Некој некое искуство со наградно патување.Дали добил некогаш? Дали вистина е тоа што го добиваш со наградата? Вчера на зафрканција учествував на некаков си квиз и сабајле ми се јавуваат дека сум добила наградно патување,со платени ноќевања само не знам таму што.Не ми се верува мене многу во такви работи не сум сигруна баш. А воедно мислам дека и нема ваква тема.
Зависи дали си учествувала во квиз на некоја сериозна фирма, агенција и сл. или си учествувала во некаква измама. Треба јасно да биде истакнато што ти следува како награда т.е. што ти е вклучено. Каде поконкретно учествуваше?
Aaa помина тоа,Го откажав " Патувањето" Абе мене не ми се верува многу во такви работи,а не посебно ако наградата е добиена преку Facebook,Ми се јавија мене лично од некоја агенција од Скопје,но само смествањето ќе ми било платено другите трошоци не.АМа нема врска.Темата ја поставив и општо да подискутираме дали има некој вакво искуство,да сподели некои искуство.По што видов дека нема слична на оваа.
А која агенција беше не ти кажаа? Да не беше травелхаус? Тие порано (а може и сега) демек даваа награда патување (испраќаа ваучери по случаен избор преку пошта), со рок до кога може да се искористи, а всушност кога ќе отидеш кај нив на задолжителен состанок ќе ти изнакажат уште кои се трошоци ти следуваат со наградата, па и ќе ти рекламираат други аранжмани итн. Една другарка се излажа и отиде на далечна дестинација, ја убедија да уплати што знам каква понуда и на крај прескапо ја чинеше нивната "награда".
Сега се сетив на Jupiter , сум ги изумила. Организираат патувања и забави за млади. И мене мислам пред 2 години кога почнаа активно да работат ми стигаа наводни награди од нив на фб ама да оставам што е можно побрзо телефон за да ме известеле за наградата..нешто во тој стил, но јас ги игнорирав зошто знам однапред дека не е тоа вистинска награда туку стојат други трошоци зад сето тоа. Истата понуда т.е. награда на сите им ја испраќаа, па кој ќе се нафати да плати ќе оди . А еве најдов едно искуство за јупитер на youtube http://www.youtube.com/watch?v=omsMinxi6uI Едит: Сега видов дека и на форумов е дискутирано околу овие понуди на јупитер и за травелхаус што спомнав(ТH, 1, 2, 3).
http://infomax.mk/wp/?p=20549 Кој е луд точно вас да ви даде бесплатно патување?! Никој не работи за без пари. Внимавајте, тоа е само измама.
И мене многу пати така, Јупитер банкротираат скоро гледаат дека има многу опаѓање во врска со нивните аранжмани и затоа вака демек наградно патување. Ако е наградно патување треба се да ти е платено ти само превозот, а од Јупитер бараат 100 евра капар за хотелот плус превозот. Тоа не е награда.
Која измама е тоа, не извлекоа еднаш наводно за наградно патување по бројот на фиксниот телефон, се јавија и не’ поканија на промоција во Александар палас, отидов јас да видам што е финтата, таму луѓе еден куп, во сала за семинари, секој агент посебно убедува клиент на мала масичка, па седнав и јас. Фарбање невидено, само што кај мене не им помина приказната. Нормално дека одбив, инаку требаше да се учествува со одредена сума за зачленување во компанија, која организира (наводно бесплатни) аранжмани секоја година, но врз основа на плаќање членство, кое не беше воопшто евтино, ама поентата им беше дека за сметка на тоа добиваш луксузен одмор кога и да посакаш, секоја година. После извесен период, пријатели наши ни се пожалија дека наседнале и уплатиле околу 900 или 1000 евра и не добиле ништо, ниту искористиле одмор.