Секако ти благодарам на советот,ќе пробам да ги избегнам вашите негативни коментари и да не ги земам при срце, бидејќи разбирам од каде доаѓа исфрустрираноста ...
Карантински муабети: Паднала владата на Косово на дотичен Курти. Мајка ми вика по татко ми: ***** Курти паднал. Џаст уааај....
Јас не гледам ништо лошо во тој твој пост. Да,малите плати се недоволни за сè,ама работните места треба да се ценат оти секој денар вреди,особено во вакво време. На планетава има многу бездомници,многу отпуштени,многу невработени,многу луѓе кои спаѓаат во сите овие категории и би дале сè за да добијат работа и би го ценеле работното место. Оној кој не е алчен,ќе го вреднува и она малку што го има. И подобро е некој да размислува како да се подобри на работното место отколку да паничи поради црни сценарија на така наречени Ванѓи во бели мантили и самопрогласени експерти.
Не бе, сегде има страшно глуп народ и од тоа бегање нема Забрането движење во групи повеќе од двајца, ама во соседниот стан по полноќ, собрани и пеат. Повеќе од двајца, секако. Само инка за турање ум е лекот, друг лек нема.
Колку дволични луѓе трујат и фрлаат отров и овде на форумов и во моја околина во реалноста. Па маме му ебам, дај затнето си го устичето и соберете си го носето од туѓите животи. Мрско ми станува овде веќе да читам и да доаѓам на форумов, а толку го сакам и ме исполнува. Да ви се пљукнам у клановите што ги имате, а по лп си се оговарате една со друга. Мажени со деца а се замарате со туѓи животи алоу.. Една членка да беше добро ќе беше. Би ве тагнала сите до една ама место нема да има во мислењево. А и да..овие говедава во реалниов свет што мислат дека вечито ќе зборат за едни па пред истите што ги оговарале, ќе оговараат други гадно се заебале. Трпението ми е при крај за сите вас. И тука и надвор од тука. Седете си раат. А овие од 7ми уште еднаш ако ми треснат стол/топка или што и да трескаат во 3ипол саатот сабајле, ќе им се качам у сред ноќ и сол ќе ги направам. Исаф да се немало. П.с нервите ми се при крај скроз, пукам по шевови за се и сешто. Со лесно нека ми е, и на моите дома и на тој што ќе ми згази на нерв Ај лека ноќ
Добро утро народе Знам, закаснав денес, ама до касно гледав филм Bloodshot , @Ketchup ,брат, ти си по филмовите, ти препорачувам да го гледаш , нов филм е 2020 година Туку приметивте ли сите дека 2020 почна баш мизерно. На 5 јануари е отворена темата Катастрофални пожари во Австралија На 26 Јануари е отворена темата На „Телеграм“ се шират интимни фотографии На 26 Јануари отворена темата Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот Ај да се надеваме дека втората половина од годината ќе се појават позитивни теми на форумот. Имајте убав ден сите.
Тадааааам , се прибрав дома По барање на другарот @Yipman2 , следуваат слики за него од прошетката во природа. Осеќам утре ќе добијам ПМС, ќе крварам па уште денес да искористам додека сум фит. Добро, се приметува дека не е гужва, разретчено е, полиција кружи насекаде и опомени каде што се ствара гужви , ве молиме држете растојание меѓу себе. Добро, еве држиме растојание. Ете некој си има хоби да прави графити Мавнав еден туш, па ќе правам ручек полнети пиперки со ориз.....сега ќе рече некој, те имаме приметено многу ориз јадеш, хахахха , точно е тоа, ко јапонците и јас Постот не ми е напишан со никаква негативна намера , баш напротив , она моја денска шема. Е така, бидете умни, ќе ве читам попосле , има време
@Herrera држи растојание ама пак шири позитива како што само ти знаеш. Те читам конзумираш јапонска кујна бетер од Јапонка слична на наша Марионка. Јас пак ич нејќу ориз само во суши ептен што јадам, дури и спанаќ без ориз готвам. Пред некој ден ме потсети колку ми фали суши, ама ќе си почекам да си јадам во омилениот ми ресторан, внатре, во овие тешки времиња така тешко. Спојлер Поздрав и убав ден, а ќе ти биде убав знам штом си утепала вишок енергија на терен
Да можеше да се дезинфицираат душите, далеку поздрави ќе бевме. Пробуваме, правиме напор, ама устата не издава.
Еве јас со изразена анксиозност и депресија. Борец, 10 години. Со терапија, еднаш бев без неа, неколку месеци сакам да кажам дека ДЕНЕС ШЕФИЦАТА МЕ ПОФАЛИ ДЕКА СУМ БИЛА ПРВА, СЕ СРАБОТЕНО БЕСПРЕКОРНО. Напорно работев на компјутер и сум прва во тимот. Само бев целосно посветена, очекував од колегите помош, бидејќи ни беше наложено, но не си помагавме помеѓу себе. Видов никој ништо не вели и сама си истерав. Ви посакувам на сите, да бидете цврсти, јаки, самоуверени. Сите сме подеднакво силни. Знам дека замарам во темата Анксиозност. Но, ве сакам бе пипл
Ми се смачи од се.. Од луѓе, од деновиве што си доаѓаат и одат онака како ништо.. Од ситуацијава.. И од ситуацијата во која ќе бидам наскоро.. Од животов... Абе од се ми станува мачно само што ќе помислам..
Sdk ovoj zivotot mi se smaci se neshto odi na losho I teshko jas nz Dali ke dojdat podobri denovi ...cuvajte se narode
Сакам да кажам дека по добри 7 години се најавив повторно на форумов чудно ми падна, изгледа нема цветчиња повеќе. Си ги разгледував старите мислења, кој хаос она е страшно.