Општ матичен да ти даде упат за ендокринолог и ендокринологот ќе ти даде упат за сите хормони според симптомите.
За жал високи се вредностите на fsh и lh за твоја возраст и не се за игнорирање. Декортинот не би требало да влијае на ова, го пиеме сите што сме во постапка на инвитро. Предност ти се годините и сега позанимавај се малку на темата подобрување на квалитет на јајце клетки. Обавезно испитај анти-милериан хормон кој ќе даде слика за преостанатата оваријална резерва. Дали знаеш кога влегла мајка ти во менопауза, обично е наследна раната менопауза? Знам дека ти е шок сето ова, по разговоров сфатив дека немаш партнер и тоа сигурно ти створа дополнителен притисок, но пробај да останеш позитивна, денес репродуктивната медицина е многу современа за сите има решение. Добро те советувала матичната за замрзнување, само прво да се комплетираат испитувања и да примаш некое време суплементи за подобрување на квалитетот. П.с побарај низ форумов сите ги кажуваат смокви во маслиново масло како природна опција за снижување на FSH, лично не сум имала потреба да ги конзумирам, а сум читала за неверојатни подобрувања.
Антимилериан 0.06.. Катастрофа резултатите, еве ми доцни циклусот рекоа да ги повторам хормоните, ми препорачаа Вит Д од 10.000 зошто на последното испитување ми беше 31 а требало да е 90-100. Го направив лекот со смокви и масло и рен со вино, сега барам матичен млеч, се што можам да направам иако немам баш надеж зошто и на ехото се виде дека тешко ќе се извадат јајце клетки, треба да се реагира брзо. Според докторот можно е декортинот да има влијание зошто непрекинато го пиев од 2022 до сега декември а исто да се корегирам, се работи за автоимуно заболување early (не е easy ко што пишав погоре) остеоартрит што исто така веројатно ми ги напаѓа јајниците. Тоа е, ќе правам се како што ќе кажат и само верба во Бога. Ако имате дополнително совет за било каков лек би била благодарна. И ме интересира дали мислите дека електронските цигари Iqos влијаат, некои доктори викаат да премногу, некои дека нема врска ♀️
Цигарите скроз да ги оставиш, да пазиш и со алкохолот не иде со остеоартирот, ти го активира остеоартритот плус ти активира и уште нешто што ти го немаат откриено. Една автоимуна иде поврзана со друга. Без нервози, добро е штом знаеш дека треба испитувања и брзо делување. Ти посакувам убави вести.
Имам упат за хормони, Т4, прогестерон, пролактин, естрогени, ЛХ, ФСХ, ТСХ. Треба да ги испитувам во циклус или може и надвор од циклус? Не ми кажа гинекологот ништо.
Во иста ситуација сум и јас...имам 30 год.. со fsh 28 и амх 0.01.... сеуште не земав терапија се тешам.. барам причина како е можно , зошто... ти почна со терапија?
Во иста ситуација сум и јас...имам 30 год.. со fsh 28 и амх 0.01.... сеуште не земав терапија се тешам.. барам причина како е можно , зошто... ти почна со терапија?
Не знам ни јас, исто се прашувам како е можно а бев сосема случајно на преглед и ептен ме тресна ситуацијава. Одма почнав со смоквите и масло и рен во вино секое сабајле на гладно едно ракијско чавче од виното па после 2 смокви. Отидов испаничена во ЊуБорн каде уште повеќе се потресов ми рекоа нема да добијам (месецот ми доцнеше мн) и да почнам со хормонски апчиња Примолут Нор и од нив дека ќе добијам па да дојдам 2 ден од циклус. Добив после 2 дена без нив, отидов пак и ме праша докторката дали ќе почнеме, а инаку не се ни сети на мене дека сум била пред 2 дена и тоа по препорака. Малку бев збунета дека прво рекоа нема да имам циклус а сепак добив и ајде веднаш да почнеме реков не сакам пак да испитам хормони. Испитав, сега амх 0,41 , фсх 7,7 значи за месец подобрување. Планирам пак сега кај друг доктор на мислење дали да убрзам за замрзнеме.
Тоа значи дека ти се подобриле резултатите, значи има надеж може да биде моментално.. те молам само кажи ми ги рецептиве да почнам и јас... јас само на матичен ми рече да размислам за терапија но ќе одам и на специјалист...
Мој совет ти е обавезно да одиш и на второ па и трето мислење ама се тоа треба брзо да се реагира а со ова почни си одма. Инаку рецептиве од искуствата во групава ги најдов. Купив смокви на кило од кванташки пазар и маслиново ладно цедено од Кам, Стокомак сеедно. Ги наредив смоквите во 2-3 тегли ги прелив со маслиново до врв на теглата и во принцип треба да се одстоени 40 дена ама јас одма почнав зошто немаме време за чекање. Ренот го изрендав мислам дека околу 400 грама и во бело вино околу литро, на нет пишуваше да е постаро (моето е повеќе на розе дека домашно ланско) ги ставив во голема тегла и да одстои 7 дена,само да не пиеш додека си во циклус, али да знаеш многу е гадничко, црпнувам со кутлача ставам во чавче и на екс. *Смокви и маслиново https://ibb.co/twMLnGfP https://forum.femina.mk/threads/Поддршка-за-сите-оние-што-сакаат-да-забременат.3956/page-783 *Рен и вино https://forum.femina.mk/threads/Природни-лекови-за-полесно-забременување.15491/page-2