Сега кога повеќе ќе злади навечер ќе ми требаат подебелки пижами за ќерка ми (3 ипол години е). Ама сакам фротирни или плишени , со рендри (ластики) на раквите и ногавиците кои нема за брзо да се разлабават па пак да и се креваат нагре додека спие. Задоволна бев од пижамите на Пелистер но веќе ги нема во нашиот град, а ги има ли производите на Плистер во СК и каде? Ги користел ли некој пижамите од H&M плишени, дали се добри? Или некои други од друга поквалитетна фирма, ама дебели, плишени или фротирни со стегнани рендери,каде да барам?
Женски кај има низ Скопјево или Гостивар скафандери ама мали броеви, 56, 62..или 3-6 месеци?ќе ми требаат за бебушкиве, а немам време да шетам низ продавници.
Waikiki имаше, вчера баш гледав. Цената околу 1800-1900, различни модели и величини. Имаше баш и од 3-6 месеци. Зборам за продавницата во Capitol Mall, би требало да има и во другите.
Имаш и во Hello Baby во Бисер од страна на катната гаража.Лани за сестра ми купив 1400 ден.такво мекано со ушиња полнетко е ко со јоги внукми го изнаноси.Доле облечен боди и шпихозни и тоа врз.
Ние имаме плишани од лани од ХМ,невиден квалитет. Ми текнува +-20 евра ги плативме,амам алал да им се парите.Дека поголемки ни беа,и зимава ќе ги носиме. Не се мрднати,како сега да се купени.
Само што најдов "жртава" што ќе идат у Софија вторник/среда па ќе идат од h&m ќе ми земат баш какво што сакам. Инаку бев денес до венис у рамстор видов имаат скафандери по 1900 али не такви какви што барам. Како и да е фала ти
Такви ќе купам и јас. Периодов секако ќе одам Солун па меѓу другото ќе и земам и плишени пижамчиња. гледав едни личакови, ептен убави беа. Фала на одговорот.
Каде да купам кебенце за бебе,некое меко и убаво да топли? Сакам да го користам и за подлога во количка и за покривање И слики ако имате
Девојки од каде купувате креветче,количка транспортер,душече препорака каде да разгледаме ваши искуства
https://forum.femina.mk/threads/Количка.4578/page-104 https://forum.femina.mk/threads/Креветче-за-бебе-совет.4076/page-27 https://forum.femina.mk/threads/Монтажно-креветче.21233/ https://forum.femina.mk/threads/Транспортер-и-релаксатор.8844/
@eli25 музичката вртелешка од Енци е на попуст, сега е 3.500 ако уште ја сакаш @Ano ете и тебе да не ти треба информацијава, да не ти се скрши таа со славејот ^не знам до кога е попустот дали сега ради роденденот на Молот од 4-8ми..
Јас количка и креветче купив од бејби Блу се наоѓа во Сити мол имаат убави работи избор од повеќе марки за сечиј џеб имаш и други продавници разгледај си и на интернет ќе најдеш.
Убава капа квалитетна каде можам да најдам..Сите се развлекуваат после едно перење..Може и од некоја страна ако има да порачам бидејки баш и немам време да шетам низ продавници