1. Оваа тема 2. https://forum.femina.mk/threads/Килограмите-и-врската.6062/ 3. https://forum.femina.mk/threads/Убаво-ми-е-што-сум-дебела.3592/ И можеби уште некоја тема постои за килограмите. Сите проблеми се решија, килограмите и хејтот кон дебелите остана вечен. Еве ме моментално, вторпат бремена во брз временски рок, скоро 100 килограми и живеам, постојам, сакана сум. Маж ми е фит, набилдан, да му кажам дека на фемина рекоа треба да ме остави што не се грижам за своето тело, срамота било. @RainBow до кога ќе стојат вакви теми, со вакви наслови, со такви мислења за хејт. До кога луѓе за дебелина ќе се хејтаат и ќе бидат навредувани? Читаат млади девојки, момчиња, се руши нечива самодоверба. За блогерки реагирате, реагирајте и тука! Нормализирајте дека не може сите да се 90-60-90 пропорции и 21 век е, не сте смешни со навредиве за дебелите луѓе и сожалување дека биле греота.
Нема потреба да се наоѓате повикани или нешто , јас само си кажав за мене. Доколку не е дебелината поради некоја болест /хормони тогаш немате изговор. Ниту еден доктор нема да рече браво така продолжи сите знаеме од дебелината што се може да се деси. Напаѓајте ме колку сакате ама факт е тоа ако немаш некаква болест туку си со вишок килограми само затоа што сакаш да си јадеш многу тогаш не се грижиш за себе си. Јас не би сакала партнер кој не се грижи за сопственото здравје. Нема потреба да ме навредувате секој си има свој преференции тоа е мојата. Не значи дека ако не сакам дебел дечко дека сум лоша личност. Има некој што не сакаат слаби девојки па тоа не ме навредува мене.
Точно секој си има преференции, ама знам и слаби личности со лошо здравје, анемични, на брза храна, на цигари и на кафе и не можеш да кажеш дека тие се поздрави од некој што си јаде и има вишок килограми. Мене никогаш не ми сметале моите вишок кг ни на здравје ни на ништо. Во ред е да имаш различно мислење и различни преференции за изглед на дечко/девојка ама жити се со здравјето демек сте сите грижливи олабавете. )
Па добро ако е за тоа треба сите теми што опфаќаат преференци да се избришат. Бидејќи секаде може некој да се најде навреден, а и за други работи и поголеми навреди се пишуваат. Да бираме зборови да, ама нема логика да не смееме ни да напишеме мислење.
Читај убаво , никаде јас не реков дека тие треба да ги остават само си кажав мое мислење. Тебе доколку ти е убаво што си 100 кг терај си така нема што моите преференции да те нервираат.
Во 3 теми истите душегрижници и хејтери за дебелите се/сте . Нема потреба од толку теми и такви наслови, а и темиве се од пред 100 години, сега е веќе срамота таков прост начин на изразување мислам. Како што не треба некого да го вреѓаш за сексуална припадност и први се сите за бранење права на сите, исто не треба да вреѓате луѓе и за физички изглед, а тука обратна ситуација. Поубаво ви е расположението ако напишете омраза така во завиени зборови за дебели луѓе?
Еве јас имам 130кг и досега не сум имала проблем да најдам некој, посебно за секс. 8.000.000.000 (8 милијарди) луѓе сме. Не' има секакви.
Нормално дека ти е битно. На сите ни е битно дали не' привлекува некој физички. И мене ми е. Работата е што некои луѓе сметаат дека и дебелите луѓе се убави, згодни и секси. Нели... 8 милјарди... секакви не' има... рековме
Абе све тоа океј ама некој ако каже на пример дека го привлекуваат многу слаби девојки на кои им се познаваат коските ќе го направат психопат. Anorexia fetish генерално се смета за нешто одвратно и гадно.
За секој-има некој. *Конкретно фетишов ми е кринџ, оти анорексијата е смртоносна, исто како што е и мордбидна дебелина
Не само што е одвратно да напишеш такви мислења како дотичната Медеа, одвратно е и лајк да ставиш на такво нешто. Stop body shaming! Уште искомплексирани биле...срамота жена на жена еј.
Затоа што не се осеќаат убаво веројатно. Ако една дебела жена е често на диети,програми на нутриционисти,ако и смета што некој нешто рече за дебелите тогаш таа не се осеќа убаво во своја кожа. Се лаже себеси. Па имавме тренд на Боди позитивити ама ке го крцнеме желудникот за да бидеме слаби. Фарса. А мажите зависи,сакаат и крупни жени,но дека би избрале 200 кг наместо 70 кг,не,можеби ретко. Исто и жените, секогаш ќе изберат со складна тежина наместо со 200 кг на кој мевот му оди 5 минути пред нозете. Претерана дебелина не е убава,тоа е факт,зошто е запуштеност,прво на духот,емоциите па телото.
А ако сум го зела слаб, па се здебелил, да го остаам ли? Или тој мене? И не видов јас на темава претерана дебелина. Бар првите мислења на темава се - имам 80 кила на 170 висина , се сметам за дебела. Може прво овој проблем со само-перцепција да го смениме?
Првите две можда, ама што е проблем третата? Со причина е и во категорија Психологија, релевантна дискусија е и не е хејтање спротивно мислење.
Дека во 3 теми исто се пишува. Насловот сосема друго, а сите исто пишуваат во сите 3, дебела жена никој не ја сака, загреота, треба да ослабе итн. Не прочитав ништо корисно, ретко, повеќето се напади, омаловажување и исмевање на лица со повеќе килограми.