1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расправии поради местото на живеење

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од dlink, 17 декември 2015.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Луѓе, младите не би живееле на денешно време во село, старите нека си седат. Зошто па граделе куќа на село, ако имале средства можеле и во градот да најдат стан. Сите одат во град, тие во село да оделе. 5 км не се малце. Се има во град, шо ќе прават во досадата на село? Не е тоа туку така, ако го сака ќе оди, абе шо, само сакањето е во животот...А после ко ќе почнат другите проблеми, тоа после ќе мислиме... Ете и старите ако се со нив, уште полошо. А сега пошто нема да можат да ја продадат таа куќа, кредити ајде. Тие шо живеат во град и кирија би плаќале и не би оделе на село. Ај не се правете светици, не верувам да би оделе во село, не туку глумете.
    И последно, тоа е меѓу вас сепак, како шо ќе се договорите. Ако не сака, не може со сила, не си правете нервози меѓу вас.
     
    На okcenzi, Gosh, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Како го направивте селото, како пред 30 години.
    Мислам дека уште одат по вода на чешма, одат во нужник, носат носии и чуваат добиток (што и не е страшно и да чуваат добиток). Дај малку преиспитајте се.

    И 5 киломентри биле далеку?
    Какви мрзи сте вие?! 5 км далеку? Се читате ли што пишувате? Па пешки се пешачат за 45, а со кола се 5 минути.
    А штом е селото на 5 км сигурно дека има и јавен превоз, не е во Мариово.

    Да, комплекси се, како сакате лечете си ги и викајте дека не се, како сакате формулирајте го, комплекси се.

    А во случајов гледам дека желбата за да живее во град, поголема е од љубовта и доволно си кажува.
    Ако веќе бира, нека обезбеди и стан. Што се однесува по прашање од страна на дечкото, тој има свое и има опција која таа не ја сака. Епа не е должен тој да зима кредити само за да и удоволи. Нека си земе она или нејзините.

    Јас би повеќе во село. И комоција и простор, тишина и колку толку почисто.
    Утре ако сакате да имате повеќе од едно дете, во 50 квадрати стан сигурно дека нема да се вакуумирате.
    Куќа е куќа, кој како сака нека каже.
    Ги гледам и двата филма. Да си самец или да си во пар, и така и така стан, ама утре со семејство не можам да се замислам во стан и крај.

    А и не знам вие како пазарите, ама кога се пазари се пазари се, без разлика каде живеете.

    И знаете зошто Скопје е загадено и пренаселено?
    Од ваквите размислувања.
    Знаете зошто економијата ни пропаѓа?
    Од ваквите размислувања.

    Преиспитајте се со ставовиве сите одат од село во град, они од град во село ќе оделе, бре, бре.
    Некое правило во животов е ова, да знам, да не утнам?!
    Па подобро ќе живеам на село и ќе чувам стока и ќе одгледувам земјоделски производи, него ли маж ми да работи обезбедување за 12.000 едвај и да живееме во гарсоњера со две деца.

    Фак лоџик сте од прва до последна.
     
    На Heidi, papillonP, Annath и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Lilit Да, увек сите се фак лоџик, а твоето точно :D Кој факт за докажување на љубовта го наведуваш? Ништо поразлично од мислењата од претходната страна. Значи океј е тој што сака да си остане таму каде што секогаш си живеел, а не е океј што таа го сака истото? :D Искрено, смешки сте. Веќе трета страна, не можете да прифатите обичен факт дека едноставно не сака и крај.
    Вашето е ваш личен избор, село, град, менување држава или одење на Марс. Значи не е секој ист, и не секој го сака истото. На секој приоритетите му се различни.
    И не сум знаела дека вистинска љубов е само ако жената тргне и остави се, подлегнува на промени да докаже на него и на околината. Ова не e желба, па таа да му ја исполнува.
     
