1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да продолжиме?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Teresa94, 23 јули 2011.

  1. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Епа вакаа.. Јас бев во врска со едно момче во декември.. Многу беше добар со мене и внимателен.. Секогаш ми попушташе.. Но раскинавме а останавме другари. И еднаш се скаравме незнам за што беше, он на мене едно ја на него три :lol: . И тој почна да ме навредува, дека ја сум имала стари родители, дека требало да ме родат подобро би било да посвоеле друго дете. Дека сум кривела кога сум одела ( а ја тогаш имав проблем со ногата, но ми помина бев на ортопед.. а и не кривев којзнае колку). Па и ја не бев светица во расправијата му изнакажав се и сешто што ќе ми текне на памет. И сега сака да се помириме а ја уште го мразам поради ова што ми го кажа.. Незнам некогаш го сакам а кога ќе се присетам на ова ми станува одвратен. А тој после тоа ми се извини и ми рече дека се кае за се што ми кажа но јас злопамтило не му опростив.. Што да правам?
     
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    И самата кажа дека тој бил многу покоректен кон тебе отколку обратно .
    Дај си шанса и дај му него шанса ,па видете ,ако ви одговара - продолжете ,ако не ,раскинете .
    Од мене тоа е.
     
  3. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Да,, ја бев заникаде кога бев со него, не му обрнував внимание и за тоа се чувствувам виновна. И тој ми го кажа истото. Тој ми праќаше по 100 љубовни пораки на ден, а ја ниту една..И секогаш си бев офлајн на фб да не ми пишува, да не ме замара хах.. Добро тоа беше на почетокот.. а и немав време да излегувам со него, и за тоа ми се пожали. А раскинавме затоа што тој ја засвиѓал неговата најдобра другарка која секогаш била добра со него.. И ми рече добро ќе си дадеме уште една шанса да не раскинуваме веднаш но јас му раскинав.. И во април ми понуди врска, а јас го одбив. Сега неговиот другар се труди да не помири, и ми кажа дека ја сум требала да го направам првиот чекор, зошто тој демек неможел веќе да се труди мене ми бил редот.. Е сега незнам, ако ми дозволи гордоста ќе се потрудам, ако не.. пиши пропало хахаха :D
     
  4. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    243
    Теми вакви милион. Зашто не побарате пред да отворите нова тема? Јас мислам дека темава треба да биде заклучена, а ти можеш да си прашаш тука vrski/ljubovni-problemi-i-soveti-t243/
    изволи, и со среќа. :*
     
  5. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Не верувам дека ќе одговорат.. јас мислам дека пишав еднаш таму од друг профил што го имам и не ми одговорија, а и веќе не го користам тој профил може да го избришете /profil/SaraTrajkovska/
     
  6. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    Иксрено ,не сваќај се здраво за готово.Ако мислиш дека може да ви успее,па направи го првиот чекор,продолжете ,пробај па ќе видиш.И дечко ми ми има изнакажано свашта во еден критичен период од нашата врска ама..тоа е што е,секој може да те повреди,ти одлучи кому ќе му дадеш втора шанса.Работите се забораваат,се простуваат.Сепак ако не пробаш,никогаш нема да знаеш.Со среќа. ^_^ ^_^
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Може бил изнервиран во моментот па се испукал. Како и да е не му попуштај од прва нека види дека не оти тоа така, а после можеш да дадеш уште една шанса на врската. Но уште една таква грешка и прекинувај и веќе нема шанси :!:
     
  8. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    ако го сакаш дајтеси шанса двајцата сте згрешиле сте си кажале што и не пробај но доколку пак поцните со такви детски навреди одма стави крај
     
  9. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Не попуштив веднаш.. Тој и после тоа ме викаше да излеземе да ми се извини зш навистина се покајал, и да појдеме пак.. Но ја инает несакав.. По 3 месеци пак ми понуди врска јас одбив.. Па сега гледам мене ми е редот... а јас каква сум тешко дека ќе го нарпавам, а и ми е страв, ако се помириме и ако пак сме во врска ќе ми текне на тоа што ми го кажал одамна и ќе го повредам... :worried:
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Нареден пат кажи му дека татко ти е појак од неговиот татко и дека ќе го истепа.
    Ќе видиш како ќе се смирите одма ;)
     
    На LyckliG му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Хххахахахахаахахахаа ме изнасмеја mims, во право си, заврши 4 година сега ќе оди на факултет а се понаша како дете, јас 2 година сум па не сум таква хахаха. Шетаме кај другарка ми и тој здогледува кајзии и веднаш ај да се качиме и да набереме му вика на другарот, а човекот седи во дворот и ги гледа и јас им викнав ај сега како мали деца по дрва ќе се качувате :rofl:
     
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Срцко пошто ти си навикната да се дружиш со коректни личности и ја ќе бидам дел од тие! ;)
    Ги читам твоите постови тука со ред и веднаш ми стана јасно дека се работи за помалечко девојче, затоа не викај дека е само дечко ти или бившиот (како било) е дете пошто сума сумарум и двајцата сте деца т.е. Млади да кривите и правите веќе крива Дрина, да крадете кајсии- во ред ама како можете кога сопственикот гледа?! (смајлиштосегазиодсмеење)!!
    Оди, шеткај, уживкај во твоите години !!
    За машко- цел живот ќе си со маж!! 16 години само еднаш имаш !!

