1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тешко ми е и со него и без него

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ulata, 16 мај 2011.

  1. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Јас сум нова овде...но ми требат под хитно совети...Јас сум матуранка..и сношти бев поканета на матура кај еден другар...но дома имаше војна имам дечко (или имав незнам) одам две години со него...тој иди кај мене јас кај него и за матурата моја мајка му и татко му дојдоа значи сите се знајме и сите мои роднини веке го знат него и неговите....Но како шо ви кажав сношти бев поканета на матура аааа со неговите и со него бевме на гости..јас планирав кога ке се вратам дома ке се спремам и ке одам на матура ама тој дојде со мене знаејќи дека јас сум на матура (за инает).И дојде тој...јас ојдов да се облеквам а дома имавме гости сакаја да ја гледат матурата и да видат шо поклони добив.. јас сакав да одам на матура ама сите збеснаја кај ке одиш ти ти знајш кае то (во село бев на матура) аааа мојот дечко ми застана на врата и ми рече дека нема да одам...оваа не му е прв пат премногу е љубоморен. Јас му влепив шамар...знам дека не требаше ама во нервата се севели и се се прај и излезе негово не ојдов на матура ..многу е љубоморен нигде не ме пушта ни со другарки да излегвам ни ништо...откога ојде ск е ваков не можев покее...Се испокаравме. Тој излгеда му кажа на мајкаму се шо се случи..и таа му има речено тргнисе од неа...Денес го барав но не ми се јавува..ааа јас сватив дека ми е многу тешко и со него и без него...ве молам кажете ми како да го вратам зошто веке сите го знат а и неговите ги знат мене ми е срам неможам туку така да се скарам зошто нашата врска е многу озбилна....Ве молам совет вие да сте на мое место шо би напраиле
     
  2. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Помош

    Јас да сум на твое место би му раскинала и тоа по брза постапка.
    Ама тоа јас...за тебе не знам.
    Што ви е бе деца не можам да ве разберам...се сакаме многу, му удрив шамар, ми ја тресна вратата и ми забрани да излезам...а сега го сакам, сакам да го вратам...Мајка му вака му рече, тој ја послуша...врската ни е озбилна. :x
    Може ти се чини дека ви е озбилна врската ама ова се детски постапки...мислам дека и двајцата не сте доволно зрели за да имате сериозна врска. Сметам дека треба да си ја преиспиташ врската и да размислиш ама сериозно дали сакаш со таков да бидеш и понатаму...со некој кој е посесивен, љубоморен, кој ти брани да излегуваш и кој се крие под фустанот на мамичка.
    Може не ти помогнав како да го вратиш ама искрено не знам дали воопшто вреди да се трудиш.
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Помош

    Врската не станува сериозна кога ќе се запознаат роднините :^) . Добро де, се запознале, голема работа. Ако му се мислиш заради тоа, ич не се мисли.
    Друго, уште од сега се шамарате и си викате, па си забранувате... Ако случајно мислиш дека тоа е нормално, да ти објаснам како постара дека не треба така. Мене вашава врска искрено вака отстрана ама воопшто не ми се допаѓа. Да си ми ќерка, би те советувала да се тргнеш до него. Еден ден ќе сфатиш дека љубоморните испади се одраз на љубомора, а не на љубов. Кога некој сака да те контролира не значи автоматски и дека те сака. Некако... не ви личи. Тој ти застанува пред врата, ти стануваш насилна и го удираш... :x Одморете малку еден од друг, може ќе сфатите дека џабе се мачите.
     
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Помош

    Тоа со неговите, тоа што сите ги знаеле нема врска...луѓе се разведуваат па што??? Ти ако можеш да истрпиш таква љубомора, ок моли го што да ти кажам. Ама да знаеш дека утре ако бидете во брак нема да смееш детето да си го прошеташ. Ти си личност и тој не те поседува...Неможе да ти забрани. А уште полошо е што се вмешува мајка му..таму иднина нема...Шамарот, ич не му се секирај, залужил и мојот бивш има добиено повеќе..ама ќутеше како муле зошто знаеше дека е виновен. Било во афект, иако не е убаво.
     
  6. mamanatrikerki

    mamanatrikerki Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Помош

    МОЖЕБИ ДОЦНАМ СО ОДГОВОРОТ АМА ТРЕБА ПОД ХИТНО ДА РАСЧИСТИШ СО НЕГО.ПОД ХИТНО,НЕ ТИ ТРЕБА НЕКОЈ ШТО УШТЕ ЦИЦА ОД МАЈКА МУ,ТИ ВО ЖИВОТОТ САКАШ ДЕТЕ ИЛИ МАЖ?
     
  7. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Помош

    За сега се е во ред се смиривме....и ми рече дека ке се смени и јас во овај период имам забележано дека се труди таа љубомора негова да престане