Нема што јас да оправдувам. Оженетиот е тој што рискира. Никој не е со сила натеран да влезе во некаков однос. Ако мажот сака да те вара, дали ќе биде со Митра,Петра или Трајанка не е битно. Толку те цени.
Токму тоа го имам пишувано. Да знаете само колку се кријат од скриени профили. А секако имаат за еднички профили со жена му и децата.
Оп стоп,цело време се води дискусија како швалерките не се криви,дека крив е мажот што најлогично е така бидејќи тој е тој што треба да зе загрижен за својата фамилија а не швалерката,зошто и се нафрливте на Вајлд? И да е таа швалерка во случајов што не е,сама кажа 100 пати,ебачица е,швалерката е long term и најчесто гo терети семејниот буџет,Вајлд не е тоа. И швалерка да е и ебачица да е штои да е,искрена е и многу покултурна од многу овде што ги прочитав.
Ништо различно од брак каде двајцата притаено си вараат, си имаат врски настрана, ама дома пак се семејство И знаеш зошто е ова вака? Заради тоа што го пиша Бриџит. Може Вајлд е во право за нејзиниот брак, ама не може да очекува сите да сме во отворен брак. Јас ако го сакам маж ми, никогаш не би поднела да знам дека ме вара и кога ќе се врати дома да ми каже. Знам исто и дека може да ме изневери. А можам и јас. Ама ни сакам да знае, ниту јас да знам. Кога веќе знаеш за неверството, потоа брак веќе нема. Се е глумење семејство.
Она си збори за својот брак. Доволно е храбра да излезе од матрицата на балканско живеење. Е тоа што некои ја направија неморална, растурувачка на фамилии е тоа ми боде очи.
Ама пробува да го наметне нејзиното како правилно. Јас ја сфаќам и знам што сака да каже. Го прифаќам и нејзиниот брак, оти е нејзин. Но толку. Јас поинаку сакам и правам. За нападите. Нормално. Што очекувате? И јас мислев дека ми го растурија бракот, бев спремна и да се тепам. Треба време да созреаш, да сфатиш дека само ти и партнерот може да растурете брак и семејство. И за ова треба време.
Нормално, ама прво крива е. Криви се сите. Бесен си, повреден. Нормално. Е потоа созреваш, заздравуваш и правилно гледаш.
Значи основен мотив е прифаќање. Стигмата. Зошто човек на кој му е брак заедница помеѓу двајца луѓе,верност и љубов треба и мора да прифати ропство на нагоните односно нивно неконтролирање? Тоа е отворен брак .Потчинестост на нагоните,тие контолираат,и се јавуваат на некој друг, бидејки ги нема меѓу партнерите,т.е.умреле. А друго прашање е зошто човек кој од старт е за полигамија влегува во институција брак (традиционален)за да потоа го преформулира истиот во отворен и бара прифаќање ,па и реформирање и укинување на бракот?
Отворен брак си има супер ама тоа не е оправдание за да се гледа со други женети , тоа што со мажот е искрена не го оправдува тоа што си бара женети еба*и плус пробува тоа да го наметне како нормално. Не не е океј да се гледаш со женети безразлика дали си слободна или во отворен брак ,нема никакво оправдание за тоа а она пробува да го наметне тоа како нормално и океј и се прави дека не сфаќа што сакам да кажам. Не сме животни па да се водиме по нагони. Ако е во отворен брак ако сака да се ебе на страна има многу слободни мажи никој не ја тера да се е*е исклучиво со женети.
Ако се случи убиство при кое вие му го подавате пиштолот на убиецот и притоа сте сведоци на истото, соучесници сте и виновни сте бидејќи повредувате друг човек. Исто е и учестовото во изневерување, па тешете се колку сакате на форумов.
@melissa не ке ти е за детето жал чим викаш дека ако си на место на жената на овој твојов "сакан" без да размислиш ке го пуштиш да биде со шлалерката, немало да го држиш. Ај сега од ново размисли, што ке направиш ако имате деца и некоја се швалерисува со мажот твој. Ке го пуштиш ли овој пат? Зашто ете причината ти е детето за да не сте заедно. Сирота ти и сирота жена, ве игра како што сака. Со кој памет излегувате со женети? Знаеше ли дека е женет? Како тоа и со друштво излегувате заедно? Не ми е баш јасно.
Ја разбирам Вајлд до некаде, си го фура филмот, така си ги има поставено работите у нејзиниот брак и тоа е тоа. Ама да не' убедува сите дека бракот ко институција и моногамијата е нешто страшно е со тоа не се сложувам, ама ИЧ.
Имам гледано некој инстерт изгледа од ова... а може и не е од ова, истата игра ја играа знам и на маж од маж му стигаат dirty messages и ги читаа гласно и плус и фото му прати... Што е полошо од тоа мажот да има швалерка?.. Да има швалер
Ехеее па дај Боже сите да беа ко Вајлд,зато шо маж што сака да изневери ќе изневери,ќе си најде некоја,а најлошо е што често се во долга комуникација со истите и трошат семејни пари на нив,ај сега размислете уште еднаш,дали швалерките се криви,дали некои како Вајлд или мажите.
Стварно сите имате поента. Така е, не може човек да негира. И мене маж ми да ме изневери нема да имам неутрални чувства кон швалерката. Од друга страна зошто да очекуваш од некоја која не те познава да се грижи за твоите чувства кога маж ти не се грижи. Не знам што да кажам
За мене изневерување е да лајка други и да се допишува, а не па да го брца ку*** кај ќе стигне. Или ќе ме гледа како божица или нема да е со мене. Или е црно или бело, нема измеѓу. Негативни енергии највеќе мразам, не сакам да ми се дел од околина. За други сексови и за женети мажи што лајкаат пајки не се замарам. Два пати сум кажала на девојки дека дечкото ги изневерил (со доказ) па си останаа со него. Има и глупачи тоа е.