    П.С : и речиму да не краде кајсии !! Кој краде, има вошки !! :D :D :D
     
  13. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    пробај ако те мачат такви мисли стави пак крај и готово не се замарај мн
     
  14. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Бегај бе ја не сум таква да крадам кајсии и тие глупости хаахха
     
  15. Caakana

    Caakana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво,нова сум во форумот па се надевам дека ќе ми бидите од помош :)
    Со дечкото сме во врска веќе 4 години, и се разбира во почетокот никогаш доста од секс ,но се во свое време изгледа така си е редот или пак не ?!
    Пред извесно време почнавме да си зборуваме што ,како ,со кого,каде сме правеле претходно во почетокот возбудливо но потоа веќе премина во љубомора и различни препукувања , и се разбира се каам до небото и назад што се изјаснив за некои работи , веќе почна да се опушта и да ми кажува какви девојки сакал итн, а и сексот некако ми стана колку ради реда а и не е нешто од што сум многу задоволна брзо ејакулира дур сум седнала сум станала па после сака и јас да завршам работа а тоа не оди така лесно па дури и ми казува колку време не сум свршила и ред други работи па настапуваат моменти на љубомора ,многу пати сум му кажала дека не сакам да ми спомнува такви работи но бесцелно ,сум му се скарувала но еве го другиот ден на телефон ,искрено не знам веќе што да правам , од една страна не се издржува вака секс без задоволство,од друга што без него си викам дека го сакам или пак ми станал навика а и градов е толку отепан што веќе нема некој избор на машки , совет феминки ???
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Разговор. Се може да се среди со разговор, секако доколку сте и двајцата разбрани. Седнете и разговарајте за се што ви смета во врската, и доколку мислите дека вреди да продолжите тогаш потрудете се да ги решите тие работи и да ги изоставите. Во спротивно, не гледам причина зошто би продолжиле.

    Доколку досега имате разговарано темелно, и сепак се продолжило по старата песна, мој предлог е да раскинете. Што ќе ви е врска со таков секс? Зарем не треба обострано да уживате? Или барем паузирајте некое време додека да се средите и двајцата. Оладете малку, не поминувајте многу време заедно, почнете да си недостигате еден на друг, така ќе има и повеќе страст...
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Caakana

    Caakana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ти благодарам на мислењето можеби и ќе сторам така !!!
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Незнаев во која друга тема да го сместам прашањево. Знам дека ќе ме критикувате но во тоа критикување ако може и по некој совет да ми дадете.
    Имав дечко идев година и четири месеци и незрело за мене и за моите години направиив голема грешка. Отворив лажен фб со намера да дознаам дали дечко ми ме изневерува со некои бивши, но за жал од незнам некоја најглупава причина додадов и некои бивши кои апсолутно не ми значат ништо во животов, ниту пак ми значеле, ниту сум имала убави моменти поминати со нив за разлика од дечко ми со кој ми се случија најубавите работи. Бидејќи бев под лажно име и презиме, и немаше моја слика јас на нив не им се претставив дека сум всушност јас тоа ниту пак имав намера срам ми беше да направам нешто такво.
    Пред 2-3 дена дечко ми дозна за тоа, и на два памета е дали да биде со мене или не што е многу нормално нема веќе поверење во мене, мисли дека не го сакам, а всушност е сосема спротивното. Незнам кој ѓавол ме натера такво нешто да направам, толку ли да сум глупава.
    Со дечково си имав многу планови за во иднина, знам дека ме сака и дека многу го повредив и сега сакам да му докажам дека не е тоа тој што го мисли.
    Не сакам да го изгубам никако, никој друг не ми значи во животот освен него, а тие бивши ги додадов од ете...радозналост и заебанција, но не и да вратам контакти лично јас со нив.
    Како да му докажам дека никогаш нема да направам грешка, не само таква туку и било каква?
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    А како дозна дечко ти за ова? :^)
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Нормално да однема доверба во тебе после тоа :fubar: Со кој памет размислуваше пред да ја донесеш таа одлука?Сама си го скрои сето овА.Да сум како твојот дечко ке ставам веднаш крај на врската.Па дур си ги аднала твоите бивши?Што може да помисли после ова?Нормално,дека не го сакаш па сакаш да повратиш некој од твоето минато.Што ке правиш?Ништо.Дај му време да го свари сето тоа а ако ти прости се надевам следен пат со памет.

    И бар дозна нешто?дали те изневерувал?Бар да се исплатеше сето тоа |(
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.