Стара или нова љубов?!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од ive.ive, 23 јули 2011.

  1. ive.ive

    ive.ive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Ајде ве молам за ваше мислење.Одам со дечко ми веке 6 години.Работата е што досега го немав изварано,значи досега...Се случи и тоа,не знам дали случајно или ете судбината така сакала.Запознав еден дечко,поточно не е веке во цутот на младоста има 40 години и што е уште потрагично женет е и има 13 годишен син.Се колне дека не ја сака жена му,дека одамна ја избришал од својот живот,дека е со неа затоа што е на функција па во моментов не му одговара да ја остави.Не знам како но јас се заљубив во него и тоа веке сите го приметуваат,сега сум била посреќна и разубавена.Со дечко ми имаме кризи но знам дека искрено ме сака иако во последно време нешто не ни иде.Мислев дека остатокот од животот ке го поминам со него ама изгледа не е така.Нешто се случи,не знам ни самата што ама ни се заладија односите.Му имам кажано дека врскава ни станува монотона,направив се што можев ама тој не се потруди околу ништо.Знае дека го сакам и мисли дека никогаш нема да го оставам,но ова веќе не иде...Со другиов ми е преубаво,ме чува,повторно се осетив сакано.Можеби и тоа е она што ми фалело,можеби и затоа толку се затрескав во него.Вика дека ке ме земе за жена и стварно тоа го осеќам.Ако лаже толку добро алал да му е(инаку баш имам добра интуиција,одма приметувам кога некој лаже).Дајте ми совет,пишете ми се што ви лежи на срце,стварно ми треба објективен совет.Многу Ви Благодарам :*
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    5.183
    Пол:
    Женски
    Не си прва што била во ваква ситуација, за жал ги имало многу.
    Искрено би те советувала да немаш никаква врска со таков човек, таквите во најголем број случаеви лажат.
    Имаш дечко и долга врска и поработи на неа, потруди се да иде на подобро.
    Жена му ако дознае за вас можеш само да растуриш едно семејство, а среќ на туѓи солзи срце не се гради.

    Мислам дека имаш доволно самопочит, и треба да знаеш дека немаш иднина со таков човек!
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.313
    Допаѓања:
    101.182
    Пол:
    Женски
    Врската со дечко ти, оној долгогодишната прекини ја на што е можно помалку безболен, фин и културен начин, мада фин начин да прекинеш нешто, во кое едниот веќе не сака, а другиот сака... посебно ако тој не е спремен да прекинете, секогаш ќе биде грд. Но, во секој случај, ти не си среќна со него, штом сакаш друг, значи и не го сакаш веќе како партнер, нема страст, а поскоро е дека ти е мил, драг како личност.
    Така што тоа е тоа што за сега треба да го направиш, а во врска со ова второво, т.е другава личност ти си знаеш најдобро што да ти речам. Воопшто не ми се свиѓа кога некој девојка улетува у нечиј брак и семејство, но штом веќе си улетала и си влегла во приказната ти самата си знаеш најдобро што и како понатаму со него... кога веќе си имаш фини претчувства во врска со него се надевам ќе ти се реализираат. Жал ми е само за распадот на уште една фамилија во државава, хаосот што ќе го преживува едно дете, но кога некој не може да се воздржи тоа е, што да правиш... емоции се, дај боже твојот брак со него поинаку да функционира.
    А со дечково прекини, пошто и него ќе му го решиш проблемот и себе иако можда сега нема така да му се чини, ама по некое време кога ќе сретне девојка покрај која и тој ќе се почувствува среќен ќе си сфати дека тоа со тебе одамна било мртво и дека си му направила услуга.
    Со среќа.
     
  4. Plavokosa

    Plavokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    девојче, види како ќе оди со тој женетиот....верувам дека можеби многу те сака, ама ако не се разведува не продолжувај со него. знаеш, може со години да те чува така како втора жена во неговиот живот. може и деца да ти направи, ама не е тоа тоа. гледај избори се да биде само за тебе, да живеете како фамилија ако толку многу го сакаш, ама не му давај долго време. не би вредело да си втора во неговиот живот.

    п.с. познавам некој што бил во иста ситуација и затоа ти викам да не му даваш долго време....
     
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Јас само ќе кажам ако ја избереш новата љубов, биди подготвена едно 13 годишно дете да те мрази од дното на душата.

    Не можам да ве разберам луѓе, кога се и деца инволвирани БЕГАЈТЕ ПОДАЛЕКУ.
     