    Последна измена: 17 декември 2015
    На okcenzi, Mishela, Elena69221 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.379
    Допаѓања:
    41.997
    Пол:
    Женски
    @Lilit Абе може некому му е мерак да чува добиток и да си одгледува земјоделски продукти, нека му е, мило ми е за тој некој, јас немам ништо против, одлично е човек да си го работи тоа што си го сака.Ама ете може некој му е замисла да живее во 100 катна зграда и да живее во град, со бучава околу него, може не сака мир, сака гужви и народ.Може тоа е случај со девојката, се е тоа до лично задоволство, ако нешто сака, го сака и точка нема тој што да ја убедува.
    И јас не велам дека не би живеела на планина да имам превоз и време на располагање да се шетам натаму наваму, ама немам и порадо би живеела некаде каде битни работи ми се до газ.Зошто секој бара место каде што има маркет во близина, работата да е блиску итн.Не е исто не велете дека е, ете и девојката на брат ми живее во село 10 мин е со кола ама 120 денари е во еден правец до град.Знаеш колку е напорно и трошок да патува да се видат натаму наваму, не исто не вели дека е.
    Јас лично е не би живеела во село оти повеќето села кај нас не се доволно развиени и немам живци да се шетам цело време натаму наваму за да набавам нешто што не можам да го најдам.
    Не се комплекси во прашање.Девојката не е сигурно малоумна, си има веројатно цели и замисли во живтот и живеењето во село не и се совпаѓа со нејзината замисла и што сега не може да ја обесат на плоштад оти не сака да живее на село.Ако тој толку ја сака ќе најдат заедничко решение, ако е прашање љубов.Не му рекла таа сигурно ај земи кредит за да го исплаќаме цел живот и да живееме у 50 квадрати со три деца.Има сигурно некој план или позадина, веројатно не е се така што кажува дечкото.
    А ии плус читам сека дека тој има пишувано за проблем дека бил во депресија и дека девојката многу се посветувала на работата и не му обарнувала доволно внимание, па може тука е коренот на проблемот, а не приказнава.
     
    На okcenzi, kjukli, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Само потврдуваш она од пред една недела на една тема, да влезе во прибелешка, да не речеш не сум рекла. Ок?
    Ќе пишам и на една друга тема, пази внимателно и скокни ми на ушка.

    Да, така е Самер, зошто јас така викам, така е.


    И преиспитај си го арументите, а бога ми и преиспитај се каков манипулатор си ( и не само на оваа тема, туку на многу теми го правиш истото со многу форумџики). Но исто така додаваш зборови кои не биле никогаш напишани.

    Па никој не рече дека она мора да оди кај него затоа што тој е мажот, посочи ми каде го напишав тоа?
    И да беше обратно, ќе бев со истиот став и на страната на девојката.
    Јас сум практичар, не сум сноб. И лично, не би ставала партнер во ситуација каде што мора финансиски да го оптеретам или заеднички да се оптеретиме, само заради моја фикс идеја. Од готово вересија е работава.
    И пак не е аргументот на твоја страна, бидејќи не мора да оди кај мажот, ама мажот мора да го обезбеди кровот. Ниту една од вас не пиша, ок, не сака да живее на село, неговите работеле и тој помагал, создале куќа, демокрајтија, 21ви век, нека се заложи таа и нејзините родители за да си обезбеди живот во град, па ќе имаат опции за цел живот.
    Кажи ми од каде го изведе тоа дека јас тврдам дека женското мора да оди кај мажот и да живее под негови услови, со негови родители?!
    Наведов практични работи.

    @1209 Не сум го читала тоа што го пишувал за депресијата.
    Но, исто така и не напишал детали.
    Онака како што е црно- бело, имам куќа, немам пари за нова инвестиција, живеам во село, таа сака во град, јас сум тотално на негова страна. Не навлегувам во претпоставки и детали. Како ваква ситуацијата, мојот став е тој. И да е обратно како што напишав, јас тогаш би била на страна на девојката.
    Практични аргументи, ништо посебно. Мене лично ми е преоптеретувачки и глупаво да преземам таков чекор кога има каде. Нема да живеат со неговите родители. Во ист двор биле. Добро и?
    Ама неа да ја прашате сигурно би живеела со нејзините родители...во 50 квадрати и ќе биде ок се додека е во град.
    А и реално, селата не се села баш. Во Волково на пример, поелитни куќи и да нема, може се уште нема премногу маркети, но со оглед на тоа како се развива, набрзо ќе дојде и тоа. Но полека станува елитна населба.
    Истото е и со Бардовци. Епа ако најдете поубаво "село" во Македонија, јавете ми се.
    Другарка ми растена во Центар, сега живее во Бардовци, со две деца. Сељанка е ваљда што вака направи. Има куќа од 200 квадрати и двор од 500, секој ден си ги носи децата во градинка во Центар, оди на работа, пие кафе по кафичи, си пазари неделно, сељандура невидена.
     
