да мисли за моите деца или пак за мене и мојот брак кога тој што треба не мисли.
    Со се парталите нека си го зеде после таков чин.
     
    На candy.cane, Vojdana, mssuniquee и 18 други им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    A зошто само две?
    Инаку, за некои луѓе парите не се проблем, има се - може се.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не ме носел никој никаде, си плаќам пола.
    Ако нема тој да плати пола, нека не излегува. Не го тера некој.
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.369
    Неверството како чин е далеку поболен момент од тие неколку иљадарки...
    Има лудо заљубени девојчиња, ај да не речам прелажани, со години одат со некого а денар не потрошиле “швалериштава” на нив. На таа негова жена не верувам да и е многу полесно само поради тој детал.
     
    На candy.cane, gjoker4e, x.Daisy.x и 2 други им се допаѓа ова.
  17. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    33.406
    Пол:
    Женски
    @WildMk не не сум твој човек јас извини ..... имам среќен и затворен брак. Доволен ми е само тој...
    @danichap на тоа и мислев Дани дека неможам да го сфатам тој што не мисло за своите деца како може да им го прави на истите тие... значи не знам неможам да сфатам после една случка што се случи кај нас од тие швалерки и такви бедни мажи .....
    А на кого не му се свиѓа моето пишување нека прескокне.
     
    На gjoker4e, Petar80 и danichap им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Затоа изневерувачите треба да си кажат искрено што сакаат да прават, па сопружникот да одлучи дали сака таков живот, или не.

    Тути фрути и јас имам среќен брак :)
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.583
    Пол:
    Женски
    искрено татко ми имаше швалерки на претек..а нам не ни фалеа пари ни било какви материјални нешта никогаш.Едино што ни фалеше беше љубов и грижата негова

    ..бидејки за лебот зборите па да си кажам
     
    На Glossy-girl, gjoker4e, simona_baby и 14 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Се безобразни таквите. Сите тие тројца (со кои бев) такви биле, сериски изневерувачи. Цело време имаат други, сите години од бракот. Себични се неверојатно. Не им е гајле за ништо, освен за нивното задоволство.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.