Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    39.539
    Бој се овна, бој се го.на, прошаo живот.
    Ама прочита некој дека таа сака да прекине со него?
    Јас прочитав душата ја боли, сексот е фамозен, не ми се јави 4 дена куку.
    Си фатила работа со гнаса и е со battered woman психологија.
    Прво и треба психолог и роднина што ќе ја заштити, ова посебно ако е во мал град, а тој ако има врски.
    Полиција идење заедно со родители или друга поддршка
     
    Последна измена: 27 септември 2021
    На Anomis11, Celltica, gjoker4e и 17 други им се допаѓа ова.
  2. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.639
    Пол:
    Женски
    Напиша дека сака да не ја прогонува, да се одалечи од него.

    Мој совет е секогаш ама секогаш прекинувајте ги работите што знаете дека идат на лошо, со време. Сигурно имало црвени знаменца и претходно, кога било "се во ред". Човекот е насилник и ништо чудно и жена му да знае за членката ама не смее да зуцне од гнасата.
     
    На saki13, Гладиоли, ladydy13 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    39.539
    @x-MajaEsposito-x ова ти личи на некој кој сака да се раздели или да си продолжи без тепање?
    Од пробува до правење е многу чекори.
    Наивна е девојкава и стварно и треба помош ама не од ха-ху карате потези кои некои ако размислат ќе сфатат дека се неиздржани.
     
    На Celltica, gjoker4e, Bezimenka90 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Што би ја советувала ти, жити очи?
    Не е наивна, испран и' бил мозокот.
    Типично однесување на жртва на насилство.
     
    На H.VAGA и Shia им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    39.539
    Жими очи, да не кажува на "сите" ко што велиш ти, не знам ни кои се тие сите, оти на "сите" не им е ни гајле...
    Да сфати прво дека ЗА СЕБЕ помош треба да побара, да се јави на линиите за жртви на насилство, да збори со психолог таму, а не со social justice warriors.
    Да види со шефот на работа, или шефицата, оти ако клипанот праи проблеми, знам луге што морале да дадат отказ од кретени.
    На крај, полицијата на моја релативно блиска, и рече дека за таква стока како нејзината, најубаво да најдат некој да го искрши него од ќотек.
    Знаеш што уште? Таа по години му се врати...
    И мојте очи немаат је.ена врска со ова...
     
    На Celltica, Гладиоли, M.B. и 3 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Да ме извиниш, ама на луѓе кои се во насилни врски им треба цела помош и поддршка од околината.
    Сама ништо не може да направи.
    И тепање не е решение.
    Без разлика што и' рекла полицијата на 'твоја блиска'.

    Јас да сум ќе знаат жена му и неговите родители.
    На нив ќе го 'пофалам'!

    И тоа, со врачување тужба!
     
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    39.539
    Важи, кажи и.
    По секоја цена да се било во право.
    Ти збориш од твое искуство. Или не?
    Смешна си со она неговите родители..
    Шо тужба на жена му? Се читаш?
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Да.
    Сега ја пријавувам секоја ситница.

    А школото, многу добро знаеш кое ми беше.
    Посебно немањето поддршка од околината.
    Најболното... кога си си во таква состојба...

    Ти од искуство зборуваш?
     
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    39.539
    Мм да. Од искуство на жена која по сите грозоти му се врати на насилникот, зашто пред се ЗА СЕБЕ не побара помош, да сфати дека мајки, татковци, не се важни...
    Ако плашиш некој на 32 со мајка му, многу јако.
    Не мора се да имам доживеано за да седнам и да размислам.
    Ниту па ако си доживеал си помудар обавезно.
     
    На Роберт 7 и Candice.S им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со @Dentina таа не сака да прекине со него туку да престане насилството. Тој и ги знае сите слаби точки и знае добро како таа ќе постапи и затоа и се сили.
    Единствено што може да направи е да оди некаде подалеку да исчезне,да смени број,стан,место и работа.
    Или да го пријави.
    Дојде да бара совети како да го натера да престане да ја тепа и се да биде како на почеток. Тоа сака да слушне,не сака да слушне за крај.

    Од друга страна да го тргнеме на страна насилството, сите знаци како ме сака,негова сум ама не ме шета,не ми дава да искочам, да имам социјални мрежи се red flags и тоа големи. Изолирањето настрана од се и од сите е само доказ дека тој нема да се остави со жената што тука членката сама си направи. Сама си е крива за овде,што седиш и чекаш некој да те прошета.
    Исто и пишала “проклет одмор” не знам што не е јасно и проклето,биле на одмор фамилијарно,се зближиле со жена му пак и си биле семејство, ти си била само сенка. Кога се вратил не бил истиот нормално, тука си требала да си заминеш.
    Не да плачеш,да кубеш коси со тоа да му го храниш егото. Сама си дозволи до овој степен да дојдеш, тој човек не те сака,ниту цени,ниту почитува. Тој човек те гледал како издувен вентил, резерва, да си го потполни празното време. Ништо повеќе.

    Затоа сега, со ладна глава почни да мислиш да поднесеш кривична пријава за типот и да свртиш нов лист далеку од него.
     