    Последна измена: 17 декември 2015
    На Annath, jacqueline.s, MilaP и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Lilit Значи, она првото беше шега. Eве, веќе нема на нидена тема да ти реплицирам, бидејќи очигледно сум ментален случај, па да не те мачам, секогаш да правиш психолошки анализи. Мислам, во што ти е проблемот ако некој ти реплицира? Дали знаеш дека ова е форум? Денеска реплицрав на 10 луѓе како и секој ден. Бидејќи ова е форум.
    Моето мислење беше мое видување на постот, кој не се разликува од претходните. Поентата ми беше дека зошто толку драматизирање и нарекување некој искомплексиран или разгален ако сака да живее во град или да не си го менува местото на живеење.
     
    На Gosh, cresa-jagoda и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Не, ти сериозно не се читаш како настапуваш, па после се чудиш зошто така ти се обраќам.

    Препрочитај се ќе видиш на што се должи мојот одговор.
    А инаку реплицирај ми колку сакаш, јас немам проблем со тоа.
    И уште полошо е што ми наметна зборови кои јас не сум ги пишала, а уште помалку па размислувам така.

    А околу настапот, па потоа - шега беше, ќе ти објаснам друг пат што значи.
     
    На Annath, theowndemon, stetoskop и 2 други им се допаѓа ова.
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Никогаш нигде нема да се прифати една проста едноставна работа.
    Преференции.
    Одма компекси, разгаленост, вака така..

    Не е ова бре луѓе одлука за какви чизми да си купиш? И ќе си речиш ајдее другата година нови ќе си купам што е толку важно... Ова е животна одлука и не може било која страна да прави нешто само заради другата. Единственото решение е компромис и точка. Од двете страни.
    Е тоа е љубовта женски.
    Не е љубовта тој да оди в град заради неа, нити таа в село заради него.
    Туку да се измачат убаво, да разговараат опширно, да се разберат еден со друг, и прифаќајќи ги двете страни да се стигне до компромис за кој ниеден нема да пререкува или жали по една година-две.

    Мислам дека дечкото што го праша ова треба да го почни разговорот со ЦЕЛ да се направи заеднички компромис кој ќе одговара на двете страни, а не со цел да ја разубеди девојката да направи тоа што тој сака. И ова не важи само за конкретниот случај туку баш за се.
     
    На papillonP, okcenzi, Elena69221 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Дечкото сеуште го нема да пише реакција па решив да ѕирнам малку подлабоко и на некој начин дојдов до заклучок дека сака да си остане во селото, на мирно тивко место кај што е навикнат, а еве и зошто (ова е само моја претпоставка, не мора да значи дека е вистина така:!:)

    1. пост - клик

    2. пост - клик

    Да не претерувам или да испаднам манијак, ама можеби заради овие причини ја избегнува идејата да се преселат во град... Еве @dlink нека се изјасни дали има врска ова, можеби проблемот навистина е подлабок отколку што изгледа...
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Абе не гледајте што и како сакал, прашањето е што вие би одбрале при вакви и вакви услови.
    А за разглабање и опции еден куп ќе најдете ако се фокусирате на конкретниот случај.
    Што би вие со вака црно на бело?
    За неговата депресија на соодветната тема. Му реплицирав таму.
     
  11. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Луѓе, некој што го нема тоа (и недајбоже да го има) никогаш не знае како е да си му во кожа на човек кој се бори со анксиозност. Депресијата е производ на тоа, или обратно како и да е. Затоа реков можеби проблемот е подлабок отколку што изгледа. Мене ако ме прашаш во таков случај, отпрва сигурно би ми сметале гужви, сообраќај, фреквентни улици итн., но од друга страна понатаму може да се вработи па ќе има повеќе обврски, дури и полесно ќе ја надмине таа ситуација и ќе си функционираат нормално. Се е индивидуално, еве нека се изјасни самиот по тоа прашање, јас лично се надевам дека ја има надминато досега.
     
