1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што после спонтан абортус ??? искуства

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од s988, 28 декември 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. s988

    s988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Здраво..Ја почнувам оваа тема бидејќи сакам да видам ваше мислење во врска со последиците од спонтаниот абортус..Бев во 11та недела од бременоста кога ми се случи абортусот. Претходно имав редовни контроли и се беше во ред .. Но на 17ти Октомври осетив страшна болка во долниот предел од стомакот меѓу двата јајника.. Само што стигнав до болницата почнав да крварам. Докторот ме прегледа и за време на самиот преглед плодот излезе од мене.. Почнав уште повеќе да крварам и докторот одлучи да ми изврши киретража без анестезија..Болно нешто..Поголема болка непостои!!! Но помина и тоа , после киретражата крварев неколку дена што е нормално..На почетокот на ноември бев на преглед во систина и таму докторката ми кажа дека треба да почекам да ми дојде менструација па да направиме испитувања..ми направија ехо и установи дека имало заборавено нешто при киретражата.. За среќа кога добив менструација се исфрлило и тоа што останало..тоа го откривме кога бев пак на преглед во систина на почетокот на овој месец..ми направија HSG и ми кажаа дека се е во ред со проодноста на јајниците..докторката ми кажа дека имам срцевидна форма на матката и дека треба доколку сакам да одам да ми извршат некоја интервенција со која ке се среди тоа но ми напомена дека не е итно.. Веќе требаше да ми дојде менструација но сеуште немам добиено, и сум многу загрижена..Ве молам доколку некој знае нешто повеќе во врска со оваа тема нека пишува.. Однапред ви благодарам
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.640
    Пол:
    Женски
    На ivani30 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.