  6. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    242
  7. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    476
    Ајде стави се на местото на 13годишно дете! Како би ти било тебе татко ти да те остави на 13годишна возраст заради некоја друга жена? :fubar: :fubar: 40 годишен, женен и тоа има и син а ти трчаш по него! Дај не биди дете!
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.069
    Ти не се омажи за дечко ти? :^)
     
    На Lima87 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lima87

    Lima87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    25
    Да да и јас сакав да прашам тоа :^)
     
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Абе не се залажувај да тргнеш по него. Ти се занесуваш по овој бидејки ти е очигледно досадно во врската (тоа лесно може да се реши ако му раскинеш), а тој си бара нешто младо да е*не. Свесна си нели дека во скоро време и нема да му се дига? :?:
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Можам да се кладам дека нема да те земе за жена а уште помалку да се разведе од женаму.
    На секој чекор врие од такви чичковци кои ќаруваат разочарани девојки од претходни врски или од монотони врски.
    Тој си ги задоволува потребите со млади моми, а ти го пронаоѓаш забава, задоволство и зборови кои младо момче неискусно не ги знае.
    Ама како што знае постар маж да заебе млада девојка никој друг не знае.
    Бегај од него додека е време! Тоа е мојот совет.
     
    На dlikedevil му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    73
    не си требала да се впушташ во таква врска знаејќи дека е женет. Запрашај се како ке ти бидело да си на местото на неговата жена а потоа и на местото на неговиот син. Дали би сакала еден ден да разбереш дека мажот ти те изневерува со некоја девојка или твоето дете да разбере дека таткому се гледа со друга. Преголем е бројот на таквите кои кога ке и здосади бракот или можеби не јасакале сопругата ни кога стапиле во брак тргнуваат по авантури со помлади девојки. Јас не сакам да те осудувам ама во никој случај не ги одобрувам ваквите врски. Не сум се нашла во ваква ситуација ама сигурна сум дека не можам ни да погледам а камоли да засакам некој кој веќе е женет пак макар и да е млад да нема 40 год. сепак ти некажа колку години имаш, а исто така сигурна сум дека нема да ја остави својата сопруга за да биде со тебе. Мое мислење бегај дури имаш време пред да дознаат сите и да бидеш и од нив осудувана и критикувана
     
  13. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Девојки пред се, он треба да му ја мисли што се сплеткал со млада девојка. Колку што разбрав она има дечко, не маж... на некој начин е слободна (без институционални обврски да речам ај). Но јас можам да гарантирам дека он нема никогаш да те земе за жена, празни приказни, сите имаме слушнато по некоја таква од женет човек. Деикатна е ситуацијата, тоа што не му оди со жена му воопшто не е олеснителна околност за тебе. Не знам зошто излегува дека ако ете се деси, дека си тии таа што ќе го растури бракот а кога веќе он кажува дека не им оди со жена му веќе некое време.. Но од друга страна ако ете реши да се разведе нема да речат он си го растури бракот, туку таа се меша... А плус кажуваш и дека бил на некаква функција..постар, искусен, има моќ... сето тоа е привлечно да, но во таа приказна дека ќе се разведе јас не верувам од искуство. И дечкото да не ти го заборавам, поодминато време е од врска, 6 години, сите мечтаеме за почетокот на врската, но едноставно тие денови поминале, ти веќе си му напоменала дека врската ви станува монотона, но тој не превземал никаков чекот.. мој совет не го мачи дечкото повеќе, ниту самата себе, раскини со него на што побезболен начин но со женетиов тешко.... дај Боже да биде ок, но јас лично не верувам во таква иднина.
     
  14. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    572
    Што?! Врска со 40 годишен човек кој има 13 годишен син?! До каде ќе одат приказниве веќе.
    Со дечко ти ако не ви оди раскини или незнам прајте нешто да се опраи врската, ама ова другово никако не го оправдувам и би ти рекла што побрзо да се тргнеш од него.
    Како прво нема да ја остаи жена му а тебе ќе те матка еве денес еве утре ќе биде, ќе си чекаш и ќе си ја уништиш младоста. Еве и да ја остаи има 13 годишен син алооо!!! Ај замисли си живот со некој помлад со кој ќе си имате бебенце убаво се, и замисли си со стариов живот му го чуваш синот што ти е скоро врсник ( незнам колку години имаш ама како и да е). Размисли подолгорочно не се залетувај. Спасувај си ја врската и подалеку од стариот. Од такви аир нема.
     