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    И анксиозноста и депресијата се лечат. Не е решението да се затвори во што помирно место, тоа може ќе има контра ефект, уште толку да го храни овој проблем. Ваквите проблеми се решаваат со разговор и поддршка од најблиските, бидејќи само тие можат да помогнат.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Најголема грешка е што твоите, втората куќа не ја изградиле во град или не купиле стан. Си мислеле ајде ние во село си живееме, па дај ќе направиме уште една куќа за синчето до нас да си живее....е убаво, ама ајде синчето нека најде некоја што ќе живее во село. Искрено, реално, тешко дека млада личност би прифатила да се пресели од село во град. Не се работи тука за разгаленост, кренатост или не знам што, туку се работи за иднината.
    Убаво е да се оди во село за викенди, да се полнат батериите и белите дробови со чист воздух, ама ајде замислете цел живот да го поминете таму...посебно ако нема други помлади луѓе, тогаш што? Ете да имате работа во град, сите продавници, институции, болници, кафани, трговски центри се во градот, а во село што има? А уште полошо е да не е вработена жената, тогаш што ќе прави низ село? Или кога ќе има дете, додека уште е мало замислете колку би и било досадно на младата мајка во село. Сите нејзини пријателки ќе си шетаат по кафиња или низ паркови со бебињата, а таа низ планина, по полиња ќе шета.
    Нема убава иднина во село, и девојка ти во право...луѓево бегаат од Македонија, а ти сакаш една млада девојка да ја заробиш во село.
    Ако доволно ја сакаш, не ти останува друг избор освен да земете стан под кирија, а на село ќе одите за викенди.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Дечко да беше девојката твоја паметна ќе знаеше дека во Македонија од земјоделието најмногу се просперира. Јас да сум како тебе ќе и ги отворам очите малку. Мислам дека таа повеќе е засегната од тоа што ќе речат нејзините другарки и фамилијата, од колку самото живеење во село.
    Од туѓите размислувања си патиме.
    Седнете разговарајте, ако останете во град цел живот тоа низ нос ќе и го вадиш кога ќе се расправате, а ако отидете на село таа ќе го прави истото. Пробајте некоја трета алтернатива најдете :)
     
    На dlink му/ѝ се допаѓа ова.
  15. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    На темава имам да кажам неколку работи:
    Ако може дечкото да одговори на погоре поставените прашања за да може да се добие комплетна слика на целава дискусија.
    Има разлика од село до село. Точно дека селата не се како од пред 30години ама еве јас не би можела да живеам од најпроста причина што се ќе ми е далеку. Имам школска од Миладиновци и многу пати се случувало да не ми дојде на роденден или да не искочиме од причина што такси е 900ден а автобуси навечер нема. И не е само тоа каде е утре работа и ред други работи, луѓе и со кола да се оди, таа кола не оди без пари, мајка и работи во Влае, секој ден се одела таа релацика со кола и тоа месечно коштало (ми има кажано) отприлила 7000ден. А да одиш со автобус ќе треба во 5 да станеш (ако не и порано).
    Исто така дечкото спомна дека има 5км до градот дали е тоа до влезот на градот или центарот. Затоа што тука може и да има додатни уште 7-8км. Што и не е така блиску.
    Опцијата да се продаде куката и да се купи стан без доплата е скоро и невозможна затоа што цената на куката со оглед на нејзината местоположба не би добила добра цена за да се купи стан. Освен ако не збориме за стан од 35м2 и далеку од центар на градот ( а ако и станот ми е далеку од центар подобро во село-искрено)
    Погоре во коментарите прочитав дека Волково спаѓа во елитна населба се знае кои се елитни населби, да речеше Црниче, Козле, Водно, Жданец, Трнодол ајде де, ама Волково е далеку од елитно со извинување на тие што живеат.
    Јас не би живеела во село си ги кажав причините, ги сакам селата да ама кога одам на викенд или кај некого на гости, ама за живеење не сум.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Ти салам си шо пишиш? Како се просперира? Знаеш ти, имаш работено? Знаеш колку работење треба за да просперираш од него? Ќе се отепаш од работа и коски ќе те болат. И тоа не се работи земјоделие со еден човек, затоа порано ги работеле нивите, биле по неколку луѓе во куќа на село. И ти мислиш да се враќа девојчето назад, ко порано шо било? Така е тоа, само пари летаат во земјоделието, ц ц ц...
     
