Форумџика на годината

Наградно патување

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од kristii, 26 декември 2012.

  1. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Некој некое искуство со наградно патување.Дали добил некогаш? Дали вистина е тоа што го добиваш со наградата? Вчера на зафрканција учествував на некаков си квиз и сабајле ми се јавуваат дека сум добила наградно патување,со платени ноќевања само не знам таму што.Не ми се верува мене многу во такви работи не сум сигруна баш.
    А воедно мислам дека и нема ваква тема.
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Зависи дали си учествувала во квиз на некоја сериозна фирма, агенција и сл. или си учествувала во некаква измама. Треба јасно да биде истакнато што ти следува како награда т.е. што ти е вклучено. Каде поконкретно учествуваше?
     
  3. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Aaa помина тоа,Го откажав " Патувањето" Абе мене не ми се верува многу во такви работи,а не посебно ако наградата е добиена преку Facebook,Ми се јавија мене лично од некоја агенција од Скопје,но само смествањето ќе ми било платено другите трошоци не.АМа нема врска.Темата ја поставив и општо да подискутираме дали има некој вакво искуство,да сподели некои искуство.По што видов дека нема слична на оваа.
     
  4. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    А која агенција беше не ти кажаа?
    Да не беше травелхаус? Тие порано (а може и сега) демек даваа награда патување (испраќаа ваучери по случаен избор преку пошта), со рок до кога може да се искористи, а всушност кога ќе отидеш кај нив на задолжителен состанок ќе ти изнакажат уште кои се трошоци ти следуваат со наградата, па и ќе ти рекламираат други аранжмани итн.
    Една другарка се излажа и отиде на далечна дестинација, ја убедија да уплати што знам каква понуда и на крај прескапо ја чинеше нивната "награда".
     
  5. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Од некоја агенција Јупитер,ми се јавија и на телефон,и по маил ми ја пратија понудата.
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Сега се сетив на Jupiter :) , сум ги изумила. Организираат патувања и забави за млади. И мене мислам пред 2 години кога почнаа активно да работат ми стигаа наводни награди од нив на фб ама да оставам што е можно побрзо телефон за да ме известеле за наградата..нешто во тој стил, но јас ги игнорирав зошто знам однапред дека не е тоа вистинска награда туку стојат други трошоци зад сето тоа. Истата понуда т.е. награда на сите им ја испраќаа, па кој ќе се нафати да плати ќе оди :D .
    А еве најдов едно искуство за јупитер на youtube
    http://www.youtube.com/watch?v=omsMinxi6uI

    Едит:
    Сега видов дека и на форумов е дискутирано околу овие понуди на јупитер и за травелхаус што спомнав(ТH, 1, 2, 3).
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Бегајте од тие наградни игри подалеку, превара се.
     
  8. Guess-89

    Guess-89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    http://infomax.mk/wp/?p=20549

    Кој е луд точно вас да ви даде бесплатно патување?! Никој не работи за без пари. Внимавајте, тоа е само измама.
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    И мене многу пати така, Јупитер банкротираат скоро гледаат дека има многу опаѓање во врска со нивните аранжмани и затоа вака демек наградно патување. Ако е наградно патување треба се да ти е платено ти само превозот, а од Јупитер бараат 100 евра капар за хотелот плус превозот. Тоа не е награда.
     
  10. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Која измама е тоа, не извлекоа еднаш наводно за наградно патување по бројот на фиксниот телефон, се јавија и не’ поканија на промоција во Александар палас, отидов јас да видам што е финтата, таму луѓе еден куп, во сала за семинари, секој агент посебно убедува клиент на мала масичка, па седнав и јас. Фарбање невидено, само што кај мене не им помина приказната. Нормално дека одбив, инаку требаше да се учествува со одредена сума за зачленување во компанија, која организира (наводно бесплатни) аранжмани секоја година, но врз основа на плаќање членство, кое не беше воопшто евтино, ама поентата им беше дека за сметка на тоа добиваш луксузен одмор кога и да посакаш, секоја година. После извесен период, пријатели наши ни се пожалија дека наседнале и уплатиле околу 900 или 1000 евра и не добиле ништо, ниту искористиле одмор.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.