  15. ive.ive

    ive.ive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Fala vi na sovetite,stvarno mnogu mi znacat.Za tie sto prasaa da im odgovoram deka decko mi me pobara da ,no zaednicki resivme da pocekame malku so svadbata ama izgleda nisto nema da ima od toa.Site ste vo pravo i jas razmisluvam isto kako vas zatoa i ne mi e seedno.Inaku ne sum vo vrska so nego,se baknavme samo nekolku pati i ostana na toa,ne sakav nisto so nego dodeka ne bidam sigurna sto sakam.Za brakot nema da go rasturam sigurno,zatoa sto toj brak e veke osuden na propast ne ni zieveat zaedno.Edinstveno mi e zal za deteto koe sto ne e krivo za nisto.Stopati mu imam spomnato za deteto ama na nego ic ne mu e gajle,vika golem e ke sfati.Uffff

    :x
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    2.310
    Допаѓања:
    2.524
    Пол:
    Женски
    мој совет ти е да се тргнеш и од двајцата. ако доволно го сакаше дечкото немаше да го изневериш со друг, не е фер така да си играш со него, мислам дека треба па расчистиш што побрзо. а што се однесува на др постар зенет човек истото би ти го кажала тргни се,не можел да се разведе зашо не му одговара да ја остави женаму? :fubar: нешо као имам корист од неа па зашо да не ја користам? :clap: има 40 год и има дете, не се плеткај воопшто со него остави го, верувај ако останеш со него ќе дојде ден коа ќе се запрашаш како си можела да направиш такво нешто, цел живот ќе имаш грижа на совест ( бар јас така би се чувствувала ). незз колку години имаш ама сигурно можеш да продолжиш понатаму и да си го срдеиш животот.
     
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.805
    Пол:
    Женски
    Ако има жена и 13 годишен син мислам дека потешко малце тоа со бракот, не ми изгледа како да имаш идинина со него пробај со тој дечкото што ти е разговарајте и ако вети дека ќе проба да смени нешто биди со него, ако не испадне ништо од тоа па има сигурно други момци што те посакуваат :)
     
  18. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.061
    Допаѓања:
    2.314
    Многу, многу ретко маж ке ја остави својата жена за љубовницата. Доколку не му одело со бракот заѓто не поднесе документи за развод зашто се мачи со жена му. Тоа сето е лага верувај. Он ке биде со тебе додека не те легне, не се пофали на другарите и ке те откачи верувај. Дали знаеш некој негов другар, пријател... Зарем сакаш цел живот да бидеш втора. Не ли помисли дека пред да дојде да се види со тебе имал секс со неа. Батали и спаси си ја врската. Секој има криза околку петата, сестата година од врската. Немој на крај ке останеш сама и ке се преколнуваш што си направила.
     
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.358
    Сите феминки добро те советуваа, не се залетувај во планови пред да си сигурна дека е искрен во намерите со тебе.

    Знам неколку случаи на наводно мажи во развод кои не си ја сакаат жената ама никако да се разведат а девојката (швалерката) чека со години и се надева.

    Самата причина која ти ја дал е малку смешна, која е таа функција ради која не смееш да се разведеш освен ако работното место не го добил преку жена му?

    Додека не се разведе не се заплеткувај премногу со емоции затоа што може многу лесно да испадне дека само си го тера ќеифот а со дечко ти ако веќе не го сакаш треба под итно да раскинеш за тој да не живее во лажна надеж.

    Ако е сериозен и те сака за жена а не за швалерка ќе се разведе самиот без да му кажеш и ќе разреши многу твои дилеми и внимавај да не испадне на крај дека си ти причина за разводот (жена му и детето тебе ќе те криват а не него), тој самиот треба да му текне дека живее во лага со жена му и дека тоа не е во ред.
     
  20. Megan21

    Megan21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Значи вака Девојко.... :)
    1-Стави се на Местото на неговата жена.
    2-Размисли За Детето
    3-Дали ке можеш да живееш со помислата дека си растурила едно семејство (Искрено јас Неможам)
    и како за крај
    Дали сакаш Кога ке поминеш покрај син му да вели ене ја онаа кој ни го растури семејството...
    Не велам дека си ти крива ништо..ама Едноставно Тој Старецот Бара Млада Пи*ка за да може да ја е*е и Ти Замисли си дали сакаш да бидеш тоа...
    Без Навреда ама така е :) :)