    На spacegirl92, gjoker4e, Bezimenka90 и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Clear

    Clear Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    195
    Девојче, имаш проблем пред се со себе. Не е ова твоја "тажна судбина", ова е твојата одлука.
    Го засака и можеби звучи сурово, но ти не знаеш за подобро, па мислиш дека таква љубов нема да ти се повтори. Ако може да се нарече љубов. Дефинирај си сама што е љубов за тебе. Насилството, љубомората, да си втората опција, сигурно не е.

    Второ, неговото однесување не е нормално дури и во „нормална“ врска, а не во оваа, каде што е со тебе, само кога он може и сака.

    Твојот најголем проблем е да се соочиш со вистината, за која си длабоко во себе свесна, иако се надеваш дека ќе се смени, верувај дека нема. Мораш да ОДЛУЧИШ да завршиш со него.

    Се друго се само изговори, бидејќи сакаш да останеш во таа врска.

    И знам дека твојот проблем е што не сакаш да се дознае за ова, но никој од тие луѓе нема да му е гајле утре, ако ти се случи нешто, не дај Боже.

    Блокирај го секаде, игнорирај го, ќе се откаже, ако веќе не сакаш да ја вклучиш полицијата, иако тоа би ти била најдобрата опција од сите.

    Млада си, не дозволувај, да ти го уништува животот човек што не сака ни себеси, а не тебе.
     
    На spacegirl92, Bezimenka90, Martka и 8 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Ко ќе се одучите од то: “Сама си е крива“ - тогаш ќе има некаква шанса за подобар живот на жртвите на насилство.
     
    На AlicaInWonderland, $ophia, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Те чекав, знаев дека ќе ми ги испревртиш зборовите. Ништо не си разбрала што сум напишала,си разбрала само тоа што ти одговара. Штета.
     
    На anaja1 и Need for Speed им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    A кој е крив според тебе? Кој е крив што уопште почнала врска со женет човек? Кој е крив што не го пријавила и не си отидела после првиот шамар? Кој е крив што сака да биде втора? Он ли?
     
    На Bezimenka90, raww, Martka и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.358
    Допаѓања:
    171.080
    Пол:
    Женски
    Она си е крива што уопште се впуштила во врска со оженет човек.
    Крива е и што не го пријавила или оставила после првиот шамар.
    Крива е и што и она му залепила шамар во една од расправиите.
    Но не е должна сеуште да трпи насилство.
    Тоа и ја советуваат овде. Да го остави и да го пријави.

    Иако мене лично ми се чини дека девојката не бара решение како да престане да трпи насилство, туку бара начин како да ја поврати "идиличната" врска која ја имале пред тој да отиде на одмор со сопругата и децата.

    @Okle23 бегај од тој однос дур не си заглибала појќе. Најди си некоја колешка - пријателка со која би се враќала од работа, за да ако те сретне по пат и ти направи проблем да имаш сведок. Избриши го од соц мрежи, стави блок на тел повици, игнорирај го тотално. За неколку дена ќе се откаже.
    Ако ептен ти досадува на тел можеш да го пренасочиш телефонот кога тој ќе ти звони повикот да му се пренасочи и да звони на жена му на бројот. Нека и се јаве така 2-3 пати па да видиш како ќе си легне на брашното
     
    На gjoker4e, Bezimenka90, Celltica и 20 други им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    60.804
    Пол:
    Женски
    Вакви насилници и тепачи се јаки се дури некој не им списка. Те научил дека може да те контролира и сега ти изгледа невозможно да се ослободиш од него. Потсети го дека имаш докази оти сте имале неколкугодишна афера, дека тоа многу лесно може кај жена му, неговите, јавно да се објави итн итн. Потсети го дека животот може како кула од карти да му се сруши ако продолжи така да се однесува.

    Ако те удри кај доктор, со медицинска белешка и после у полиција. Нека си поседи вечер, две, па нека се објаснува после со сопругата кај бил и како бил.

    Си погрешила што си погрешила што си отишла со женет човек, ама правилната работа што сега можеш да ја направиш е да се оддалечиш и да си почнеш нов живот. Ништо друго не е прифатливо.
     
    На Celltica, gjoker4e, Bezimenka90 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Можи на момент да го тргните на страна тоа што е женет и да се сконцентрирате на делот дека е насилник?
    Веќе не е во прашање бес, туку состојба во кој има жртва на насилство.

    На жртва не и' помага да и' велиш дека 'сама е крива'
     
    На $ophia, Noranora и Shia им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    60.804
    Пол:
    Женски
    На gjoker4e, IRBBB, anaja1 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.358
    Допаѓања:
    171.080
    Пол:
    Женски
    Ама оваа жртва најпрво мора да се потруди да си помогне самата на себе.
    А тоа ќе го направи кога ќе се тргне од љубовникот.

    Оти да Не се правиме на три ипол.
    Во постот апла акцент се става на промената на неговото однесување, на тоа дека веќе не ја сакал како порано....Уз пат се споменати шамарите.
    Дури и она го имала залепено еднаш два пати
     
    На gjoker4e, Celltica, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Цело време бил таков.
    И тоа е замката која насилниците ја градат за да дојдеш до ситуација кога само нему му веруваш и само на него се потпираш.

    Grooming се вика тоа што го правел на почетокот

    *Grooming is when someone falsely gains your trust to persuade or trick you into doing something sexual with them.
     
    На $ophia и Annath им се допаѓа ова.