    На marama, okcenzi, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  17. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Цел ден се мислам дали да пишам на темата, ама ај како девојка мажена од град во село и јас да си го напишам моето мислење и искуство :).

    Како прво, има разлика од село до село. Селото за кое се зборува, а во такво живеам и јас, е 5 км. оддалечено од градот. И сега читам девојката ќе била заробена, децата ќе ги шетала низ полињата :D:D...(иако и јас се чудам зошто градат толкави нови куќи низ селата кога може во градот, ама нивна одлука).

    Еве јас ќе си кажам дека не сум заробена ама ич, си одам многу често на гости кај моите во градот оддалечени 15 минути од мене, а во меѓувреме одиме често и до другиот град што ни е оддалечен 5 мин. И јас, а и моето дете верувам дека се повеќе шетани од некои деца што живеат во градот, а од дома не се излегле.

    Се сложувам со @friendy дека голема улога игра и тоа дали имаш кола или не.
    Па и во град кога живеев не бев секој ден низ бутиците или низ кафичите.

    Живеењето и во град и во село си има плус и минус. Многу значење има и самата врска со дечкото и неговите најблиски.
    И јас на почетокот не сакав да живеам на село, ама ако требаше да бирам меѓу животот на село и крајот на една прекрасна врска, тогаш подобро ќе живеам на село со човекот кој животот ќе го даде за мене, отколку сама во градот.
    Е сега, полесно да ја донесам таа одлука ми помогна тоа што сум на посебен спрат со маж ми и ќеркичката, а на другиот спрат е свекрвата сама, па си имаме приватност, второ добриот однос со свекрвата па досега сме немале никакви проблеми, и трето желбата и на мм да живееме во град еден ден.
    После 2 години живот во село, единствено кога ме фаќа криза е летото кога не сум во градот, па не можам да ја шетам ќеркичката секој ден (иако пола лето сме таму) и тоа што не сум блиску до моите (а премногу сме поврзани). Другото е супер.
    Како што рече @Lilit условите во градот и селата не се разликуваат толку како некогаш. Ние немаме добиток, ниту пак јас работам земјоделски работи (појма немам), па можеби и затоа не чувствувам голема разлика :D.

    Исто да потенцирам дека совршено ја разбирам девојката, сум била во нејзина кожа, и би им предложила заеднички муабет, да стават на кантар се што добиваат и губат од одредена одлука и така да го донесат најдоброто и најбезболното решение. Не е се во животот мед и млеко и секогаш треба компромис, па дури и за такви важни работи како местото на живеење.

    Јас сега за сега не сум се покајала за мојата одлука, си живеам во мир, односите ни се добри и тука и во градот и што е најважно имаме иста цел со мм, да живееме еден ден во град, ама свои на своето.
    За крај, град си е град, ама и село си е село :rofl: :rofl:.

    П.С. Сега читам за земјоделието сте пишале.
    И членот што бара совет, а и девојка му имаат убава работа (според неговите постови ), така да мислам дека проблемот е во местото на живеење, а не работењето земјоделие.
    Поздрав :).
     
    Последна измена: 18 декември 2015
    На papillonP, jacqueline.s, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Нема врска, точно дека друг е проблемот, ама ова беше за луѓето шо мислат дека лесно е да си земјоделец и дека многу пари се земаат, а не ја гледаат огромната работа во тоа.
    И да, многу зависи каде е селото, овие скопските се добро опремени, заживеани како во град, ама не се сите такви низ Македонија.
     
    На promeneta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Какви зборови користиш чудо си :D Земјоделците денес работат со машини ако не си добро запознаена. Само за садење треба да се наведниш малце, да не си мрза, а за орање, жниење итн. имаат посебни комбајни, плугови и сл. Не си компетентна да ме цитираш зошто не знаеш очигледно дека со земјоделска работа имаш најголем профит. Не ме цитирај веќе нема што да ти образложувам
    И да знам, семеен бизнис не е само канцелариска работа
     
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Хахахахах да да, сите имаат таква механизација, сигурно. Извини, ама ниту па ти не си компетентна, пошто немаш изгледа работено, ниту па знаеш како изгледа таа работа според постот твој.
     
    На okcenzi и cresa-jagoda им се допаѓа ова.